Реакција на Здружението на социолози на новата Нацрт-концепција за гимназиско образование


 Здружението на социолози на Република Македонија реагира на предложениот текст на новата Нацрт концепција за реформа на гимназиското образование, изработена од Бирото за развој на образованието, укажувајќи дека слични активности и „реформи”  се одвиваат подолг период, а со кои, како што велат „директно се засегнати социолозите и нивниот статус во македонското образование на сите нивоа“. […]

(Видео) Авион на јужнокорејската Ер Бусан се запали на аеродромот во Бусан


Авион на јужнокорејската „Ер Бусан“ денеска се запали на меѓународниот аеродром Гимхе во Бусан, при што се евакуирани сите 169 патници и седумте членови на екипажот, објави Јонхап. Пожарот започнал во крајниот дел на авионот. Инцидентот се случи еден месец по најсмртоносната авионска катастрофа на јужнокорејско тло, кога авион на компанијата „Џеџу ер“ (Jeju Air) […]

Филипче: Најавениот бојкот на маркети е најголем пораз на погрешните политики на власта


Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на својот фејсбук профил објави дека најавениот бојкот на маркети е најголем пораз на погрешните политики на власта и кулминација на незадоволството на граѓаните. – За жал, лицемериeто на Мицкоски и ДПМНЕ го достигна врвот. Откако лично тој и неговата партија дозволија цените во маркетите да пораснат до небо […]

Германските компании заинтересирани за инвестирање во зелени проекти во Македонија


Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска се сретна со претставници на Германската стопанска комора (AHK Северна Македонија). На средбата, како што информира Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, присуствуваше директорката на АХК Антје Ванделт и заменик-германскиот амбасадор Јан-Аксел Фос и се разговараше за продлабочување на билатералната соработка во областа на […]

„Боинг“ објави загуба од 11,8 милијарди долари во 2024 година


„Боинг“ денеска објави голема загуба во четвртиот квартал поради долг штрајк на работниците, големи безбедносни проблеми на комерцијалните авиони и пречекорување на трошоците на договорите за одбрана. Американскиот авијациски гигант објави загуба во четвртиот квартал од 3,9 милијарди долари, со што загубата за целата година (2024) изнесува 11,8 милијарди долари. Приходите во четвртиот квартал беа […]

На УКРО лани новорегистрирани 73 лица со рак на грло на матка, најмалку во последните десет години


На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје во текот на 2024 година имало 73 новорегистрирани лица со рак на грло на матка, информираше денеска директорот Игор Стојковски на прес-конференција, по повод недела за превенција од канцер на грлото на матката. Според Александра Грозданова, национален координатор за имунизација, опфатот со ХПВ вакцинација во последните […]

ЕУ го поддржа правото на протест и повика на дијалог во Србија по оставката на Вучевиќ


  Портпаролот на Европската комисија за проширување на ЕУ, Гијом Мерсие денеска повика да се намалат тензиите во Србија, даде поддршка на правото на мирен протест и рече дека е потребен дијалог. „Свесни сме за оставката на премиерот на Србија. Не би ја коментирале конкретно оваа оставка бидејќи ова е внатрешно-политичка работа. … Нема да […]

Мицкоски: Промена на имиња на улици во Тетово не може да се случи еднострано


  Премиерот Христијан Мицкоски за најавата на тетовскиот градоначалник и претседател на Движењето Беса, Билал Касами, за промена на имињата на улиците во Тетово и без консензус, нагласи дека тоа не може да се случи и доколку се случи, како што рече, како претседател на Владата нема да разгледува таква точка. „Прво, не може да […]

Премиерот Мицкоски има 17 советници, имаат примања од 60.000 до 90.000 денари


Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека има 17 советници, од кои четворица се со полно работно време во Владата. -Вкупно имам 17 советници и сите советници имаат плата во вкупна вредност од 60.000 денари, со исклучок на оние кои се со целосно, полно работно време. Такви се тројца или четворица, коишто се во Владата, и тие […]

Украина го отвора првиот кластер од преговорите со ЕУ во март?


  Највисокиот дипломат на ЕУ, Каја Калас, се придружи на денешниот појадок во Брисел дизајниран да го забрза процесот на пристапување на Украина во Унијата, додека Киев се залага да ја забрза својата кандидатура за членство. Шведската министерка за Европа, Џесика Розенкранц, е домаќинка на Калас, комесарката за проширување Марта Кос и украинската вицепремиерка Олgа […]

Ватикан: Вештачката интелигенција ја содржи сенката на злото, потребна е внимателна регулација


Ватикан денеска ги повика владите во светот внимателно да го надгледуваат развојот на вештачката интелигенција (ВИ), предупредувајќи дека технологијата содржи „сенка на злото“ поради нејзината способност да шири дезинформации. „Лажните медиумски содржини генерирани од вештачката интелигенција можат постепено да ги поткопаат темелите на општеството“, се вели во новиот документ за етика на вештачката интелигенција напишан […]

Истече рокот за поднесување ДДВ – 04 пријави, постигнат висок процент


На полноќ истече рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите, а од вкупно очекуваните 41.531 пријави, поднесени се 39.028, што претставува висок процент на исполнетост од 94,0%, соопштија од УЈП . Во периодот до 27.01. 2025 година на полноќ, иако истовремено се вршеше поднесување на месечни и тримесечни ДДВ пријави, сепак резултираше со одличен одзив на […]

Владата го примила предлог-текстот за пругата на Коридор 8 предложен од Бугарија


Владата на денешната седница го примила предлог-текстот на Договорот за подготовка, градење и експлоатација на прекуграничен железнички тунел, поднесен од Република Бугарија. Како што соопшти Министерството за транспорт, во наредниот период предлогот ќе го разгледува работна група за чие формирање е донесена одлука и во која ќе бидат вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, […]

Студентските протести се пресилни – српскиот премиер Милош Вучевиќ поднесе оставка


  Србија изгледа почнува да се движи кон својата катарза по двомесечните протести на студентите предизвикани од трагедијата во Нови Сад откако денеска премиер Милош Вучевиќ поднесе оставка. Оставката на Вучевиќ е ненадејна и тој рече дека се смета за објективно одговорен за она што се случи синоќа во Нови Сад. Студентите кои го блокираа […]

Квентин Тарантино објаснува зошто „не брза“ да го сними последниот филм


Квентин Тарантино рече дека не брза да започне да го режира својот последен долгометражен филм, велејќи дека е разочаран од „сè помалиот принос“ од неговите филмови. Режисерот „Беше еднаш во Холивуд“ (61), кој моментално живее во Израел, рече дека грижата за децата сега му одзема најголем дел од времето и дека не гледа привлечност во […]

Пари од унгарскиот заем ќе може да се добиваат за сѐ, освен за алкохол, тутун и коцкање


  Владата на денешната седница донесе одлука со која ги става на располагање 250-те милиони евра од унгарскиот заем наменети за компаниите, кои ќе станат достапни веднаш штом Развојаната банка ги потпише договорите со деловните банки. Во овој процес се вклучени сите банки во земјава, преку кои фирмите ќе може да аплицираат за поволни кредити […]

„Блгаринот“ Љупчо Георгиевски по судењето во Битола кажа дека е „горд ванчомихајловист“


  БИТОЛА – „Блгарин“. Вака Љупчо Георгиевски, екс-претседателот на сега згаснатиот бугарски клуб во Битола „Иван Михајлов“, се претстави во судот во Битола, како обвинет за две кривични дела поврзани со промоција на ликот и делото на контроверзниот лидер на историското ВМРО, Ванчо Михајлов.  Според обвинителката Оливера Нечаковска, по денешното рочиште се потврдила основаноста на […]

Безживотно женско тело извлечено од Вардар кај Аеродром


Попладнево е извлечено тело од реката Вардар во скопски Аеродром. Засега не е позната причината за трагедијата. Од СВР Скопје со детали за несреќата:   – Денеска (28.01.2025) околу 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека е забележано женско тело во реката Вардар. Околу 13 часот во близина на мостот Близнак, телото е извадено од […]

„Кога правиш планови, некој горе се смее“: Интервју со Никола Ристановски, актер


  „Наградите значат многу, особено за оној што ги нема. Фино е тоа, во една фаза наградите се важни за да потврдат дека не си осамен во тоа што го правиш. Има разни форми на награди. Секоја претстава за мене е најголема награда, а не статистиката. Има многу добри актери кои немаат освоено награди, има […]

По 25 години, Шурбановски заминува од Скопскиот џез фестивал


„По речиси 25 возбудливи години, заминувам од Скопскиот џез фестивал (СЏФ), во потрага по нови авантури и предизвици. Ви благодарам за поддршката и соработката, ви посакувам сè најдобро на приватен и професионален план. Се надевам дека ќе имаме прилика повторно да соработуваме, соопшти со допис до медиумите, Костадин Шурбановски, музички новинар, менаџер, диџеј, и радиоводител, […]