Зеленски: Севернокорејските војници во Русија се дополнителна нестабилност во светот


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека првите престрелки на украинската армија со севернокорејските војници го отвориле патот за дополнителна нестабилност во светот. -Првите битки со севернокорејските војници отворија ново поглавје на нестабилност во светот, рече украинскиот лидер во вечерното обраќање. Судирот меѓу украинските и севернокорејските сили го потврди и министерот за одбрана Рустем Умеров во […]

Ураганот Рафаел минува над Кајманските острови, во Карипско Море


Ураганот Рафаел минува над Кајманските Острови, британска прекуморска територија во западното Карипско Море, а синоптичарите прогнозираат дека брзо ќе добие на јачина пред да се премести над копното на западна Куба, соопшти американскиот Национален центар за урагани(НХЦ). Ураганот Рафаел достигна максимална брзина од 130 километри на час откако во вчера мина покрај западна Јамајка, а […]

Во Шпанија во тек потрага по 89 исчезнати лица во поплавите


Најмалку 89 лица се уште се водат како исчезнати по смртоносните поплави што го погодија југоисточниот дел на Шпанија. Како што соопштија од регионалната судска власт во Валенсија, во бројката се вклучени само оние чие исчезнување го пријавиле членовите на семејството. Семејствата дадоа лични податоци и биолошки примероци за да се овозможи идентификација на исчезнатите. […]

Изложба на слики од Владимир Темков во КИЦ


Во Културно-информативниот центар – Скопје вечер ќе биде отворена изложба на Владимир Темков. Темков ќе се претстави со 30 досега неизложувани слики од неговиот последен циклус. Изложбата ќе трае до 18.11.2024 година. Темков е роден, живее и работи во Кавадарци. Завршил факултет за ликовни уметности, отсек графика, во класата на проф. д-р Трајче Блажевски, а […]

Без вода делови од Скопје


Поради поради промена на три затворачи (1 х ф150мм и 2 х ф-80мм), денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Индира Ганди“, „Виничка“, „Бутелски Венец“ и „Јован Хаџи Шишко“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување со работните активности. 

Отворање на изложбата „ФЛУ Апертура 2024“


Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот за уметности од Белград со изложбата „ФЛУ Апертура 2024“ гостува во Галерија ФЛУ (објект Педагошка) на Факултетот за ликовни уметности при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Изложбата, како што е најавено, ќе биде отворена вечер, во 20 часот, со присуство на деканската управа на ФЛУ Белград, професори […]

„Ајде да се запознаеме“ – серија проекции на современи грчки филмови


Во Кинотека вечер почнува серијата проекции на современи грчки филмови со наслов „Ајде да се запознаеме“ што ја организира Амбасадата на Грција во Северна Македонија. Прв ќе биде прикажан повеќенаградуваниот филм „Мала Англија“ (2013) на Пантелис Вулгарис, а влезот е бесплатен. Вулгарис е еден од најзначајните грчки режисери, кој заедно со Теодорос Ангелопулос е главен […]

Конференција „Обновливите извори на енергија како најголем дел од енергетската загатка“


Македонското здружение за обновливи извори на енергија (МАРЕС) денеска организира конференција на тема „Обновливите извори на енергија како најголем дел од енергетската загатка“.  Конференцијата ќе ја отвори претседателот на МАРЕС, Слободан Поповски, а најавено е и обраќање на првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити. На конференцијата, чија […]

Се најавува обраќање на Трамп во Флорида


Се очекува Доналд Трамп накратко да зборува на организираната забава за следење на изборите во Палм Бич, Флорида,  бидејќи тајната служба почна да го расчистува просторот на лобито. Соработниците на Трамп вечерва пред неговото појавување сугерираат дека  можат да победат во сите колебливи држави на бојното поле. Според последното пребројување Трамп има освоено  247 електорски […]

Конференција за зајакнување на помошната улога на Црвениот крст кон властите во кризниот менаџмент


Црвениот крст денеска организира конференција на тема „Зајакнување на помошната улога на Црвениот крст кон властите во кризниот менаџмент“. Целта е подбро позиционирање на организацијата за поефикасно и поефективно спроведување хуманитарните операции. Конференцијата е под покровителство на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, а, како што е најавено, претставува значаен механизам во споделување искуства на […]

Премиерот Мицкоски во посета на МАСИТ


Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ. По посетата, како што е најавено, премиерот Мицкоски ќе даде изјава за медиумите. МАСИТ ја претставува македонската ИКТ индустрија и ги промовира и застапува бизнис интересите на ИКТ компаниите со цел унапредување и развој на ИКТ индустријата и бизнис […]

Петнаесетта сесија од Работната група 3 „Правосудство и основни права“ (Поглавје 23)


Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК) денеска во Скопје ќе ја одржи 15-та сесија од Работната група 3 „Правосудство и основни права“ (Поглавје 23) на тема: „Пристап до правдата: Подигнување на ефикасноста на судските постапки и квалитетот на судската правда“. На панел-дискусијата се очекува да се разменат експертизи, мислења и ставови […]

Регионален состанок на регионалната платформа за реформа на јавна администрација Вебер


Во организација на Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје денеска во Скопје ќе се одржи регионален состанок на регионалната платформа за реформа на јавна администрација Вебер. -Експерти, владини претставници и претставници од граѓанските организации од Западен Балкан ќе дискутираат за последните трендови во реформата на јавната администрација во ЕУ и на Западниот Балкан, велат […]

Наутро студено, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност


Наутро времето ќе биде студено со услови за слаба магла по котлините. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени. Во Скопје утрото студено со […]

Трамп ја доби Ајова, засега многу поблиску до победата од Харис


Републиканскиот кандидат  Доналд Трамп засега води во трката за претседател на САД и според пребројаните гласови пред седум часот утрово, тој освои 230 електорски гласови наспроти Камала Харис, кандидат на демократите, која има 210. Во обични гласови, Трамп освои околу 64 милиони, а Камала над 59 милиони или во проценти – 51 отсто гласале за […]

Трамп: Во Филаделфија многу се зборува за масовна измама


Полициската управа во Филаделфија изјави за Си-Ен-Ен дека не знае за она што републиканскиот кандидат Доналд Трамп го нарече „масовно мамење“ или каков било проблем што ќе бара полициска реакција. „Многу се зборува за масовно МАМЕЊЕ во Филаделфија. Полицијата доаѓа!!!“, напиша тој. Ваквите објави се веќе видена работа од Трамп и во САД се сфаќаат […]

Можноста Трамп да прогласи предвреме победа е реална


Некои советници на Доналд Трамп му рекоа дека треба предвреме да прогласи победа на изборната ноќ доколку има доволно гласови повеќе пред Камала Харис во клучните држави како Пенсилванија, но останува нејасно дали ќе го послуша тој совет. Ставот  е дека Трамп нема што да изгуби со тврдењето дека победил ако има неколку стотини илјади […]

Лаги и закани поттикнати од Трамп и Маск ги следат изборите во САД


Американците денес излегоа на гласање в во позадина на дезинформации  за кои постои сомневање дека потекнуваат од Русија, откако ФБИ предупреди на лажни видеа и неверодостојни закани за тероризам кои имаат за цел да ги попречат претседателските избори во САД и да го обесхрабрат гласањето. Овие тензии ги поттикнаа поддржувачите на Доналд Трамп и самиот […]

САД вечерва ќе тестираат моќна хиперсонична ракета


Американската војска планира вечерва да тестира хиперсонична ракета способна да носи нуклеарна боева глава само неколку часа по затворањето на гласачките места. Интерконтиненталната балистичка ракета „Minuteman III“ (ICBM), без нуклеарна боева глава, ќе биде лансирана во периодот од 23:01 до 05:01 часот по пацифичко време од вселенската база Ванденберг во Калифорнија, објави „Дејлимејл“. Некои изразија […]

СДСМ договори конгрес за избор на ново раководство


На попладневната седница на Централниот одбор на СДСМ се разговараше за актуелната политичка и економска состојба во земјата и беа донесени и неколку одлуки. „Оценка е дека за само пет месец Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги изневерија граѓаните и ги показија сите изборни ветувања пред и за време на изборната кампања. Власта спроведува погрешни економски […]