Поплави во Рим по кратка но силна бура


Рим – Бура предизвика поплави во Рим, известува АНСА, повикувајќи се на локалните власти. Моќната бура, иако кратка, вчера ја зафати не само италијанската престолнина, туку и други области во централниот и јужниот дел на земјата, по долг период на топлотен бран. Во Рим за помалку од еден час паднаа 60 литри дожд на квадратен метар, […]

Без вода корисниците на повеќе улици во населба Тафталиџе и дел од „Охридска“ и „Петричка“ во Центар


Прекинато водоснабдување денеска поради уличен дефект од Ф100мм на ул. „Петар Драганов“ 1 во населба Тафталиџе, ќе имаат корисниците од ул.„Петар Драганов“, „Софиска“, „Његошева“, „Бриселска“, „Копенхагенска“ и „Стокхломска“. Како што информираа од ЈП Водовод и канализација-Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот. Без вода денеска од 09:00 часот ќе останат […]

Почнува судењето на деценијата: Им се суди на убијците на Вања и Панче


Судењето поврзано со убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски треба да започне денеска во Основен кривичен суд Скопје. Основното јавно обвинителство Скопје најпрво поднесе обвинение против четири лица, а потоа и за првоосомничениот Љупчо Палевски за кого се чекаше екстрадиција од Турција, за двојното грабнување и свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска […]

Поранешна помошничка на гувернерот на Њујорк обвинета дека работела како агент на Кина


Вашингтон – Поранешна заменичка на шеф на кабинетот на гувернерката на Њујорк Кети Хочул е обвинета за неовластено дејствување како странски агент во полза на Кина, користејќи ја својата позиција во власта да промовира агенди на Пекинг и за тоа била платена милиони долари. Обвинителство во Бруклин ја обвини денеска Линда Сун (41) под осум […]

Министерот Муртезани во дводневна посета на Брисел


 Министерот за европски прашања Орхан Муртезани од денеска престојува во дводневна работна посета на Брисел, во чии рамки ќе има средби со претставници на институциите на ЕУ како дел од тековните напори за пробив на европскиот пат на Северна Македонија и продлабочување на соработката со клучните тела на Европската Унија.  Предвидено е Муртезани да се […]

ОБСЕ се уште без шеф затоа што членките не успеваат да постигнат консензус


Виена – Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) не успеа да се договори за кандидат кој ќе ја води меѓународната организација со седиште во Виена, јави ДПА. Мандатот на германската дипломатка Хелга Шмид како генерален секретар заврши вчера без консензус за тоа кој треба да ја наследи, објави на Х претставничката на Малта. […]

Сончево и топло, попладне локална појава на пороен дожд и ретки грмежи


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. Од УХМР информираа дека во […]

Пејковски нов директор на КИЦ на РСМ во Софија


Владината прес-служба соопшти дека Зоран Пејковски, на предлог на министерот за култура е именуван за директор на Културно – информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, Република Бугарија. Пејковски доаѓа на местото на писателот Сашко Насев кој беше назначен за директор на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија во 2018 година. Тој претходно […]

Астрономски календар


Денеска е среда 4 септември 2024 година, 248-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 118 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 3 минути, а ќе зајде во 19 часот и 2 минути. Денов трае 12 часа и 58 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина ќе изгрее во […]

Донесени дополнувањата на законот за патните делници Миладиновци–Штип и Кичево-Охрид


Собранието вечерва во рамки на 13. седница го разгледа и по куса дискусија го донесе Законот за изменување на Законот за железничкиот систем, по скратена постапка, со кој се укинува обврската на државава за либерализација на железничкиот сообраќај. Со предлог текстот на Законот се предлага приватно домашно или странско правно лице да може да врши […]

Што значи терминот собна температура и зошто е толку важен при готвењето?


Оние што почесто готват веројатно прочитале во рецептите дека им требаат јајца или путер на собна температура. Но, како да знаеме која е идеалната температура и зошто е воопшто важно за едно јадење да биде успешно? Според Cook’s Illustrated The Science of Good Cooking, препорачаната собна температура за храна е 21°C. Користењето состојки на собна […]

Укината либерализацијата во железничкиот сообраќај, за опозицијата е непотребен чекор


Собранието вечерва изгласа измени на Законот за железнички систем, со кои се укинува обврската на државава за либерализација на железничкиот сообраќај. Министерот за транспорт Александар Николоски образложи дека измените се поради тешката финансиска состојба на МЖ Транспорт и оти во координација со Европската комисија во рамки на Планот за раст е договорено да се тргне […]

Коленичење и популизам – историската комисија е поткопана од дома


  Понатамошната работа на македонскиот дел од историската комисија со Бугарија на своевиден начин е поткопана уште пред да се избеарт новите членови кои ги најави премиерот Христијан Мицкоски, кои ќе треба повеќе да ги „штитат националните интереси“. Досегашниот претседател на македонскиот дел од комисијата, Драги Ѓоргиев, во денешното интервју за „БИРН“ изјави дека премиерот […]

За водоводи и канализации во повеќе општини 53 милиони денари, 68 милиони денари за изградба на колекторот Трпејца


Министерството за транспорт обезбеди финансиски средства од над 53 милиони денари за изградба на водоводна мрежа, атмосферска и фекална канализација во повеќе општини, соопшти валдината прс-служба по денешната седница на Владата на која се одобрени и 68 милиони денари за изградба на колекторот Трпејца. Владата на предлог на Министерството за транспорт донела и одлука за […]

Град Скопје предлага помош со изградба на мега-парк на опожареното место во Кисела Вода


Екипите на Противпожарната единица на Град Скопје, со надчовечки напори делуваат на терен во Расадник каде попладнево изби пожар кој е веќе локализиран, ставен под контрола и во најкраток можен рок ќе биде целосно изгаснат, велат од Град Скопје. „Со цел оплеменување на опожарениот простор и заштита на животната средина, апелираме Општина Кисела Вода да […]

Гаши останува спикер – го поддржаа 72 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ


  Побрзо од очекуваното, по расправата во која учествуваа 21 пратеник, интерпелацијата на Левица за претседателот на Собранието, Африм Гаши, вечерва некаде по 20 часот излезе онака како и што се предвидуваше – неуспешна. За интерпелацијата гласаа 21 пратеник, а против 72. Според претходните најави, интерпелацијата на Левица ја поддржаа пратениците на СДСМ, додека ВМРО-ДПМНЕ […]

Монголија објасни зошто не го уапси Путин


Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Монголија во својата прва посета на земја членка на Меѓународниот кривичен суд (МКС) откако беше издадена потерница за негово апсење. Во изјава за „Политико“, Монголија објасни дека не го уапсила Путин поради нејзината енергетска зависност од Москва. „Монголија увезува 95% од своите нафтени продукти и повеќе од 20% од […]

ФИФА ги објави деталите за европските квалификациите за СП2026


Светската фудбалска организација (ФИФА) ги информираше националните федерации за постапката за жрепката на европските квалификации за Мундијалот 2026 која ќе се одржи на 13 декември годинава. Европските квалификации ќе се играат во дванаесет групи, од кои седум ќе бидат со по пет, а пет со по четири селекции. Дванаесетте победници од европските квалификациски групи директно […]

Да, господа, можете да носите ѕвонарки како Бред Пит – тие се тренд уште од Џон Траволта


Лабуристичка влада на власт, штрајк, економска несигурност и мажи со фармерки и панталони со ѕвонаст крој, народски ѕвонарки; ќе ви биде простено што мислите дека сте се разбудиле во 1970-тите. Освен што станува збор за човекот Бред Пит, а не браќата Гибс од Bee Gees, кој го позираше на црвениот тепих на Мостра во необичен […]

Изгаснат пожарот во Расадник, интервенирале осум протовпожарни возила и 15 пожарникари


Целосно е изгаснат пожарот што избувна доцна попладнето во Расадникот на  бул. „Борис Трајковски“ во општина Кисела Вода, нема повредени лица,  а е причинета материјална штета. Нормализирано е  и снабдувањето со електрична енергија што беше во прекин во дел од општината.  Звонко Томевски, командир на Скопската противпожарна единица, за МИА изјави дека во гаснењето на […]