Сведокот за убиството на Вања кој беше во бегство, се предаде на полицијата


Гоце Трајковски, лицето кое е осомничено за подметнување пожар во кафуле во Кисела Вода, а воедно е и сведок во предметот за киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска, се предаде на полицијата, дознава „Скопје1“ од свои извори. Тој сам отишол во ПС Кисела Вода, откако по него беше распишана потерница. Пред три дена во Кривичниот […]

Владата сака нов авион зошто СДСМ била „неодговорна“ со стариот


Неодговорно е да имате опозиција којашто изминатите години апсолутно ништо не направи по однос на државниот имот и, не само што не направи ништо, туку и она што беше досега направено го остави како во заборав на времето, порача денес портпаролката на Владата, Марија Митева на новинарско прашање каков е ставот на Владата за набавка […]

Петрушевски: Мицкоски во САД оствари државен успех


Од ВМРО-ДПМНЕ и натаму папагалски повторуваат дека премиериот Христијан Мицкоски бил единствен лидер од регионот  што бил на инаугурацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, па и дека бил единствениот политичар, како да не читаат вести и не знаат дека таму беше и Кирил Петков. Така, на денешната прес-конференција, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски продолжи […]

Лекар од Вевчани повеќе од две години работел без продолжена лиценца во Охридската болница


Лекар од Вевчани без продолжена лиценца повеќе од две години работел во Општата Болница во Охрид со што ја оштетил Јавната здравствена установа. СВР Охрид денеска соопшти дека е поднесена кривична пријава против М.Р.(44) од Вевчани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.  – Пријавениот, вработен лекар во ЈЗУ […]

Али Ахмети: Ако тие што зборуваат бугарски одат во Бугарија, а Албанците во Албанија, кому ќе ја оставиме Македонија?


Македонците им кажуваат на тие што зборуваат албански да одат во Албанија. „Ако постапиме вака, ако некој оди во Бугарија, а друг во Албанија, на кого ќе ја оставиме оваа земја? Ова го изјавил Али Ахмети, лидер на партијата Демократска унија за интеграција (ДУИ), како што пренесува БГНЕС. Според нивното толкување Ахмети навестил дека Македонците […]

Кавадарчанка пронајдена почината, имала повреди по телото


Кавадарчанка била пронајдена почината со повреди по телото. По наредба на јавен обвинител, телото било дадено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. Како што појаснуваат, синоќа во 23:40 часот во СВР-Велес – ОВР-Кавадарци, кавадарчанката Д.Т. пријавила дека во станот каде што живее во градот, ја пронашла почината со повреди по […]

Срамота е владата да нема нов авион, а не е – граѓаните да немаат јавен превоз!


  Во ВМРО-ДПМНЕ уште не можат да разберат дека она што функционираше додека беа опозиција, не дава ист резултат сега – кога се на власт. Па, така, пораката дека било „брука“ што СДСМ не ги поддржува да купат нов авион за да одат на инаугурации и слични екскурзии во странство, ставена во контекст на македонската […]

Оливер Вархеи: Еврокомесар или министер на Орбан


  Речиси секогаш се тврди дека еврокомесарите треба да бидат 100 проценти независни од националните влади што ги номинираат и чисто да му служат на европскиот интерес. Во реалноста, тоа не е така. Но, ретко или никогаш не може да се види комесар да присуствува на состанок на националната влада зад затворени врати, како што […]

ТАВ Македонија и Меѓународниот Аеродром Скопје не продаваат изгубен багаж


ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, ја предупредува јавноста дека има лажни страници и профили на социјалните мрежи, на кои наводно се продава изгубен багаж на Меѓународниот аеродром Скопје. „Ова се лажни објави на социјалните мрежи преку кои се шират лажни информации за наводна продажба на изгубен багаж во име на Меѓународниот аеродром Скопје, односно […]

Надминат прагот на загадување во Битола – болните и трудните да се ослободат од работа


Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150  mg /m3 во текот на два последователни денови) е надминат на мерното место Битола – […]

СДСМ: Власта аматерски раководи со Онкологија и лековите


  Опозицискиот СДСМ вели дека тоа што за пациентите на Клиниката за онкологија седум дена нема биолошка терапија, која им е животно потребна, е „вистинска хуманитарна катастрофа која е резултат на крајно аматерскиот и неорганизиран пристап на власта“. Според СДСМ, власта наместо решенија нудела изговори. „Комплицирани биле административни процедури, немало време регистар за лекови, зголемен бил бројот […]

Околу 240 училишта во Унгарија добија закани за бомби. Орбан: Во контакт сум со министерот


Најмалку 240 училишта во Унгарија утрово мораа да бидат евакуирани поради закани за бомби, објавија унгарските медиуми. Порталот Index.hu објави дека најмалку 20 училишта морале да бидат евакуирани во Будимпешта и надвор од главниот град поради закани за бомби. Националната полиција соопшти дека се верува дека заканувачките мејлови доаѓаат од истата адреса, додавајќи дека започнала […]

Почетна цена 4.000 евра за концесија на „Македонско село“


Огласот за избор на концесионер за комплексот „Македонско село“, кој се наоѓа на падините на Водно, блиску до селото Нерези, ќе биде објавен до крајот на оваа недела, најави директорот на Службата за општи и заеднички работи при Владата, Ивица Томовски. Огласот ќе биде поделени на четири дела, што ќе овозможи различни концесионери да се […]

Во 2024 ЕУ произведе повеќе струја од соларни панели отколку од јаглен


 Количествата на електрична енергија добиени од соларните системи во Европската Унија во текот на 2024 година првпат ги надминаа оние произведени во термоцентралите на јаглен, покажува студијата на тинк-тенкот „Ембер“.  Во документот, објавен денеска, се посочува и дека во исто време лани количеството на струја добиени од централите на ветер останало речиси непроменето во однос […]

Крајот на прогресот?


Иако Соединетите Американски Држави долго време го предводат светот во унапредувањето на основната наука и технологија, тешко е да се види како тоа може да продолжи под претседателот Доналд Трамп и владејачката олигархија во земјата. Отфрлањето на просветителските вредности од Америка ќе има страшни последици Пред триесет и пет години светот доживеа епохална промена со […]

Владимир Пешевски и Трајко Вељаноски станале владини советници


Владата ги ангажирала поранешните функционери од ерата на владеењето на Никола Груевски – Владимир Пешевски и Трајко Вељаноски како надворешни соработници на премиерот Христијан Мицкоски, пишува денес „Фактор“. За поранешниот вицепремиер за економски прашања и поранешниот претседател на Собранието може да се види дека добиваат исплати под шифрата „консултантски услуги“ на платформата „Отворени финансии“. Пешевски […]

Царините на Трамп за ЕУ и Кина ќе значат трговска војна и забавување на глобалниот раст, вели Јовановиќ


Доколку се остварат најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за царини за Кина и Европа, според универзитетскиот професор од Виенскиот институт Бранимир Јовановиќ, тоа ќе значи почеток на трговска војна бидејќи веројатно е дека и Кина и Европската унија ќе одговорат со слични мерки.  Тоа, како што вели Јовановиќ, ќе значи повисоки цени на увозните […]

Саудискиот престолонаследник: Сакаме да инвестираме 600 милијарди долари во САД


Саудискиот престолонаследник изјави денеска дека Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари (577 милијарди евра) во САД во следните четири години. Тој го изјави ова откако претседателот Доналд Трамп претходно навести за високата цена на враќањето во кралството како негова прва странска дестинација, пренесува АП. Посетата на Трамп на Саудиска Арабија во 2017 година […]

Вељаноски, Ристоски и Јанакиески ослободени за 27 април, судијата им порача „да се засрамат“


  Трајко Вељаноски, Спиро Ристоски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски, кои беа гонети како организатори на упадот во Собранието на 27 април, од денеска се ослободени од кривично гонење. Судот донесе решение со кое амнестијата важи и а нив. „Јавното обвинителство како подносител на обвинението, по укинувањето на решението од овој суд, имаше неколку неодредени […]

Номинираните за годишните „Оскари“ ќе бидат објавени денеска


Американската Академија за филмски уметности и науки денеска во Лос Анџелес ќе ги објави филмовите номинирани за годинашните „Оскари“. Претстојното 97. доделување на престижните награди ќе се одржи вечерта на 2 март во „Долби театарот“ во Холивуд. По две одложувања поради пожарите коишто го опустошија Лос Анџелес, годинешните номинации ќе бидат објавени на интернет, соопшти […]