Мицкоски тврди: Заради ДУИ 150.000 Албанци се иселиле од Македонија


 Премиерот Христијан Мицкоски порача до пошироката јавност и до медиумите да не придаваат важност на реториката со која се служи ДУИ. Тој изјави дека таа ќе биде уште пожестока во периодот што следи. Тој смета дека со придавање на значење на таквата реторика не носи добро на граѓаните. – Ова ги иритира и граѓаните и […]

ЕУ се надева дека ќе ги почне преговорите со Украина во 2025 година


  Европската комисија изрази надеж дека следната година ќе започнат преговорите за членство на Украина во ЕУ, соопшти портпарол на институцијата. Овој напредок зависи од спроведувањето на реформите и одлуките на Советот на ЕУ. – Се надеваме дека ќе ги започнеме преговорите за пристапување на Украина во ЕУ во суштина следната година, изјави денеска портпаролот […]

Се разработел Инспекторатот за животна средина на Град Скопје, казнил дури една фирма


Инспекцијата за животна средина на Град Скопје, по пријава на граѓани изврши вонреден инспекциски надзор на деловен простор на правниот субјект ГУДИСИМО ДООЕЛ во Гази Баба, каде утврди согорување отпад со што се загрозува животната средина и здравјето на граѓаните, соопштија од Град Скопје. Во рамки на вонредната контрола на терен инспекциски служби на Град […]

Топловодот под мостот „Беласица“ целосно во функција


Новиот топловод под мостот Беласица од ноќеска целосно е ставен во функција, обезбедувајќи стабилна и сигурна испорака на топлинска енергија. Поставувањето на новите топловодни цевки беше завршено во рекордно краток период од помалку од два месеци, благодарение на високата ефикасност и посветеноста на тимовите на АД ЕСМ и ЕСМ Дистрибуција на топлина. -Иако првично беше […]

ОКТА донираше фотоволтаични сообраќајни знаци за зголемување на безбедноста на учениците во Општина Центар


Нова активност на компанијата ОКТА во рамки на својата долгорочна општествено одговорна платформа „ЈАС ВНИМАВАМ“, посветена кон поттикнување на јавната свест за поголема безбедност во сообраќајот. Овој пат компанијата донираше шест фотоволтаични сообраќајни знаци кои што се поставени на стратешки локации во Општина Центар, односно во близина на пет основни училишта: „Јохан Хајнрих Песталоци“, „Кочо […]

Европската комисија ја казни „Мета“, треба да се платат 800 милиони евра


Брисел – Европската комисија одреди уште една голема парична казна за американската компанија „Мета“, којашто овојпат изнесува речиси 800 милиони евра. Поточно, се работи за казна од 797,72 милиони евра, поради тоа што компанијата „практично на секој корисник на социјалната мрежа Фејсбук – сакал или не“, му ја наметнувала услугата „Фејсбук маркетплејс“. Според ЕК, ова […]

АТП го казни Тиафо со 120.000 долари поради пцуење судија


Лондон – Американскиот тенисер Френсис Тиафо е казнет со 120.000 долари поради недолично однесување откако го пцуеше судија за време на натпревар на Мастерсот во Шангај. Инцидентот се случи во септември на Мастерсот во Шангај, во дуелот кој Тиафо го загуби од Русинот Роман Сафиулин со 7:5, 5:7, 6:7. Тиафо е казнет со 60.000 долари за […]

Десетина дена пред конгресот Филипче постави привремени раководства на СДСМ во повеќе градови


  БИТОЛА – Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кус период пред конгресот на СДСМ, најавен за 24 ноември, поставил нови претседатели на неколку општински организации во државата, кои се сметаат за највлијателни како: Битола, Охрид, Прилеп, Скопје… Последно во Битола, Филипче за вршител на должност го постави бившиот новинар Методија Куновски.  Тој до 2016-17 работеше […]

Дел од студентските домови се празни – МОН со повторен конкурс


Министерството за образование и наука известува дека од денеска е отворена можноста за пријавување на студенти за сместување во студентски домови каде што се останати слободни места по завршувањето на првиот конкурс. Како што наведува МОН, слободни места за сместување има во студентските домови: „Кочо Рацин“ во  Битола, „Томе Стефановски-Сениќ“ во Скопје, „Никола Карев“ во Охрид, „Oрде […]

Илир Мета обвини дека Рама сака да ја уништи опозицијата


Претседателот на Партијата на слободата и поранешен шеф на албанската држава, Илир Мета, кој е во затворски притвор, обвини дека целта на актуелната власт е да се уништи вистинската опозиција. Во телевизиско интервју од затворот „313“ Мета рече дека и апсењето на Сали Бериша, како лидер на ДП и неговото „политичко киднапирање се дел од […]

Последната супермесечина за оваа година


Ноемвриската полна месечина, којашто ќе биде видлива денеска, на 15 ноември, ќе биде последната супермесечина за оваа 2024 година.  Супермесечината е поголема и посветла од обична полна месечина. При оваа ноемвриска супермесечина, нашиот природен сателит ќе мине низ соѕвездието Овен, во близина ќе може да се види и познатото ѕвездено јато Плејади, што ќе биде […]

Се погласни критики кон Роберт Ф. Кенеди Помладиот по номинацијата за секретар за здравство


 Одлуката на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да го именува Роберт Ф. Кенеди Помладиот за американски секретар за здравство и човекови услуги предизвика широки критики кон Кенеди, познат антивакцинален активист кој поддржува бројни дискредитирани теории за здравјето, пишува Гардијан. Во синоќешната објава на Truth Social, Трамп тврдеше дека Американците биле „потиснати од индустрискиот комплекс на […]

Во Велика Британија фолна киселина ќе се додава во брашното заради подобро јавно здравје


Фолна киселина ќе биде прописно и законски додадена во производството на интегрално пченично брашно во Велика Британија, со цел спречување и намалување вродени дефекти… Имено, оваа супстанција би можела да спречи околу 200 случаи на дефекти на невралната туба кај бебињата, што значи подобро здравјето и за малечките, и за бремените жени, соопшти британската Влада. […]

Сведокот Кираца Трајковска не верува дека Палчо ја убил Вања


  Денешното рочиште од судењето на обвинетите за убиството на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска донесе повеќе прашања отколку што фрли дополнително светло врз тоа како се случиле грозоморните убиства, кој ги организирал грабнувањата и кој бил убиецот. Сведочеше и поранешната заменик-директорка на „Фершпед“, Кираца Трајковска. Таа и нејзиниот син Гоце биле кумски поврзани со […]

Наредниот повик на Владата за општините ќе биде објавен во февруари-март


 Наредниот повик на Владата за поддршка на општините ќе биде објавен во февруари или март наредната година, во зависност од подготвеноста на општините изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по одржувањето на годишната конференција на граѓански организации: „Соработка меѓу Владата и граѓанското општество“ која се одржа во Скопје. За општините, олеснувања се […]

Министерот за здравство на Хрватска барал мито од болници, полицијата го уапси, Пленковиќ го смени


  Хрватска од изутрина ја тресе голема корупциска афера во која е вмешан министерот за здравство Вили Берош, кого полицијата го уапси, а премиерот Андреј Пленковиќ веднаш го смени. На адресата на Берош дошле членови на УСКОК со наредби за претрес. Еден од осомничените лекари е началникот на Клиниката за неврохирургија на болницата „Милосрдни сестри“проф. […]

Ким Кардашијан како Софија Лорен во новата кампања на Скимс и Долче и Габана


SKIMS  на Ким Кардашијан започнува нова соработка со Dolce & Gabbana, која ќе биде достапна за купување на 19 ноември. „Ми беше чест да соработувам со моите пријатели Доменико и Стефано на оваа специјална колекција за Dolce&Gabbana и SKIMS“.Ова е навистина иконично партнерство што сум толку возбудена да го споделам со светот“, изјави кардашијан за […]

Спасовски за отказите: Тошковски прави чистка во МВР!


Поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, смета дека одлуката да им се даде отказ на 15 високи службеници во МВР – е класична партиска чистка. Според Спасовски, не може некој кој никогаш досега не бил под дисциплинска постапка прва мерка што му е изречена да биде бркање од работа. „Го гледаме класичниот пристап на […]

Исчистени повеќе диви депонии во општините Гази Баба, Аеродром и Карпош


Во текот на изминатото деноноќие, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје расчистила големи количества отпад од диви депонии лоцирани во скопските општини Гази Баба, Аеродром и Карпош. Како што информира „Комунална хигиена“ – Скопје, на последната станица на автобусот 45 во населбата Ченто отстранета е обемна дива депонија составена од приближно 25 кубни метри непрописно одложен кабаст, […]

Ели Сааб со спектакуларна ревија го одбележа јубилејот во Ријад – гостите беа изненадување (видео)


Хали Бери, Селин Дион, Џенифер Лопез и Камила Кабело ја заслепуваa пистата додека му оддаваа почит на славниот либански дизајнер со холивудска кариера Ели Сааб. Модната куќа беше домаќин на пренос во живо од нивната последна модна ревија во Ријад на 13 ноември за да ги прослави 45-годишнината од креациите на либанскиот дизајнер и тоа […]