(Видео) Околу 50 загинати во стампедо во Гвинеја. Одлуката на фудбалскиот судија предизвика насилство


Околу педесет лица загинаа во стампедо откако навивачите се судрија на фудбалски натпревар во градот Нзерекоре во југоисточна Гвинеја, рече премиерот, додека опозициската група цитираше извештаи дека десетици загинале. Се стравува дека околу 50 луѓе загинале по судири на навивачи и стампедо што избувна за време на фудбалски натпревар во градот Нзерекоре во југоисточна Гвинеја […]

ЦУК: Гостите од хотелот „Радика“ во Маврово извлечени со помош на специјално возило


Центарот за управување со кризи информира дека гостите од хотелот „Радика“ во Маврово, кои беа заглавени поради обилните врнежи од снег и непроодниот пат, вчеравечер се извлечени со помош на специјално возило на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта. -Од последниот контакт во 20 часот со дежурниот во ПС Маврово […]

(Во живо) Јавно обраќање на претседателката на Судскиот совет Весна Дамева


 Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева денеска во 11 часот ќе има јавно обраќање.   Дамева минатата недела во изјава за јавноста рече дека имала право да остане уште осум месеци на чело институцијата. -Со оглед дека во два наврата беа донесени Одлуки за разрешување на претседателот на Советот, на 26.04.2023 година и на 04.05.2023 година, […]

Едно од запалените возила во Куманово е на јавен обвинител


Извршен е увид од страна на јавен обвинител од Основното јавно обвинитество од Куманово на локациите каде синоќа биле опожарени два автомобила и една деловна просторија.  – Преземени се сите дејствија и се испитуваат причините и евентуалните мотиви за опожарувањето. Прибрани се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење, а се врши […]

ЕК ја суспендира исплатата на втората транша од Планот за закрепнување за Бугарија


Европската комисија реши да ја стопира исплатата на втората транша за Бугарија во рамки на Планот на ЕУ за закрепнување и одржливост во износ од 653 милиони евра, поради неспроведувањето на предвидените реформи.  Во соопштението на Европската комисија се посочува дека исплатата на овие средства е суспендирана на шест месеци, бидејќи Бугарија не ги исполнила […]

Салвадор можеби седи на куп злато. Католичката црква не сака златото да се вади


Римокатоличката црква во неделата го повика претседателот на Ел Салвадор да не ја укинува забраната за ископување злато во таа земја, пренесува АП. Како што наведуваат, надбискупот Хозе Луис Ескобар Алас побарал од салвадорскиот претседател Најиб Букеле да не ја укинува забраната што е на сила од 2017 година. „Тоа ќе ја уништи оваа земја […]

Опожарени возила и фотокопирница во Куманово


Три возила синоќа биле опожарени во Куманово, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи и од територијалната противпожарна единица Куманово. Според информациите, пожарникарите интервенирале на две возила на улицата „Трст“ и на уште едно на улицата „Никола Вапцаров“, со по една екипа. На пожарот на фотокопирницата, пожарникарите интервенрирале од 03:15 до 04 часот, […]

Синдикатот на вработените во образованието во Србија в петок ќе организира едночасовен прекин на работа поради напади од јавни функционери


Самостојниот синдикат на просветните работници на Србија најави дека на 6 декември од 11:45 до 12:45 часот ќе организира едночасовен прекин на работа во сите образовни институции, јавија белградските медиуми. Како што наведоа, причина за прекинот биле нападите од јавни функционери врз наставниците, кои во петокот на 29 ноември ја прекинале наставата 15 минути и […]

Во тек пријавувањето за субвенциониран студентски оброк за 2024/2025 година


 Министерството за образование и наука потсетува дека од 1 до 5 декември 2024 е отворен рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година. Сите студенти кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk. Во објавата на МОН се достапни информации за условите и критериумите […]

Како се осветуваат хороскопските знаци кога се повредени? Овенот најопасен, Вагата игнорира со години


Ако повредите некоја Скорпија, најдобро би било да се спакувате и да смените континенти, Вагите казнуваат со молчење, а еве како реагираат другите знаци кога некој ќе ги повреди. Овен Ранетиот Овен можеби е најопасната личност со која можете да се соочите. Со него владее Марс, па претставниците на овој знак нема да чекаат, туку […]

Почина генерал-мајор Ѓорѓи Бојаџиев поранешен Началник на Генералштабот на Армијата


По кратко и тешко боледување во текот на вчерашниот ден на 74- годишна возраст, почина пензионираниот генерал-мајор Ѓорѓи Бојаџиев, поранешен началник на Генералштабот на Армијата. Бојаџиев е роден 31 март 1950 година во Ново Село, Струмица. Завршил гимназија во 1969 година, а потоа своето образование го продолжил на Воената академија на Копненатавојска на ЈНА и […]

Македонска државјанка загина во сообраќајка во Будва


Македонска државјанка на возраст од 73 години загина во сообраќајна несреќа во Будва, откако синоќа во нејзе удрило возило додека ја преминувала улицата во близина на зградата на комуналната полиција. Како што пишуваат црногорските медиуми, несреќата се случила по полноќ кога на нејзе налетал автомобил управуван од 28-годишно лице од Тиват на стотина метри од […]

Новиот албум „Ascend“ на Горан Таневски достапен на стрим сервисите


 Горан Таневски по објавувањето на сингловите „Wish a man“ и „Среќен ден“ го објави албумот „Ascend“, кој од вчера е достапен на стрим сервисите. „Ascend“ е првиот албум од трилогијата „Среќен сум дури и без себе“ поделен во три фази од животот на авторот. На албумот, покрај двата објавени синглови, има уште седум, досега необјавени […]

Приватните превозници се враќаат на скопските улици


Приватните превозници од денеска се враќаат на скопските улици, откако се откажаа од најавените блокади по одржаната координативна средба во саботата во Град Скопје. На средбата беше постигнат договор во рок од 15 дена независни експерти да направат анализа колку точно ќе добијат зголемување по изминат километар.  Претставникот на приватните превозници Јовица Зафировски во изјава […]

Генералниот директор на Стелантис поднесе оставка


Автомобилската групација Стелантис соопшти дека генералниот директор на таа компанија Карлос Таварес поднел оставка и дека таа ќе стапи во сила веднаш. Наследникот на Таварес ќе биде назначен во првата половина на 2025 година. -Одборот на директори на компанијата… ја прифати оставката на Карлос Таварес, се вели во соопштението на групацијата. Француско-италијанско-американскиот производител на крајот […]

РКЕ ќе соопшти дали и за колку би поскапела струјата од 1 јануари


Регулаторната комисија за енергетика денеска се очекува да соопшти дали и за колку би поскапела струјата од 1 јануари.  На последниот тендер на ЕВН Хоум беше понудена цена од 62 евра за мегават часови од страна на АД ЕСМ што е за две евра повисока во однос на досегашната цена што ЕСМ ја продаваше на […]

Сообраќајот се одвива во зимски услови,забрана за камиони има на Маврово на патот Тетово – Попова Шапка


 Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот. Снег со слаб интензитет провејува низ цела западна Македонија, додека во останатите делови врнежите се од дожд. Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинскиот превој Маврово. На патниот […]

Бајден го помилува својот син Хантер


Вашингтон – Американскиот претседател Џозеф Бајден соопшти дека го помилувал својот син Хантер Бајден во судската постапка против него за даночни прекршувања и во врска со носење огнено оружје, а својата одлука ја оправда со тврдењето дека неговиот син бил подложен на неправедно гонење. Бајден рече дека потпишал помилување за неговиот син Хантер вчера, иако […]

Трамп го номинираше таткото на неговиот зет Мајкл Булос за советник за Блискиот Исток


Вашингтон – Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп денеска го именува американско-либанскиот бизнисмен Масад Булос за советник за Блиски Исток. – Масад е добар преговарач и цврст поддржувач на мирот на Блискиот Исток. Тој ќе биде верен бранител на САД и нивните интереси, истакна Трамп. Булос е долгогодишен републиканец, кој се збогати со продажба на […]

Кампања „ВТОР ДЕН МИ Е“ за подигнување на свеста за менструалното здравје


 Во „Јавна соба“ во Скопје, денеска со почеток во 18 часот ќе се одржи панел-дискусија како дел од кампањата „ВТОР ДЕН МИ Е“ која има за цел да ја подигне свеста за предизвиците на вториот ден од менструалниот циклус и да ја разбие стигмата поврзана со менструалното здравје на жените. На панел дискусијата ќе учествуваат […]