Оризопроизводителите реагираат дека откупувачите не го почитуваат договореното


Откупувачите на оризовата арпа не се држат до договореното и ја злоупотребуваат владината мерка со којашто оризопроизводителите треба да добијат дополнителни шест денари за килограм предадена арпа, реагираат оризопроизводителите. Тие велат дека на минатонеделните разговори во Скопје побарале арпата да се откупува за 27 денари по килограм, колку што изнесува и производната цена, но, по […]

Едно лице загина во сообраќајка на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка


Едно лице го загубило животот во сообраќајна несреќа на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, кога автомобилот „фолксваген голф“ излетал надвор од патот и се превртел, извести СВР Куманово. Според информациите од полицијата во Куманово, незгодата се случила околу 14 часот. Во несреќата сопатникот починал на лице место, додека со повреди се здобиле возачот и […]

(Видео) Српската полиција ја уапси жената која прегази студентка во Нов Белград


Српската полиција ја пронајде жената која денеска во блок 70 со возило „цитроен“ удри во студентка, јавува Н1 Србија. Според нив, повредената студентка е пренесена во Итната помош. Како што дознава Н1 Србија, зад воланот била 26-годишната Милица Стојановиќ. На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа дека нејзиното возило било во мирување, но и […]

Кавадарци избира најдобар деликатес со вино во чест на празникот Свети Трифун


 Кавадарци избира најдобар деликатес со вино во чест на празникот Свети Трифун, настанот попладнево го најавија од Комисија за еднакви можности при кавадаречката локална самоуправа, за сите љубители на виното и гастрономијата.  – Комисијата за еднакви можности на општина Кавадарци по повод празникот,  во соработка со Вински музеј, подготвува уникатно искуство. Организираме фестивал на креативноста […]

Земјотрес во Албанија, се почувствува и во Македонија


Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека денеска бил регистриран земјотрес чиј епицентар бил во албанија, но се почувствувал и во нашата земја. „Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 24 јануари 2025 година во 14 […]

СДСМ ја нарече скандалозна одлуката за 27 април


По скандалозната одлука на судот очигледно е дека заканите на Христијан  Мицкоски кон судството и обвинителството, како и неговата спрега со ДУИ даваат резултат, оценија денес СДСМ по одлуката вчера да им се прифати барањето за амнестија на Трајко Вељановски, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски. -На 27 април 2017 година, македонската демократија беше нападната на […]

Синер за финалето со Зверев: Ќе биде голема битка


Мелбурн, 24 јануари 2025 (МИА) – Бранителот на титулата на Австралија опен, Јаник Синер ( кој моментно е под истрага за допинг) се пласираше во финалето во Мелбурн, откако го совлада Американецот Бен Шелтон со 7-6 (2), 6-2, 6-2 за 2 часа и 36 минути на теренот. – Мило ми е што успеав и благодарам […]

Раде Шербеџија со „Зајди, зајди“ на зајдисонце го најавува концертот во Филхармонија (видео)


Шансониерот и актер со холивудска славаа, Раде Шербеџија доаѓа во Скопје, на 1 февруари во Македонска филхармонија со проектот ,,Због тебе, због себе, због других’’, со репертоар во кој ќе ги има сите класици, како ,,Не дај се Инес’’, ,,Мени се душо од тебе не растаје’’, ,,Чекај ме’’, ,,Имам пјесму за тебе’’ и многу други, […]

Реки луѓе на протестите во Србија, автомобил пак прегази девојка (Видео)


  Десетици и десетици илјади луѓе се на улиците во Србија за време на генералниот штрајк на кој повикаа студентите. Непрегледни реки луѓе се слеваат по улиците на Белград, Нови Сад и други градови. „Не одиме на работа, не одиме на предавања, не ги извршуваме нашите секојдневни обврски. Ја земаме слободата во наши раце. Вашето […]

Зборувате сами со себе? Психолозите: Во предност сте


Во едно истражување, психолозите Даниел Свигли и Гери Лупијан објаснија дека самоговорот е корисен и дека најпаметните луѓе на планетата редовно го прават тоа кога се сами. Ако зборувате сами со себе, тоа покажува дека сте самоуверени и дека сте свесни дека можете да сметате само на себе, тврдат психолозите. Според студијата на гореспоменатите психолози, […]

Стоилковиќ открил нова злоупотреба, нашол службен БМВ како „искубана кокошка“


Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Сотилковиќ открил нови злоупотреби со имотот на Министерството. Тој посочи дека возило џип БМВ вредно 60 илјади евра било пронајдено во многу лоша состојба во сервис за поправка каде од него биле вадени делови и истите биле користени за потребите на сервисот. -Најновата злоупотреба што е откриена […]

Седум пати се гасел домот „Ранка Миловановиќ“ – што презеле општините против аерозагадувањето?


Согласно „Акцискиот план за грејната сезона 2024 -2025г.“  и обврските, до 23.01.2025г. до Министерството за животна средина и просторно планирање се стигнати извештаии за преземени акции од 13 општини од државата и тоа од општините: Прилеп, Тетово, Центар, Илинден, Велес, Штип, Крушево, Ранковце, Гази Баба, Шуто Оризари, Охрид, Град Скопје и Богданци.  Во однос на […]

Американците сметаат дека владата е корумпирана и неефикасна, но дека Маск не е вистинската личност да ја реформира


Американците веруваат дека федералната влада е корумпирана, неефикасна и бирократска, но уште помалку се сигурни дека Илон Маск е вистинската личност да ја поправи целата ситуација. Само околу три од 10 возрасни Американци силно или донекаде го одобруваат формирањето на советодавно тело за ефективноста на владата на Маск, покажува анкетата на Асошиетед прес-НОРК. Околу четворица […]

Косово пред избори: „Бугаризација“, „католизација“ и фабрикувани скандали


Косово треба да ги одржи своите парламентарни избори на 9 февруари, деветти од прогласувањето независност на 17 февруари 2008 година. Ова ќе бидат први регуларни избори од 2010 година, бидејќи политичката нестабилност доведе до неколку предвремени избори во последниве години. На изборите учествуваат 28 политички субјекти со 1.280 кандидати, од кои шест ја претставуваат српската […]

„Фројд е чудна работа“: Мицкоски за обвинувањата од Атина


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска ги отфрли реакциите на официјална Атина по неговата изјава од САД дека македонското прашање не е затворено. „Не знам каде се препознале. Дали можеби имаат грижа на совест, па работи потсвеста, Фројд е чудна работа. Но, јас нема да навлегувам во таква дебата“, изјави премиерот одговарајќи на новинарското прашање што […]

Мицкоски не исклучува и кривична одговорност за солидарниот данок


Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека Владата ќе ја разгледа можноста за кривична одговорност на оние кои што донеле одлука за солидарниот данок, кој што е оспорен пред Уставниот суд и за околу две недели се чека конечната олука на судот дали парите ќе треба да се вратат на компаниите. „Ќе ја разгледаме и можноста […]

Унгарскиот кредит ќе се користи и за изградба на трговски центри, вели Мицкоски


  Владата го прошири опфатот на унгарскиот кредит кој што е наменет за компаниите, со тоа што освен првичните намени за зголемување на производството, извозот и бројот на вработени, сега парите ќе може да се користат и за изградба на трговски центри и за проекти за обновливи извори на енергија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди […]

Следната недела средба меѓу Владата и УПОЗ за нивните барања


На почетокот на следната недела ќе има средба меѓу Владата и Синдикатот на УПОЗ за барањата за додатоци на плата од 30 проценти и потпишување на колективни договори. Премиерот Христијан Мицкоски, најави дека ќе им предложи два-три термини за средба на која ќе разговараат и како што рече „ќе ги анализираме заедно работите“. Мицкоски, меѓу […]

Рокас: Нашите демократии се под напад


Нашите демократии се под напад, а поддршката за медиумите е инвестиција во демократијата и најдобриот начин да се одбраниме себе си и да согледаме кои се предизвиците со кои денес во светот колективно сме соочени, порача амбасадорот на Европската Унија во земјава Михалис Рокас на денешниот завршен настан насловен „Дезинформации: како да се препознаат и […]

Кремљ не верува дека може да биде поразен со цената на нафтата


 Кремљ денеска ги отфрли тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека конфликтот во Украина може да заврши со намалување на глобалната цена на нафтата. Говорејќи онлајн од Белата куќа на годишниот Светски економски форум во Давос, Швајцарија, Трамп синоќа рече дека ОПЕК + ја дели одговорноста за речиси тригодишниот конфликт во Украина со тоа што […]