„Бубачки“ на Игор Иванов Изи во Кинотека во рамките на јубилејни проекции на македонски филмови


Декемвриската програма на Кинотеката ја збогатуваат филмови кои ја обележаа историјата на македонската кинематографија. Со овие проекции публиката има можност повторно да се потсети на овие филмови, кои преку различни наративи и жанрови ја прикажуваат македонската култура, историја и живот. По повод 20-годишнината од премиерата на „Бубачки“ по сценарио и режија на Игор Иванов Изи, […]

Израел им нареди на војниците „да се подготват да останат“ во сириската тампон зона за време на зимата


Израелскиот министер за одбрана Израел Кац и нареди на војската да се „подготви да остане“ во текот на зимата во тампон зоната меѓу израелските и сириските сили на стратешката Голанска висорамнина, каде патролира ОН. „Поради ситуацијата во Сирија, од критична безбедносна важност е да го задржиме нашето присуство на врвот на планината Хермон, и мора […]

Следниот Самит на Европската политичка заедница на 16 мај во Тирана


Европските лидери на 16 мај идната година ќе се сретнат во Тирана, во рамки на шестиот самит на Европската политичка заедница, објави АБЦ њуз. – Овој самит доаѓа во важен момент за Албанија, по напредокот што земјата го имаше на меѓународната сцена, но и на патувањето кон Европската унија, бидејќи на 18 декември се очекува […]

Бугарија и Романија се ИТ лидери во регионот со приходи од 13 милијарди евра


Бугарија и Романија остануваат лидери во ИТ индустријата и во бизнисот со аутсорсинг во Југоисточна Европа. Двете земји пријавуваат вкупно над 13 милијарди евра приходи во 2023 година, при што Романија остварила 7,9 милијарди евра годинава, а Бугарија – 5,4 милијарди. евра. Ова го посочуваат податоците од Годишниот извештај на индустријата, кој во четвртокот во […]

Маск е првиот човек во светот кој има повеќе од 400 милијарди долари


Илон Маск е првиот човек кој достигнал богатство од над 400 милијарди долари, според Форбс и Блумберг, јави ДПА. Неговото богатство главно се состои од акции во производителот на електрични автомобили Тесла и компанијата SpaceX. Американскиот магазин Форбс го процени богатството на Маск на 431,2 милијарди долари, а Блумберг соопшти дека тоа изнесува приближно 447 […]

Бајден ги намали казните на околу 1.500 лица за еден ден


Американскиот претседател Џо Бајден одлучи да ги намали казните на околу 1.500 лица кои беа ослободени од затвор и се во домашен притвор за време на пандемијата на коронавирусот како и да помилува 39 Американци осудени за ненасилни злосторства. Тоа е најголемиот број на намалени казни и помилувања во еден ден во модерната американска историја, […]

Мисија на САД во НАТО: Безбеден и стабилен Западен Балкан приоритет за НАТО и САД


 Одржувањето безбеден и стабилен регион на Западен Балкан е приоритет за НАТО и за САД, соопшти  мисијата на САД во Алијансата. „Оваа недела, бевме домаќини на шест експерти од Западен Балкан – од Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Северна Македонија и Црна Гора – во седиштето на НАТО, истакнувајќи го нашиот политички дијалог и практична […]

Молдавија воведува 60-дневна вонредна состојба поради енергетската криза


Парламентот на Молдавија одобри воведување вонредна состојба поради енергетската криза во земјата на 60 дена, почнувајќи од 16 декември, изјави претседателот на парламентот Игор Гросу. Потегот е преземен поради очекуваниот прекин на испораките на руски гас од 1 јануари Молдавската Влада на седницата во средата ја одобри потребата од воведување вонредна состојба, објави премиерот Дорин […]

Макрон денеска ќе го соопшти името на мандатарот за состав на влада


Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе именува нов премиер, по само осум дека откако пратениците му изгласаа недоверба на премиерот Мишел Барние. Макрон вчера ја прекина посетата на Полска и се очекуваше да го објави својот избор за нов премиер по враќањето во обид да стави крај на повеќемесечните политички превирања, но откако неговиот авион […]

Избор за „Жена на годината“


По 5-ти пат денеска ќе се одржи националниот избор за „Жена на годината“ во Македонија (www.zenanagodinata.mk), во кој со свои номинации годинава учествуваа дури 437 интернет корисници. За финалистките од секоја категорија потоа гласаше жири комисија составена од претставници од медиуми, образовни институции и истражувачки агенции. Организаторите на националниот избор, Маркетинг365 и Касиа Евентс, најавија […]

Стапуваат во сила новите правила на ЕУ за безбедност на стоките за широка потрошувачка


Од денеска во сила стапуваат новите правила за безбедност на сите непрехранбени производи за широка потрошувачка што се продаваат, офлајн или онлајн, на пазарот во ЕУ.  Правилата се дел од новата Општа регулатива на ЕУ за безбедност на производите, со која се заменуваат досега важечките директиви за општа безбедност на производите и за производите кои […]

Ако Трамп воведе царини за Канада, Онтарио ќе воведе за санкции за извоз на електрична енергија


Онтарио, најнаселената провинција во Канада, би можела да забрани увоз на алкохол произведен во САД и да го ограничи извозот на електрична енергија и критични суровини за електрични батерии во американските сојузни држави Мичиген, Њујорк и Минесота, доколку новоизбраниот претседател Доналд Трамп воведе царини за сите канадски производи, изјави синоќа висок функционер на Онтарио. Претставникот, […]

Промоција на антологијата „Нов духовен мост“ во Нови Сад


Во рамки на „Неделата на новосадските писатели” вечер во Клубот на писателите во Нови Сад, ќе се одржи манифестацијата „Нов духовен мост: Нови Сад–Скопје”. Притоа, ќе биде промовирана антологијата со поезија на српски и македонски поети насловена „Нов духовен мост Нови Сад–Скопје”, која е објавена двојазично на српски и македонски јазик. Издавач на антологијата е […]

САД забранија издавање визи за грузиски претставници поради „поткопување на демократијата“


САД ќе забранат издавање визи за околу 20 Грузијци одговорни за „поткопување на демократијата во Грузија“, вклучително и министри, пратеници и безбедносни службеници, соопшти Стејт департментот. Во соопштението не се наведени имињата на грузиските официјални лица на кои ќе им биде забрането да добијат визи за САД. Стотици луѓе се уапсени во Грузија откако пред […]

Едукативни работилници за сите љубители на виното на Винодонија 2024


Винскиот салон „Винодонија 2024“, кој ќе се одржи денеска и утре во Скопје, и оваа година нуди извонредна можност за сите љубители на виното да учествуваат во едукативни активности што ќе го збогатат нивното знаење и љубов кон виното. Програмата вклучува седум ексклузивни мастер класи и работилници, водени од реномирани домашни и светски експерти, кои […]

Без струја дел од општините Центар и Карпош, без вода дел од Центар и Гази Баба


Без струја денеска ќе бидат дел од општините Центар и Карпош, додека без вода дел од Центар и Гази Баба. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија од 08:30 до 11:00 часот ќе бидат корисниците од дел […]

Утрото со минусни температури, преку ден сончево со мала до умерена облачност


Времето претпладнево ќе биде облачно со појава на магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 14 степени. Во […]

Премиера на претставата „Слепци“ на Турскиот театар


НУ Турски Театар вечер во 20 часот премиерно ќе ја изведе претставата „Слепци“ според истоименото дело од Морис Метерлинг и книгата „Погубни идентитети” од Амин Малуф.  Претставата ќе биде изведена на сцената на Театар Комедија, а ќе има и титл на македонски јазик Режијата на претставата е на Ќендрим Ријани, музиката е на Емрах Џемаили, а […]

Го надмина Каспаров: Тинејџер од Индија е новиот светски шампион во шах


Индиецот Гукеш Домараџу е новиот светски шампион во шах, кој со црни фигури го совлада Кинезот Динг Лирен во последнaтa 14-тa партија во неверојатен меч и на крајот ја освои титулата со вкупни 7,5:6,5. Домараџу има 18 години и сега го надмина Русинот Гари Каспаров кој имаше 22 години кога ја освои титулата светски шампион […]

Костадиновски: Подготвителната седница за Законот за јазиците во март, уставните судии трпат закани и притисоци


Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски изјави дека е исклучително корисно одржувањето на подготвителни седници и дека тоа е еден од начините на кои тие ја градат довербата и ги уверуваат граѓаните во нивната непристрасност и независност. Најави дека подготвителната седница за Законот за употребата на јазиците најверојатно ќе се одржи во март откако Уставниот […]