Настап на пијанистот Лука Дебарг од Франција во Филхармонија


Оркестарот на Македонската филхармонија вечер ќе одржи концерт насловен „Озвучени емоции“, на кој како солист ќе настапи пијанистот Лука Дебарг од Франција. Како што најавија од Филхармонија, на програмата се концертот за пијано и оркестар бр. 1 од Фредерик Шопен, симфонијата во три става и оркестарската суита од балетот „Жар птица“ од Игор Стравински. Диригентка […]

Променливо облачно, до 21 степен


Утрово по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла или ниска облачност. Преку ден времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, a долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде од 4 до 14, а максималната од 15 до 21 степен. Во Скопје наутро со […]

Украина, Блискиот Исток, конкурентноста и миграцијата главни теми на октомврискиот Самит на ЕУ


Руската агресија врз Украина, најновите случувања на Блискиот Исток, зајакнувањето на конкурентност на ЕУ и прашања поврзани со миграцијата ќе бидат главни теми на дводневната средба на шефовите на држави или влади на членките на Унијата, што ќе започне попладнево во Брисел.  Самитот ќе започне со дебата за руската агресивна војна против Украина во сите […]

Се откочува ли железницата кон Бугарија? Скопје и Софија на состанок во Брисел ја потврдиле посветеноста за Коридорот 8


  Дали Брисел најде решение за фамозниот тунел од железничкиот Коридор 8 на границата меѓу Македонија и Бугарија, кој „завршува во слепа улица“, и барем официјално беше една од причините за прекин на постапката за третата делница на пругата Крива Паланка – Деве Баир од македонска страна? Како што соопшти вечерва Герт Јан Копман од […]

Ве мачи ли лош Wi-Fi? Погледнете што може да му пречи и дали е време за нов рутер


Стариот рутер за Wi-Fi може да биде виновен што не ги добива брзините на податоци за кои плаќате, но исто така може да пречи на новите уреди. Општо земено, поради напредокот во технологијата и материјалниот замор, треба да добивате нов рутер на секои пет години. Ако имате неколку уреди со висок пропусен опсег и паметни […]

Обвинител и екипи на МВР вршат увид на местото на сообраќајката на автопатот Скопје – Велес, повикан и вештак


Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и увидни екипи на МВР вечерва вршат увид на лице место на сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес, информира ЈОРМ. На местото на несреќата е повикан и сообраќаен вештак за утврдување на причините. Според ЈОРМ, се преземаат увидни дејствија, а јавниот обвинител ќе ги издаде сите […]

Србија се договори со ММФ за четвртaта ревизија на стенд-бај аранжманот и за нов трогодишен аранжман


Тимот на Меѓународниот монетарен фонд постигна договор, на тимско ниво, со Србија за четвртата ревизија на стенд-бај аранжманот (SBA) и за барањето за Инструментот за координација на политиките (PCI) за времетраење од 36 месеци, соопшти денес ММФ. -PCI е инструмент кој не вклучува финансирање и е наменет за поддршка на силни економски политики. Договорот треба […]

Се преврте комбе на автопатот Скопје – Велес, загинаа три лица, петмина повредени


Три лица загинаа, а пет се повредени во сообраќајката што се случи попладнево на автопатот Скопје – Велес, велат од МВР за МИА. Несреќата е пријавена во 17.45 часот, а до неа дошло откако на автопатот Скопје – Велес, пред тунелот, се превртело комбе. -До сега е констатирана смрт кај три лица, а пет се […]

Владата го разреши директорот на АНБ Зарко Милошевски, на негово место е именуван Бојан Христовски


Владата денеска на седница го разрешен директорот на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски, а на негово место е именуван Бојан Христовски.  Христовски има искуство долги години во безбедносните институции. Кратко време беше директор на градското претпријатие „Паркинзи Скопје“, а на директорската позиција доаѓа од Министерството за внатрешни работи.

Со 50.000 евра поткуп фатени 15 цариници и еден полицаец


Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР, под раководство на предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, вчера во попладневните и вечерните часови спроведоа голема полициска акција под кодно име „Премин“. Како што информира МВР, акцијата е резултат […]

Села не е против носење на Законот за правична застапеност


Лидерот на Алијанса за албанците Зијадин Села најави политичка акција со средби со граѓаните, а не е исклучено да се организираат протести и бојкот на институциите, без да прецизира како ќе се спроведуваат и засега се само опција. Села, вечерва во Гостивар посочи дека Централното претседателство на политичката партија Алијанса за албанците одржува редовна седница […]

Реакции за тајното гласање во Академијата за судии и обвинители


Блупринт групата за реформи во правосудството изразува загриженост за одлуката на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители да го изврши изборот на директор на Академијата по пат на тајно гласање со можност за избор на повеќе кандидати, без притоа да даде соодветно објаснување зошто е неопходно гласањето да биде тајно. – Законот […]

Бајден објави пакет помош во оружје за Украина од 425 милиони долари


Американскиот претседател Џо Бајден денеска најави нов пакет оружје за Киев во вредност од 425 милиони долари во разговор со претседателот Володимир Зеленски, пред средбата со европските лидери во Берлин. „Новиот пакет ќе се состои од „дополнителни капацитети за воздушна одбрана, муниција, оклопни возила за да се задоволат итните потреби на Украина“, се вели во […]

Црвениот крст испрати тим хирурзи во болница во Либан


 Меѓународниот комитет на Црвениот крст испрати тим хирурзи во Универзитетската болница Рафик Харири во Бејрут, кои ќе ги лекуваат пациентите повредени во судирот со Израел. Голем број пациенти се евакуирани од болниците во јужен Либан, откако израелските воздушни напади се интензивираа во војната против Хезболах. Директорката на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Либан, Симоне […]

Судскиот совет го разреши судијата Лазар Нанев


  Судијата и поранешен претседател на Основниот суд во Кавадарци, Лазар Нанев, е разрешен од функцијата член на Судскиот совет. Највисокото судско тело оваа одлука ја донело попладнево, откако претходно едногласно одлучи јавноста да биде исклучена од расправата и одлучувањето за утврдување одговорност на Нанев и таа да се води зад затворени врати.

Струмички „Комуналец“: Водата за пиење ги задоволува параметрите за употреба


Анализата направена вчера на мостри од излезот на Фабриката за вода и три други места низ градот покажа дека водата ги задоволува параметрите за употреба за пиење, објави попладнево струмичкото комунално претпријатие. Според објавеното испитување од акредитираната лабараторија „Проанализ“ од Струмица, испитуваната вода за пиење содржи манган во рамки на дозволеното, а и останатите параметри […]

Недостаток на витаминот Бе во Европа – се сопира производството на напиток


Според анализата на холандската мултинационална компанија DSM, глобалниот и европскиот пазар на витамини се соочуваат со прекини во синџирот на снабдување, прекин на производството и зголемени трошоци. Поради недостиг на витамин Бе во Европа, унгарската Hell Energy одлучи привремено да го прекине производството на енергетски пијалоци. Поради постојаниот недостиг на витамин Бе во Европа, унгарската […]

Клучот е во домашното производство: ФАО го одбележa Светскиот ден на храната


Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО) во партнество со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска го одбележаа Светскиот ден на храната под мотото „Правото на хранa за подобар живот и подобра иднина“. Притоа, беше посетена живинарската фарма „Домашно пиле“ на земјоделецот Тони Димевски во село Огњанци, општина Петровец, попозната како Фармата […]

Таксата за јаглерод диоксид ќе ја зголеми цената на струјата од нашите ТЕЦ за 60-70 евра за мегават час


Цената на струјата од домашните термоцентрали би можела да се зголеми за 60 евра за мегават час, доколку од 1 јануари 2026 година почне да се применува таксата на Европската унија за производство на електрична енергија од фосилни горива за земјите од регионот. Или, доколку се примени другиот пристап, со дополнителни такси би се обременувал […]

Во Крушево маратонците и фановите одбележаа 17 години без Тоше Проески


Бројни поддржувачи и почитувачи на Тоше Проески од земјава,  од Србија, Турција, Хрватска, Бугарија, Полска денеска беа во Kрушево, на Гумење пред вечното почивалиште на Тоше Проески, да се сеќаваат и да му оддадат почит. На пладне пристигнаа и 14-те маратонци кои по 17-ти пат го истрчаа ултрамаратонот од Нова Градишка, Хрватска, каде Тоше на […]