Гаши го попречува правото на пратенички прашања на Левица


Во процедуралното обраќање пратеникот Борислав Крмов се пожали дека анти-демократските постапки на СДС ги продолжува ВМРО-ДПМНЕ со засилено темпо. Според нив исто како и Талат Џафери, новиот собраниски спикер Гаши повторно го ускратува правото на опозициската Левица да поставува пратенички прашања.  „Кога ние се договоривме за редоследот на координација?  Не се договоривме! Или требаше во […]

МП: Новиот Кривичен законик е завршен и пратен за мислење до ЕК


 Изготвувањето на новиот Кривичен законик е завршено и истиот е преведен на англиски јазик и доставен на мислење до Европската Комисија, информираат од Министерството за правда.   Од МП, за МИА посочуваат дека подготвени се и коресподентните табели како обврска од Билатералниот скрининг за Поглавје 23. Откако ќе се добие мислење од ЕК, ако нема […]

Три деца заглавиле во лифт во Куманово – ги ваделе пожарникари


Пожарникари повеќе од еден час спасувале три деца заглавени во лифт во Куманово. Како што информира Центарот за управување со кризи, вчера од 18.30 до 19.40 часот, тројца пожарникари од кумановската противпожарна станица имале техничка интервенција за извлекување заглавени во лифт на ул. „Доктор Рибар“, во Куманово. Децата се безбедно извлечени и пуштени дома.

Годишната стапка на инфлација во еврозоната во октомври се зголеми на два отсто


Годишната стапка на инфлација во еврозоната според прелиминарната проценка се зголеми од септемвриските 1,7 отсто на два отсто во октомври, соопшти денеска Евростат. Во октомври цените на енергенсите се намалија за 4,6 отсто на годишно ниво, со побавно темпо од септември кога се намалија за 6,1 отсто. Спротивно на тоа, цените на услугите во еврозоната […]

Во тек е исплатата на образовниот додаток


Во тек е исплатата на образовен додаток – дополнителна исплата за учебна година 2023/2024година. Министерството за социјална политика, демографија и млади известува дека во тек е исплатата на образовен додаток – дополнителна исплата за учебна година 2023/2024година. Дополнителната исплата се врши согласно член 39-ж, став (5) од Законот за заштита на децата (,,Службен весник на […]

Сања Божиновска тврди дека сега нема бугарски пасош, но не го оспорува потписот од изјавата за „бугарската самосвест“


  Документот што денеска го објави бугарскиот медиум БГНЕС, на кој се гледа дека министерката за енергетика, Сања Божиновска, во 2004 наводно своерачно потпишала изјава дека има бугарска самосвест и бугарско потекло повторно ја зовре ситуацијата околу нејзиниот бугарски пасош. За тоа се расправаше и во Собранието за време на пратеничките прашања, а писмено реагираше […]

Комерцијална банка со извонредни резултати, за девет месеци остварена добивка од 72 милиони евра


Комерцијална банка продолжува со извонредни деловни резултати, остварувајќи рекордна добивка од 72 милиони евра во првите девет месеци од годинава. Како што се посочува во коментарот на неконсолидирани и неревидирани Биланс на успех и Биланс на состојба на Комерцијална банка АД Скопје за периодот 01.01 – 30.09.2024 година банката од своето работење оствари позитивен финансиски […]

Потврден нов случај на птичји грип во скопско Злокуќани, на сила и решение за заштитни мерки за болеста син јазик, објави АХВ


Со лабораториски наод од Националниот институт за храна и ветеринарство при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје (ФВМ) од 28.10.2024 година, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), потврди нов случај на болеста високо патогена авијарна инфлуенца H5N1 (птичји грип) кај 1 угината дива птица – гуска во резиденцијалниот комплекс Свети Јован во скопско Злокуќани. Направено […]

Нема мораториум за нови животни во ЗОО, но ни одговор што понатаму


Советниците во Град Скопје, Драгана Велковска и Горјан Јовановски од Зелен хуман град поднесоа иницијатива за мораториум за внесување на нови животни во скопската Зоолошката градина која ќе се разгледува на седницаta на Советот на Град Скопје што ќе се одржи в четврток. Со четири гласа „за“, 10 „против“ и осум воздржани, Советот на Град […]

Компанијата „Филип Морис“ ќе затвори две фабрики во Германија


Производителот на тутун „Филип Морис“ најави затворање на своите фабрики во Германија поради, како што наведуваат, падот на побарувачката за тутун во Европа. Производството во фабриката за преработка на тутун во Берлин ќе престане во првата половина на 2025 година, додека во Дрезден, каде тутунот за виткање се произведува од 2019 година, производството ќе биде […]

Индустриското производство годинава помало за 4,2 отсто во однос на лани


Индустриското производство во периодот јануари – септември 2024 година, во однос на истиот период лани е помало за 4,2 отсто. Во септември годинава, пак, споредено со септември 2023 има намалување од 7,9 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2024 година, во […]

Во септември годишен пад на каматната стапка на вкупните кредити, а раст кај депозитите


Најновите податоци на Народната банка покажуваат во септември годишен пад на просечната каматна стапка на вкупните кредити од 0,08 процентни поени, а кај депозитите годишен раст од 0,42 процентни поени.  Просечната каматна стапка на вкупните кредити во септември изнесува 5,41 процент, а на депозитите 2,01 проценти. Кај корпоративниот сектор, просечната каматна стапка на вкупните кредити […]

Левица бара да се укине двојното државјанство за највисоките функционери


  Поради сагата со бугарското државјанство на министерката за енергетика Сања Божиновска партијата Левица побара да се укине двојното државјанство на највисоките функционери во државата. Според Левица, неколку работи се симтоматични во случајот со бугарското државјанство: „Таа првично изјави дека не знаела дали има потпишано изјава за бугарска самосвест, туку тоа го правеле адвокати посредници. […]

Радев ги спори изборните резултати во Бугарија


Објавувањето на официјалните резултати од изборите, наместо да донесе уверување во општеството, предизвикува тензии и поставува прашања за правичноста на гласањето, порача денес претседателот Румен Радев во својот став по повод предвремените парламентарни избори. „Како е можно повеќекратните сигнали и примери на купени и изманипулирани гласови да ги видат сите, а да останат надвор од […]

Конечно ќе се гради потпорниот ѕид во Клинички


Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов одржа координативна средба на тема „Загрозување по животот и здравјето на луѓето и по материјалните добра од подземните води, одрон и рушење на потпорно-оградниот ѕид на улица „Белградска“ кај ЈЗУ УК за детски болести – Скопје, информираат од неговиот кабинет. На средбата во ЦУК, присуствувале […]

Мицкоски тврди дека претходната власт го следела со дронови


Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања тврдеше дека  кога СДСМ и ДУИ биле на власт незаконски ги следеле лично него и ВМРО-ДПМНЕ и тоа со дронови.  Тој притоа порача дека за сите тие оперативно технички состојби ќе има одговорност и затоа е стравот сега кај истите кои следеле и нарачувале. „До поранешниот […]

Според Филипче, Христовски лажел и за стажот за да биде директор на АНБ


  Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, влезе во вербален дуел со премиерот  намденешната седница на Собранието околу именувањето на Бојан Христовски како прв човек на АНБ, но Мицкоски не одговори директно што ќе преземе околу тврдењата дека со лажни документи дошол до функцијата, заканувајќи се дека и тој ќе извади лажни  сертификати на лица ставени […]

Мицкоски: Ги молев „Бехтел и Енка“ да не активираат казна од 100 милиони евра


Прермиерот Христијан Мицкоски во Вашингтон го молел раководството на „Бехтел и Енка“ да не активира казнени клаузули од, како што рече, 100-тина милиони евра. – Првата средба со Бехтел и Енка ја имав во Вашингтон и молев. Требаше да ни наплатат 100 милиони евра зашто немаа фронт за работа. Молевме, да молев и ќе молам […]

„Алкалоид“ со рекордни консолидирани продажби од 231,3 милиони евра, раст на консолидираниот извоз од 12 % и инвестиции од 16,5 милиони евра


Најголемата фармацевтска компанија во земјава, „Алкалоид“ – Скопје ги објави резултатите од работењето во првите девет месеци годинава. Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – септември 2024 година продажбите достигнуваат 9.997.468.062 денари, што е за 9 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 14.236.125.924 денари, […]

Мелони добила смртни закани заради договорот за мигранти со Албанија


Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека добила смртни закани од трговци со луѓе поради договорот за мигранти со Албанија, јавија денеска италијанските медиуми. Мелони вчеравечер за телевизијата Раи1 изјави дека останува посветена на договорот со Албанија, бидејќи тоа е „ефикасно решение за управување со мигрантските текови“. -Првите смртни закани пристигнаа затоа што потпишав протокол за […]