Николоски потврди дека унгарски 4iG поднесе документи до АЕК за трет мобилен оператор


Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски објави дека унгарската компанија 4iG и официјално изразила интерес за влез на македонскиот пазар што, вели, ќе значи крај на дуополот на двата мобилни оператори во земјава и намалување на цените за мобилни услуги. -Унгарската компанија денеска официјално поднесе документи во Агенцијата за електронски комуникации и изразија интерес […]

Препораките за одење во пензија со 67 години и за поголем придонес нема да бидат дел од Фискалната стратегија, вели директорот на ПИОМ


Директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ), Никола Мемов вели дека препораките на Фискалниот совет за пензионирање не се прифатливи во овие услови и во овој момент. Тоа, како што посочи, јасно го кажа и Владата и тие нема да бидат составен дел на Фискалната стратегија за периодот од 2025 година до 2029 […]

За Александар Николоски само Жан-Клод Јункер бил чесен, сите други по него во ЕУ биле нечесни


  Вицепремиерот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николски, вечерва ги нареди во графата „нечесни“ сите политичари кои дојдоа на чело по поранешниот претседател на Европската комисија Жан-Клод Јункер по неговото заминување во 2019. Тој не верува ниту во ветувањата на новата еврокомесарка за проширување Марта Кос дека ЕУ има реален пристап кон проширувањето. Николоски вели […]

Украински агенти го убиле во Москва креаторот на крстосувачките ракети „Кх-69“


  Бројни украински медиуми, вклучително објавија на 12 декември дека, според доверливи извори, убиен е заменик- генералниот дизајнер и шеф на одделот за софтвер на бирото за дизајн „Марс“, Михаил Шацки. Според извори на медиумите во специјалните служби и одбранбените сили на Украина, Шацки е убиен во паркот шума Кузмински во близина на градот Котелники […]

Украински функционер: Европски контингент може да биде една од гаранциите за иден мир


Распоредување европски воен контингент во Украина може да биде „една од гаранциите“ за идниот мир со Русија, изјави денеска неименуван висок украински функционер за АФП, додека прашањето се повеќе се споменува во Европа, јави Бета. – Претпоставуваме дека прекин на огнот нема да биде доволен за да се реши проблемот. (Рускиот претседател Владимир) Путин секогаш […]

На Бoки 13 му е продолжен прекинот- бил инвалид од прв степен


Болеста на осудениот водител и шоумен Бојан Јовановски-Боки 13 не може да се третира во затвор бидејќи нема терапија, ниту услови, тој е инвалид од прв степен, а му се препорачува да биде физички активен. Ова е медицински став од конзилијарното мислење на докторите презентирани во Кривичниот суд, поради кои осудениот од „Рекет“ останува на […]

Во ЕУ во 2023 година е забележан пораст на џихадистичкиот и десничарски тероризам


Брисел – Европол денеска го објави „Извештај за ситуацијата и трендовите поврзани со тероризмот во ЕУ“ (ЕУ ТЕ-САТ), во кој се наведува дека во 2023 година имало вкупно 120 терористички напади во седум земји-членки на Европска Унија, од кои девет биле неуспешни, а 13 биле осуетени. Во Извештајот се посочува дека најголем број терористички напади извршиле […]

Општините и министерствата заедно трошат за адвокатски услуги повеќе од 2 милиони евра годишно


Во 2023 година, општините и Град Скопје потрошиле 67.269.053 денари (1,1 милион евра) за адвокатски услуги, додека, министерствата исплатиле 62.428.934 денари (1 милион евра), покажува истражувањето за исплатите за адвокатски услуги од буџетите на општините и министерствата што денеска го објави Центарот за граѓански комуникации. Истражувањето покажува дека 72 од 81 општина ангажирале адвокати, а […]

НАТО проценува дека во војната во Украина веќе има еден милион убиени и повредени


Брисел – НАТО верува дека над еден милион луѓе се убиени или повредени во Украина, откако Русија ја започна својата целосна инвазија врз земјата во февруари 2022 година, јави ДПА. -Секоја недела има над 10.000 убиени или ранети од сите страни во Украина“, изјави денеска  во Брисел генералниот секретар на НАТО Марк Руте. „Секој ден, оваа […]

МВР врши претреси во Судскиот совет, се бараат записници поврзани со мандатот на Дамева


Полициски службеници по наредба на ОЈО Скопје постапуваат во Судски совет, потврдија МВР и Јавното обвинителство. Претресот се врши за да се обезбедат два записници за проверка на евентуални елементи на кривично дело, како што појаснуваат од Обвинителството, во врска со мандатот на поранешната претседателка на Судскиот совет Весна Дамева.  -Полициски службеници по наредба на […]

„Замисли нов свет“ нова премиера во МНТ, инспирирана од творештвото на Горан Стефановски


 „Замисли нов свет“ е новата премиера на Македонскиот народен театар (МНТ) во режија на Нела Витошевиќ која ќе биде изведена на 16 и 17 декември. Претставата претставува колаж од сцени од седум драми на Горан Стефановски – „Црна дупка“, „Лет во место“, „Чернодрински се враќа дома“, „Диво месо“, „Сега му е мајката’ „Тетовирани души“, „Кула […]

До октомври 2024 година вкупните депозити достигнале 388 милијарди денари, од нив осигурани 71 процент


До октомври 2024 година вкупните депозити изнесуваат 388 милијарди денари или 6,3 милијарди евра, а осигурани се 71 отсто или 286 милијарди денари, односно 4,48 милијарди евра, рече денеска директорот на Фондот за осигурување на депозити, Бехар Емини. На презентацијата пред студентите од областа на бизнисот, менаџментот и економските науки, Емини порача дека депозитите на […]

Имаме долгорочни планови за Македонија: Пал Заранди, директор за мобилни и 5Г стратегии на „4iG“ групацијата


  (Од нашиот известувач) ТИРАНА – Унгарскиот телекомуникациски оператор 4iG официјално ќе поднесе апликација за влез на македонскиот телекомуникациски пазар. Унгарската компанија има долгорочни планови за настап на македонскиот телекомуникациски пазар, а прво ќе се насочи кон сегментот на мобилната телефонија. На средба со група македонски новинари во Тирана, Албанија, каде што 4iG има успешна […]

СДСМ е против измените на Законот за јавни набавки, бара јавна расправа


За СДСМ, Предлог – законот за јавни набавки поднесен од група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ е аларамантен и смета дека носењето  закони по скратена постапка отвора простор за манипулација и злоупотреба на институционалната моќ и ограничување на транспарентноста. „Наместо отворена дебата, критичко размислување и соочување на аргументите сведоци сме на молскавично туркање на законски измени кои […]

Објавени добитниците на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“


  Иван Антоновски и Делвина Крлуку се годинашни добитници на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2024 година за остварувања во областа на публицистиката. Атанас Костовски и Љупчо Јолевски се добитници на оваа награда за остварувања во областа на новинарството. Како што информира Министерството за култура и туризам, одлуките ги донел Одборот за доделување на […]

Дали Унгарија се задолжила за да ѝ даде заем на Македонија?


  Унгарските медиуми ја пренесуваат веста што ја објави македонскиот премиер Христијан Мицкоски дека на владина седница во вторникот и вториот дел од кредитот што ќе го даде владата во Будимпешта од 500 милиони евра. Магазинот „Маѓар наранч“ пишува дека унгарската Ексим банка „обично дава слични заеми, иако не во толку голема сума и не […]

Штипски „Стипион“ за наредната година ќе набавува нови автобуси за градскиот превоз


Зголемен број на термини, линии до приградските населби, меѓуопштински превоз на патници до карбинските села и задоволни граѓани е исходот од функционирањето на градскиот линиски превоз во Штип, истакна денеска директорот на Јавното претпријатие „Стипион“-Штип, Панче Стефановски. Тој посочи дека за повеќе од една година набавени се нови возила, со кои граѓаните полесно и побрзо […]

По соборувањето на Асад, лидерот на сириските бунтовници става свој печат на државата


  Исламистичката група на бунтовничкиот водач Ахмад ал-Шара го зацврстува својот авторитет врз државата во Сирија со иста молскавична брзина како што ја зазеде земјата, распоредувајќи полиција, инсталирајќи привремена влада и состаноци со странски претставници – предизвикувајќи загриженост за тоа колку инклузивни планираат да бидат новите владетели на Дамаск. Откако групата на Шара Хајат Тахрир […]

Словенија испраќа војници во Бугарија за засилување на источното крило на НАТО


Министерството за одбрана на Словенија денеска соопшти дека ќе испрати 20 војници во Бугарија, во составот за зајакнување на источното крило на НАТО. Интеграцијата на словенечката армија во борбената група на НАТО во Бугарија, во која заедно со водечката земја Италија, редовно и периодично ќе учествуваат и сојузниците – Северна Македонија, Албанија, Црна Гора, Грција, […]

Сопругата на градоначалникот на Радовиш од ВМРО-ДПМНЕ избрана во Судскиот совет


  За Ислам Абази беше „наместен“ изборот за шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, додека на Данка Ристова за член на Судскиот совет нема ништо спорно. Така денеска течат реакциите по изборот на сопругата на градоначалникот на Радовиш, Ацо Ристов, од ВМРО-ДПМНЕ за член на судскиот совет на вчерашните избори меѓу судиите […]