Производителите на пченица ќе добијат финансиска поддршка, зголемени субвенциите за јачмен


Владата, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска донела одлука преку интервентна програма да се додели финансиска поддршка по килограм на производителите на пченица кои продале пченица кај регистриран откупувач во висина од три денари по килограм предадена пченица, со оглед дека се зголемени трошоците за производство на пченица. Поддршката на домашното […]

Санкции за правни и физички лица поради неправилности при вршење јавен превоз со товарни возила


На наплатната станица Тетово, во правец кон Гостивар, денеска полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле и извршиле контрола на товарно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Тетово, а управувано од П.Д.(40) од Тетово, товарно возило „ман“ со тетовски регистарски ознаки, […]

Боцевски назначен за специјален претставник на Владата при унгарското претседателство со ЕУ


  Владата на денешната седница ги донесе следните кадровски решенија: Ивица Боцевски е именуван за специјален претставник на Владата на Република Северна Македонија при унгарското претседателство со Советот на Европската Унија. Јетон Сума е именуван за директор на Службата за просторен и информативен систем. Пеце Стојковски е именуван за вршител на должноста директор на Агенцијата […]

Меџити: Владата со 34,5 милиони евра ќе гради кампус на Универзитетот „Мајка Тереза’“ во Скопје


Одлука за инвестиција во вредност од 34,5 милиони евра за изградба на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза’“ во Скопје е донесена денеска на седница на Владата. Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити на прес-конференција попладнево информираше дека кампусот ќе има амфитеатар, канцеларии за академски дел, спортска сала, базен, менза. […]

Откако го осовремени и опреми „Владо Тасевски“, Сибиновски се повлече од директорската позиција


Александар Сибиновски, директорот на училиштето за средно образование „Владо Тасевски“, по пет и пол годишен се повлекува од функцијата директор, соопшти тој денеска на неговиот Фејсбук профил. Тој на оваа позиција беше назначен во 2018 година. Сибиновски ќе биде запаметен по тоа што во годините на неговиот мандат постави нови стандарди во осовременувањето и техничкото опремување на училиштето. […]

Студентите бараат нов дизајн за зградите на ФИНКИ и ДИФ, не сакаат барок


Владата да распише студентски конкурс за решение за фасадите на новите објекти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ – ДИФ), бараат студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). Универзитетското студентско собрание при УКИМ (УСС УКИМ) испратило официјално барање до македонската […]

Грчкиот дипломат Михалис Рокас од денес е новиот амбасадор на ЕУ во земјава


Грчкиот дипломат Михалис Рокас од денес ја презема функцијата на амбасадор на Европската Унија (ЕУ), соопштува Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија. Тој го наследува Дејвид Гир, кој стана амбасадор на ЕУ во Северна Македонија во септември 2020 година. Рокас беше номиниран во април, кога високиот претставник на Европската Унија Жосеп Борел номинираше 44 нови […]

МАНУ апелира до вработените да бидат трпеливи


  Откако денеска беше активиран штрајкот на вработените во МАНУ поради многу ниските плати и нереализираните ветувања на државните институции, Академија се јави со соопштение во кое бараат тие да се стрпат „додека не се изнајде начин за нивелирање на платите“. МАН вели дека секогаш ги поддржувале вработените во нивните барања. МАНу во соопштението напиша: […]

Даниел Крег откри како ги снимал секс сцените од „Квир“


Венеција (АП) – Редовниот учесник на  Филмскиот фестивал во Венеција, Лука Гвадањино се врати во Лидо за да го промовира својот нов филм на Даниел Крег „Квир“ во вторник навечер. Минатата година, миленикот на фестивалот, Гвадањино мораше да се откаже од блескавата премиера на црвениот тепих за секси тениската драма „Челинџерс“, кога студиото го одложи […]

Гори расадникот во Кисела Вода (видео)


Шумски пожар изби во центарот на Скопје, односно, гори расадникот во Кисела Вода, соопшти Центарот за управување со кризи.  Граѓани, претходно, споделуваа фотографии од чадот што се издига над пожарот, на социјалните мрежи. Како што вели Ангелов, горат ореови дрвја, а пожарот зафаќа поголема површина. На 100 метри од тука е булеварот, а од страната […]

Левица со седум точки за Гаши, за него интерпелацијата е полна со исламофобија и албанофобија


  Правно заснована и втемелена на факти или пак, зад интерпелацијата која ја поднесе Левица против претседателот на Собранието Африм Гаши стојат сосема поинакви мотиви – пред сѐ исламофобија и албанофобија. Помеѓу овие две крајности денеска во парламентот дом се води дебата околу одговорноста на Гаши во текот на неговото претседателствување, што Левица ја срочи […]

Во руски ракетен напад на Полтава загинаа најмалку 50 лицa


  Руската армија изврши балистички ракетен напад врз Институтот за комуникации во Полтава, при што загинаа 50 лица, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Ударот ја погоди територијата на образовна институција и блиската болница. Делумно е уништена една од зградите на Институтот за комуникации. Луѓето се под урнатините. Многумина се спасени. Повеќе од 180 луѓе се […]

Како Фатмир Битиќи пред една година ја потпиша инвестицијата што ја најавува премиерот Мицкоски


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави оти утре ќе имало поставување на камен-темелник за фабрика на компанија што доаѓа од Германија. Таа ќе произведува литиумски батерии, инвестицијата е од 60 до 65 милиони евра и треба да има околу 700 вработени. До поставувањето на камен-темелникот дошло по „напорна двомесечна работа и отстранување на сите оние […]

Романија ќе донира два ракетни система „Патриот“ во Украина


Долниот дом на романскиот Парламент о вторникот усвои денеска усвои закон со кој се одобрува донацијата на еден одбранбен ракетен систем Патриот на Украина. Романија, членка на НАТО од 2004 година, дели 650 километри долга граница со Украина. За време на руските напади врз украинските пристаништа од другата страна на Дунав, остатоци од беспилотни летала […]

Тројца можни кандидати за премиер, Макрон не е сигурен кого го сака


  По повеќе од една недела консултации, францускиот претседател Емануел Макрон допрва треба да се реши за иден премиер за да ја извлече земјата од нејзиниот континуиран политички ќор-сокак. Франција 58 дена е без премиер, а камоли функционална влада. Макрон води серија консултации со еминентни политички фигури и партиски лидери, надевајќи се дека ќе најде […]

„Градски паркинг-Скопје“ постави вертикална сигнализација за полесно и безбедно паркирање на лицата со попреченост


Денес, службите на „Градски паркинг-Скопје“ поставија вертикална сигнализација за означување на обележаните места за паркирање на лицата со попреченост, на јавна површини наменета за паркирање- зона Д9, Аеродром. – Поставувањето на сигнализацијата се изврши со цел да им се овозможи на лицата со попреченост побезбедно и непречено користење на паркинг местата, како и подобро функционирање во […]

„М“ на Вардан Тозија со две награди во Мексико, наскоро британска и косовска премиера


  Македонскиот филм “М“ на режисерот Вардан Тозија, во продукција на “Фокус Покус“, освои две престижни награди на интернационалниот филмски фестивал “Макабро“ кој се одржува во главниот град на Мексико, Мексико Сити. Вардан Тозија ја понесе статуетката за Најдобра режија во официјалната селекција, а филмот ги освои и срцата на публиката и се здоби со […]

СДСМ: Мицкоски се кити со туѓи перја, инвестицијата за литиумски батерии е договорена во септември лани 


Инвестицијата на германската БМЗ е целосно договорена и потпишана од владата на СДСМ, реагираа денеска од најголемата опозициска партија по изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за нова инвестиција за производство на литиумски батерии. Од СДСМ велат дека Мицкоски се накитил со туѓи перја. „Германска компанија, односно инвестиција за производство на литиумски батерии беше договорена уште […]

Тони Стојановски од денеска на чело на НЛБ Банка Скопје


Тони Стојановски е новиот претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје и ќе ја води Банката во наредните години, соопштија од НЛБ банка. Со ова, како што се наведува, успешно се заокружува преодниот период на НЛБ Банка Скопје кој го подготви досегашниот претседател на Управниот одбор, Бранко Грегановиќ. По одлуката на Надзорниот одбор на […]

Бело или темно месо? Кој дел од пилешкото е подобар за здравјето


Кој дел од пилешкото е навистина подобар за вашето здравје? Кога станува збор за избор помеѓу бело и темно пилешко месо, има неколку важни разлики што треба да ги земете во предвид за вашето здравје. Белото пилешко месо е познато по својата нискокалорична и ниско-масна структура. На пример, пилешките гради содржат значително помалку маснотии во […]