Пожарот на Беласица синоќа се приближил кон црква во селото Смоларе, локализиран е, но активен


Синоќа дошло до повторно разгорување на пожарот на планината Беласица во близина на село Смоларе и притоа се приближил кон црквата „Свети Петар и Павле“, информираа денеска од ТППЕ Струмица. Додаваат дека веднаш по првите повици од жителите на селото ТППЕ Струмица испратила екипа од пожарникари-спасители, кои и покрај тешко пристапниот терен успеале да дојдат […]

Зошто старите луѓе мирисаат поинаку? Вистината за мирисот на постарите


Половина од луѓето над 60 години кои ги проучувал тимот на д-р Хејс произвеле толку малку 2-Nonenal што човечкиот нос нема да има шанса да го открие. Скоро сите го поврзуваат карактеристичниот мирис на постарите луѓе со лошата хигиена, што е далеку од вистината. Постои верување дека постарите луѓе испуштаат карактеристичен мирис, но и дека […]

Европската комисија му нареди на „Епл“ да престане со практиката на геоблокирање


Apple се најде во уште една непријатна ситуација со Европската комисија, која ја повика компанијата од Купертино да престане со практиката на геоблокирање во App Store, Apple Arcade, Apple Music, iTunes Store, а истото важи и за апликациите за книгите и подкастите. Европската комисија, заедно со Мрежата за соработка за заштита на потрошувачите (CPS), бара […]

Поглаварот на Англиската црква поднесе оставка поради скандалот со злоупотреба на деца


Надбискупот на катедралата во Кентербери и поглавар на Англиската црква, Џастин Велби, поднесе оставка од функцијата откако беше обелоденет скандалот стар повеќе од 40 години со наводи за злоупотреба на деца во летните кампови управувани од црквата. Според независен извештај објавен пред неколку дена, Велби не направил доволно за да ги истражи сериозните наводи дека […]

Трамп го назначи Маск во неговата администрација


Главна тема во западните весници е одлуката на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп кој објави дека Елон Маск и поранешниот републикански претседателски кандидат Вивек Рамасвами ќе го предводат новосоздаденото Министерство за ефикасност на владата, а водителот на Фокс Њуз Пит Хегсет е номиниран за министер за одбрана. Британскиот весник „Гардијан“ наведува дека Маск долго време […]

Хороскопските знаци кои имаат најмногу пријатели


Во светот на астрологијата, некои хороскопски знаци природно зрачат со социјална енергија што ги привлекува луѓето околу нив. Нивната отвореност, шарм и способност да ги разбираат другите често ги прават популарни во општествените кругови. Овие знаци ги сакаат луѓето, лесно стекнуваат нови пријатели и речиси секогаш се опкружени со пријатели, познаници и интересни луѓе. Еве […]

Русија ја нападна Украина со крстосувачки ракети и дронови


Русија во текот на ноќта и утринава ја нападна Украина со крстосувачки ракети од стратешки бомбардери, а нешто подоцна следеше и напад со дронови-камикази, соопштија украинските власти. Според податоците на украинските воздухопловни сили, шест авиони Ту-95МС полетале кон Украина, пренесува Укринформ. Во Киев утринава се слушнаа експлозии откако украинските воздухопловни сили ја ставија целата земја […]

Џек Тешеира, обвинет за објавување информации од Пентагон, е осуден на 15 години


Припадникот на националната гарда на Масачусетс, Џек Тешеира е осуден на 15 години. затвор за објавување строго доверливи воени документи на интернет, вклучително и оние поврзани со руската војна во Украина, јавија американските медиуми. Тешеира (22) беше осуден од американскиот окружен во Бостон, откако се изјасни за виновен за, како што го нарекоа американските обвинители […]

Русија ја напушти нуклеарната агенција на ОН, но ја продолж соработката


Една година по повлекувањето од меѓународниот договор за забрана на нуклеарни тестови, Русија продолжува да учествува во активностите на глобалниот пакт, изјави денеска шефот на подготвителниот комитет за Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови (CTBTO). Земјите-членки на CTBTO вчера му го продолжија мандатот на Роберт Флојд на чело на организацијата за уште четири години. […]

Штајнмаер: Предлогот изборите во Германија да се одржат на 23 февруари е реален


Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер синоќа оцени дека е „реален предлогот на трите опозициски партии предвремените парламентарни избори во земјата да се одржат на 23 февруари следната година“. Во соопштението од неговиот кабинет се наведува дека Штајнмаер го поздравува фактот што парламентарните групи договориле „патоказ“ за гласање доверба на владата на 16 декември и го смета […]

Израелската армија планира да издаде регрутација за околу 7.000 мажи од ултраортодоксната заедница


Израелската армија планира повторно да издаде регрутација за мажи од ултраортодоксната заедница оваа недела. Неколку израелски изданија денеска објавија дека околу 7.000 членови на високо верската заедница ќе добијат повици, јави ДПА. Поранешниот министер за одбрана, Јоав Галант го одобрил испраќањето на повиците пред неговото разрешување, објави Тајмс оф Израел. Војската соопшти дека имаат намера […]

Двајца од повредените во Нови Сад се свесни, но се во тешка состојба


Двајца од тројцата пациенти кои се тешко повредени како последица од уривањето на бетонската настрешница на Железничката станица во Нови Сад се во свесна, но се уште тешка состојба, изјави директорката на Клиничкиот центар на Војводина, д-р Весна Туркулов за српски медиуми. „Двајца пациенти се свесни и на кислородна поддршка, комуницираат со очите. Еден пациент […]

САД: Севернокорејските трупи веќе се борат во Украина, но не е јасно со каков успех


Повеќето војници од севернокорејскиот контингент од 10.000 војници, испратени во Русија за да и помогнат во борбата против Украина, влегле во борба во западниот регион Курск, но неизвесно е дали нивното вклучување во војната ќе се исплати, изјави портпаролот на Стејт департментот. – Дали Русија навистина ќе има корист од севернокорејските трупи на бојното поле […]

Палестински власти: Израел уби повеќе од 12.000 палестински ученици и студенти од октомври 2023


Палестинското Министерство за образование со седиште во Рамала вчера соопшти дека израелската армија од 7 октомври 2023 година во Појасот Газа и на Западниот Брег убила повеќе од 12.000 и ранила 19.000 палестински ученици и студенти. Министерството појасни дека од 7 октомври 2023 во Појасот Газа биле убиени 11.249 ученици, а 17.335 биле ранети, додека […]

Андрес Иниеста става крај на кариерата со „Ел Класико“


Андрес Иниеста ќе го одигра својот последен настпревар во кариерата на 15 декември во Токио, а овој момент за паметење ќе биде со „Ел Класико“. На него ќе учествуваат легендите на шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона. Натпреварот го доби името „Последниот танц на Иниеста“. Учеството на спектакуларниот настан го потврдија Роберто Карлос, Чави Ернандез, […]

Со презентација на разгледници „90 години Попова Шапка“ прикажан развојот на тетовскиот ски-центар


Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово синоќа одбележа „90 години Попова Шапка“ со мултимедијален настан на кој беа прикажани разгледници и кратки филмови посветени на јубилејот на скијачкиот центар. Како година кога почнал да се оформува како скијачки центар се смета 1934-тата кога таму бил отворен и пуштен во употреба првиот воопшто изграден објект на Попова […]

КИЦ-Битола домаќин на изложбата „Париски рефлексии 2 и 3“


 Културно информативниот центар-Битола вечер во соработка со Француското конзуларно претставништво и Француската Алијанса ќе отворат изложба „Париски рефлексии 2 и 3“. Пред битолската јавност ќе се претстави втората генерација автори кои се родени до 1930 година, и се вклучиле во дефинирањето на ликовната сцена кај нас по Втората светска војна, односно Борислав Траиковски, Димитар Кондовски, […]

Јавна расправа за кандидатите за именување на членови на Советот на АВМУ


Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе одржи седница, на чиј дневен ред е јавна расправа за кандидатите кои ги исполнуваат условите по Одлуката за објавување на Јавен конкурс за именување на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Вкупно 24 кандидати ќе се борат за седумте нови […]

„Тоа сме ние“ – книжевно читање на новата генерација


Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ денеска во Младинскиот културен центар организира книжевно читање „Тоа сме ние“. Настанот ќе започне во 20 часот и ќе вклучи настапи на десет млади автори од новата книжевна генерација, меѓу кои Ивана Јовановска, Моника Стојановска, Ива Петреска и други. „Култура Бета“ најавува дека настанот ќе биде потсетник […]

Без струја улиците „Мексичка“ во Карпош и „40“ во Радишани


ЕВН информира дека денеска без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Мексичка“ во општина Карпош и улицата „40“ во Радишани, општина Бутел. Од 09:00 до 12:30 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. „Мексичка“. Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. „40“ во нас. Радишани. Прекинот на електрична енергија […]