Почнува „Неделата на Бах“ со предавања, концерт на пијанистот Дино Имери и работилници за деца


По неодамнешениот концерт на Дино Имери во Белград, каде настапи со уште двајца врвни музичари – Роман Симовиќ на виолина и Драган Ѓорѓевиќ на виолончело, а кој заврши со стоечки овации во преполната сала во „Коларац“, нашиот пијанист приредува уште еден мошне значаен настан. Станува збор за „Недела на Бах“, којшто на различни локации во […]

Концертна вечер „LIVE ON BROADWAY“ со гости од Државната опера во Русе


Концертна вечер насловена „LIVE ON BROADWAY“ ќе се одржи вечер во 19 часот во Филхармонијата, со изведба на безвременски мелодии од најомилените мјузикли во историјата на Бродвеј. На коцертот ќе настапат гостите од Бугарија, талентираниот изведувач Рафи Бохосјан, како и солистите на Државната опера во Русе – сопранистката Даниела Караиванова и драмскиот тенор Борис Луков, […]

Започна поткастот „Бизнис клуб“ со Бранко Азески


Стопанската комора на Северна Македонија започна со поткастот „Бизнис клуб“, најновата иницијатива на претседателот Бранко Азески. Оваа платформа е креирана со цел да отвори нови хоризонти за размислување, да поттикне дијалог за актуелните економски предизвици и да ги приближи искуствата од реалниот сектор до пошироката јавност. Првата епизода веќе е достапна на YouTube каналот на […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 2 декември 2024 година, 337-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 29 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 44 минути, а ќе зајде во 16 часот и 3 минути. Денов трае 9 часа и 19 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина ќе изгрее во […]

И Албин Курти вели дека имало хибриден напад – но на Косово


  Косовскиот премиер Албин Курти на прес-конференција во Владата на Косово во врска со експлозијата на каналот Ибар-Лепенац изјави дека овој напад имал за цел да предизвика голема штета на косовската инфраструктура, пренесува Косово онлајн. Косовскиот премиер изјави дека настанот можел да има далекусежни последици и дека Косово можело да остане без вода и струја […]

Големите компании во Грузија ги поддржаа демонстрантите и побараа да продолжат преговорите со ЕУ


  Двете најголеми банки во земјата, Банката на Грузија и ТБЦ банка, телекомуникациските оператори Магтиком и Силкнет, градежната компанија ОРБИ груп и најголемиот дилер за автомобили во земјата „Тегета“, се изјаснија против одлуката на владата да ја прекине европската интеграција и ги поддржаа демонстрантите. „Европската и евроатлантската иднина на Грузија е историски избор на апсолутното […]

Кремљ го смени командантот на руските трупи во Сирија


  Командантот на руските трупи во Сирија, генерал-полковник Сергеј Кисел, е сменет од функцијата откако милитантите го зазедоа градот Алепо, објави каналот „Рибар“ на Телеграм, кој е близок до Министерството за одбрана. „Тие велат дека командантот на групата трупи Кисел е отстранет. Неговото сегашно отстранување веројатно нема ништо да промени. Пристапот треба да се промени: […]

Се расчистува патот кон одморалиштето Михајлово – има метар снег


Се расчистува патот кон одморалиштето Михајлово, Кавадаречко, информираа вечерва од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.  -Зимската служба на јавното претпријатие ,,Комуналец” и пожарникари од територијалната противпожарна единица Кавадарци работат на расчистување на патот кон Михајлово од паднати дрвја и наноси снег во висина од еден метар. Ќе се интервенира на терен до целосно […]

Просветна инспекција ќе оди во училиштето во Челопек каде имаше приредба со пластични пушки и униформи на ОВК


  Државниот просветен инспекторат ќе го проверува каква приредба се случувала во основното училиште „7 март“ во селото Челопек, каде учениците носеле пластични пушки и биле облечени во униформи на ОВК. Во изјава за Канал 5, министерката за образование кажа дека доколку се утврди прекршување на Законот за основно образование, како и на принципите на […]

Артан Груби побара извинување од „Вреди“, го осуди палењето на македонското знаме


  Поранешниот вицепремиер и функционер на ДУИ, Артан Груби, го осуди палењето на македонското знаме за време на прославата на Денот на албанското знаме. Тој ги демантираше наводите за неговата поврзаност со настаните за кои го обвинија од „Вреди“ и побара јавно извинување од оваа коалиција, во објавата на Фејсбук. „Немате сила, ниту знаење, ниту […]

Во експлозијата на каналот Ибар-Лепенец Вучиќ гледа хибриден напад на Србија


  „Вчера имаше обид за голем и хибриден напад врз нашата земја, и токако внимателно следевме сѐ што беше објавено од приштинските власти и нивните меѓународни спонзори, нивните медиуми и оние што добро ги плаќаат, не можевме да слушнеме многу факти“, рече Александар Вучиќ, претседателот на Србија во денешно обраќање до јавноста. Затоа ќе ги […]

Работниците во сите фабрики на „Фолксваген“ во Германија утре излегуваат на штрајк


  Вработените во „Фолксваген“ ќе започнат предупредувачки штрајкови во понеделник во погоните низ Германија, соопшти синдикатот ИГ Метал, што го означува првото големо запирање во домашните операции на „Фолксваген“ од 2018 година. Почетокот на штрајковите претставува натамошна ескалација на спорот меѓу водечкиот европски производител на автомобили и неговите работници поради масовни отпуштања, намалувања на платите […]

Социјалдемократите победија на изборите во Исланд


  Исландскиот Социјалдемократски сојуз од левиот центар стана најголемата партија на предвремените избори што ја соборија владејачката коалиција во последните седум години, покажа последното пребројување во неделата. Социјалдемократите добија 15 места во 63-члениот парламент со 20,8 отсто од гласовите, објави државната телевизија РУВ, со што лидерот на партијата Криструн Фростадотир е меѓу фаворитите за премиер. […]

Десетици возила заглавени во снегот во Маврово и на Попова Шапка


  Од Центарот за управување со кризи информираат дека пријави од заглавени возила во Маврово и на Попова Шапка. Меѓу хотелот „Радика“ и Бунец се заглавени дваесетина возила од рано утрото. Во моментов се чека поголема машина-фреза од „Македонија пат“ за расчистување на снегот. Блокирани возила има и пред влезот на Попова Шапка на раскрсницата […]

„Вреди“: ДУИ ги користи младите како „топовско месо“


  Владејачката албанска коалиција „Вреди“ денеска го обвини ДУИ дека ги искористила младите како „топовско месо“ за време на прославата на Денот на албанското знаме, кога беше сквернавено и запалено македонското знаме. Вицепремиерот Арбен Фетаи на денешната прес-конфренција рече дека „по откривањето на планот за враќање на Никола Груевски со црвен тепих во Скопје и […]

Новите лидери на ЕУ отидоа во Киев на првиот ден од функцијата да ја искажат поддршката


  Новите лидери на ЕУ, претседателот на Европскиот совет Антонио Коста, и шефицата за надворешна политика Каја калас, рано во неделата пристигнаа во Киев за симболично да ја изразат поддршка за Украина на нивниот прв ден на функцијата. Со нив беше и еврокомесарката за проширување , Марта Кос. „Дојдовме да дадеме јасна порака дека стоиме […]

И земјите од БРИКС на удар на Трамп – им се закани со царини од 100 отсто


  Новоизбраниот претседател Доналд Трамп во саботата побара од групата земји во развој посветеност на употребата на американскиот долар како нивна резервна валута и се закани дека ќе воведе царина од 100 отсто доколку се обидат да го напуштат. „Идејата дека земјите од БРИКС се обидуваат да се оддалечат од доларот додека ние стоиме и […]

34 секунди од Дневникот на РТС што го налутија Вучиќ


  На 21 ноември, вториот Дневник на РТС наместо во 19 часот и 30 минути, почна во 17,15 часот поради кошаркарскиот натпревар Данска – Србија. Пет минути подоцна во студиото беше и претседателот Александар Вучиќ. Тонот на неговото гостување беше одбележан со критики и обвинувања кон РТС поради вестите од 34 секунди, иако на претседателот […]

1 декември во историјата – Роза Паркс го почна бојкотот на автобусите во Алабама


  Во Монтгомери, Алабама, САД, на 1 декември 1955 година, Роза Паркс е затворена затоа што одби да го отстапи своето место во јавен автобус на белец, што претставуваше кршење на градските закони за расна сегрегација. Успешниот бојкот на автобусот во Монтгомери, организиран од млад баптистички свештеник по име Мартин Лутер Кинг Џуниор, го следеше […]

САД го укина стратешкото партнерство со Грузија по прекинот на преговорите со ЕУ


  Соединетите Држави го прекинаа своето стратешко партнерство со Грузија во саботата, осудувајќи ја одлуката на земјата да ги суспендира на четири години напорите за пристапување во Европската унија и невидените протести против потегот. „Одлуката на Грузискиот сон да го суспендира процесот на пристапување на Грузија во ЕУ е во спротивност со ветувањето на грузискиот […]