Како Хан Канг го освои Нобеловиот комитет за литература?


Хан Канг (53), јужнокорејска авторка, е добитничка на Нобеловата награда за литература за 2024 година, а таа е и првата добитничка на оваа престижна награда од Јужна Кореја, како што соопшти вчера Шведската кралска академија. Прозата на Хан Канг во својата иновативност и метафоричност ја открива кревкоста на човечкиот живот, душата и телото, умирањето и […]

Мировниците на ОН остануваат во Либан и покрај нападите од Израел


  ЈАРЗЕ, Либан – Мировните сили на Обединетите нации се решени да останат на своите позиции во јужен Либан, изјави во четвртокот портпаролот на силите, и покрај израелските напади во последните денови во кои беше ранет персонал на ОН и предизвика меѓународна тревога. Андреа Тененти рече дека израелските напади врз мировните сили познати како УНИФИЛ […]

Обама ги повика црните мажи да се откажат од „изговорите“ и да гласаат за Камала Харис


  Барак Обама го имаше своето прво појавување на кампањата за Камала Харис во четвртокот, говорејќи на митинг во Пенсилванија и на настан за црните гласачи, каде што ги повика особено мажите да ja поддржат потпретседатела. Во коментарите насочени конкретно до црните мажи во државата на бојното поле, Обама се сомневаше во нивната неподготвеност да […]

Пораки за 11 Октомври: Сиљановска бара да се надминат поделбите, Филипче да престане малодушноста


  Од сите страни на политичкиот спектар пристигнуваат честитки за Денот на востанието, 11 Октомври.  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова повика да се надминат меѓусебните поделби за заедничка борба за просперитетна иднина. „11 Октомври е меѓникот што ја одреди нашата сегашност и иднина, денот кога ние храбро и одлучно се вклучивме во антифашистичката коалиција на слободољубиви и правдољубиви народи, […]

Триумфално враќање на Ана Дурловски на сцената: Бисовите на јубилејниот концерт во Филхармонија немаа крај


Кога во една вечер на сцената ќе се спојат композитор со два Оскари (Ерих Корнголд), сопранистка со префинет глас и харизма која ја освои публиката и во „Метрополитен“ во Њујорк (Ана Дурловски) и диригент кој диригирал заедно со славниот маестро Лорин Мазел (Јерухам Шаровски) тоа значи врв на уметничко доживување, музичка катарза и ерупција на […]

Најмалата ќерка на Трамп, Тифани, е бремена


Доналд Трамп објави некои големи семејни вести додека водеше кампања во Мичиген. Неговата најмлада ќерка Тифани Трамп го чека своето прво дете со сопругот Мајкл Булос. Тифани  е ќерка на поранешниот претседател Доналд Трамп и актерката Марла Мејплс, кои беа во брак од 1993 до 1999 година. Поранешниот претседател зборуваше за економскиот клуб во Детроит […]

Банкарскиот систем треба да биде клучен во обезбедувањето на раст: Интервју со Хозе Мануел Кампа, претседавач на ЕБА


  Европскиот банкарски одбор (ЕБА – European banking authority), можеби е малку позната во домашната јавност, но како независен орган на ЕУ, игра клучна улога во заштитата на интегритетот и робусноста на банкарскиот сектор на ЕУ за поддршка на финансиската стабилност во ЕУ. Една од најважните цели на ЕБА е да придонесе за стабилноста и […]

Оставка на директорот на основното училиште во Ѓорче Петров каде деца се обидоа да силуваат соученик


Градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, соопшти дека од лични и морални причини оставка поднел директорот на општинското основно училиште во кое се случи обид за силување на ученик. На негово место, веќе е именуван нов ВД директор. Стојкоски информираше и дека е формирана комисија која ќе поведува дисциплинска постапка против четворица вработени, а […]

Врачување на државната награда „11 Октомври“


 Државната награда „11 Октомври“ за 2024 година денеска во Собранието во 12 часот ќе му биде доделена на истражувачот на македонскиот фолклор проф. д-р Марко Китевски.  Наградата, како што соопшти Министерството за култура и туризам, му се доделува за животно дело во областа на науката. Мултимедијалниот уметник Љупчо Каров, академскиот сликар Владимир Темков и драмскиот […]

ЈСП за продолжениот викенд ќе сообраќа по неделен возен ред


За време на трите дена од продолжениот викенд по повод државниот празник 11 Октомври – петок, сабота и недела, автобусите од јавниот градски превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред, информира ЈСП Скопје. -Денеска и в недела дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација во Транспортен центар, Ѓорче Петров и Зелен пазар и ќе […]

Ден на народното востание – 11 Октомври


Со свечена академија, положување цвеќе и доделување награди денеска ќе биде одбележан Денот на народното востание – 11 Октомври.  Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе се обрати на свечената академија, што под нејзино покровителство ќе се одржи во  Музејот на македонската борба за самостојност.  По повод државниот празник 11 Октомври, владини и собраниски делегации ќе положат […]

Променливо облачно, попладне со повремен дожд и ретки грмежи


Времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Попладне во северните и источните делови врнежите ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. Во […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 11 октомври 2024 година, 285-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 81 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 42 минута, а ќе зајде во 17 часот и 58 минути. Денов трае 11 часа и 16 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина ќе изгрее во […]

Ердоган ќе го заострува законот по серијата ужасни убиства на жени


  Серијата ужасни убиства на жени предизвика национален гнев во Турција, принудувајќи го претседателот Реџеп Таип Ердоган да се заложи за заострување на кривичниот закон на земјата. Насилството врз жените е широко распространето кривично дело во Турција – со речиси 300 убиени жени досега оваа година – но демонстрантите долго време чувствуваат дека владејачката исламистичка […]

ЕУ го одложи воведувањето електронска пасошка контрола за граѓаните кои не се од членки на ЕУ


ЕУ го одложи воведувањето електронска пасошка контрола за влез и излез за патниците кои не се членки на ЕУ, што требаше да започне на 10 ноември, откако Германија, Франција и Холандија изјавија дека нивните компјутерски системи на границата се уште не се подготвени. Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон денеска им изјави на новинарите дека […]

Филипче: СДСМ ќе предложи закон за „реално намалување на цените“ на производите


Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче во вечерашното интервју во дневникот на КТВ телевизија, најави дека пратеничката група на СДСМ наскоро ќе поднесе предлог Закон до Собранието со кој граѓаните ќе почуствуваат реално намалување на цените на основните производи. „Гледајќи што се случува, ќе излеземе со предлог Закон за намалување на цените по […]

Македонски дисконт влегува на српскиот пазар


Македонскиот синџир дисконти „Стокомак“ наскоро ќе влезе и на српскиот пазар, пишува порталот Retail Serbia. Имено, еден од најголемите македонски синџири дисконти, „Стокомак“, планира да влезе на српскиот пазар и има основано седиште за Србија во Ниш, а неодамна купи и интернет домен за српскиот пазар, наведува порталот. Како што се наведува, сè уште нема […]

Почина Етел Кенеди, вдовицата на Роберт Кенеди


Етел Кенеди, долгогодишен активист за граѓански права која претрпе серија лични трагедии, вклучувајќи го и убиството на нејзиниот сопруг Роберт Кенеди и прераната смрт на две од нејзините 11 деца, почина во четвртокот на 96-годишна возраст, објави внукот Џозеф Кенеди Трети. „Со срца исполнети со љубов ве известуваме дека нашата прекрасна баба Етел Кенеди нѐ […]

Делегацијата на ЕУ чека да ги види предлозите по укинување на балансерот


  Ја нагласуваме важноста од континуирано спроведување на Охридскиот рамковен договор, кој повикува на целосно почитување на принципот на недискриминација и еднаков третман, особено во јавната администрација, велат од Делегација на ЕУ, прашани за став во врска со одлуката на Уставен суд за укинување на балансерот. – ЕУ Делегацијата ја нотира одлуката на Уставниот суд. […]

Лига на нации: Македонија убедлива на гостувањето кај Летонија


 Фудбалската репрезентација на Македонија ја совлада екипата на Летонија на гостувањето со 3:0 (1:0) во дуел од третото коло од Лигата на нациите. „Жолто-црвените“ остануваат на првата позиција во својата група по оваа победа. Головите за нашата репрезентација ги постигнаа Атанасов во 35. минута, а резервистот Ќамили во 70. минута го удвои водството. Победата ја […]