Бројот на ранети во нападот во северен Израел се искачи на 67


Бројот на ранети во нападот со дрон во областа Бињамина се искачи на 67, соопштија медицински лица. Бројот на критично повредени и понатаму е четири, петмина се тешко повредени, а 14 се полесно повредени. Повеќето беа однесени во медицинскиот центар Хилел Јафе во Хадера. Другите ранети се пренесени во болницата Шеба во Рамат Ган, болницата […]

Кина масовно се задолжува: Големиот план е во неволја


Економијата на Кина постигнуваше импресивни стапки на раст со децении. Економското чудо на Кина ги одбележа 90-тите години на минатиот век и првите две децении на 21 век. Помеѓу 1991 и 2015 година, стапката на раст на БДП се движеше помеѓу минимум 7 проценти и максимум 14 проценти годишно, претворајќи ја заостанатата земја каде што […]

Се степале две пензионерки кај Бит-пазар


Седумдесетгодишна жена од Скопје вчера пријавила во полиција дека пред влезот во станбена зграда кај Бит-пазар била нападната од три години постара сограѓанка, соопшти полицијата. „На 12.10.2024 во 13.13 часот во СВР Скопје, С.Д.(71) од Скопје пријавила дека околу 12.30 часот пред влез на станбена зграда на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од […]

Израелски тенкови насилно влегле во позиција на ОН во јужен Либан


Израелски тенкови насилно влегле во мировната база на Обединетите нации во јужен Либан, соопшти ОН, пренесува ДПА. – Два тенкови Меркава на ИДФ ја уништија главната порта на позицијата и насилно влегоа во позицијата. Тие неколкупати бараа базата да го изгасне светлото, се вели во соопштението на Привремените сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ). […]

Дете падна од четврти кат во Нови Пазар, лекарите се борат да преживее


Дете (една ипол година) денеска околу 16 часот паднало од четврти кат од зграда во српскиот град Нови Пазар. Како што пренесуваат српските медиуми, детето паднало врз тендата под зградата што му го спасило животот, но тоа сепак е во тешка состојба и лекарите се борат за неговиот живот. Инцидентот се случил во населбата Оаза […]

Украина бара одговор за убиствата на украинските затвореници во Курск


Украинскиот омбудсман за човекови права Дмитро Лубинец ги повика денеска меѓународните организации да одговорат на тврдењето дека неколку украински воени заробеници биле егзекутирани во руската област Курск, каде што украинската армија изврши инвазија во август. DeepState, украински сајт за анализа на војната близок до Министерството за одбрана на Украина, информира дека руски војници на 10 […]

Бронза за Стојановиќ од „Макпетрол“ на Светскиот младински карате-шампионат


Стефан Стојановиќ, член на карате клубот „Макпетрол“, се закити со бронзен медал на Светското првенство за младинци во Венеција. Одличјето освоено на турнирот во италијанскиот град е втор медал од младинските мундијали за македонскиот каратист.Тој пред две години беше второпласиран, односно освои сребро, на првенството одржано во Коња, Турција.   Во борбата за бронзен медал […]

Мелони му порача на Нетанјаху: Израелските напади врз ОН во Либан се неприфатливи


 Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска ги осуди нападите на израелската армија врз мировните сили на Обединетите нации (ОН) во Либан, нарекувајќи ги неприфатливи. Мелони ова го изјави во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кого го повика да обезбеди целосна имплементација на резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН), пишува Гардијан. […]

SpaceX изведе историски лет, моќна ракета полета во вселената и се врати


  CNN-SpaceX успешно го лансираше најновиот пробен лет на Starship во неделата наутро, најмоќниот ракетен систем некогаш конструиран, кој еден ден би можел да се користи за носење луѓе на Месечината и на Марс. Подигнувањето на ракетата Super Heavy со засилувачот, на која на врвот се наоѓа  вселенското летало Starship без екипаж, се случи во […]

Едно лице загина, девет се повредени во пукање во близина на Универзитетот Тенеси


Едно лице е убиено а девет се повредени во пукање што се случи синоќа во близина за време на парада во Универзитетот на државата Тенеси. Властите веруваат дека барем еден од повредените учествувал во пукањето. Лицето кое загинало имало 24 години, соопшти полицијата на социјалната мрежа X. Неговото име, имињата на повредените, како и информации […]

Данела се пожалила во Брисел дека трпи политичко мешање


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска, на покана на Европскиот комитет на региони присуствуваше на 162. Пленарна седница во Европскиот парламент во Брисел, каде ги посочила предизвиците со кои се соочуваат институциите на локално ниво во земјава, соопштуваат од Град Скопје. Како што стои во соопштението, Арсовска во своето обраќање истакнала дека главните предизвици […]

Продолжуваат градежните работи на новиот парк во Карпош


Продолжуваат градежните работи на новиот мега-парк во општина Карпош, зелен појас кој ќе се простира на површина од 86.000 метри квадратни. Се уредува и чисти запуштениот простор кој беше непристапен и обраснат, а сега прераснува во парк со чија реализација како проект и дел од програмата „За модерно Скопје“, делуваме со цел долгорочно унапредување, заштита […]

Јаневска: Зголемување на платите за пет отсто ќе добијат и другите кадри во образовниот систем


Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска, посочи дека освен наставниците и професорите, покачување од пет проценти ќе добие и другиот кадар во образовниот систем. Во изјава за МИА, Јаневска вели дека постигнатата спогодба за покачување е оптимална и е направена врз основа на можностите на Буџетот, бидејќи, како што рече, претходната власт го […]

Кремљ: Путин е отворен за дијалог со Шолц


Рускиот претседател Владимир Путин е отворен за дијалог со германскиот канцелар Олаф Шолц, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков за руската новинска агенција Интерфакс. – Постојано изјавувуваме дека остануваме отворени за контакт, рече Песков, но истакна дека досега немало никаков предлог од германска страна за телефонски разговор. Како што пренесе ДПА, Песков го кажа […]

За десет години цените за изнајмување во Бугарија пораснале 133 отсто, во Унгарија – 180 отсто!


Бугарија е осмото најдобро место за инвестирање во недвижен имот во Европа, со годишен бруто приход од изнајмување од 4,65%. Истовремено, Бугарија и Романија имаат најнизок данок на приходот од изнајмување во цела Европа – 10%, тврди новата студија на британската компанија 1st Move International. сетоа тоа пак се одразува на цените на наемнината која, […]

Нетанјаху кон ОН како кон Палестинците: Преселете се на безбедно!


Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска побара од генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш „веднаш да ги префрли на сигурно“ припадниците на Мировната мисија на ОН во Либан (УНИФИЛ). – Господине генерален секретар, однесете ги силите на УНИФИЛ на безбедно. Ова треба да се направи што е можно поскоро, веднаш, истакна Нетанјаху во снимената изјава […]

Наскоро ќе се објави кои авиокомпании ќе летаат субвенционирано од Македонија на нови дестинации


Македонското Министерство за транспорт и врски наскоро треба да го објави списокот на авиокомпании кои се јавија на неодамнешниот јавен повик за воспоставување летови до аеродромите во Скопје и Охрид во замена за субвенции. Овој тендер, наводно, привлече најголем интерес од авиокомпаниите од почетокот на програмата за субвенционирање во 2012 година. Новата тригодишна програма за […]

Фетаи: Нема да има веќе кадри за судии и обвинители без положени правосудни испити


Вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи на денешната прес-конференција прашан за коментар во врска со случајот на неизбирањето на директор во Академијата за судии и јавни обвинители, посочи дека не може да се меша во работата на независните органи. Сепак, додаде дека во минатото оваа Академија се соочувала со голема политизираност, напоменувајќи […]

Филипче: Наместо за 12 % власта ги качи платите на наставниците само за 5%


Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска на народниот собир во прилепско с.Селце, порача дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ симболично ги зголеми платите на наставниците, што е далеку од потребното зголемување и тоа не е достоинствено решение. „Владата требаше законски да ги качи платите за 12%, но што направи? Обезбеди само 5% и тоа […]