Променливо облачно со магла по котлините


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а по котлините магливо. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 14 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно, магливо и претежно тивко. Минималната температура ќе […]

Данска објави план за воени инвестиции од над две милијарди долари на Арктикот


Копенхаген – Данска денеска соопшти дека ќе инвестира 14,6 милијарди дански круни (2,05 милијарди долари) за зајакнување на своето воено присуство на Арктикот по обновениот интерес на американскиот претседател Доналд Трамп за можна американска контрола на полуавтономната данска територија на Гренланд. Договорот, кој има широка политичка поддршка, вклучува финансирање три нови поморски бродови на Арктикот, […]

Аларм во Украина откако замрзнувањето помош од САД стопира хуманитарни проекти


Киев  –   На бројни хуманитарни проекти со седиште во Украина им е суспендирано финансирањето поради американското замрзнување на странската помош, изјавија извори за француски медиуми и тоа предизвика тревога во земјата погодена од војна. Речиси три години по руската инвазија, Украина стана исклучително зависна од странска помош за хуманитарна работа, при што САД обезбедија милијарди […]

Отпуштени помошниците на специјалниот обвинител кои работеа на федералните обвиненија против Трамп


Вашингтон– Џејмс Мекхенри, вршител на должноста главен обвинител, отпушти синоќа повеќе од десетина обвинители, правници од кариера кои му помагаа на специјалниот обвинител Џек Смит во истрагите за двете федерални обвиненија против Доналд Трамп. Во образложението се наведува дека отпуштените обвинители ја изгубиле довербата да вршат служба во Министерството за правда. Други функционери се распоредени […]

Приоритетите на полското претседателство главна тема на Советот за општи работи на ЕУ


Брисел – Приоритетите на полското претседавање со ЕУ во првите шест месеци од годинава ќе бидат главна тема на денешното заседание на Советот за општи работи на Европската Унија.  Полскиот министер за Европската Унија, Адам Шлапка, кој и ќе претседава со заседанието, пред своите колеги ќе ги презентира приоритетите на полското претседателство со фокус на оние […]

Калас: Министрите на ЕУ постигнаа договор – следува олеснување на санкциите


Министрите за надворешни работи на Европската унија се согласија за план за ублажување на санкциите кон Сирија, изјави во понеделникот шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас. „Нашата намера е да дејствуваме брзо, но укинувањето на санкциите може да се смени ако се преземат погрешни чекори“, предупреди Калас. Во моментов се во сила серија […]

Пронајден тинејџерот (16) кој исчезна во Сплит – пренесен во болница


Пронајден е 16-годишниот тинејџер, кој исчезна во Сплит. ХГСС го извлекле, а бил пренесен во болница. Во сплитската парк-шума Марјан од рано утрото се водеше интензивна потрага по 16-годишник, кој беше пронајден вечерва. „Ве информираме дека момчето по кое се трагаше е пронајдено на Марјан и е пренесено во Сплитската болница за укажување лекарска помош“, […]

Вучевиќ ги покани ректорите, деканите, професорите и студентите во Србија на средба во Владата


 Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска ги покани сите ректори, декани, професори и студенти на универзитетите и факултетите во државата да дојдат во Владата на средба на која ќе се разговара за студентските барања за кои тврди дека се целосно исполнети. „Ајде да разговараме за овие теми што ги предложија како клучни – и за овие […]

Брнабиќ: Парламентот ќе расправа за гласање за доверба и на владата и на мене


Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ денеска изјави дека на дневен ред на собраниската седница закажана за среда, меѓу другото, ќе биде и довербата на Владата на Србија, што претходно ја побара опозицијата. Таа во Палатата „Србија“ рече дека ќе се разговара и за тоа дали пратениците имаат доверба во неа и дали се […]

Вучиќ: Итна реконструкција на Владата, во наредните денови ќе се исполнат сите студентски барања


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека бара „најитна и голема“ реконструкција на Владата на Србија и оти очекува да бидат сменети повеќе од половината од досегашните министри. Тој пред новинарите во Палатата Србија изјави дека во тешки времиња станало јасно кои членови на владата се подготвени да се борат и да работат, а […]

Што е „ДипСик“, новата кинеска вештачка интелигенција која предизвика потоп на берзите 


Кинескиот стартап „ДипСик“ (DeepSeek) предизвика значителен пресврт на глобалниот технолошки пазар со лансирањето на својот напреден асистент за вештачка интелигенција, кој неодамна стана најсимнуваната бесплатна апликација на „Еп стор“ (App Store“ на „Епл“ во САД, надминувајќи ја „Чет џи-пи-ти“ (ChatGPT) на Опен АИ. Кој стои зад кинеската вештачка интелигенција? „ДипСик“ е основана во 2023 година […]

„Нвидиа“ загуби повеќе од 500 милијарди долари од пазарната вредност откако кинескиот стартап со ВИ изби на сцената


Акциите на производителот на чипови „Нвидиа“ (Nvidia) паднаа во понеделникот, на нивниот најлош ден од распродажбата на глобалниот пазар во март 2020 година, предизвикана од пандемијата на коронавирус. Падот дојде во време на распродажба на акции  на глобалните технолошки компании поради стравувањата за лидерството на Америка во секторот за вештачка интелигенција. Тие стравови во голема […]

Утре без струја дел од Аеродром, Бутел и Ѓорче Петров


 Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Аеродром, Бутел и Ѓорче Петров, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 08:00 до 15:00 часот без струја ќе останат корисниците од улицата „Тодор Чангов“, поточно од раскрсницата со „Тодор Чангов“ бр.10 до раскрсницата со „Ѓорги Капчев“ бр.25 […]

НАСА и ЕСА споделија фотографија од „Хабл“ од маглината Тарантула


Вселенскиот телескоп „Хабл“ сè уште функционира, иако поминаа повеќе од 30 години од неговото лансирање во вселената. Сè уште ја набљудува вселената и испраќа неверојатни фотографии на Земјата. Американската вселенска агенција НАСА и Европската вселенска агенција ЕСА споделија фотографија од маглината Тарантула, направена од „Хабл“ во Големиот Магеланов Облак. Маглината Тарантула е „најголемиот и најпродуктивниот […]

Ѓоковиќ ќе мора да паузира најмалку шест недели


Питер Ларкинс, познат доктор од Австралија, се изненадил кога видел со каква повреда Новак Ѓоковиќ успеал да го заврши мечот против Карлос Алкараз и да излезе на терен во полуфиналето против Александар Зверев. „Тоа е сериозна повреда. Не е крај на кариерата, но мислам дека е прилично неверојатно што тој дури успеа да одигра неколку […]

„Билд“ брутален кон Синер: Триумф со вкус на допинг


Јаник Синер ја одбрани титулата на Австралија опен, а триумфира и на два последователни грен-слем турнири откако беше најдобар и на УС Опен, но Италијанецот на себе носи тежина која фрла дамка на неговите успеси. Откако излезе информацијата дека Синер бил позитивен на допинг, а за тоа не доби суспензија бидејќи докажал дека ненамерно ја […]

Богатите од технолошкиот сектор изгубија 80,2 милијарди долари на почетокот на тргувањето во САД


Богатите од технолошкиот сектор на листата на милијардери на Блумберг изгубија вкупно 80,2 милијарди долари имот за краток временски период од отворањето на американската берза денеска поради распродажбата на акциите на технолошките компании по вревата предизвикана од кинескиот модел со вештачка интелигенција DeepSeek. Извршниот директор на калифорниската компанија Нвидија (Nvidia) Џенсен Хуанг, според податоците објавени […]

Новиот состав на Европската комисија положи заклетва пред Судот на правдата на ЕУ


Новиот состав на Европската комисија под претседателство на Урсула фон дер Лајен денеска положи заклетва пред Судот на правдата на ЕУ во Луксембург. Тоа е последниот чекор во назначувањето на еврокомесарите, откако тие беа предложени од нивните влади минатата година, одобрени од Фон дер Лајен, потврдени од Советот на ЕУ и поддржани од Европскиот парламент. […]

„Тесла“, БМВ и кинески компании поднесоа тужба поради царините на ЕУ за автомобилите од Кина


Американската компанија „Тесла“ поднесе тужба против Европската комисија пред Европскиот суд на правдата поради наметнување тарифи за електричните автомобили произведени во Кина, приклучувајќи се на група кинески производители и германски БМВ, објави веб-страницата на судот. ЕУ ги воведе тарифите на крајот на октомври, по истрагата која, како што рекоа, утврдила неправедна предност за кинеските производители […]

Израел: Oсум од 33 заложници кои треба да се ослободат се мртви


Газа – Израел денеска соопшти дека списокот на палестинската група Хамас покажува дека осум од 33-та заложници што требаше да бидат ослободени во првата фаза од прекинот на огнот во Газа се мртви. Портпаролот на владата Дејвид Менцер денеска изјави дека Хамас информирал дека другите 25 се живи. Израел синоќа соопшти дека добил список од […]