Светски ден на предвремено родени бебиња: Лани имало 604 – загадениот воздух е ризик фактор


Лани во државата имало вкупно 604 предвремено родени бебиња, а оваа година бројот на предвремено родени бебиња изнесува 681. Со цел превенирање на предвремена бременост, во Клиниката за гинекологија и акушерство од крајот на оваа година ќе почне пилот студија за бесплатна скрининг програма за детектирање на пациентки кои што би развиле прееклампсија, а исто […]

Костадиновски: Да му бидеме лојални на Уставот


 Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски упати честитка по повод 33-годишнината од донесувањето на првиот Устав. -Со донесувањето на Уставот во 1991 година беше редизајнирано внатрешното уредување на системот и неговите институции и овој Устав го рефлектираше стремежот на тогашната генерација за слободна, суверена и самостојна Република. Со донесувањето на Уставот како највисок правен акт, […]

Грузија: Опозициски политичар го намачка со црна боја шефот на изборната комисија


Давид Киртадзе, политичар кој и припаѓа на опозицијата во Грузија, истури црна боја врз шефот на изборната комисија во земјата, Ѓорѓи Каландаришвили, откако тој ги потврди резултатите од контроверзните парламентарни избори. Каландаришвили потпиша протокол во кој се тврди дека проруската партија Грузиски сон освоила најмногу гласови и доволно пратеници за повторно формирање на владата, што […]

Владата и банкарите не се договорија за каматата од унгарскиот кредит, договорени роковите за враќање


  Премиерот Христијан Мицкоски и банкарите денес не најдоа заеднички прифатливо решение за каматната стапка по која што банките ќе ги одобруваат кредитите кон компаниите од унгарскиот заем кој неодамна го зема Владата. По средбата која што се одржа денес во Министерството за финансии и на која покрај премиерот Мицкоски беа и министерката за финансии […]

Малолетници обиле багер и со него оштетиле паркирано возило во Центар


Во текот на изминатата ноќ, во паркот во Капиштец, малолетни лица обиле багер, го ставиле во функција и предизвикале штета на паркирано возило. Дополнително, уништени се каблите за системот за наводнување и направена е значителна материјална штета. Полицијата веднаш изврши увид и ги презема сите мерки за утврдување на одговорноста. Градоначалникот Горан Герасимовски апелира до […]

Утре и вторник – магла, потоа дожд и снег


Утре и во вторник времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури и со услови за појава на магла или ниска облачност по одделни котлини. Потоа во следните денови под влијание на серија од влажни воздушни бранови времето ќе биде променливо облачно и ветровито со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, кои на планините […]

Започнаа нови протести во Нови Сад, блокирани раскрсници во близина на железничката станица


Во Нови Сад денеска се одржуваат нови протести на кои се бара одговорност за падот на настрешницата на железничката станица, кога загинаа 14 лица, а тројца беа тешко повредени. Почна и шестчасовна блокада на раскрсницата кај станицата. Протестите ги најавија младинските активистички организации, СТАВ и Свиќе. Професорите и соработниците на Филозофскиот факултет на Универзитетот во […]

Зајкова: ЛДП се стреми да биде власт, а не да кокетира со власта


„ЛДП во парламентот делува независно и делуваше независно и во минатиот парламентарен состав, бранејќи ја својата либерално-демократска политика и идеја, ЛДП не кокетира со власта, како и секоја политичка партија, ЛДП се стреми да биде власт, а не да биде кокета“, изјави во вчерашното интервју во Дневникот на МРТВ, претседателката на Либерално-демократската партија, Моника Зајкова. […]

На Меѓународниот ден на студентите: МОН најавува модернизација на програмите


 Министерката за образование и наука Весна Јаневска го честита Меѓународниот ден на студентите, 17 Ноември, потенцирајќи дека за актуелната Влада, поддршката на нивното образование и воопшто унапредувањето на студентскиот стандард се високо дефиниран приоритет. -Покажавме дека сме фокусирани на студентите во изминатите 4 месеци, а јас уверувам дека така ќе остане и во следните 4 […]

Притвор за мажот кој пукаше и рани човек во Скопје


 СВР Скопје расчисти убиство во обид, поднесена  е кривична пријава против едно лице. Како што соопшти МВР, полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје го лишиле од слобода А.И.(46) од Скопје. Тој се сомничи дека на 14.11.2024 на ул.„Брсјачка буна“ во Скопје со пиштол пукал […]

Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина


 Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, најави дека руската армија врши концентриран напад врз инфраструктурните објекти на Украина, посочувајќи дека истата судбина ги чека и резултатите од американските инвестиции на оваа територија. -Материјалните резултати од американските инвестиции на територијата на поранешна Украина, во услови на продолжување на конфликтот со Русија, ќе ја […]

Двајца жители на Чашка приведени од полицијата поради напад врз полициски службеници


Полициски службеници од СВР Велес синоќа во 19.45 часот ги лишиле од слобода 34-годишниот З.Н. и 41 годишниот  Д.Н. двајцата од Чашка, затоа што на улица „8 Септември“ во Велес физички нападнале полициски службеници додека извршувале службени задачи. Како што денеска информираат од СВР Велес, З.Н. и Д.Н. биле задржани во полициска станица, известен бил […]

Зетот на Трамп е чекор поблиску до изградба на станбено-деловен комплекс во центарот на Белград


Српската влада неделава го укина статусот на културен имот на зградите во Белград оштетени во бомбардирањето на НАТО, со што ја отстрани пречката за реализација на плановите на зетот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Џеред. Кушнер, да изгради станбено деловен комплекс во центарот на Белград. Владата под водство на претседателот на Српската напредна партија […]

Лидерот на германските социјалдемократи ги повика своите сопартијци да застанат зад Олаф Шолц


Копретседателот на германската Социјалдемократска партија (СДП), Ларс Клингбејл, изјави дека политичката формација стои зад канцеларот Олаф Шолц, кој е во тешка позиција среде претстојните предвремени парламентарни избори, јави ДПА. -Олаф Шолц е канцелар. И сите ние кои сме одговорни во СДП јасно ставивме до знаење во последните денови дека стоиме зад него, рече Клингбејл на […]

Меѓународна ноќна атлетска трка „Низ улиците на Скопје“


По повод Денот на ослободувањето на Скопје, 13 Ноември, а во организација на Атлетската Федерација на Македонија ќе се одржи традиционалната меѓународна ноќна атлетска трка „Низ улиците на Скопје 2024”, со почеток од 16 часот. Ноќната атлетска трка е една од најстарите манифестации кај нас и една од најстарите на Балканот и се одржува традиционално […]

Трамп го номинираше шефот на нафтената компанија „Либерти енерџи“ Крис Рајт за секретар за енергетика


Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, најави дека за секретар за енергетика ќе го номинира Крис Рајт, извршен директор на нафтената компанија „Либерти енерџи“. Рајт е основач и извршен директор на „Либерти енерџи“ со седиште во Денвер, главен давател на енергетски услуги во Северна Америка. Се очекува Рајт да го поддржи планот на Трамп да […]

Полска подигна борбени авиони поради големиот руски напад во Украина


Полската војска денеска објави дека ги подигнала своите ловци и ги мобилизирала сите расположливи сили и ресурси за да ја заштити својата територија за време на големиот руски ракетен и беспилотен напад врз соседна Украина. „Поради масовниот напад на Руската Федерација, која врши напади со крстосувачки и балистички ракети и беспилотни летала врз објекти лоцирани […]

Зеленски: Русија ја нападна енергетската инфраструктура на Украина со околу 120 проектили и 90 дронови


Русија лансираше околу 120 проектили и 90 беспилотни летала во „масовен“ комбиниран воздушен напад врз енергетската инфраструктура на Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. -Целта на непријателот беше нашата енергетска инфраструктура низ Украина. За жал, има оштетувања на објектите од ударите и паѓањето на остатоците, напиша тој во изјавата на социјалните мрежи. Рускиот воздушен напад […]

Ова е новата Мис Универзум: 21-годишната Викторија е првата Данка што победила на натпреварот


Викторија Кјер Теилвиг од Данска е крунисана за Мис Универзум за 2024 година, со што стана првата Данка што победила на натпреварот. 21-годишната девојка е танчерка, претприемач и аспирантен адвокат, кој победи повеќе од 120 други натпреварувачки за да победи на годишниот избор за убавина во Мексико Сити во саботата вечерта. Другите натпреварувачи и аплаудираа […]