Заев за изборот на Шекеринска во НАТО: „Македонската дипломатија денеска добива круна“


  Поранешниот премиер Зоран Заев ѝ го честиташе на Радмила Шекеринска назначувањето за заменик-генерален секретар на НАТО. Во објавата на Фејсбук Заев пишува: „Назначувањето на Радмила Шекеринска за заменик-генерален секретар на НАТО е признание за нејзините професионалност, посветеност и визија за демократски и безбедни општества, но е признание и за сите наши домашни и меѓународни […]

Ангелоски: Очекуваме што е можно побрзо Владата да ги договори условите за унгарскиот кредит


Бизнисот очекува  што е можно побрзо Владата да ги договори условите за унгарскиот кредитсо комерцијалните банки, порача денеска претседателот на Сојузот на стопанските комори на Македонија – ССК Трајан Ангелоски и додаде дека македонската економија треба да добие поддршка. Истакна дека унгарскиот кредит во однос на рочноста е поповолен од комерцијалните, а добра му е […]

Мицковизмот е новата ера на режим


Најголемиот успех на премиерот Христијан Мицкоски и владата на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите пет месеци, по големата изборна победа и освојување на апсолутна власт, е инсталирањето на режим. Македонија длабоко загазува во нова ера на уривање на и онака малкуте макотрпно стекнати демократски придобивки од осамостојувањето на државата до денес. Многу бргу излезе на виделина „груевизмот“ […]

Агелер им честиташе на Шекеринска – и на Мицкоски!


Амбасадорката на САД во македонија, Ангела Агелер, и го честиташе изборот на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО. Наедно таа му честиташе и на премиерот Христијан Мицкоски за тоа што застанал зад нејзината кандидатура или по наше кажано – не ја блокирал, како што прави вообичаено ВМРО-ДПМНЕ.    „Моите најтопли честитки до Радмила […]

Драмски ги започна подготовките за новата претстава „Фамилија Адамс“


„Фамилија Адамс“ е насловот на претставата што ансамблот на Драмски театар Скопје  започна да ја подготвува денес. Имагинарната Фамилија Адамс се најпознатите ликови што ги креирал американскиот писател и карикатурист Чарлс Самјуел Адамс, познат по користењето на црниот хумор. Претставата ќе ја режира Теа Беговска, сценографијата е на Никола Пијанманов, костимите ги креираат Ратка Џамбазовска […]

О2: Во Буџетот нема пари ни за чист воздух, ни за менаџирање со отпад


  Иницијативата О2 реагира на ставката во буџетот за животна средина во висина од 103 милиони евра која, иако е најголем досега, ќе се троши на инфраструктурни проекти кои од ресорот транспорт се префрлени тука и „прекрстени како животна средина“. „Место  буџетот да биде дупло поголем, поголемиот дел од средствата за издвоени за оваа намена […]

Зголемен бројот на пациенти кај матичните лекари од почетокот на грејната сезона


Зголемен е напливот на пациенти кај матичните лекари кои се жалат на здравствени тешкотии предизвикани од аерозагадувањето, соопштија денеска од Здружението на матични лекари Куманово. Претседателот на Здружението д-р Фатмир Асани вели дека последниве денови хронично болните пациенти и децата се жалат на доглотрјана сува кашлица. – Аерозагадувањето е светски проблем. Долготрајните последици допрва ќе […]

Емотивно писмо на Федерер до Надал: „Секогаш навивам за тебе“


  Роџер Федерер објави долго писмо во кое му оддава почит на големиот ривал Рафаел Надал пред пензионирањето на Шпанецот, во кое вели: „Твојот стар пријател секогаш навива за тебе“. Надал ќе се збогува со тенисот на финалето на Дејвис купот во Малага оваа недела, а Шпанија ја започнува својата кампања против Холандија подоцна во […]

Матео Бочели, синот на славниот тенор, со ексклузивен концерт во Филхармонија


Ѕвездата на класичниот кросовер, пејачот и кантавтор Матео Бочели штотуку ја најави својата сосема нова европска турнеја за 2025 година, насловена Summer Nights (Летни ноќи), а во чии рамки за прв пат ќе ја посети и Македонија и ќе одржи ексклузивен концерт на 15 јуни во македонската Филхармонија во Скопје. Уште од неговото прво појавување на синглот „Fall On […]

Мицкоски ќе присуствува на Саемот на вино „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград


Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека ќе присуствува на Саемот на вино „Винска визија на Отворен Балкан“ што ќе се одржи викендов во Белград, но оти нема договорено средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. -Таква средба нема најавено. Мислам дека претседателката се сретна (со Вучиќ) во Азербејџан на настанот ЦОП 24 што се одржан во […]

СДСМ го нарече „историско понижување“ зголемувањето на платите на здравствените работници од 10 отсто


  СДСМ го нарече „историско понижување“ зголемувањето на платите на здравствените работници од 10 отсто.   –Денеска Христијан Мицкоски објави историско понижување на трудот на здравствените работници. Неговата најава е за минимално односно историски најниско зголемување од 10% во споредба со досегашниот раст на платите.   Вкупните примања на лекарите специјалисти од 2017 до 2024 […]

Шведската амбасадорка облече одржлив фустан и ја поддржа креативноста на македонските ученици од Штип


Амбасадорката на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ами Ларсон Џаин, стана инспирација за младите модни дизајнери. На приемот кај италијанскиот амбасадор во заминување Андреа Силвестри, таа со гордост го носеше фустанот-победник од предизвикот Re:Code School Design, во рамки на Моден викенд Скопје кој се одржа од 25 до 28 октомври, Културниот Центар Лабораториум во […]

Независниот синдикат за здравство задоволен од постигнатиот договор со Владата за покачување на платите за вработените


Претседателот на Независниот синдикат на здравствени работници Боби Бојчевски, денеска во име на членството јавно изрази благодарност до премиерот Христијан Мицкоски и до Владата за постигнатиот договор со синдикатите во здравствениот сектор за измени во колективниот договор што овозможува зголемување на платите за вработените во здравствениот систем. Според Бојчевски, станува збор за едно од најголемите […]

И жителите на Шуто Оризари на протест, чекале по три часа автобуси


Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, за петок најави протест пред Град Скопје поради проблемите со јавниот превоз. Проблемот се состои во долгото чекање на автобуските станици, што особено ги погодува децата, жените и пензионерите. „Луѓето чекаат по два до три часа на минусни температури и не можат да стигнат до своите дестинации. Не можеме […]

Од наредната година ќе почне проектот „Купи куќа за млади“


Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска најави дека по Нова година ќе бидат познати условите и начинот на кој младите брачни двојки ќе можат по поволни услови да учестуваат на проектот „Купи куќа за млади“. „Сакам да најавам дека од следната година ќе почнеме да го развиваме проектот ‘Купи куќа […]

Зошто се појавува упорна кашлица и дали може да помине сама по себе?


Постинфективната кашлица е многу честа и е предизвикана од воспаление и слуз предизвикана од инфекцијата. Може ли постојаната кашлица да помине без терапија? „Кашлам повеќе од еден месец и не минува“. Колку пати сте го слушнале тоа во последно време? Излегува дека многу луѓе страдаат од постојана кашлица со недели откако ќе закрепнат од настинка […]

СДСМ со 200 амандмани на Предлог-буџетот бара поголеми плати и повеќе пари кај граѓаните


СДСМ поднесе над 200 амандмани за Предлог-буџетот, со кои, како што соопштуваат од партијата се бори за граѓаните и за подобрување на Буџетот за се обезбедат економски раст, поголеми плати и подобар животен стандард. Од СДСМ посочуваат дека со поднесените амандмани, меѓу другото, се бара зголемување на платите во секторите каде вработените се од витално […]

Николов: Против Литванија треба да изгинеме за секоја топка


 Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Кристијан Николов најави максимално залагање на претстојните натпревари со Литванија во квалификациите за Евробаскет 2025. – Тешко е сега да се прогнозира дали ќе се пласираме на Европското првенство, бидејќи секој натпревар е посебна приказна и не знаеме кој ќе игра, а кој не. Кога Димитријевиќ и Шортс кои играат во Евролигата […]

Клоп би можел да го замени Симеоне во Атлетико


Поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп би можел да го предводи Атлетико Мадрид. Според „Relevo“, раководството на „Душекџиите“ го избрало Клоп за приоритетен кандидат во случај на заминување на актуелниот тренер на тимот Диего Симеоне, кој го води Мадрид од 2011 година. Клоп летово го напушти Ливерпул. Германецот претходно ги тренираше Борусија Дортмунд и Мајнц. […]

Законите за градба и за урбанистичко планирање треба да се сменат, вели Николоски


Законите за градба и за урбанистичко планирање треба да претрпат темелни реформи, бидејќи не го пратат чекорот со времето, оцени денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. -Овие закони треба да се сменат. Во рамки на Министерството работиме на тоа и кога ќе имаме драфт верзии ќе го поканиме граѓанскиот сектор да се вклучи. […]