Каис Саид повторно претседател на Тунис


Претседателот Каис Саид освои втор мандат на изборите во Тунис со 90,69 отсто од гласовите, според прелиминарните резултати, објави во понеделникот изборната комисија. Излезноста на изборите во неделата беше 28,8 отсто. Саид на изборите се соочи со двајца противници – неговиот поранешен сојузник кој стана критичар, лидерот на партијата Чааб Зухаир Магзауи и Ајачи Замел, […]

Ураганот Милтон се засили и се движи кон американскиот брег. Дуваaт ветрови до 250 km/h


Ураганот Милтон брзо зајакна до категоријата пет додека се движи кон брегот на американскиот Залив, објави американскиот Национален центар за урагани. Пријавени се силни ветрови до 250 км/ч додека Милтон се движи кон Флорида, каде што се очекува да падне на копно во среда вечер или рано наутро во четврток, објави NHC. 10:55 CDT Monday […]

Самитот Брдо-Бриони започна со свечена вечера во Котор


Котор – Самитот на лидерите на Процесот Брдо-Бриони, регионална иницијатива за подобрување на добрососедските односи на Западен Балкан, почна вечерва со свечена вечера организирана од претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. Во здравицата на вечерата за лидерите од регионот, Милатовиќ рече дека Самитот е можност за подобрување на добрососедските односи и регионалната соработка и за […]

Мицкоски не очекува турбуленции во Фондот на ПИОМ со линеарното зголемување на пензиите


Предлог-буџетот за следната година би требало да се најде на владина седница на 16 октомври. Во него ќе се внимава да не се зголеми буџетскиот дефицит, а економска активност меѓу другото се очекува со унгарскиот заем и со почетокот на работата на „Фени“, најави вечерва премиерот Христијан Мицкоски. Мицкоски не очекува ниту пореметувања во стабилноста […]

Една година од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас


На денешен ден лани почна конфликтот меѓу Израел и Хамас, најсмртоносен во историјата на израелско-палестинскиот конфликт. Откако Хамас го започна својот ненадеен терористички напад во Израел на 7 октомври 2023 година, а Израел одговори со објавување војна, до денес илјадници се убиени или повредени. Израел е со став дека неговата цел е да го уништи […]

Стотици Холанѓани ги загубија своите пари во криптопирамида


Стотици, можеби илјадници Холанѓани изгубиле пари поради пирамидалната шема за криптовалути. ОмегаПро кои ветувале огромен поврат на инвестициите се додека не пропаднала пирамидалната шема, објави весникот Де Телеграф. „ОмегаПро“ е основана во 2019 година на островите Свети Винсент и Гренадини, а седиштето било во Дубаи. Со него управуваат Германецот Дилавар С., Американецот Мајк С. и […]

Израелската армија прогласи четири области на северот за „затворена воена зона“


Израелската армија попладнево прогласи четири области за „затворена воена зона“ во северозападниот дел на државата, по претходниот повик за евакуација на блиското либанско крајбрежје. „По проценка на ситуацијата, областите Рош Ханикра, Шломи, Ханита и Арап ал-Арамше во северниот дел на Израел од денеска во 22 часот (по локално време) ќе бидат прогласени за затворена воена […]

Светскиот ден на вранецот со голем успех на шестата едиција


Здружението „Вина од Македонија“ го одбележа Светскиот ден на вранецот, водечката регионална автохтона сорта и дел од нашето национално винско наследство. Манифестацијата годинава се одржува по шести пат со цел да го популаризира исклучителниот квалитет и карактеристики на вранецот пред винската елита ширум светот и да ја позиционира оваа сорта на светската винска мапа. Главната […]

Судот на ЕУ ќе го сослуша случајот за Фон дер Лајен за вакцини против Ковид


 Високиот суд на ЕУ соопшти дека следниот месец ќе ја слушне тужбата за објавувањето на приватни СМС пораки што шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ги испратила за да преговара за купување вакцини против Ковид-19. Случајот се фокусира на пораките што Фон дер Лајен ги размени во екот на пандемијата со Алберт Бурла, […]

Потпишан договор за европски грант, 50-тина училишта ќе добијат соларни фотоволтаични системи


Педесетина училишта во државава ќе ја подобрат енергетската ефикасност преку инсталирање соларни фотоволтаични системи, за што, денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска и вицегувернерот на Банката за развој на Советот на Европа, Томас Бошек потпишаа договор за неповратен грант вреден 1,1 милион евра.  – Училиштата ќе ја заменат енергијата базирана на фосилни горива […]

Извршен вонреден надзор на Детската клиника во врска со починатото 14-месечно бебе


Инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска во просториите на Универзитетската клиника за детски болести извршиле вонреден надзор на целокупната документација и земале изјави од сите лекари инволвирани во случајот со починатото 14-месечно бебе. – Стручната истрага продолжува сѐ до расветлување на случајот, се наведува во соопштението, објавено на веб-страницата на Детската клиника. […]

Блинкен: Време е да се постигне договор за прекин на огнот во Газа


 Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, по повод годишнината од нападот на групата Хамас на југот на Израел, изјави дека е време да се постигне договор за прекин на огнот во Појасот Газа што ќе овозможи ослободување на заложниците, ублажување на страдањата на израелскиот и палестинскиот народ и на крајот ќе доведат до крај на војната, […]

Велт aм Зонтаг: НАТО распоредува 49 нови бригади во Европа


НАТО планира да ги зголеми своите сили со распоредување на 49 нови борбени бригади, што претставува околу 250.000 војници, со цел да се спречи руска агресија врз Европа. Оваа информација ја објави Велт aм Зонтаг (Welt am Sonntag), повикувајќи се на доверливи планови на германското Министерство за одбрана, до кои дојде овој медиум. Основите на […]

Украина не планира да го обнови договорот со Русија за транзитен пренос на природен гас преку нејзина територија


Украина не планира да го обнови договорот со Русија за транзитен пренос на природен гас преку нејзина територија, откако ќе му истече важноста на крајот на годината. Ова денеска го соопшти украинскиот премиер Денис Шмигал, кој во Ужхород во западниот дел на Украина се сретна со словачкиот премиер Роберт Фицо. Шмигал го определи како стратешка […]

Демолиран големиот лифт на Клиниката за трауматологија


Големиот лифт во старата зграда на хируршките клиники е надвор од функција, а службените лица на Клиниката за ТОАРИЛУЦ пријавиле дека тој бил демолиран, објави „Република“. Од Клиниката за порталот потврдиле дека овој лифт е надвор од функција. Оттаму додаваат дека работи малиот лифт кон истите клиники и дека ги известиле надлежните институции за натамошно постапување и […]

Комерцијална банка трчаше и наградуваше на Скопскиот маратон


Ден по Скопскиот маратон 2024, тимот на Комерцијална банка е исполнет со многу впечатоци и возбуда и горд на својот придонес за успешна реализација на годинашното најмасовно издание на овој убав настан. Комерцијална банка на Скопскиот маратон имаше 125 свои тркачи, што е тимски рекорд, и како Златен партнер на трката на 5 километри ги […]

Филков во Приштина, разговарал за екстрадициите околу „Монструм“ и за Диво насеље“


Министерот за правда Игор Филков во Приштина остварил работна средба со косовската министерка за правда Албулена Хаџиу, на која биле разменети искуствата и добрите практики во реформските процеси. – На средбата беше дискутирано и за две отворени прашања од интерес на двете земји. Разговарано беше за случајот „Монструм“, за којшто од косовска страна беше презентирано […]

Ураганот Кирк се движи кон Европа, ќе ги погоди Франција, Белгија, Холандија и Германија


Париз – Во Атлантскиот Океан е забележана интензивна активност на урагани, додека во Јужна Америка потпросечните врнежи неколку месеци доведоа до силна суша. Ураганот Кирк се движи кон Европа. Во централниот дел на Атлантикот тој достигна статус на четврта категорија, со максимална брзина на ветерот од околу 233 километри на час. Додека Кирк се движи […]

Врховниот суд на САД ја одби жалбата на Икс за профилот на Трамп


 Врховниот суд на САД денеска одби да ја разгледа жалбата на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер), сопственост на Илон Маск, која се повикуваше на слободата на говорот во врска со наредба од судија со која и се забрани на компанијата да го извести Доналд Трамп, кандидатот на републиканците за претстојните избори, за заплената на неговите […]

Сега Стевчо Јакимовски ќе го тужи МВР за лажно пријавување


  Првиот човек на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, ќе поднесе кривична пријава до Министерството за внатрешни работи за лажно пријавување. Истото ќе го направат и неговите соработници за кои претходно имаше пријава.  Тој остро реагираше на последните обвинувања за наводни неправилности во врска со одредени имотни постапки во општината. Според него, се работи за политички […]