Почна зимата


На северната хемисфера на Земјата денеска во 10 часот и 21 минута започна зимата и ќе трае до 20 март 2025 година. Денеска е 356-иот ден во годината и до крајот на годината остануваат 10 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 59 минути, а ќе зајде во 16 часот и 6 минути. […]

Орбан: Унгарското претседателство беше успешно, не можевме да маневрираме околу Украина


Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска оцени дека унгарското претседателство со Европската унија е успешно, посочувајќи дека, меѓу другото, е фокусирано на војната во Украина, но Унгарија нема простор за маневрирање таму поради сериозни и длабоки несогласувања во унијата. Унгарскиот премиер ја започна својата годишна прес-конференција изразувајќи сочувство до семејствата на загинатите во терористичкиот напад на […]

Наставничката од ОУ „Пречко“ во Загреб има 31 убодна рана


Денеска знамињата во Хрватска се на половина копје бидејќи е прогласен Ден на жалост поради трагичниот напад во основното училиште „Пречко“ во Загреб. 19-годишниот напаѓач, поранешен пациент на психијатрија, во петокот нападна ученици и учители. Едно дете го загуби животот, а наставничката која е со тешки повреди се оперира и лечи во болницата „Свети Дух“. […]

Бериша: Доналд Лу и Романа Влахутин се најкорумпираните амбасадори во историјата


 Поранешниот албански премиер и актуелен лидер на Демократската партија, Сали Бериша, на прес-конференција обвини двајца дипломати, Доналд Лу, поранешен американски амбасадор и Романа Влахутин, евро амбасадорка, дека се најкорумпираните амбасадори во историјата. -Добро го паметам разговорот што го имав во мојот кабинет со двајцата најкорумпирани амбасадори во историјата на европската и светската дипломатија, Доналд Лу […]

Скопје во следните три часа ќе добие вода – заврши санацијата


  Заврши санацијата и реконструкцијата на градскиот водовод во Скопје и во следните три часа се очекува нормализирање на состојбата. Ова го соопштив денеска градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, од улица „Никола Парапунов“, местото каде што минатата недела настана главниот дефект со излевање на водата. „Би сакала да им се заблагодарам на техничките и […]

Пред 133 годни измислена е кошарката – среќен роденден!


На денешен ден, пред 133 години, Џејмс Нејмсит ја измислил кошарката. Нејсмит, кој се смета за татко на играта со магичен обрач, напишал 13 правила на 21 декември 1891 година како додаток на физичкото образование во училиштето „Христијанско здружение за млади“. Од тие правила, дури десет се користат и денес, во нивната оригинална форма или […]

Хутер победи на женскиот супервелеслалом во Сент Мориц


Австриската скијачка Корнелија Хутер победи на денешната трка во супервелеслалом која во рамки на Светскиот куп се одржа во Сент Мориц, додека Американката Линдзи Вон, која се врати на скијачките патеки, се најде меѓу најдобрите 20. Хутер (32) до својата осма победа во Светскиот куп дојде со време од 1:15.18, што беше за 18 стотинки […]

Почина универзитетскиот професор Љупчо Арнаудовски


Почина универзитетскиот професор, правник Љупчо Арнаудовски. Арнаудовски oсновно и средно образование го завршил во родниот град Охрид. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1960), а магистрирал на Правниот факултет во Загреб (1966). На Правниот факултет во Скопје ја одбранил докторската дисертација на тема „Вонзатворските воспитни мерки во југословенското кривично право“ (1975). Работел како виш научен […]

Бројот на загинати во нападот на божиќниот пазар во Магдебург се искачи на пет – ги уби критичар на исламот


Бројот на загинати се искачи на пет, а повеќе од 200 се повредени кога автомобил вчера влета во толпа луѓе на божиќниот пазар во Магдебург, изјави Рајнер Хаселоф, премеир на сојузната германска покраина Саксонија-Анхалт. Канцеларот Олаф Шолц, кој беше со него за да оддаде почит во источниот град Магдебург, изрази посебна загриженост за околу 40 […]

Инспектор нападнал началник во просториите на полицијата во Радовиш


Инспекторот Б.И. (39) од село Ињево, радовишко вчера бил уапсен откако бил пријавен дека физички го нападнал на О.Г (43) началник на Одделението за внатрешни работи Радовиш, соопштија денеска од СВР Струмица. Според соопштението, началникот пријавил дека во службени простории на полициската станица инспекторот агресивно се однесувал кон пријавителот, кој извршувал службени задачи, а во […]

Нови врнежи претежно од снег од понеделник и средина на работната недела


Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, а преодно стабилизирање ќе има утре и потоа преку ноќта, соопштија од УХМР. Од понеделник под влијание на циклонска активност и студен воздух од северозапад ќе започнат нови врнежи претежно од снег, во делови од Повардарието од дожд, особено во западниот дел и на исток […]

За неколку часа ќе има вода во Скопје – во завршна фаза санацијата на главниот градски водовод


 Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод, соопштија од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Како што посочуваат, операција се движи во рамки на предвиденото и очекувано е да заврши во предвидениот рок со вкупно време од помалку од 15 часа. Акцијата започна денеска во раните утрински […]

Божиќна порака на Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов


 Католичката Црква, на Бадник, со отворање на Светите Врати во базиликата Свети Петар, го започнува своето ходочестие на надежта во благопријатната година Господова, која е позната уште и како Јубилејна или Света Година и е посебен благодатен момент за верниците и животот на Црквата, наведува во божиќната порака Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р […]

Презентирани научните трудови на Клубот на истражувачите


Во рамките на 53. сесија на Клубот на истражувачите, во Народната банка се одржа презентација на научните трудови „Хиерархиска економска анализа на меѓународната трговија со услуги“ од авторите Филип Насковски, Мартин Бојковски, Димитар Пешевски и Димитар Трајанов. Исто така беше презентирано и делото „Проценка на ефикасноста на јавните трошења во земјите од Југоисточна Европа – […]

Обвинителството ги истражува причините за смртта на професорот Кожухаров, декан на Економски факултет Скопје


Обвинителството ги проверува причините за смртта на лицето во водите на Црна Река. Се работи за професорот д-р Сашо Кожухаров, декан на Економски факултет и проректор за наука и развој на Универзитетот „Скопје“, кој беше најден мртов во својот автомобил излетан во Црна река, потврдуваат од Обвинителството. Оттаму појаснуваат дека Основното јавно обвинителство Кавадарци презема […]

Илон Маск станува одметната држава од еден човек


Илон Маск е, повеќе или помалку, одметната држава. Неговите намери се себични и подли, а неговите ресурси на ниво на национална држава му дозволуваат неказнето да го прекршува законот. Да се ​​стави во контекст, ако доларите беа метри, парите на Маск ќе беа доволни за да го однесат на Марс и назад, додека обичен милионер […]

„ЕУ Обсервер“: Одложувањето на проширувањето на ЕУ ја зголемува економската нееднаквост на Балканот


 Земјите од Балканот кои се приклучија во Европската Унија – Бугарија, Романија и Хрватска, имаат значителни придобивки од тоа, особено со забрзување на приближувањето на нивните БДП до просекот на ЕУ, што во исто време резултираше со зголемување на разликите со државите од регионот кои се уште се надвор од блокот.   Оваа растечка разлика, […]

ИЈЗ: Граѓаните да не ја пијат веднаш водата по нејзиното пуштање во водоводната мрежа


 Откако Институт за јавно здравје претходно даде насоки за подготовка до граѓаните, здравствените лица и угостителските објекти во контекст на тековното исклучување на вода, денеска преку соопштение дава препораки за граѓаните откако ќе биде пуштена водата во водоводната мрежа. – Имајќи предвид дека е најавен прекин на водоснабдувањето, населението треба да биде запознаено и информирано […]

Битола викендов домаќин на поединечното Државно првенство во бокс


 Со настап на најдобрите македонски боксери во сите возрасни и тежински категории викендов во Битола ќе се одржи јубилејното 30 поединечно Државно првенство во бокс. Полуфиналните и финалните борби ќе се одржат во спортската сала „Боро Чурлевски“ во организација на локалниот клуб „Пелистерски јунак“. „Домаќините БК Пелистерски јунак го прифатија предизвикот заедно со градоначалникот на […]

Американскиот амбасадор во Косово: ФБИ вклучен во истрагата за диверзијата на каналот Ибар-Лепенец


Американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховениер   изјави за косовски медиуми дека ФБИ го истражува терористичкиот напад на каналот Ибар-Лепенец. Тој рече дека САД дале поддршка од ФБИ за овој случај и дека истрагата е во тек „Ние обезбедивме и донесовме поддршка од ФБИ овде на Косово за да работи директно и со полно работно време […]