Филипче на промоцијата на новите електрични автобуси за градски превоз во Струмица


Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска ќе присуствува на промоцијата на нови електрични автобуси за градски превоз во Струмица. Како што информира СДСМ, настанот ќе се одржи на градскиот плоштад „Гоце Делчев“ во Струмица со почеток во 12 часот, по што предвидено е Филипче да даде изјава за медиумите.  Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, претходно […]

Измените на Законот за локална самоуправа на собраниска седница


Собранието денеска треба да ја започне 14. седница на која на предложениот дневен ред се 31. точка, меѓу кои Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за локалната самоуправа, по скратена постапка, со којшто, меѓудругото, се предвидува вршителот на должност градоначалник во општините каде по сила на закон им престанал мандатот на избраните […]

Облачно со повремени врнежи од дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и со локална појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од седум до 18, а максималната од 17 до 27 степени.  Во Скопје променливо облачно, претпладне […]

43. Скопски џез фестивал од 17 до 20 окттомври, билетите пуштени во продажба


Влезниците за претстојното издание на традиционалниот Скопски џез фестивал, што годинава ќе се одржи од 17 до 20 октомври, од денес се достапни на билетарницaтa на НОБ и онлајн на МКтикетс. Фестивалот годинава ќе го отвори супериорно најдобрата и најпопуларна џез-пејачка во светот, трикратната Греми лауреатка СЕСИЛ МЕКЛОРИН САЛВАНТ од САД со нејзиниот блескав квартет во кој, меѓу другите, членува и еден од водечките […]

Астрономски календар


Денеска е среда 11 септември 2024 година, 255-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 111 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 10 минути, а ќе зајде во 18 часот и 50 минути. Денов трае 12 часа и 39 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина ќе изгрее во […]

Македонија со играч помалку ја совлада Ерменија


Македонија со 2-0 ја совлада Ерменија иако цело второ полувреме игравме со играч помалку поради исклучувањето на Зајков. Избраниците на селекторот Милевски денеска се прикажаа во многу подобро издание од претходно и заслужено дојдоа до триумф, а тој можеше да биде и поубедлив доколку искористевме дел од шансите во првото полувреме. Првите 45 минути поминаа […]

Мицкоски на 19 септември во Брисел ќе го претстави македонскиот предлог, ќе бара ЕУ да покаже волја


  Премиерот Христијан Мицкоски вечерва побара да престанела билатерализацијата на евроинтегративниот процес на Македонија и рече дека ЕУ треба да покаже волја дека сака да го реши ова прашање. Во интервју за Алсат тој рече дека на 19 септември ќе оди во Брисел и таму ќе го претстави предлогот на владата за решавање на условениот […]

Меџети: Македонија треба да ja укине употребата на јагленот до 2050 година


Македонија се подготвува најдоцна до 2050 година да ja укине употребата на јаглен за своите енергетски потреби и да ги запази роковите на ЕУ за транзиација кон обновливи извори на енергија, изјави денеска првиот потпретседател на владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџети на настан во Вашингтон. -Нашата економија треба да […]

Приведени двајца жители кои сакаа да ја обноват црквата во гостиварско Галате


По обидот на десетина граѓани да се сретнат со општинските власти во Врапчиште и да добијат објаснување околу прекинот на работите на уредувањето на дворот околу црквата Св. Петка, полицијата презела мерки и привела две лица. По извршениот разговор во полициската станица, еден од приведените објави фотографија дека околу 20.30 е пуштен на слобода. Портпаролот […]

ФБИ: Американците лани изгубиле повеќе од 5,6 милијарди долари во измами поврзани со криптовалути


 Американците лани загубиле повеќе од 5,6 милијарди долари како резултат на измамнички шеми со користење на криптовалути или 45 отсто повеќе отколку во 2022 година, се наведува во извештај на Федералното истражно биро (ФБИ). ФБИ лани добило речиси 70.000 жалби од жртви на финансиски измами со користење на биткоин, етер и други криптовалути. – Децентрализираната […]

Во Италија, поради затоплувањето на морето, планираат да одгледуваат бисери


Во италијански води наскоро би можеле да се одгледуваат бисери, за прв пат, бидејќи одгледувачите на школки се обидуваат да ја искористат неочекуваната можност што се појави со затоплувањето на Медитеранот. На крајот на 2023 година, првите примероци на бисерната школка (Pinctade radiate), припитомени во Црвеното Море, беа забележани во Заливот на поетите, популарна туристичка […]

Дуда и Стуб: Русија е закана број еден за регионот


 Претседателите на Полска и на Финска, Анджеј Дуда и Александар Стуб денеска во Варшава се согласија дека Русија претставува најголема опасност за нивните земји и безбедноста на целиот регион. – Имаме историско искуство со Русија и ја гледаме Русија како безбедносна закана број еден во нашиот регион. Финска и Полска не се корисници, туку доставувачи […]

Притвор од 30 дена за седумчлената организирана криминална група за криумчарење мигранти


Судот ги прифати предлозите на Јавното обвинителство за изрекување на 30-дневен притвор на седумчлената организирана криминална група која се сомничи дека на територијата на државата извршувала кривични дела криумчарење на мигранти. Како што соопштуваат од Јавното обвинителство, акцијата со кодно име „Кипер“ е резултат на предистражна постапка што се спроведувала од септември 2023 година до […]

Божиновска на конференција за енергетска безбедност: Зелената транзиција не е пожелна, туку е неопходна


Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска учествуваше на 9. издание на Годишната конференција за енергетска безбедност на Централна и Источна Европа, организирана од Глобалниот енергетски центар на Атлантскиот совет, во Вашингтон, каде како еден од говорниците на конференцијата, заедно со американски и европски претставници за енергетика, дала свој осврт на темите од […]

Италија ги чека македонските предлози за преговарање со ЕУ


  Италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, порача денес од Скопје дека дека Европската унија мора да ѝ подаде рака на Македонија, ако не, тоа ќе го направат Кина и Русија. Тајани денеска беше во посета на земјава како прв шеф на дипломатијата од Европската унија по изборот на новата влада, при што имаше […]

Владата го избра новиот состав на Историската комисија, Ванчо Ѓорѓиев претседател


  Побрзо од најавеното Владата на затворена седница го избра новиот состав на Комисијата за историски прашања со Бугарија. За претседател е назначен Ванчо Ѓорѓиев, професор на Факулетот за историја во Скопје. Ѓорѓиев порано беше член на комисијата, но ја напуштио во 2021 тврдејќи дека имало политички притисоци во нејзиното работење. Во новата комисија нема […]

Најмногу дожд во Ѓуриште и Велес, променливо и дождливо време во текот на целата недела


Најмногу дожд денеска наврнало во Ѓуриште – 24 л/м2, а по дождот има пад и на температурите на воздухот. Па така најтопло денеска беше во Охрид, Битола и Кавадарци каде се измерени 22 степени. Дождливото време ќе продолжи до крајот на неделава.  До 17 часот во Велес наврнаа 11 л/м2 дожд, во Гевгелија – 9, […]

Кредитот од Унгарија ќе се отплаќа до 2039 година, еве ги деталите


  Предлог законот со кој Македонија ќе се задолжи 500 милиони евра кај Унгарската експорт – импорт банка влезе во собраниска процедура и тој, како што образлжува Владата, ќе биде во скратена постапка. Каматната стапка на кредитот е 3,25 отсто, а рокот на отплата е 15 години со вклучени три години грејс период, стои во […]

Работна група ќе изнаоѓа трајно и стратешко решение за катната гаража кај Собранието


Ќе се формира работна група за изнаоѓање трајни и стратешки решенија за катната гаража кај Собранието. Во соопштението на прес-службата се посочува дека во Собранието е одржана средба со претставници на државните институции во врска со гаражата на првиот кат. -Денес, во Собранието за првпат се одржа средба помеѓу претставници на државни институции кои разговараа […]

ЗЕЛС покренува иницијатива за законски измени за изрекување енормни глоби за создавачите на диви депонии


 ЗЕЛС покрена Иницијатива за законски измени за изрекување енормни глоби за создавачите на диви депонии. Ова било договорено на денешната седница на Управниот одбор на ЗЕЛС, одржана во Кавадарци.  – Имавме значајна средба од повеќе аспекти. На овој состанок, се начнаа повеќе теми од кои како најважна би ја издвоил иницијативата за законски измени за […]