Здравствените работници со препораки пред празниците: Умерено со алкохолот, воздржување од пиротехнички средства


Умерено со алкохолот, редовна терапија за хроничните болни, воздржување од разни пиротехнички средства и оружје, препорачуваат здравствените работници, во изјава за МИА, пред новогодишните и божикните празници.   – Редовно земање на терапија кај хроничните болни, умерено користење на алкохолни пијалаци за да се избегнат несаканите последици – алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди, велат […]

Самостојна изложба „No escape from reality” на уметникот Сашо Блажес


амостојна изложба насловена „No escape from reality” на уметникот Сашо Блажес ќе биде отворена денеска во Касарна хаб од Охрид. Изложбата ја истражува комплексноста на перцепцијата и размислувањето преку една серија на досега неизложени дела. – После самостојните излагања во  Грац, Париз и Венеција оваа година почувствував потреба да претставам дел од моите досега неизложени […]

Последен ден од кампањата за избор на претседател на Хрватска, на полноќ стапува на сила изборниот молк


До денеска на полноќ кога почнува дводневниот изборен молк, останува кандидатите за претседател на Хрватска да ги убедат гласачите дека еден од нив е најдобриот избор за следниот петгодишен мандат. Дводневниот изборен молк пред изборите в недела на 29 декември ќе трае цела сабота и недела до 19 часот или до затворање на избирачките места, […]

„Зоки Поки“, „Сказна за детето Вилен“ и „Белото циганче“ на Брајово писмо


  Во Спомен-собата на Миладиновци ‒ „Т’га за југ“ во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје денеска ќе бидат промовирани на книгите на Брајово писмо „Приказни за Зоки Поки“ од Оливера Николова, „Сказна за детето Вилен“ од Глигор Поповски и „Белото циганче“ од Видое Подгорец, како дел од одбележувањето на 200 години од Брајовото писмо […]

„Трите самовили го бараат Дедо Мраз“ – музичко-сценска изведба во „Литература“


Во продукција на „Музичка кутија“, денеска во Скопје ќе биде изведена музичката претстава за деца „Трите самовили го бараат Дедо Мраз“. „Музичка кутија“ е нова продукција којашто се занимава со музичко-сценски изведби наменети за деца од 5 до 13 годишна возраст. Станува збор за едукативни проекти со автентични, оригинални приказни (сценарија) и избор од класична […]

Собранието ќе ја одржи 28-та седница, ќе заседаваат и две комисии


 Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 28-та седница на која на дневен ред се Дополнетиот предлог на закон за стручно образование и обука, Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование, Предлог на законот за престанување на важењето на Законот за основање на Национална агенција за нуклеарни […]

Трамп го сака Гренланд и неговите 55.000 граѓани на ЕУ; Европската унија нема коментар


Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека американското поседување и контрола на Гренланд е неопходност, но Европската унија нема коментар за тоа. Иако огромното мнозинство жители на Гренлан се граѓани на ЕУ, дипломатската служба на ЕУ, позната како Европска служба за надворешни работи (ЕЕАС), даде само кратки одговори на прашањата на Политико. „Можам да ви […]

Предновогодишна забава на Боемска во општина Центар


Општина Центар денеска на Боемска 1 организира предновогодишна забава наменета за сите граѓани. Како што информираат од Општината, во 11:00 часот почнува „Предновогодишно дружење“ со хорот „Златно славејче“ и хорот од ООУ „11 Октомври“ кадешто ќе ги изведат познатите детски хитови и ќе ги забавуваат најмалите. На овој настан, предвидено е обраќање на градоначалникот на […]

Променливо облачно и студено со сончеви периоди


Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец со брзина над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 5, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени. Во Скопје променливо облачно и студено со сончеви […]

Тошковски ќе ги презентира резултатите од работата на МВР за изминатата година


Во салата на киното „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ќе ги презентира резултатите од работата на Министерството за внатрешни работи за изминатата година. На настанот, како што информираат од МВР, ќе присуствуваат претседателот на Владата, Христијан Мицковски, министри, раководството на министерството и други официјални гости. По настанот, во […]

Украинците за првпат заробија севернокорејски војник


Припадници на украинските специјални сили вчера заробија севернокорејски војник во битки со руските сили во областа Курск. Оваа информација доцна синоќа се прошири преку проукраинските канали на социјалните мрежи, а утринава ја потврди и јужнокорејската разузнавачка агенција. Се верува дека војникот е првиот севернокорејски воен затвореник заробен од декември, кога Пјонгјанг испрати свои војници во […]

Почина поранешниот индиски премиер кој извлече стотици милиони луѓе од сиромаштија


Поранешниот индиски премиер Манмохан Синг почина на 92-годишна возраст, се вели во соопштението на Индискиот институт за медицински науки (АИМС). Болницата соопшти дека тој ненадејно изгубил свест и бил пренесен во болница во Њу Делхи, каде што починал. Синг беше премиер на Индија од 2004 до 2014 година. Синг е заслужен за насочување на Индија […]

Во постизборните насилства во Мозамбик загинаа 125 луѓе за три денови


Како резултат на насилството во изминатите три дена во Мозамбик, каде опозицијата протестира против прогласената победа на владејачката партија на изборите во октомври, според локална невладина организација, загинале 125 луѓе. Во вторникот вечерта, владата соопшти дека 21 лице загинало во првите 24 часа од немирите во неколку големи градови во сиромашната јужноафриканска земја, откако во […]

Во Израел е побарана истрага за сопругата на Нетанјаху


Јавниот обвинител на Израел и нареди на полицијата да отвори истрага против сопругата на премиерот Бенјамин Нетанјаху поради сомневање дека малтретирала политички противници и сведоци во судењето за корупција на израелскиот лидер. Тоа доцна синоќа го соопшти израелското Министерство за правда, во кое се наведува дека истрагата ќе се фокусира на наодите од неодамнешниот извештај […]

Затворени пет приватни научни институти, соопшти Јаневска


 Затворени се пет приватни научни институти, а кај 15-тина се утврдени неправилности кои имаат обврска да ги отстранат во соодветен рок. Ова е исходот од досега спроведените надзори на комисијата во Министерството за образование и наука формирана за оваа намена, за што, информираше вечерва министерката за образование и наука Весна Јаневска во емисијата „За или […]

Сиљановска: Да беа уставните измени гарант за европеизацијата, сега ќе претседававме со ЕУ


Ние треба да ги тераме европските реформи, Европа е наша татковина, таму ни е местото. Европјанин се станува со владеење на правото, со либерална економија, со борба против корупција и криминал, е сега почнуваат да излегуваат на виделина неверојатни нешта, за оние пред нас, изјави претседателката Гордана Сиљановска Давкова во „Само интервју“ на Канал 5 […]

Димитровска тврди дека Цвета Ристовска не е член на наставниот кадар, Универзитетот објави дека е


 Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска денеска одговорајќи на пратеничко прашање за соработката на членот на ДКСК, Цвета Ристовска со Универзитетот за туризам и менаџмент и дали постои можен судир на интерес бидејќи Ристовска го водеше предметот за директорот на Агенцијата на национална безбедност, потенцираше дека таа нема склучено договор […]

Расте бројот на загинати во уривањето на мостот во Бразил


 Бразилските власти денеска соопштија дека бројот на загинати во уривањето на мостот во Бразил се искачи на осум, додека најмалку девет лица се уште се водат како исчезнати. Во неделата, автомобили и камиони кои го минуваа мостот Јушелино Кубичек, на границата на северните бразилски држави Маранџао и Токантинс, паднаа во длабока река откако се урна […]

Телефонски разговор Зеленски-Вучиќ


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека разговарал со претседателот на Србија за „зајакнување на односите меѓу двете земји“. – Се заблагодарив на Србија за финансиската и хуманитарна поддршка и ги координиравме нашите напори на заедничкиот пат кон интеграцијата во ЕУ. Претседателот Вучиќ му ја честиташе Новата година на украинскиот народ и изрази надеж за […]

Расте бројот на загинати во уривањето на мостот во Бразил


 Бразилските власти денеска соопштија дека бројот на загинати во уривањето на мостот во Бразил се искачи на осум, додека најмалку девет лица се уште се водат како исчезнати. Во неделата, автомобили и камиони кои го минуваа мостот Јушелино Кубичек, на границата на северните бразилски држави Маранџао и Токантинс, паднаа во длабока река откако се урна […]