Симон Бајлс прогласена за спортист на годината од „Спортс Илустрејтед“


 Американската гимнастичарка Симон Бајлс е прогласена за најдобра спортистка за 2024 година во изборот на магазинот „Спортс Илустрејтед“ („Sports Illustrated“). – Таа го промени лицето на гимнастиката, предизвика големи промени во сите спортови и сето тоа го заврши со неверојатен личен камбек оваа година, напиша „Sports Illustrated“. На Олимпијадата во Париз 2024 година, Бајлс освои […]

Заврши заложничката криза во француски затвор; сторителот се предал на полицијата


 Заложничката криза во затворот во Арл, Јужна Франција, заврши без повредени, откако затвореник кој зеде пет лица за заложници во медицинскиот сектор се предал, соопшти полицијата. „Сторителот се предаде. Нема повредени“, соопштија од полициската префектура во департманот Буш-д-Рон, каде што е лоциран градот Арл. „Сторителот од затворот во Арл штотуку беше уапсен. Нема повредени. Благодарност […]

Нов систем за наплата на Терминал 2 на аеродромот „Софија“


Од 9 јануари започнува примена на нов систем за управување со сообраќајот пред Терминал 2 на аеродромот „Софија“, соопштија од управата на бугарскиот аеродром. Возачите на патнички возила ќе имаат право на 10 минути бесплатен престој. За престој од 11 до 30 минути ќе се наплаќа 10 лева (околу 300 денари), додека за секој започнат […]

Пензиите во Србија годинава ќе се зголемат за 10,9 отсто


 Годинава пензионерите во Србија ќе добиваат пензии повисоки за 10,9 отсто, објавија српските медиуми. Со одлука на Владата на Србија, просечната пензија ќе биде зголемена од 390 евра на 436 евра. Во локална валута, просечната пензија од 45.700 динари ќе порасне за околу 5.000 динари (2,628 денари). Од денеска започнува исплатата на пензиите преку поштарите […]

Во понеделник ќе се формира најголемата Бадникова поворка, ќе бидат поделени 3.500 пакетчиња на плоштадот ,,Македонија”


Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски најави дека во понеделник ќе се формира најголемата Бадникова поворка од дечиња и сите оние кои сакаат да земат учество во овој настан. Тој притоа посочи дека ќе бидат поделени 3500 коледарски пакетчиња на плоштадот ,,Македонија” во Скопје. „Голема е мојата чест, што заедно со Премиерот Христијан Мицкоски […]

Во Бугарија значајно поскапе лебот откако се врати ДДВ од 20 проценти


Во Бугарија се бележи значително зголемување на цените на лебот, откако од 1 јануари се врати ДДВ стапката од 20 проценти. – Еден од најчестите типови леб, кој до неодамна се доставуваше по цена од 1,35 лева, сега чини 1,62 лева – точно 20 отсто поскапување, изјави Марија Кабамитова, сопственичка на мала продавница во Пловдив, […]

Во два одделни случаи биле нападнати малолетници од нивни врсници


Во текот на вчерашниот ден во две полициски станици во Скопје било пријавено за физички напади на малолетници од страна на нивни врсници. Првата пријава е регистрирана вчера во 10.30 часот во СВР Скопје, каде 40-годишна жена пријавила дека на 31.12.2024 околу 17.00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил […]

Фон дер Лајен се разболе од тешка форма на пневмонија- ги откажа патувањата


Брисел – Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, ги откажа сите планови за патување во следните две недели, бидејќи се разболе од тешка форма на пневмонија, јави ДПА. „Претседателката ги откажа надворешните состаноци за првите недели од јануари“, рече портпаролот на ЕК. Меѓу откажаните состаноци се планираниот говор во Лисабон и патувањето во […]

Од сабота до вторник ЈСП со неделен возен ред


Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) денеска соопшти дека од сабота до вторник ќе работи по неделен возен ред, додека жичницата ќе функционира вообичаено од 10 до 17 часот. – На ден 4.01.2025 год. (сабота), ќе се работи по неделен возен ред. – На ден 6.01.2025 год. (понеделник) Бадник, ќе се работи по неделен возен ред. – […]

Сертификатите за НАТО ги издава АНБ во која директорува Бојан Христовски


  Проверките за издавање на НАТО сертификат се прават во земјата членка на Алијансата, односно ја прават домашните безбедносните институции, објаснува за „Слободен печат“ универзитетскиот професор и експерт за безбедност, Методи Хаџи Јанев откако беше објавено дека директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, добил позитивно мислење и НАТО сертификат – иако се спореше […]

Забранет за сообраќај мостот на Вардар кај Башино Село на влезот на Велес


Поради влошената сотојба и конструкциите со висок ризик за што предупредија од Градежниот факултет од Скопје денеска инспектори од МВР го забранија за сообраќај мостот на Вардар кај Башино Село на еден од влезовите Велес, се додека се најде привремено решение. За сообраќај се очекува да се приспособи едната лента на мостот до изградбата на […]

Москва исклучува можност Германија да добие постојано место во Советот за безбедност на ОН


Москва категорично ја отфрла амбицијата на Германија за постојано место во Советот за безбедност на ОН, сооопшти рускиот претставник во ОН, Василиј Небензја, во интервју емитувано денеска на руската државна телевизија. – Ако Советот се реформира, одредени земји никогаш нема да станат постојани членки, дури и ако тоа го сакаат, рече рускиот дипломат, пренесува ДПА. […]

Пронајдено телото на четвртата жртва од автомобилот кој излета во Вардар кај Рашче


Од водите на Вардар попладнево околу 15 часот во близина на местото на несреќата, пронајдено е телото на четвртото починато лице во сообраќајната несреќа што вчера се случи околу 16 часот, кога патничко возило „ауди“ излета од патот Сарај-Рашче, потврди Министерството за внатрешни работи. По наредба на јавен обвинител, телото ќе биде предадено на судска […]

Крај на бесплатниот пристап до Терминалот 2 на аеродромот во Софија


Новиот систем за управување со сообраќајот пред Терминал 2 на аеродромот во Софија стапува на сила на 9 јануари, пренесоа бугарските медиуми. Бесплатниот престој за возачите на автомобили ќе биде 10 минути, половина час на аеродром ќе чини 10 лева, а на секои 60 минути ќе се наплаќа 20 лева. Ова го соопшти SOF Connect […]

Кинески амбасадор во Русија: Повторното обединување на Кина со Тајван е поблиску од кога било


Повторното обединување на Кина со Тајван е поблиску од кога било, имајќи ја предвид силата на Пекинг да ја постигне таа цел, изјави кинескиот амбасадор во Русија Жанг Ханхуи за РИА Новости. „Кина е поблиску од кога било претходно во историјата до постигнување на големиот препород на кинеската нација, полна е со самодоверба и има […]

Германците масовно поддржуваат забрана на приватни огномети


Повеќе од четвртина милион Германци потпишаа онлајн петиција со која се бара целосна забрана на огномети за приватна употреба ширум земјата по уште една новогодишна ноќ, обележана со смртни случаи и повредени во Германија, јави ДПА. До денес на пладне, околу 270.000 луѓе ја потпишаа петицијата, која беше покрената од берлинскиот огранок на полицискиот синдикат […]

Иницијативи до Уставниот суд отсега и по електронска пошта


 Од 1 јануари 2025 година секое физичко и правно лице, преку електронска пошта (e-mail) може да поднесува иницијативи, барања и предлози до Уставниот суд. Како што информираат денеска од Судот, електронското поднесување на поднесоци е овозможено преку интернет страницата на Уставниот суд, односно преку категоријата „Обраќање до Судот”, каде во поткатегоријата „Eлектронско поднесување на поднесоци” […]

За бесплатниот превоз, студентскиот оброк, кариерно советување и мониторинг во високото образование разговарале студентите со министерката


 Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска имаше средба со претставници на Националното студентско тело, Сојузот на средношколци и Форумот за образовни промени со кои разговараше за заедничките приоритети во 2025 година. По средбата таа изјави дека МОН и Владата имаат одлична соработка со младите и дека во изминатите шест месеци им излегле во […]

3 јануари во историјата – Мартин Лутер беше прогласен за еретик


  На 3 јануари 1521 година, папата Лав X ja издава папската була Decet Romanum Pontificem, кој го екскомуницира Мартин Лутер од Католичката црква. Мартин Лутер, главниот катализатор на протестантизмот, беше професор по библиско толкување на Универзитетот во Витенберг во Германија кога ги подготви своите 95 тези со кои ја осудува Католичката црква за нејзината […]

Реконструирана спортската сала „25 Мај“ во Радовиш


  Пуштена е во употреба реконстурираната спортска сала „25 мај“ во Радовиш, инвестиција од 20 милиони денари на Министерството за спорт.  Премиерот Христијан Мицкоски кој со министерот за спорт Борко Ристовски присуствуваа на пуштањето во употреба на салата, рече дека очекува од тој објект да произлезат одбојкарски, кошаркарски, ракометни репрезентативци, пингпонгари, борачи… – Радовиш во […]