Филипче: Некој има интерес од влошување на ситуацијата


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за емисијата „360 степени“ предупреди дека одбивањето на иницијативата за лидерска средба ќе испрати опасна порака – дека некои политички фактори можеби имаат интерес од продолжување на тензиите. Тој повика на итен политички дијалог за да се надмине тековната криза и да се спречи нејзина ескалација. „Повторно ќе […]

Муцунски ги убедувал европратениците дека ЕУ е на врвот на агендата на владата


  Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, денеска одговарајќи на прашања членовите на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент порача дека владата е силно посветена на евроинтеграциите и на спроведувањето реформи. Според него, за земјата е клучно да продолжи да напредува кон полноправно членство во ЕУ следејќи предвидлива пристапна траекторија, заснована на јасно утврдените […]

Повторно пукање во Чаир, едно лице пренесено во болница


Едно лице е повредено во пукање вечерва во скопската населба Чаир. Од МВР велат дека случајот е пријавен од болницата „Св. Наум Охридски“, каде што бил донесен Џ.Х. од Скопје, со повреда од огнено оружје.   Едно лице е повредено во пукање кое денеска се случи во скопската населба Чаир. Лицето е пренесено во една […]

ДУИ бара извинување од Јанева за изјавата за УЧК


Изјавите на министерката за образование Весна Јаневска претставуваат тешка навреда за Албанците во Македонија и обид да се избрише сеќавањето и жртвите на албанскиот народ. Да се каже дека УЧК „не значи ништо за оваа држава“ е неприфатлив чин кој покажува недостиг на почит кон значаен дел од населението и е обид за негирање на […]

Македонските ракометарки поразени од Унгарија на Европското првенство


 Женската ракометна репрезентација на Македонија забележа убедлив пораз на последниот меч на Европското првенство, откако беше поразена од домаќинот Унгарија со 29-19 (11-10). „Црвено-жолтите“ одиграа одлично прво полувреме, но за жал следеше голем пад во второто за на крајот да бидеме и убедливо поразен. Најефикасна за македонскиот тим беше Ристовска со шест гола, додека за […]

Канарските острови со рекорден број пристигнувања на мигранти


Бројот мигранти кои стигнаа до бреговите на Канарските острови со несигурни пловни објекти од Западна Африка достигна апсолутен годишен рекорд од 41.425 пристигнувања меѓу 1 јануари и 30 ноември оваа година, објави шпанското Министерство за внатрешни работи. Седумте острови во близина на брегот на Атлантскиот Океан на северозападна Африка се борат да го апсорбираат бранот […]

За Владата оставката на Дамева е единственo можна одлука


Единствена можна и исправна одлука, според Владата, е неотповикливата оставка којашто денеска од својата функција ја поднесе претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева. „Разбираме дека од ваквата одлука ќе има многу засегнати и загрижени поради нивното сомнително работење, огромните сомнежи за криминал, како и фалсификување на записници, но правдата мора да профункционира“, велат од Владата […]

По налог на СПАК, во Албанија за пет години запленет имот вреден 150 милиони евра, стекнат од криминални активности


Првиот човек на Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК), Алтин Думани, во својот говор во Собранието на Албанија, каде што се одржа состанокот на Комисијата за мониторинг на Советот на Европа, рече дека СПАК е на првата линија на борбата против корупцијата и организираниот криминал. Думани наведе дека СПАК гони различни претставници на […]

„Газела“ или „лав“, трчај и брзо и паметно: Интервју со Ангелка Пеева-Лауренчиќ, експерт за комуникации


Дама и фам фатал меѓу ајкули во комуникацискиот сектор, ама тие што ја познаваат велат дека нејзиниот мил изглед знае да излаже и дека таа е ајкулата. Ангелка Пеева Лауренчиќ со импресивно портфолио, како директор и партнер во „Имиџ ПР“, е и жена која импонира и со својот шарм во машкиот деловен свет. Предновогодишно, за […]

Пукање во скопски Чаир, ранети се повеќемина


Попладнево се случил инцидент со пукање во близина на стадионот во скопската населба Чаир, објави ТВ21. Според информациите на ТВ21, повеќе луѓе се ранети во инцидентот. Еден од повредените е итно пренесен во Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, објави телевизијата.

Трагична смрт на руска актерка во Тајланд – голем бран ја повлече во морето


Руската 24-годишна актерка Камила Бељаскаја почина во Тајланд откако огромен бран ја извлекол од карпа во морето. Во тој момент, актерката била на островот Кох Сумуи каде што вежбала јога на карпа. На социјалните мрежи се проширија страшна снимка и фотографии од Камила откако бранот ја однел во морето. Еден од сведоците влегол во морето […]

Славни и богати ќерки на годишниот Бал на дебитантките во Париз


Тоалети од висока мода, забавни придружници и танцување во сала: викендов, хотелот Шангри-Ла во Париз пречека 19 од најгламурозните млади дами во светот да го направат своето „деби“ во високото општество. Основан во 1992 година, годишниот Бал на дебитантките претходно ги истакна актерките Лили Колинс, британското кралско семејство Лејди Амелија Виндзор, холивудскиот потомок Ава Филип, […]

Метрото ги прими првите патници, аплаузи за Трпчески, а невремето уриваше дрвја: Што се случуваше викендов во Солун


СОЛУН – Саботата и неделата беа возбудливи денови во Солун. Во овој пристаништен град во соседна Грција се случија неколку настани кои солунчани ќе ги паметат долго. Првата, секако е официјалното отворање на метрото, едно од најсовремените во Европа. Вториот настан кој го одбележа викендов што измина, е настапот на Државниот филхармониски оркестар на Солун, […]

Новинарите бараат нов закон за медиумите


  Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Здружението на новинарите и РЕСИС денеска организираа панел дискусија на која беше нагласена потребата за нов закон за медиуми, којшто целосно ќе биде усогласен со европското законодавство. Деновиве се подготвуваат измени на Законот за медиуми, кои се однесуваат генерално за онлајн медиумите и за кои додека тој […]

Муртезани: Синоќешните настани во Куманово треба да ги осуди секој граѓанин


 Министерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ Орхан Муртезани ги осуди синоќешните настани во Куманово и оцени дека е можно тие да се предизвикани намерно со цел да создадат дестабилизација, а на полицијата е, вели, да ги истражи и разреши.  -Мислам дека за тоа треба да кажат органите на редот и мирот, односно […]

Муртезани: Секое решение кое ќе го обезбеди пристапувањето на земјата во ЕУ ќе биде прифатливо


 Нашето инсистирање не е на конкретно решение, туку на дебилатеризација на понатамошниот процес на пристапување во ЕУ. Секое решение коешто ние ќе сметаме дека го обезбедува процесот на пристапување на земјата во ЕУ, за нас ќе биде прифатливо, вели министерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Орхан Муртезани. -Дека преговарачката рамка не може […]

Деца од Велес пазарувале со туѓа картичка


СВР Велес поднесе кривична пријава против двајца малолетници од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. – На 16.07.2024, пријавените неовластено присвоиле платежна картичка сопственост на О.Б.(62) и со неа во повеќе наврати вршеле плаќања и на тој начин предизвикале материјална штета во износ од […]

Судскиот совет ја констатираше оставката на Дамева, изборот на нов претседател по комплетирање на Советот


Судскиот совет денеска на итна седница ја констатираше неотповикливата оставка на претседателката на Советот Весна Дамевска, која претпладнево во јавно обраќање соопшти дека поради немање слух кај власта за обезбедување брза и ефикасна правда, како и обидите за нарушување на нејзиниот интегритет од страна на високи владини функционери, поднесува неотповиклива оставка од функцијата. На предложениот […]

Зголемен капацитет и подобрени услови за престој во беровскиот Дом за стари лица


Зголемен е капацитетот на Домот за стари лица „Д-р Иван Влашки“ во Берово, а подобрени се и условите за престој во него како резултат на инфраструктурната поддршка овозможена во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, кои ги реализираше Министерството за локална самоуправа со поддршка на Владата на Швајцарија.  Министерот Златко Перински и […]

Грузијците пишуваат историја, власта ги напаѓа со водени топови (ВИДЕО)


Веќе три дена протести ја потресуваат Грузија по контроверзната одлука на владата да го откаже барањето за членство во Европската унија. Критичарите ја обвинуваат владејачката партија Грузиски сон дека следи авторитарни, проруски политики за одвраќање на Западот што ги загрозува надежите за одамна ветеното членство на Грузија во ЕУ. Протестите беа проследени со насилна полициска […]