Референт во МВР ќе одговара кривично – пишал дека „ауди 5“ припаѓа на лице што не е сопственик


Референт во МВР кривично ќе се гони за „несовесно работење во службата“.  Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Ф.М. поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик. Пријавениот […]

Димитров: Се надеваме дека ќе има добра волја за заеднички јазик со македонските историчари


Заедничката македонско-бугарска комисија за историски прашања денеска во Скопје ги продолжи разговорите за теми поврзани со историјата. Ангел Димитров, бугарски историчар и дипломат, по претпладневниот дел од средбата во македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија изјави дека се разговарало околу претставувањето на Охридската архиепископија во 11 век, но дека разговорите за ова прашање […]

Рама од Њујорк: И покрај политичко-медиумската борба во Тирана, во 2030 година ќе го кренеме знамето на Скендербег во дворот на ЕУ


Албанскиот премиер Еди Рама утре во Њујорк ќе одржи уште една од најавените серија средби со албанската дијаспора, што ги почна во мај годинава. Тој веќе е во Њујорк и споделувајќи фотографии со објекти на кои се поставени плакати за средбата, што ќе се одржи под мотото „Горд за Албанија“, тој ја коментираше и политичката […]

Лабовиќ: Македонските туристи седми по бројот на ноќевања во Србија, најпосетувани Белград, Ниш, Копаноник, Златибор


Македонските туристи се седми по бројот на ноќевања, а петти во однос на потрошувачката во Србија и овие бројки се зголемуваат континуирано секоја година. Минатата година имавме над 260 илјада ноќевања реализирани од страна на туристите од Северна Македонија, изјави денеска директорката на туристичката организација на Србија, Марија Лабовиќ. Во Скопје денеска се одржа „Работилница […]

„Капитулација пред инфлацијата“: Централната банка на Русија ја зголеми каматната стапка на дури 21 отсто


  Банката на Русија одлучи да ја зголеми основната каматна стапка од 19% на 21% годишно на состанокот во петокот, соопшти регулаторот во соопштението за печатот. Осмото зголемување по ред ја донесе стапката во Русија на највисоко ниво од 2003 година, што го надмина нивото од првите недели од инвазијата на Украина: тогаш централната банка […]

ЗЕЛС е партиски комитет на ВМРО-ДПМНЕ, вели Стевче Јакимовски


  Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска повтори дека ќе го напушти ЗЕЛС доколку претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски немо ја следи целата ситуација и не преземе чекори за вразумување на министрите бидејќи се врши, како што рече, континуиран притисок врз Општината. Со Ѓорѓиевски, како што рече, ќе разговара од понеделник.  Во изјава за […]

Николоски вели дека Бугарија ги прифатила македонските аргументи за пругата


Министерот за транспорт, Александар Николоски изјави дека е започнат дијалог со Бугарија за изградба на пругата која е дел од Коридор 8. Тој рече дека Бугарија ги прифатила нашите аргументи и се очекува втор дијалог на 31 октомври. – Имајќи предвид дека Бугарија конечно ги прифати нашите аргументи, имаше еден дијалог во Брисел со претставници […]

Илон Маск е во таен контакт со Путин уште од 2022


  Технолошкиот милијардер Илон Маск е во редовен контакт со рускиот претседател Владимир Путин од крајот на 2022 година, според извештајот на „Волстрит џорнал“. Според разузнавачките извори на „Џорнал“, Маск и Путин продолжиле да имаат разговори и оваа година, кога Маск почна да ги засилува своите критики за американската воена поддршка за Украина и активно […]

Проширено обвинението за родителите на детето убиец од „Рибникар“


 Вишото јавно обвинителство (ВЈТ) во Белград денеска соопшти дека до Вишиот суд во Белград доставило проширување на обвинението против родителите на Коста Кецмановиќ, детето масовен убиец од „Рибникар“. Во проширениот обвинителен акт се наведува и дека Владимир и Миљана Кецмановиќ се сомничат дека сториле кривично дело Запуштање и злоупотреба малолетно лице, јави дописникот на МИА […]

Дурмиши не отфрла дискусија за минималната плата


Кога ќе биде вратен Буџетот од првичната собраниска расправа со забелешките и предлозите по амандманите на пратениците, ќе се одржи седница на Економско-социјалниот совет на која ќе бидат разгледани ставките за раст на платите оваа и идната година, рече денеска претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.  Според министерот за економија Бесар Дурмиши, барањата на синдикалците, како […]

Николоски: Магистралниот пат Тетово-Призрен не се гради затоа што нема изработено проект, ниту е обезбедено финансирањето


Министерот за транспорт и врски Александар Николоски денеска изјави дека магистралниот пат Тетово-Призрен од македонска страна не е изграден бидејќи нема изработено проект. За овој патен правец, како што посочи, идејата е да се изработи заеднички проект со Косово со кој потоа ќе се бараат финансиски средства и изведувач на градежните активности.  Претходната влада давала […]

Четворицата астронаути на НАСА се вратија на Земјата по речиси осум месеци на МВС


Четворица астронаути на НАСА денеска се вратија на Земјата со леталото на компанијата „Спејс Икс“, откако беа на мисија на Меѓународната вселенска станица (МВС) која траеше речиси осум месеци. Капсулата на „Спејс Икс“ слета во Мексиканскиот залив во близина на брегот на Флорида. Нивниот престој на МВС беше продолжен поради проблеми со капсулата „Старлајнер“ на […]

ССМ: Трговците се алчни, прво ги зголемија, па ги намалија цените, Владата да преземе поригорозни мерки


Трговците се алчни, повторно се обидуваат да заработуваат на грбот на граѓаните. Владата треба да преземе поригорозни чекори, рече денеска претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, коментирајќи ги ефектите од есенската кошничка. Како што истакна Трендафилов, трговците го искористија периодот кога мерката за ограничување на маржите беше најавувана, па прво ги зголемија цените, за потоа, кога […]

Ако си најде пари надвор од европските, Владата може да гради и „Коридор 11“


  Владата може да гради Коридор 10, „Коридор 11“ или кој било коридор, но освен за Коридорот 8 ќе мора самата да си најде пари надвор од Европската унија.  Ова накратко беше поентата на денешниот брифинг на министерот европски прашања, Орхан Муртезани, на кој презентираше како ќе се имплементира Планот за раст за Западен Балкан, […]

Реакција од Град Скопје: „Лицето Орце Ѓорѓиевски кажува лаги за автобуси од Белград“


  Лаги, неспособност, Путин, руски структури, приватизација на ЈСП – овие и многу други работи се споменати во реакцијата на Град Скопје по вчерашната изјава на градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски. Тој вчера рече дека ќе биде добро ако од Белград стигнеле најавените автобуси за помош на градскиот превоз на […]

Водителката Јелена Спенџарска меѓу инфлуенсерите од Западен Балкан кои ќе информираат за придобивките од членството во ЕУ


Програмата „WeBalkans“ започна со второто издание на кампањата „Создадено од нас“, што се одвива од 23 до 31 октомври. Во рамките на оваа иницијатива, 12 инфлуенсери од ЕУ и Западен Балкан се тргнати на возбудливо патување низ шест земји-членки на ЕУ. По претходното издание, што го одбележа патување низ Западен Балкан, овогодинешната кампања ќе ги […]

Во 2025 година шест нови авиолинии, од Скопје ќе се лета кон Дубаи, Барселона, Охрид се поврзува со Истанбул


Во текот на наредната година двата аеродроми во земјава, Скопскиот и Охридскиот ќе се поврзат со нови шест авиолинии, соопшти денеска на прес конференција министерот за транспорт Александар Николоски, кој на прес конференција ги соопшти резултатите од неодамнешниот јавен повик. Така, Скопје ќе се поврзе со Дубаи, со Барселона, Лион, Штутгард , а охридскиот аеродром […]

Националниот џез оркестар го отвора Хрватскиот џез фестивал во Загреб


Националниот џез оркестар вечерва (25 октомври) го отвора фестивалот „Џез хр“ во Загреб, во клубот „Театар Комедија-Контеса“ во 19:30 часот. Македонските џезери ќе одржат заеднички концерт со солисти од регионот. Ова е прв нивни настап на овој џез фестивал.   „Голема чест и задоволство е да го отвориме Хрватскиот џез фестивал. Ветуваме уште еден незаборавен […]

Камала Харис им оддаде почит на Македонците во САД, го спомена и Илинденското востание


  Во едно несекојдневно писмо до македонско-американската заедница потпретседателката Камала Харис, која е и кандидат за претседател на демократите, искажа редица пофални зборови за Македонците во САД, нагласувајќи ја нивната улога во американската демократија. Во обраќањето до Македонците во САД Харис го споменува бранот на македонските имиганти на крајот од 19. век, ја нагласува историската […]

Продолжува периодот на свежи утра, а преку ден сончево и топло


Продолжува периодот на стабилно време со студени утра и со услови за појава на утринска магла или ниска облачност по одделни котлини. Дневната температура ќе биде без значителни промени, соопшти УХМР. Минималната утринска температура ќе се спушти до минус еден, а максималната дневна ќе достигнува во 26 степени.