Романија доби нова проевропска влада


Новата проевропска коалициска влада на Романија предводена од социјалдемократскиот премиер Марсел Чолаку синоќа положи заклетва во романскиот парламент. Полагањето заклетва и свечената прва седница на владата следеше откако парламентот од 466 места ја одобри новата влада со 240 гласа за и 143 против, објавија романските медиуми. Претседателот Клаус Јоханис го назначи Чолаку за премиер откако […]

Одбележан денот на Општина Гостивар


Во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар синоќа беше одбележан Денот на општината. Годинава, признанието почесен граѓанин и клучот на градот му беше врачено на пензионираниот наставник Хазби Фејзи.   Вршителот на должноста градоначалник Ваљбон Лимани во обраќањето ја истакна мултиетничноста на гостиварската општина и напомена дека тоа е придобивка. – Со гордост можам да […]

Кризата во Германија го намали извозот на македонски производи


Германија е наш најголем трговски партнер и секако кризата во оваа држава се одразува и врз македонската економија. Експертите не очекуваат следната година да биде нешто многу поразлична од претходните две во овој поглед, а од текстилната индустрија веќе ги чувствуваат последиците со намалување на извозот за 20-тина проценти. Од Германската стопанска комора, пак, уверуваат […]

Трамп се подготвува за повлекување на САД од СЗО, тврдат експерти


Членови на тимот за претседателска транзиција на Доналд Трамп подготвуваат терен за повлекување на Соединетите Американски Држави од Светската здравствена организација (СЗО) на првиот ден од неговиот втор мандат, изјави експерт за здравствено право. „Имам сигурни информации дека планира повлекување, најверојатно на првиот ден или многу рано во мандатот“, изјави за Ројтерс Лоренс Гостин, професор […]

Отворање на изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески


 Во ликовниот салон на МАНУ вечерва во 19 часот, ќе биде отворена изложбата насловена „Барокна подморница“ на која како автори се потпишуваат Влада Урошевиќ и Марко Трпески. Изложбата, која се најавува како своевидна пловидба низ брановите фантазија, сништа и скици занемарени при создавањето на општоприфатената реалност, ќе ја отвори Владимир Мартиновски. -Погледната низ призмата на […]

Амандмански расправи за повеќе закони на комисиите за економски прашања, финансирање и политички систем


Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, труд и енергетска политика, финансирање и буџет и за политички систем и односи меѓу заедниците.  На дневен ред на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика се измените на Законот за трансформација во редовен работен однос, измените и дополнувањата на Законот за државен пазарен […]

Промоција на публикацијата „Циклус цртежи Мариово 1936 од Борко Лазески“


Во Музејот на македонската борба за самостојност денеска ќе биде промовирана публикацијата „Циклус цртежи Мариово 1936 од Борко Лазески“. Изданието содржи цртежи кои Лазески ги создал во 1936 година, инспириран од неповторливиот пејзаж, традиција и култура на Мариово. -Публикацијата вклучува репродукции на цртежите, критички текстови и историски осврти коишто ја доловуваат вредноста на овие дела […]

Собранието ќе ја одржи 27-та седница


Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 27-та седница. На дневен ред се Предлог измените на Законот за заштита на децата во второ читање, Предлог измените на Законот за воздухопловство, Законот за пожарникарството, Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и на Законот за задолжителниот примерок, сите по скратена постапка. Пратениците ќе расправаат […]

„Простување“- нов роман на македонската романсиерка Кица Колбе


Деновиве од печат излезе романот „Простување“ од македонската романсиерка Кица Колбе. Романот е објавен во едицијата ПРОаЗА на издавачката куќа Или-Или од Скопје. Како што посочуваат од издавачката куќа, акцентот во романот е ставен на приказната за помирувањето и простувањето во балканскиот историски контекст. Интенцијата на авторката е преку приказните на носечките ликови, научници, од […]

Пакетомати и на македонскиот поштенски пазар


На македонскиот поштенски пазар првпат се воведени пакетомати, уреди кои на корисниците им овозможуваат самопослужување со преземање на својата пратка во кое било време во рок од 72 часа. Во Скопје се веќе поставени на седум локации, а во Битола на една.  – Оваа иновација им овозможува на корисниците да изберат локација на пакетомат која […]

Католиците и дел од православните вечер го празнуваат Бадник, во пресрет на Божик


Католичките верници и дел од православните христијани кои времето го сметаат по Грегоријанскиот календар денеска го слават Бадник, во пресрет на Божик, раѓањето на Исус Христос. Во државава централната прослава по повод празникот ќе се одржи во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје. Светата божикна литургија ќе ја предводи бискупот скопски и епарх струмичко-скопски […]

Забрани за тешки товарни возила на неколку патни правци


Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот.  Забрани за тешки товарни возила се воведени на патните правци Дебар – Маврово, Кичево – Гостивар на превојот Стража и Тетово – Попова Шапка каде за останатите возила е задолжителна зимската опрема. Јавното претпријатие „Македонија пат“ информира дека […]

Облачно и студено, локални врнежи од дожд, снег на планините и повисоките места


Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со локални врнежи, на планините и во повисоките места од снег, во пониските од дожд и снег.  Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 1 до 6 […]

Нема веќе хаос за пасоши, сега се проблем налепниците „НМК“


Факт е дека сите регистарски таблички на возилата ќе треба да се усогласат со правилникот и со законот, но факт е дека во оваа ситуација не се криви граѓаните заради тоа што некој насила им ги замени табличките. Не се криви граѓаните, а да, треба да се почитува законот. Согласно закон ќе најдеме начин и […]

Германија и даде на Украина тенкови, ракетни фрлачи и противвоздушни системи


 Украина доби обемен нов пакет оружје од Германија, соопшти денеска Министерството за одбрана во Киев. Испораката, потврдена и од германската влада, вклучува 15 борбени тенкови Леопард 1 А5, два противвоздушни тенкови „Гепард“, самоодна хаубица „Панцерхаубице 2000“, два противвоздушни системи „Ирис-Т“ и два ракетни фрлачи „Патриот“. Противвоздушните системи се особено важни за Киев во борбата против […]

Медицински работници признаа дека под притисок лажеле за хемиското оружје во Сирија


Двајца лекари и една медицинска сестра денеска рекоа дека биле притиснати од властите на сирискиот претседател Башар ал-Асад да лажат за време на сведочењето и да негираат каква било употреба на хемиско оружје пред меѓународните истражители по нападот со хлор во 2018 година во Дума, во близина на Дамаск. На 7 април 2018 година, додека […]

Тошковски не добил официјална потврда од Албанија дека е таму Груби


„Имаме комуникација со сите соседни држави,одлична е соработката со нивните министерства за внатрешни работи и досега официјална потврда не е доставена до македонското МВР“, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за ТВ Телма, одговорајќи на прашањето со која соседна држава МВР е во контакт, откако Изет Меџити излезе со тврдење дека Артан Груби е […]

Османи: Груби згреши што избега


Потпретседателот на ДУИ и поранешен министер во неколку влади, Бујар Османи,  нема информација каде се наоѓа Артан Груби, по кого е распишана меѓународна потерница како осомничен во случајот „Државна лотарија“. Османи во интервју за „360 степени“ на МРТ 1 рече дека тој не знае ниту дали Груби има државјанство на Албанија, но порача дека „постапките […]

Бошко Јакшиќ за големиот протест во Белград: Раѓање на новото во времето на чудовиштата


  Енергијата и барањата на студентите се нешто на што владата не знае како да одговори, вели познатиот српски новинар Бошко Јакшиќ. „Ова време во кое живееме одговара на описот даден од италијанскиот филозоф и политичар Антонио Грамши – ‘додека старото умира, а новото не може да се роди, започнува времето на чудовиштата’. Она што […]

Џиро д‘ Италија во 2025 ќе стартува од Албанија


Албанија ќе биде домаќин на стартот на меѓународната велосипедска трка „Џиро д’Италија“ следната година, соопштија денеска организаторите. Првите три етапи ќе се возат во Албанија од 9 до 11 мај. Првата етапа ќе стартува во пристанишниот град Драч и ќе заврши во Тирана по ридско возење од 164 километри. Тирана ќе биде домаќин на втората […]