Во Битола се гради памп трак – полигон за велосипеди


На површина од 900 квадратни метри, Општина Битола почна изведба на „Памп трак”, полигон за велосипеди што ќе биде лоциран во градскиот парк, во близина на за битолчани познатото „Ќумурно” игралиште. Станува збор за адреналинска патека која вклучува континуирана патека од нагорнини и надолнини околу кои велосипедистите можат да возат велосипеди, скејтборди, ролери и друго. […]

Љутков објасни зошто се споија културата и туризмот


Првата јавна дискусија, по трансформација на ресорот култура во Министерство за култура и туризам, се отвори на денешната Конференција во просториите на Јавна соба, како најава за утрешниот почеток на фестивалот Skopje Design Week. Првиот конференциски панел го отвори министерот за култура и туризам Зоран Љутков, а воведен збор имаше организаторот на Skopje Design Week, […]

Трамп инсистира на резултати во изборната ноќ


Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, повторно постави лажни очекувања во врска со пребројувањето на гласовите за американските избори, инсистирајќи на резултат во изборната ноќ, јави ДПА. – Го сакаме одговорот вечерва, рече 78-годишниот кандидат на својот последен митинг во Гранд Рапидс во сојузната држава Мичиген. Трамп веќе ги разбранува своите поддржувачи во […]

Светот чека на Америка и на одлуката од историската изборна трка


  Денот на изборите пристигна во Америка, со десетици милиони гласачи кои треба да излезат на гласање во вторник во една од најтесните и најпоследичните трки во модерната историја на САД. Демократката Камала Харис и нејзиниот републикански противкандидат, Доналд Трамп, изгледаат заглавен во натпревар на острицата на ножот со целосна изедначеност во националните анкети на […]

Со „Мала Англија“ во Кинотека започнува серијата проекции на грчки филмови 


Амбасадата на Грција во Северна Македонија започнува серија проекции на грчки филмови со наслов „Ајде да се запознаеме“. Целта на проекциите, како што нагласуваат од амбасадата, е да се претстават современите грчки филмови кои се многу сакани во Грција, но и во странство. Серијата на проекции „Ајде да се запознаеме“ ќе започне со повеќепати наградуваниот […]

Трамп ветува славни височини за САД ако победи во трката


Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп го обвини својот демократски противник, Камала Харис, дека е неподобна за претседателската функција поради нејзиното справување со граничната криза, што тој го нарече „страшно предавство“.  Трамп вети исто така дека ќе ги однесе САД до „нови височини на славата“ за време на неговиот завршен изборен митинг. „Мојата порака до Американците […]

Пред компаниите промовиран новиот концепт за извоз на Стопанската комора


Во Стопанската комора на Северна Македонија пред компаниите членки на Клубот на извозници беше промовиран новиот концепт за извоз на Комората, со кој преку конкретни инструменти и алатки ќе се третираат сите прашања поврзани со промоција и со поддршка на извозните активности на компаниите. Седницата ја отвори Бранко Азески, претседателот на Комората, во улога на […]

Избори во САД: Кога ќе знаеме кој победи?


Додека Американците се подготвуваат да гласаат на денот на изборите, официјалните лица повикуваат на трпение додека гласачките ливчиња се бројат во оваа историски тесна претседателска трка и предупредуваат дека може да поминат денови за да се знае кој победил. Во американскиот систем граѓаните не гласаат директно за својот лидер. Наместо тоа, тие  избираат 538 членови […]

Ако кивне Америка…


Одамна е позната поговорката: „Ако кивне Америка, светот го тресе треска“. Има разни духовити досетки на иста тема: „Ако милијарда и пол Кинези рипнат во исто време само од еден метар височина, ќе се преврти планетата земја“; „Ако Русите ги затворат енергетските славини, ќе замрзне цела Европа и половина од светот“. Србите пеат: „Зауставите Дунав […]

Едно лице загина, а три се тешко повредени во сообраќајка кај Росоман


Едно лице загинало на лице место, а три се тешко повредени во сообраќајка што се случила утрово околу 9 часот кај село Рибарци, на регионалниот пат од Кавадарци кон Росоман. Оваа информација ја потврдија за МИА од Итната медицинска помош во Кавадарци.   – Трите лица се транспортирани до кавадаречката болница, додадоа од Брза помош […]

Сашо Мијалков и брат му одликувани со орденот „Свети Николај“ на МПЦ


  Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и неговиот брат, Владимир Мијалков, беа одликувани со орденот „Свети Николај“ од Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Наградата им ја додели Брегалничкиот митрополит Иларион за нивниот ктиторски придонес во изградбата на црквата Свети великомаченик Димитриј во Ново Село, Штип, пренесува порталот „Религија“. Црквата, која беше осветена завчера, […]

Гоце Седлоски нов тренер на Вардар


Вардар  од почетокот на сезоната во неполни три месеци го добива и четвртиот предводник, откако вчера управата на клубот реши да се раздели со Срѓан Захариевски, а на негово место го назначи Гоце Седлоски. Популарниот Срле беше трет избор по заминувањата на Горазд Михаилов и Горан Петрески, но бидејќи резултатите не одеа во прилог на […]

Ова е грешката што ја прават возачите кога менуваат гуми


Експертите за гуми тврдат дека милиони сопственици на возила прават голема грешка. Имено, кога не се менуваат сите, туку само истрошени предни гуми, никако не треба да се става нов пар гуми на предната оска. Наместо тоа, тие треба да се монтираат на задната оска, а гумите што беа на задната страна треба да се […]

Што да очекува Балканот од Трамп, а што од Харис?


Американскиот потпретседател и демократски кандидат за претседател, Камала Харис, изјави дека доколку биде избрана за претседател, ќе ги поддржи земјите од Западен Балкан во борбата против корупцијата и продолжувањето на евроатлантските интеграции, додека поранешниот американски претседател и републикански кандидат Доналд Трамп вети економска соработка и зајакнување на безбедноста во тој регион. „Харис постојано се залагаше […]

Македонија ќе ѝ даде нов пакет помош на Украина


Владата денес ќе донесе одлука одлука за обезбедување  нов пакет помош за Украина. Ова го најави министерот за одбрана Владо Мисајловски, на форумот организиран по повод 75 годишнината од НАТО. Практично на денот кога Американците ќе решаваат дали да му дадат поддршка на Доналд Трамп кој ветува крај на американската помош за оваа држава, Македонија […]

Премиерот на Србија ќе ја прифати оставката на Весиќ, очекува и други


Горан Весиќ синоќа ја информираше јавноста дека се повлекува од функцијата министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, а премиерот на Србија, Милош Вучевиќ пред конференцијата во Шангај, каде престојува деновиве, изјавил дека ќе ја прифати оставката на Горан Весиќ, дознава „Блиц“. – Ќе ја прифатам оставката на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, […]

(Во живо) Љутков на конференција за развој на креативниот туризам во Македонија


Конференција за развој на креативен туризам во Македонија на која воведно излагање има министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Во организација на Skopje Design week 2024, во соработка со Министерството за култура, денеска во Скопје ќе се одржи конференција за развој на креативен туризам – Обединување на сите чинители. Конференцијата, како што соопштија организаторите, […]

Се апсат потенцијални терористи во Германија и во Полска


 Германското федерално јавно обвинителство денеска соопшти дека осуммина осомничени членови на екстремно десничарска терористичка организација се уапсени во источногерманската покраина Саксонија и во Полска. Како што јави ДПА повикувајќи се на властите, се претресуваат и околу 20 имоти. Претреси се вршат и во Австрија. Обвинителството ги сомничи обвинетите дека припаѓаат на „Саксонските сепаратисти“, група за […]

За овие хороскопски знаци 2025 година ќе биде најдобрата година во нивниот живот


Новата година може да ги оствари вашите најлуди желби, кои никогаш не сте помислиле дека ќе се остварат. На почетокот на 2025 година претставниците на одредени хороскопски знаци можат да очекуваат извонредно задоволство бидејќи ќе бидат на пат да напредуваат на сите полиња од животот. Ќе се отворат можности за остварување на долгогодишните соништа, овозможувајќи […]