Орбан на средба со Трамп и Маск на Флорида


Орландо – Унгарскиот премиер Виктор Орбан се сретна со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и милијардерот Илон Маск на имотот на Трамп Мар а Лаго во Флорида. Орбан објави краток коментар за средбата на социјални мрежи, но не навлезе во детали. На средбата присуствувал и Мајк Волц, кој ќе му биде помошник за национална безбедност на […]

Сообраќајот се одвива во зимски услови, магла на патот Шипковица – Попова Шапка


Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози. Сите патни правци во државата се проодни, без забрани и ограничувања. На патниот правец Шипковица – Попова Шапка има појава на магла со видливост до 40 метри. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните […]

Вучиќ оди во Германија на разговори со Шолц за експлоатација на литиум


Белград –  Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска ќе престојува во Германија каде со канцеларот Олаф Шолц ќе разговара за експлоатацијата на литиумот, пренесе Бета. Вучиќ и Солц ќе ја посетат провинцијата Саксонија, каде ќе разговараат со шефот на саксонската управа за рударство, Бернард Крамер, соопштија од Кабинетот на претседателот на Србија. Во градот Фрајберг […]

Предавање „Да пишуваме за театар!“ на Ана Стојаноска во ДПМ


Писателката и професорка на Факултетот за драмски уметности Ана Стојаноска, вечер во 19 часот, ќе одржи интерактивно предавање „Да пишуваме за театар!“ во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ).  – Затоа за мене театарот е најубавата уметност, трае како и животот – миговно. Учејќи го театарот, јас учев дека театарот треба да се чува во […]

Делегација од германскиот Бундестаг во посета на Собранието


Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска ќе има средба со делегација од германскиот Бундестаг. Како што е објавено на веб сајтот на Собранието, членовите на Бундестагот ќе остварат средба и со Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Сојузна Република Германија. 

Променливо облачно со максимална температура до 13 степени


Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла и ниска облачност по котлините. Претежно во јужните делови од земјата ќе има повремен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени. Во Скопје променливо облачно и тивко, претпладне со појава на […]

Годината што изминува може да стане најтоплата во историјата


 Според податоците од програмата на ЕУ „Коперник“ за мониторинг на климатските промени, ноември годинава беше втор најтопол ноември на глобално ниво откако се прават мерења, а 2024 година веројатно ќе биде првата година кога температурата ќе ја надмине границата на затоплување од 1.5 степени Целзиусови, пренесе ДПА. Просечната глобална температура на површината во ноември 2024 […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 10 декември 2024 година, 345-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 21 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 51 минути, а ќе зајде во 16 часот и 2 минути. Денов трае 9 часа и 11 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее, […]

Партијата на Марин ле Пен казнета за соборување на владата на дополнителните избори


  Францускиот екстремно десничарски Национален собир (РН) доцна во неделата доживеа изненадувачка загуба на дополнителните избори, што според неговите критичари е знак дека гласачите го казнуваат за неговиот притисок минатата недела да ја собори владата на поранешниот премиер Мишел Барние. Тесното гласање во Ардените го остави РН на Марин Ле Пен со 124 пратеници – […]

Зијадин Села го поздрави ставањето на Груби на црната листа


  Неколку часа по назначувањето на блискиот соработник на Али Ахмети и поранешен вицепремиер, Артан Груби, на црната листа на САД, претседателот на едното крило на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, ја поздрави оваа одлука. Тој ги повика Артан Груби и апелацискиот судија Енвер Беџети, да се повлечат од институционалниот и политичкиот живот и како […]

Горат два камиони на „Атлантик“ во Визбегово, во близина има бензинска


Преку Единствениот повикувачки број за итни случаеви 112 во ЦУК, вечерва, во 21.14 часот, е добиена пријава за пожар во фирмата „АТЛАНТИК“ во населба Визбегово. Според првичните информации се работи за пожар на два камиони (шлепери), но според пријавата на јавувачот постои опасност да бидат зафатени и други камиони. Од спротивна страна на патот се […]

Црната листа на САД се доближи до Ахмети. На неа е ставен Артан Груби


  Црната листа на САД се доближи до најтесниот круг на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, стигнувајќи до неговиот клучен соработник последниве години, Артан Груби. Тоа е силен удар не само за Ахмети, туку и за целата партија ДУИ, која деновиве одржува „стража“ пред уставниот суд околу Законот за јазиците и настојува повторно да биде […]

Сириски бегалци се враќаат од Турција по падот на Асад


 Сириските граѓани кои побегнале во Турција за време на граѓанската војна почнаа да се враќаат во својата татковина по падот на режимот на Башар ал-Асад, јавува Анадолија. На граничниот премин Џилвегозу во провинцијата Хатај денеска се создадоа големи гужви. Сириските граѓани чекаат на царински проверки. Повеќе жители се упатија кон своите родни градови како Дамаск […]

Еруптира вулкан на Филипините – 3 км нагоре пепел и чад (видео)


Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија објави дека го подигнале нивото на тревога на трето, највисоко ниво, пренесува Ројтерс. „Ова значи дека започна магматска ерупција која може да напредува до понатамошна експлозивна ерупција“, се вели во соопштението. Сеизмолошката агенција ги советувала локалните власти да ги евакуираат луѓето што живеат во близина на вулканот и да […]

Бериша: Диктатурата се урива или со вооружени движења како во Сирија или со граѓанска непослушност


Лидерот на албанската опозициска Демократска партија и поранешен премиер и екс шеф на државата, Сали Бериша, изјави дека „диктатура се урива или со вооружени движења како во Сирија, или со граѓанска непослушност”. – Диктатурата се урива или со вооружени движења како вчера со крвожедниот диктатор Башар Ал Асад, или со граѓанска непослушност. Албанската опозиција ја […]

Англиската асоцијација на судии го отпушти Кут


Англиската асоцијација на професионални арбитри (PGMOL) денес го отпушти судијата Дејвид Кут. Во ноември, 42-годишниот судија беше суспендиран од натпреварите во Премиер лигата поради контроверзното видео каде што во разговор со пријателите, Ливерпул ги нарече глупи, а со вулгарни зборови го навреди и поранешниот тренер на „црвените“ Јирген Клоп. – По завршувањето на темелната истрага […]

Зеленски: Русија од Сирија префрла во Украина 800.000 војници


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, смета дека режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад паднал бидејќи сите руски војници се префрлени во Украина, каде, како што рече, има речиси 800.000. „Зошто ни е потребна помош и доверба од нашите партнери? Затоа што гледаме што е Украина и каква е војната во Украина. Гледаме дека режимот […]

Тејлор Свифт подели 197 милиони долари бонус за вработените на турнејата „Ерас“


Тимот на турнејата Ерас на Тејлор Свифт вложи труд – и таа великодушно го награди. Во текот на изминатите две години, Свифт даде 197 милиони долари во бонуси на сите што работеа на нејзината турнеја – вклучувајќи возачи на камиони, угостители, технички работници, трговски тим, осветлување, звук, продукциски персонал и асистенти, столари, танчери, бенд, обезбедување, […]

Германија, Австрија и Шведска ги стопираа постапките за азил за Сиријците


Три европски земји – Германија, Шведска и Австрија – донесоа одлука да го паузираат разгледувањето на барањата за азил на Сиријците, поради развојот на настаните во земјата по соборувањето на Башар ал-Асад. Шведската агенција за миграции објави дека ги паузира и одлуките за азил и депортациите. – Со оглед на ситуацијата, невозможно е да се […]

Уставниот суд ќе ја потврди уставноста на Законот за јазици, ќе спори само некои членови


Во рефератот на судијата известител, кој ќе се најде пред уставните судии в среда, а во кој „360 степени“ имале увид, не само што не се предлага поведување постапка за оценување на уставноста на Законот за употреба на јазиците во целина, туку се аргументира дека тој е втемелен во Уставот. Тоа за што се предлага […]