Накитот на Chapter 3 – совршен хајлајт на модното доживување на „Штип фешнс дејс“


Модно дружење, во друштво на истакнати имиња од модната индустрија, но и бројни претставнички и претставници на бизнис-секторот, Chapter03 пригодно ги претстави своите нови колекции, комплетирајќи ги креациите на брендовите „MNML“ и „Nana Attire“, и здружението „Гласен текстилец“ во рамки на првото издание на „Shtip Fashion Days“. Добропознатата Rebecca, доминираше на сцената со впечатливиот самоуверен израз […]

Италија: Авион на Рајанер се запали пред полетување, патниците евакуирани


 Авион на „Рајанер“, кој требало да лета од Бриндизи до Торино, денеска итно е евакуиран откако еден од моторите ненадејно се запалил. Во инцидентот се евакуирани 184 патници, а капетанот одлучил да ги активира лизгалките за итна евакуација. Набргу потоа пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот. Иако причината за пожарот се уште не е позната, […]

Собранието ги донесе измените и дополнувањата на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам и Законот за експропријација


Пратениците во рамки на денешната 16-та пленарна седница ги изгласаа измените и дополнувањата на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам и Законот за експропријација.  Пратеникот на „Европскиот фронт“, Сали Мурати истакна дека во измените има неколку недостатоци од процедурален аспект, суштински и правни недостатоци и практични проблеми во применувањето на овие измени […]

Пензионер од Скопје фатен со рачна бомба и купишта муниција


Основното јавно обвинителство Скопје покрена истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 66-годишен пензионер, во својот дом во Козле, […]

Притвор за мажот кој полово вознемирувал малолетничка


Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 29-годишник од селото Церово кој е осомничен дека спрема малолетничка родена 2007 година сторил кривично дело – Злоупотреба на лични податоци од член 144 став 2, како и Полово вознемирување според член 190-а став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот во повеќе наврати, преку една социјална мрежа, ја контактирал […]

Мицкоски и Ахмети разменуваа вицови, Таравари “дијагноза“


Да го пробаме хуморот, да видиме како ќе излезе, изјави лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети откако денеска премиерот Христијан Мицкоски во изјава за медиумите, коментирајќи го барањето на ДУИ за ветинг на сите функционери, рече дека очекувал ваквиот тип на хумор и сатира да завршат со заминувањето на ДУИ во опозиција.   Ахмети […]

Заев за Села: Човек што тресе такви забегани и налудничави работи не е достоен ни да го тужам


  „Ќе искористам една реченица која ја прочитав неодамна – Македонија е остров на рационалност, ама и океан на лудило и забеганост“.  Вака поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев во изјава за „Фокус“ одговара на обвинувањата на Зијадин Села од Европскиот фронт, кој во интервју за „Фокус“ рече дека Заев му дозволил на Никола Груевски да ја напушти државата поради високиот […]

Како изгледа демократијата на Орбан поради која доби тужба од Брисел?


Европската унија денес  ја даде Унгарија на суд поради нејзиниот контроверзен закон за „национален суверенитет“, тврдејќи дека тој прекршува широк опсег на основни права. За контроверзниот закон Будимпешта вели дека е неопходен за да се заштити „националниот суверенитет“, но невладините организации го осудија како опасна алатка за таргетирање и на крајот замолчување на гласовите на […]

Руте во посета на Украина, два дена по преземањето на функцијата


Киев – Новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте денеска е во посета на Украина, два дена по преземањето на функцијата, јавија светските агенции. Ова е прва посета на Руте во странство откако тој ја презеде функцијата шеф на Алијансата. Руте се сретна во Киев со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да го увери дека […]

Костадинов: Струмица е пред еколошка катастрофа


Струмица е пред еколошка катастрофа ако во најскоро време не се реши проблемот со водата за пиење, истакна градоначалникот Костадин Костадинов на денешната седница на Советот на Општината, на која се дискутираше за проблемот со снадбување со питка вода на граѓаните која веќе шест денови е забранета за пиење заради присуство на поголемо количество на […]

Реакција на Општина Карпош по кривичната пријава од МВР


По повод информацијата дека Одделот за криминалистичка полиција при Министерството за внатрешни работи поднело кривична пријава против една скопска општина и пет лица вработени во Секторот за урбанизам и правното лице од Скопје поради сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“.  Секторот за урбанизам и правниот сектор во општина Карпош со индигнација ја […]

Обид за кражба во зградата во Чаир во која вчера настана пожар, приведени две лица


Министерството за внатрешни работа информира дека две лица денеска се лишени од слобода поради обид за кражба од зградата на улица „Серава“ во Скопје во која вчера настана пожар. По документирање на случајот, дополнуваат, ќе биде поднесен соодветен поднесок. Пожарот што избувна вчера во подрумски простории во зграда во скопската населба Чаир беше целосно изгаснат […]

Велика Британија му ги врати на Маурициус островите Чагос во Индискиот Океан


Обединетото Кралство објави дека му го отстапува суверенитетот над Островите Чагос на Маурициус во договор што ќе им овозможи на луѓето раселени пред неколку децении да се вратат дома, додека Велика Британија ќе го задржи правото да ја користи таму британско-американска воена база. Велика Британија објави дека операцијата Диего Гарсија, стратешка воена база со која […]

Најмалку десет нови дестинции од аеродромите во Скопје и Охрид, најави Николоски


Најмалку десет нови дестинции преку двата аеродрома, во Скопје и во Охрид, како и силен инвестициски циклус во железницата, најави денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. Николоски на прес-конференција истакна дека во земјава ќе има влез и на нови авио компании, а во однос на железницата, дека првата фаза од проектот […]

Унгарија пратена на суд


Европската комисија денеска одлучи да ја упати Унгарија до Судот на правдата на ЕУ бидејќи смета дека нејзиниот Закон за заштита на суверенитетот, кој има за цел да се бори против странското мешање, го прекршува правото на ЕУ. Како што се наведува во соопштението на ЕК, со овој закон се формира Канцеларијата за заштита на […]

Почина поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ


Тенискиот тренер Јован Лилиќ почина по долго и тешко боледување во Белград, соопшти Тенискиот сојуз на Србија. „Со голема болка и тага ја известуваме спортската и тениската јавност дека прерано нѐ напушти Јован Лилиќ (1965-2024), истакнат тенисер, тренер и човек кој со својот ведар дух донесе насмевки на нашите лица. долго и тешко боледување, починал […]

Шолц: Никогаш не ги заборавајте негативните аспекти на обединувањето на Германија


Германскиот канцелар Олаф Шолц ги предупреди германските граѓани никогаш да не ги заборават негативните последици од повторното обединување за некои од луѓето во поранешна Источна Германија. – За милиони источни Германци, тогашниот пресврт значеше ослободување и нов почеток. Но, за милиони, пресвртот во годините по повторното обединување значеше пред сè едно: колапс, рече тој додека […]

Јаневска: Неопходна меѓуресорска соработка за грижа за менталното здравје на младите


Шест пријави за врсничко насилство пристигнале во Министерството за образование и наука од почетокот на учебната година и по нив се постапува, соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска.  Посочи дека државата има систем да води грижа за менталното здравје на младите преку училиштата, вклучено е и Министерството со својата Педагошка служба, но нагласи […]

Голема загаденост на воздухот во Кочани покажаа испитувањата на средношколците


Висока концентрација на штетни честички и присуство на јаглерод диоксид во воздухот во Кочани се регистрирани при испитувањата што ги направиле 12 ученички тимови од Средното училиште „Љупчо Сантов“, во период од три месеци. Во рамки на „Еразмус +“ проектот „Млади еко инспектори“, што партнерски се спроведуваше со градовите Пазарџик од Бугарија и Лариса од […]

Мицкоски не се сеќава на скандалите, СДСМ му порача дека е „комедијант“


  „Задоволен сум од работата на Владата во изминатите 100 дена без афери и скандали“ ја прогласуваме за досега најкомична изјава на премиерот Христијан Мицкоски, порачаа денес од СДСМ по иззјавата на премиерот Христијан Мицкоски околу стоте дена Влада. „Очигледно решил да се мајтапи со граѓаните или мисли дека никој не памти што се случуваше. […]