Девојка паднала од надвозник во Скопје и загинала


Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи од МВР синоќа извршија увид на местото на настан кој се случи на скопската обиколница и во кој починато е едно лице. Точните причини и околности под кои се случил настанот се утврдуваат, но според првичните сознанија, починатата е женско лице, кое или […]

Туристи демолираа хотел во Белград


Во новогодишната ноќ се случи инцидент во Белград. Како што пренесува Блиц, група туристи од Виена ја уништиле рецепцијата во хотелот „Краун Плаза“. Го демолирале хотелот и фрлале камења и ги тепале сите пред нив, вклучително и гостите. Инцидентот се случил откако биле предупредени за употреба на дрога на масата, предизвикувајќи хаос. Имаше и повредени […]

Во масакрот на Цетиње убиени 12 лица, меѓу кои и две деца на 10 и 13 години


  Во страшното злосторство на Цетиње загинаа 12 лица, меѓу кои две деца на 10 и 13 години, додека лекарите од Клиничкиот центар во Подгорица се борат за животите на четворица цетињани, пренесува весникот „Вијести“. Владата на Црна Гора за денеска, 3 и 4 јануари, прогласи тридневна жалост. Обвинителката Андријана Настиќ потврди дека на Цетиње […]

Убиецот од Цетиње си пукал во глава кога го опколила полицијата


Според обвинителката Андријана Настиќ, која ја спроведува истрагата за овој случај, во Цетиње се убиени 12 лица, а осомничениот се самоубил. Истрагата е спроведена на шест локации, од кои на пет се случиле убиствата, а една на местото каде осомничениот се застрелал. Ацо Мартиновиќ, сторителот на повеќекраткото убиство кое вчера попладне се случи во ресторан […]

Вооружениот напаѓач кој уби 15 луѓе во Њу Орлеанс служел во американската армија


Шамсуд-Дин Џабар, 42-годишникот од Тексас, кој со својот камионет се заби во толпата на новогодишната ноќ во Њу Орлеанс, убивајќи 15 и ранувајќи десетици други, отслужил 13 години во американската војска, вклучително и во Авганистан.  Истражителите на ФБИ и локалната полиција соопштија дека Џабар не дејствувал сам и дека ги бара неговите соработници.  ФБИ соопшти […]

Утрово најстудено во Берово, најтопло во Крушево


Најниска температура од минус седум степени утрово е измерена во Берово, а највисока од 1 степен целзиусов во Крушево. УХМР информира дека -6 степени целзиусови се измерени во Скопје Петровец, Битола, Струмица, Тетово, -5 Штип, Велес, -4 Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Кавадарци, Прилеп, Крива Паланка, -3 Гевгелија, -2 Маврови Анови, Претор, -1 Охрид, Виница, 0 […]

Поранешниот израелски министер Јоав Галант го напушта Нетанјаху и во Кнесетот


Поранешниот израелски министер за одбрана, Јоав Галант, кој често заземаше независен став од премиерот Бенјамин Нетанјаху и неговите екстремно десничарски сојузници во владата, изјави дека поднесува оставка од парламентот.  Нетанјаху го смени Галант од владата во ноември по неколкумесечни несогласувања околу водењето на војната против Хамас во Газа, но тој го задржа своето место како […]

Водич за астрономските настани што мора да се видат во 2025 година


Ако сте љубители на астрономски настани – 2025 година е годината која, како што пишува Science Alert, ќе ја одбележат неколку значајни астрономски настани кои ќе го привлечат вниманието и на научниците и на астрономите аматери. Затемнување на Сонцето (15 мај 2025 година) Ова ќе биде целосно затемнување на Сонцето кое ќе биде видливо во […]

Во Швајцарија денеска стапи на сила забраната за носење бурки


Oд денеска во Швајцарија стапи на сила законот за забрана за покривање на лицето на јавни места, познат како „забрана за бурка“, а неговото прекршување може да се казни со парична казна до 1.000 швајцарски франци (1.064 евра), објави Swissinfo. Иницијативата против носење бурка беше одобрена од 51,2 отсто од швајцарските гласачи во март 2021 […]

Хондурас се закани дека ќе ги затвори американските бази доколку Трамп масовно депортира негови граѓани


Тегусигалпа – Претседателката на Хондурас, Ксиомара Кастро денеска се закани дека ќе ги затвори американските воени бази во нејзината земја доколку новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја исполни својата закана дека масовно ќе депортира негови граѓани по преземањето на функцијата. „Соочени со непријателскиот став за масовно протерување“ на Хондурас, „мора да размислиме за промена во […]

Еден загинат во експлозија на „Cybertruck“ на компанијата „Тесла“ пред хотелот на Трамп во Лас Вегас


Лас Вегас – Најмалку едно лице загина, а седум се поврдени  во експлозија на електричен автомобил  „Cybertruck“  на компанијата „Тесла“, на најбогатиот човек на светот, Илон Маск, што бил паркиран пред хотелот на новиот американски претседател Доналд Трамп во Лас Вегас, во сојузната држава Невада. Шерифот од Лас Вегас, Кевин Мекмахил, на прес конференција изјави […]

Ветувања и реализација во патната и железничка мрежа во старата и новата година


Патната и железничката мрежа во државава ја стартуваат новата година со најава за пуштање на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка и делницата од експресниот пат Градско-Фариш, а во јуни и првите километри од автопатот Кичево-Охрид. Од автопатите што ги гради „Бехтел и Енка“ годинава се планира изградба долж целата траса на делниците Тетово–Гостивар во должина од 17 […]

Правосудството во 2024: Оставки, разрешувања, притисоци


Ако за правосудството во 2023 година се зборуваше низ призма на одложена и застарена правда, во 2024 главниот збор беше – реформа. Единствениот орган за избор, оценка и контрола на работата на судиите и чуварот на довербата на граѓаните кон судството – Судскиот совет,  годината ја почна со претседателски „рокади“, а ја заврши со празно […]

Образование 2024: Ревизија на Концепцијата, оптимизација на училиштата, контрола на факултетите


 Учениците во основните и средните училишта се на зимски распуст и на настава ќе се вратат на 20 јануари. Учебната 2024-2025 ќе заврши традиционално на 10 јуни. Нема да биде продолжена како минатата година бидејќи ќе нема пролетен распуст кој беше воведен лани. За оваа одлука Министерството за образование и наука во оваа учебна година […]

Студено и магливо утро, преку ден сончево


Времето денеска наутро ќе биде студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. -Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до -3, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени, најави Управата за […]

Најмалку 10 жртви во масакрот во Цетиње, уште четири лица се борат за живот


  Министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Данило Шарановиќ, ја објави првата официјална информација по крвавиот пир во Цетиње: загинаа 10 лица, 4 се во болница, а се стеснува кругот околу убиецот кој е во бегство. Вечерва на прес-конференцијата министерот Шарановиќ рече дека веднаш по сознанието дека се извршени повеќекратни убиства, целата оперативна екипа […]

Ова се петте акции со најлоши резултати во берзанскиот индекс Дау Џонс


Пет компании едвај дочекаа нивните календари да се префрлат во 2025 година. Ова се петте акции со најлоши резултати во берзанскиот индекс Дау Џонс (Dow Jones Industrial Average), а на листата има и некои имиња од „тешка категорија“. Џонсон и Џонсон: Судски спорови и бизнис (намалување 8%) Значи, почнувајќи со петтиот најлош индекс на 30 […]

Макрон призна дека згрешил што распиша предвремени избори


  Францускиот претседател Емануел Макрон во својот новогодишен говор призна дека одлуката за распишување предвремени парламентарни избори во јуни создаде поголема политичка нестабилност во земјата, пренесе АФП. „Остроумноста и понизноста ме принудуваат да признаам дека оваа одлука создаде повеќе нестабилност отколку мир, и јас целосно го препознавам тоа“, рече Макрон во телевизиско обраќање пред новогодишните […]

Седум лица загинаа во Цетиње, полицијата трага по Ацо Мартиновиќ, кој си ги убил и родителите


Седум лица, меѓу кои две деца, загинаа во масовно убиство што се случи попладнево во Цетиње, Црна Гора. Полицијата трага по Ацо Мартиновиќ од Цетиње. Полицијата објави иницијали на три од жртвите: М.В., Р.М. и Б.М. Според медиумите тој ги убил своите мајка и татко, кои се меѓу жртвите. Во Клиничкиот центар се примени четири […]

Вучиќ откри дека во партијата има преторијанско јадро и ги нарече „лојалисти“


  Александар Вучиќ, претседателот на Србија, ја информираше српската јавност дека во неговата Српска народна партија (СНС) постои група своевидни преторијанци која тој ја нарече „лојалисти“. Веста за постоењето на таа група прв ја објави еден од провладините таблоиди чиј уредник бил поканет на нивната средба, пренесува „Данас“. Самиот Вучиќ  даде детали за ова тврдокорно […]