Јапонија втурната во политички хаос по големите загуби на владејачката партија на изборите


  Јапонските гласачи упатија жесток прекор до долгогодишната владејачка партија во земјата на изборите во неделата, втурнувајќи ја четвртата по големина светска економија во редок период на политичка несигурност. Јапонската Либерално-демократска партија, која владее речиси континуирано од 1955 година, го загуби своето парламентарно мнозинство во моќниот долен дом за прв пат по 15 години. Јавниот […]

Во два дена исчезнале три лица, едниот се вратил


Тројца мажи, на различна возраст се пријавени за исчезнати, нотира полицискиот билтен. Имено, утрово,во Полициската станица Гази Баба, Ќ.А.(23) од с.Јурумлери,скопско пријавил дека неговиот татко А.А.(45) кој на 25.10.2024 беше пријавен дека се оддалечил од својот дом, се вратил дома. Вчера пак, во 21.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, С.С.(42) од Скопје пријавил дека […]

Ахмети му напиша писмо на Мицкоски, го повикува на зрелост


  Откако испрати писма до повеќе меѓународни претставници и шефови на држави, во кои изрази загриженост за непочитување на Охридскиот договор, лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денеска такво слично писмо испратил и до премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.  Во писмото партискиот лидер изразува загриженост за неодамнешните одлуки на Уставниот […]

Борисов ни стави вето, за Мицкоски тој е посакуван партнер


  Премиерот Христијан Мицкоски денес остварил „искрен и пријателски“ телефонски разговор со Бојко Борисов, на кој со задоволство му ја честитал победата на сестринската партија ГЕРБ на парламентарните избори во Бугарија. „Во текот на разговорот изразив уверување дека ќе се формира стабилна влада на десниот центар во Бугарија, која ќе даде придонес во отстранувањето на […]

На изборите во Бугарија сите загубија пратеници, вклучително и ГЕРБ


  Иако освои повеќе гласови отколку на предвремените избори во јуни, партијата ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов, освои помалку пратеници. Според пребројаните 99,71 отсто од избирачките места, за ГЕРБ гласале 26,4 отсто од граѓаните. Тоа на партијата на Борисов ѝ носи 66 пратенички места во парламентот кој брои 240. На изборите во јуни за […]

Хрватска ги купува најновите „леопарди“ – старите тенкови и оклопни возила ги праќа во Украина


Хрватска планира да набави 50 нови германски тенкови „леопард 2А8′, според неофицијални информации, пренесуваат хрватските медиуми. Хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ и германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска во Берлин ќе потпишат писмо со намери што ќе го означи првиот чекор во оваа набавка. Германија ја покани Хрватска да се приклучи на заедничката […]

Ѓорѓиевски: ЗЕЛС е обединет, ќе посредуваме меѓу Карпош, Струмица и централната власт


ЗЕЛС не е тој што предизвикува кризи, ЗЕЛС ги надминува кризите, изјави денеска претседателот на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) и градоначалник на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски по средбата со градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски. Како што соопшти ЗЕЛС, градоначалникот на општина Струмица Костадин Костадинов не дојде на состанокот на кој беше […]

До сега ќе имавме генерации млади луѓе со европски идентитет: Интервју со Дејан Дуковски


Информацијата дека во „Београдско драмско позориште“ (БДП) славниот хрватски режисер со меѓународно реноме, Оливер Фрљиќ, ќе ја режира праизведбата на новото дело на најизведуваниот македонски драмски писател Дејан Дуковски, пристигнува како светлина на крајот од тунелот во сегашнава културна немаштија. Станува збор за новото дело со наслов „Црно злато“ кое, меѓу другото, се занимава со […]

Израелскиот напад го остави Путин без иранските балистички ракети


  Израелските воздушни напади врз ирански воени цели ноќта на 26 октомври би можеле да ја лишат Русија од иранското оружје што Кремљ го купува за војната во Украина. Израелскиот напад, во кој учествуваа околу 100 авиони на воздухопловните сили, вклучително и стелт-ловци „Ф-35“, ги погоди клучните ирански ракетни фабрики, изјавија за „Аксиос“ три извори […]

„Гоу грин“ ќе достави правилник за велосипедска инфраструктура до Министерството за транспорт


Конференција за потребата од донесување на Правилник за велосипедска инфраструктура ќе се одржи утре спореди Градскиот парк во Скопје, со која треба да се придонесе за унифицирана велосипедска инфраструктура. „Сведоци сме како изминатите години секој пат кога се изведуваат улици дека или недостасува велосипедска инфраструктура или истата се изведува без посебни стандарди. Рабниците се високи […]

Што ќе гради Општина Илинден со парите од Владата


Општина Илинден доби финансиски средства за реализација на четири капитални проекти како учесник во владиниот јавен повик. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски ги потпиша договорите за користење на финансиски средства со Министерството за транспорт, а средствата ќе бидат наменети за реализација на капитални проекти кои ќе овозможат поквалитетен живот на граѓаните од општина Илинден. […]

Трамп го наполни Медисон сквер гарден во Њујорк со гнев, лутина и расистички закани


  Гневот и лутината го зазедоа центарот на вниманието во њујоршкиот Медисон сквер гарден во неделата вечерта, додека Доналд Трамп и група сурогати од кампањата одржаа митинг обележан со расистички коментари, груби навреди и опасни закани за имигрантите. Девет дена пред изборите, Трамп го искористи митингот во Њујорк за да го повтори своето тврдење дека […]

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста


Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина, односно за еден денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,08  отсто. Малопродажната цена […]

Пукање во Чаир, оштетени прозорци на куќи и автомобили


Ноќеска имало пукање во Чаир, при што се оштетени прозорци на автомобили и на куќи, но нема повредени.  – На 27.10.2024 во 22.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрчјето на Бит Пазар од огнено оружје биле оштетени прозорци од куќа и две патнички возила во сопственост на А.С (40) од Скопје, а […]

Кисела Вода едногласно го изгласа Буџетот, заедно со парите за капитални проекти од Владата


 Советот на Oпштина Кисела Вода денеска едногласно ги донесе сите одлуки на четириесет и петтата пленарна седница. Со гласањето за, се овозможи ребаланс на Буџетот за 2024 година, односно се обезбедија средства во износ од 140.954.076 денари за капитални проекти од повикот на Владата, информираат од Општината.  Градоначалникот Ѓорѓиевски им се заблагодарил на сите советници […]

Анџелина Џоли непрепознатлива со кадрава коса на црвениот килим


Како и нејзиниот гардеробер, така и убавината на Анџелина Џоли е константа. Ретко отстапувајќи од вообичаените природни усни ( со црвен кармин) и блескава кожа, актерката ја  својата глам рутина ја сведе до наука. Но, на синоќешната премиера на нејзиниот нов филм, Марија, на филмскиот фестивал АФИ 2024 година во Лос Анџелес, Џоли одлучи дека […]

Итно копче за бесплатна помош на болни лица во Гази Баба


Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со тим од Црвениот крст на Град Скопје беше во посета на Ленче Џингова од Ченто која е корисник на услугата Итно копче која ја спроведува Црвениот крст на Град Скопје со цел помош на болни и изнемоштени лица над 65 години кои живеат сами. Денес општина […]

Што ако нема јасен победник на изборите во САД?


  На помалку од две недели до денот на изборите во САД, анкетите покажуваат дека јазот меѓу Камала Харис и Доналд Трамп уште повеќе се намалил во сојузните држави каде што ќе се одлучува за изборите. Следеше жесток натпревар бидејќи секоја кампања се обидува да го поттикне одѕивот на гласачите. Во ваква тесна трка ова […]

Ќе се вложи во кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“, а ќе се довршат и ФИНКИ и ФФК


Модерна, современа, енергетски ефикасна градба, и добри курикулуми за настава ќе бидат вложени во кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“ а превидено е да се довршат и факултетите ФИНКИ и ФФК. Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања по надзор во работата на автопатската делница Гостивар – Букојчани. – Универзитетот „Мајка Тереза“ […]

Мицкоски не очекува покачување на цената на струјата за домаќинствата


Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не очекува поскапување на струјата за домаќинствата во јануари.  Одговарајќи на новинарско прашање Мицкоски рече дека ќе продолжи навременото снабдување со електрична енергија.  – Не очекувам да има зголемување на цената на струјата за домаќинствата овој јануари. Не очекувам. Од она кое што можам да го заклучам е дека навремено […]