Мицкоски, Агелер и Мисајловски на методско-показна вежба на „Криволак“


Премиерот Христијан Мицкоски, амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Анџела Агелер, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски ќе присуствуваат на денешната методско-показна вежба на армискиот полигон „Криволак“. Како што информираа од Министерството за одбрана, припадниците на Армијата од лесната пешадиска борбена група ќе реализираат вежба со […]

Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ на власт граѓаните ќе имаат се помалку пари во џебовите


За овие 100 дена Владата не покажа никаков интерес за граѓаните, за компаниите, ниту пак генерално за државата, изјави претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во вечерашната емисија „Клик плус“ на ТВ 21. Филипче поосочи дека ВМРО ДПМНЕ не ги продолжи политиките коишто претходните седум години СДСМ интезивно ги спроведуваше и не ги […]

Момчето-убиец од Србија во вторник пред суд: Во „куќичка“, зад затемнето стакло


К.К. ќе сведочи на 8 октомври во кривичната постапка против неговите родители и инструкторот на стрелиштето Н.М. Тоа ќе биде првпат по злосторството, кое го изврши во своето училиште „Владислав Рибникар“ на 3 мај 2023 година, да ја напушти детската психијатриска клиника каде што беше сместен на распит. Според информациите што ги има „Новости“, К.К., […]

Мицкоски: До крајот на месецов целосно ќе биде трансфериран заемот од Унгарија


Сите формалности за заемот од Унгарија се завршени од наша и од нивна страна, а кај нас поминаа и на владина седница и во Собрание со што очекувам до крајот на месецов средствата од заемот целосно да бидат трансферирани во земјава, истакна вечерва премиерот Христијан Мицкоски. -Во периодот од 7 до 9 октомври министерската за […]

Масовен протест на улиците на Виена: Да ја заштитиме демократијата!


Илјадници демонстранти протестираа во Виена за да апелираат до австриските политички партии, особено владејачките конзервативци, да не коалицираат со екстремно десничарската Партија на слободата ФПО, која победи на парламентарните избори во неделата. ФПО освои 29,2 отсто од гласовите, додека Австриската народна партија (ОВП) на канцеларот Карл Нојхамер доби 26,5 отсто од гласовите, а централно-левичарската Социјалдемократска […]

Штрајкот на американските пристанишни работници може да доведе до недостиг и повисоки цени во земјата пред изборите


Штрајкот на американските пристанишни работници, од источниот брег на САД од Мејн на североисток до Тексас на југ, има потенцијал да ги зголеми цените и да создаде недостиг на стоки низ земјата пред празничната шопинг сезона и неизвесни претседателски избори, оценуваат американските медиуми. Тоа е прв таков штрајк од 1977 година, а го организира синдикатот […]

Макрон предупредува: ЕУ умира!


Францускиот претседател Емануел Макрон на берлинскиот глобален дијалог призна дека „Европската унија може да умре“, а потоа издаде уште пострашно предупредување за економската состојба на земјите-членки. Макрон тврди дека ЕУ претерано регулира и инвестира премалку и дека Кина и САД ги надминаа сите 27 земји-членки во однос на економските перформанси и инвестициите. Како што пренесува […]

Општина Тетово најавува награди за граѓани ако снимат носење бездомни кучиња од други градови


 Општина Тетово тврди дека се носат бездомни кучиња од други места и ги повика граѓаните да снимат таква прилика за што најавува награди. Од јули во градот почна да функционира и ново прифатилиште, а според Општина  Тетово уловени се и третирани 100 кучиња скитници. -И покрај нашите напори, сè уште има случаи на носење кучиња […]

Реслер избран за шеф на делегацијата за односи на ЕУ со Северна Македонија


  Хрватскиот пратеник во Европскиот парламент Карло Реслер (ХДЗ/ЕПП) во четвртокот е избран за шеф на парламентарната делегација за односи меѓу Европската Унија и Северна Македонија, соопштија од кабинетот на претставникот, јавуваат хрватските медиуми. Како тело формирано врз основа на Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Северна Македонија, делегацијата има клучна улога во обликувањето на […]

ФИФА ја одложи одлуката дали да ги отстрани тимовите од Израел од своите турнири


Светската фудбалска федерација (ФИФА) повторно не одлучи дали ќе воведе санкции за Фудбалската асоцијација на Израел, исклучувајќи ги тимовите на земјата од нејзините турнири. Во мај, Палестинскиот фудбалски сојуз побара казна за своите израелски колеги поради тековната воена операција што еврејските сили ја спроведуваат во Газа.  По денешниот состанок на Советот на ФИФА, претседателот на […]

Гејтс за прв пат испадна од листата на 10 најбогати луѓе во Америка


Речиси две децении, почнувајќи од 1990 година, Бил Гејтс беше најбогат или втор најбогат човек на годишната листа на Форбс на 400 најбогати луѓе во Америка. Веќе не. Иако Гејтс сè уште има огромно богатство од 107 милијарди долари, неговото рангирање на новата листа на Форбс падна на 9-то, од 6-то пред една година. Неговата […]

„Х“ сега вреди 80 отсто помалку отколку кога Маск го презеде како „Твитер“


Платформата за социјални медиуми порано позната како „Твитер“ вреди речиси 80 проценти помалку отколку пред две години кога ја купи Илон Маск, според проценките на инвестицискиот гигант „Фиделити“. Платформата „Х“ повеќе не се тргува јавно откако Маск исплати 44 милијарди долари за да ја приватизира во октомври 2022 година. Сепак, „Фиделити“ открива она што верува […]

Фестивалот ЕГЗИТ ѝ донесе повеќе од 270 милиони евра на српската економија


Фестивалот ЕГЗИТ (EXIT) со своето издание за 2024 година донесе значаен придонес во економијата на Нови Сад и Србија во износ од 23,7 милиони евра, со што вкупниот економски ефект на фестивалот од неговото формирање надмина 270 милиони евра. Во јули годинава фестивалот ЕГЗИТ собра повеќе од 210.000 посетители од 120 земји од светот, а […]

ЕУ покрена три инвестициски програми за развој на Западен Балкан и други региони


Европската унија денеска започна три инвестициски програми за повеќе од 700 милиони евра за целите за одржлив развој на Западен Балкан и другите региони, кои според очекувањата ќе мобилизираат 6,3 милијарди евра јавни и приватни инвестиции. Програмите кои одразуваат силна посветеност на отпорноста на климата и инклузивен економски просперитет се поддржани од Европскиот фонд за […]

Нормализиран сообраќајот на патот Прилеп-Битола кај Лагово


АМСМ соопшти дека од 16:25 часот е нормализиран сообраќајот на патот Прилеп-Битола кај селото Лагово. Кај Лагово утрово се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубија три лица, а едно беше повредено.

Стопанска банка го прослави 80-годишниот јубилеј (фото)


Банката со најдолга традиција во земјава, Стопанска банка АД – Скопје, го прослави 80-годишниот јубилеј со уникатен гала концерт на виртуозот на пијано, маестро Симон Трпчески, одржан во Филхармонијата. На централната прослава, со присуство на професорот Гикас Хардувелис, претседател на одборот на директори на НБГ и други извршни директори на Групацијата НБГ, а пред истакнати […]

Меѓународна оценка: Нема недостиг, туку погрешна распределба на човечкиот капитал во Македонија


Во Македонија нема недостиг, туку погрешна распределба на човелчкиот капитал, стои во најновиот извештај, насловен како “Предизвикот за човечкиот капитал – како да се најде, награди, задржи и развие квалификувана работна сила”, кој беше претставен на 16-тата меѓународна годишна конференција на Македонската асоцијација за човечки ресурси. Според извештајот, наспроти популарното верување дека има недостиг на […]

Алпите под снег – циклон носи студено време


Циклон ита кон југоисточниот дел на Европа, а пренесува многу топла воздушна маса од северот на Африка, во исто време, во задниот дел влече многу студена воздушна маса над централна Европа сè до Алпите и Панонската рамнина. Силното заладување веќе го зафати поширокото подрачје на Алпите. Ќе врне пороен дожд, а во крајбрежните области се […]

Колку тежи новата ЕК: Грчкиот еврокомесар има 16 стана, шест продавници, над 600.000 квадрати земја и акции


Колку е „чист“ новиот тим на еврокомесари кои се надеваат да работат за Урсула фон дер Лајен? „Политико“ ги објави нивните декларации за имотот од кои се виде импресивниот список на имоти на грчкиот кандидат Апостолос Цицикостас, инаку познат по тврдите ставови кон „македонското прашање“ и учесник во протести против нашата држава пред Преспанскиот договор.  […]

Прилеп ќе го прогласи петок, 4 октомври, за ден на жалост


Поради трагичната сообраќајна несреќа на магистралниот пат Прилеп-Битола во која загинаа три медицински лица од Прилеп, двајца лекари и радиолошка техничарка, претседателот на Советот на општина Прилеп за 18 часот закажа вонредна седница на Советот со единствена точка на дневниот ред – Предлог-одлука за прогласување на ден на жалост во Прилеп. Согласно предлогот, утрешниот ден, […]