Украина прати 500 тони пченично брашно во Сирија како помош


Украина испрати 500 тони пченично брашно во Сирија како дел од својата хуманитарна програма „Зрно од Украина“, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски на Х на 27 декември. „Како што ветивме, ние го поддржуваме сирискиот народ во неговото време на потреба“, напиша Зеленски. „500 тони украинско пченично брашно веќе се на пат за Сирија како дел […]

Ристески: Сите маркети да ги додадат основните производи во кошницата до крајот на денот, во спротивно ќе има мерки


Доколку до крајот на денот, сите маркети кои се пријавени за новогодишната кошница не ги додадат основните прехранбени производи, а ги има 700 во синџирот, тогаш Владата ќе биде принудена да оди со одлука и мерка што не е пазарно популарна, но ќе мораме за да го заштитиме стандардот на граѓаните, изјави денеска заменик министерот […]

Шефот на СЗО бил на аеродромот во Јемен за време на смртоносниот израелски воздушен напад


Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) и друг персонал на Обединетите нации беа на главниот аеродром во Јемен кога беше погоден од израелски воздушни напади, при што загинаа три лица, а многу други беа повредени. Тедрос Аданом Гебрејесус требаше да се качи на својот авион во четвртокот кога аеродромот „беше под воздушно бомбардирање“, објави тој […]

Таравари очекува поддршка од опозицијата да почнеме преговори со ЕУ


  Оптимизмот не го напушта министерот за здравство Арбен Таравари кога станува збор за почнувањето преговори со ЕУ. За тој оптимизам Таравари очекува поддршка од опозицијата, затоа што владејачкото мнозинство било проевропски ориентирано. „Јас сум оптимист дека ќе имаме меѓусебна соработка и знам дека владејачкото мнозинство е проевропски ориентирано. Тоа ме уверува дека наскоро ќе […]

Беќировиќ: Западен Балкан треба да имплементира скандинавски модел на соработка


 Го поканувам претседателот на Србија, Александар Вучиќ, заедно да се свртиме кон градење мир, стабилност и соработка, а не кон провокации и измами, изјави членот на Претседателството на БиХ, Денис Беќировиќ, по повод изјавата на српскиот претседателот, Александар Вучиќ, кој протестите во Србија ги поврза со усвојувањето на Резолуцијата за геноцидот во Сребреница. – БиХ […]

Бидете впечатливи за Нова година во италијански модни брендови


Во деновите исцртани со боите на празничната сезона, италијанските модни брендови Luisa Spagnoli и Max&Co. ќе имаат значајна улога во зимските прослави со својата безвременска елеганција и живописни стилови. Новите колекции кои минатата недела на празничен настан беа претставени во ексклузивните продавници во трговскиот центар Рамстор Мол, се истовремено игриви и елегантни. Двата бренда, со […]

Швајцарците се на пат да овозможат бесконечно производство на чоколадо од дел од зрното какао


За многумина чоколадото е незаменлив дел од новогодишните празници. Сепак, одгледувањето класично какао има своја горчлива страна. Според тоа, една швајцарска стартап компанија работи на алтернатива – производство на какао во прав во биореактор. Станува збор за компанијата Food Brewer, чиј состав на какао е деловна тајна. Она што не е тајна е дека од […]

Во две сообраќајки во Прилеп настрадаа жена – пешак и возач


Vo ;etvrtokotve;erta, во 22.11 часот, во ОВР Прилеп било пријавено тешка сообраќајна несреќа на улицата „Браќа Миладиновци“ во Прилеп. Во несреќата, патничко возило „Опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 50-годишниот С.М. од Прилеп, излетало од патот. Возачот бил итно пренесен во Градската болница Прилеп од страна на Итната медицинска помош, каде му биле констатирани […]

Од 1 јануари во Белгија ќе се оди во пензија со 66 години


  Почнувајќи од 1 јануари 2025 година ќе стапат на сила значајните промени во пензискиот систем на Белгија. Реформите ќе влијаат на возраста за пензионирање, бенефициите и минималните барања за пензија. Најзначајното прилагодување е постепеното зголемување на законската возраст за пензионирање, која се зголемува од 65 на 66 години во 2025 година и дополнително ќе […]

Турција планира да извезува електрична енергија во Сирија


Турција планира да извезува електрична енергија во Сирија и да работи на обнова на енергетската инфраструктура, изјави турскиот министер за енергетика Алпарслан Бајрактар. Тој најави дека ќе ја предводи турската делегација при утрешната посета на Сирија, каде ќе се разговара за снабдувањето со енергија, инфраструктурата и други прашања. – Треба брзо да обезбедиме електрична енергија […]

Потпорниот ѕид кај Детска клиника ќе се решава во 2025 година, комуникацијата со Град Скопје е слабa


Министерот за здравство Арбен Таравари на новинарско прашање околу надминувањето проблемот со потпорниот ѕид близу детската клиника во Скопје, одговори дека проектот е изготвен во соработка со општина Центар, со чиј градоначалник имаат одлична комуникација. – За жал со градоначалничката на Град Скопје немаме баш добра комуникација, а се работи за серизона инвестиција. Тој пат […]

Црвена или зелена зелка? Која е поздрава


Зелката одамна е позната по своите извонредни здравствени придобивки, но кога се во прашање хранливата вредност и антиоксидантните својства, црвената зелка се издвојува како вистински победник. Иако и двата вида зелка содржат важни витамини и минерали, научните истражувања откриваат дека црвената зелка има неколку клучни предности во однос на зелената зелка. Зошто црвената зелка е […]

Пронајдено безживотното тело на метеорологот кој исчезна во Бјелашница


Денеска во 11 часот и 15 минути на планината Бјелашница во Босна и Херцеговина е пронајдено безживотното тело на метеорологот по кое се трагаше четири дена. Четири дена бројни спасувачки екипи трагаа по Мирзо Туцаковиќ, вработен во Метеоролошката станица кој исчезна пред четири дена во Бјелашница кога отишол да ја преземе смената. Од другата страна […]

Таравари: Најавените вработувања треба да се реализираат во јануари


Најавените над илјада вработувања во здравството го поминале владиниот филтер и добиле согласности од Министерство за финансии, конкурсите ќе се распишуваат во јануари, информира министерот за здравство Арбен Таравари, кој денеска беше во посета на Општата болница во Гостивар. – Процедурите во влада поминаа, сега останува на директорите. На оние вработени кои имаа договори, тие […]

Лансирана нова верзија на „Буки“ – дигиталната платформа за транскрипција на говор


Креаторите на новата дигитална платформа базирана на вештачка интелигенција за транскрипција на говор на македонски јазик – „Буки“, која овозможува унапредено користење на официјалниот јазик при креирање текстови во дигитална форма, ја пуштија во употреба новата верзија 2.0 која е побрза, поточна и овозможува транскрипција од аудио фајл. Како што соопшти Универзитетот „Св. Кирил и […]

ДКСК издевалвирана, СДСМ бара оставка од Цвета Ристовска


СДСМ бара оставка од членката на ДКСК, Цвета Ристовска бидејќи според оценката во оваа партија, основани се сомнежите за судир на интереси по скандалозната одлука поврзана со директорот на АНБ, Бојан Христовски и неговата спорна диплома. „Фактите кои ги објавија медиумите и се целосно достапни за јавноста се крајно загрижувачки. Тие ја разнишуваат довербата во […]

Штипските велосипедисти ги поканија најмалите на Предновогодишната велосипедска дружба


Студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип, Дарио Атанасов и Драган Атанасов во недела ќе ја организираат по петти пат Предновогодишната велосипедска дружба, која има хуманитарен и забавен карактер. Дарио и Драган на денешната прес-конференција истакнаа дека во недела во 12 часот ќе поделат подароци на најмалите на шеталиштето „Ванчо Прќе“. Посочија дека подароците ги имаат […]

Севернокорејските трупи претрпуваат големи загуби во битките во Курск


  Севернокорејските трупи претрпуваат големи загуби во борбите во руската област Курск и се соочуваат со логистички тешкотии како резултат на украинските напади, соопшти во четвртокот украинското воено разузнавање. Разузнавачката агенција, позната под својот акроним ГУР, соопшти дека украинските напади во близина на Новоивановка нанеле големи загуби на севернокорејските единици. Се вели дека севернокорејските трупи […]

Прв случај на мајмунски сипаници потврден во Косово


Националниот институт за јавно здравје на Косово (НИЈЗК) соопшти дека Лабораторијата за микробиологија го потврди првиот увезен случај на мпокс (поранешно име: мајмунски сипаници). Случајот се однесува на маж (30 години), државјанин на Косово, кој беше хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести на УКЦК на 24.12.2024, по враќањето од западноафриканска земја, со симптоми како треска, […]

Во општите болници во Струга и Кавадарци се отворија две нови Роса школи за доење – донација од Пивара Скопје, во соработка со Министерството за здравство


Две нови „Роса школи за доење“ се отворија денес во рамки на општите болници во Струга и во Кавадарци, благодарение на донацијата од „Пивара Скопје“ и „Coca-Cola“, преку брендот „Роса“, а во соработка со Министерството за здравство. Целта на школите е да им помогне на младите родители во справување со предизвиците од нивните нови животни […]