ВРЕДИ: На четири тендери во општина Липково исплатени близу еден милион денари на фирма на внукот на Азири


 Коалицијата Вреди и денеска на прес-конференција продолжи да објавува информации за тендери поврзани со фирми на семејството на пратеникот Елми Азири од Европскиот фронт. -Вчера објавивме информации за тендерите кои фамилијарно поврзаната фирма на пратеникот Елми Азири ги добила од Министерството за политички систем и односи со заедниците, во времето на главниот логистичар на ДУИ, […]

Во Србија се подготвуваат касарни, униформи… Воениот рок ќе трае 75 дена


Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ денеска изјави дека Владата му наложила на Министерството за одбрана итно да подготви измена на Законот за укинување на суспензијата на воениот рок, „така да одиме кон седница на Собранието за да го вратиме воениот рок“, јави дописникот на МИА од Белград. – Мислам дека в петок ќе имаме седница […]

Тошковски го отвори 23. Меморијален турнир во чест на бранителот Бобан Трпков


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Драчево го отвори 23. Меморијален турнир во чест на Бобан Трпков, македонски бранител кој загуби својот живот во конфликтот во 2001 година. Покрај тоа, Тошковски положи и цвеќе на неговата биста која се наоѓа пред истоимената месна заедница „Бобан Трпков“ во населба Драчево. -Во негова чест денес […]

Кочанчанецот кој изврши обид за убиство и побегна уапсен на Табановце


Кочачанецот кој вчера изврши обид за убиство и побегна од местото на настанот бил лишен од слобода на граничниот премин „Табановце“, информираат од Министерството за внатрешни работи. – На 14.09.2024 во 06.30 часот на Граничен премин Табановце М.Н. бил лишен од слобода од страна на полициски службеници, постапувајќи по претходна пријава од В.А. (38) од […]

Приведен маж од Валандово кој запалил возило на сограѓанин


Полицијата денеска привела 35-годишен маж од Вландово кој запалил возило на сограѓанин.  На 14.09.2024 во 22.20 часот во Валандово полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишиле од слобода З.К.(40) од Валандово поради сомнение дека околу 21.40 часот во Валандово подметнал пожар на патничко возило „опел“ со валандовски регистарски ознаки, сопственост на Д.Б. (35) од […]

Албанија за половина година привлекла рекордни 749 милиони евра странски инвестиции


Во првата половина на годинава Албанија забележала рекорден износ на странски инвестиции или 749 милиони евра што за 55 милиони повеќе во споредба со истиот период минатата година и 113 милиони евра повеќе во споредба со 2022 година, објави Централна банка на Албанија. Според истиот извор само во вториот квартал, странските директни инвестиции се проценети […]

Вечерва во прекин сообраќајот на патниот правец Куманово – Лопате


Сообраќајот на патниот правец Р-2133 Куманово – Лопате од вечерва во 22:00 часот до утре во 5:00 часот изутрина ќе биде во целосен прекин поради изведување градежни работи од градежната компанија „Штрабаг“, по што ќе биде пуштен во редовен тек, информира АМСМ. Оттаму посочуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви […]

Борел и Шуица: Мора да работиме на зајакнување на демократиите и потиснување на обидите за нивно уништување


Европската Унија останува цврста во својата заложба да ја зајакне и брани демократијата и во и надвор од нејзините граници, се вели во заедничката изјава на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел и потпретседателката на Европската комисија за демократија и демографија Дубравка Шуица по повод Меѓународниот ден на демократијата – […]

Моќта на градоначалниците треба да се ограничи, вели градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски


Здружението на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) ќе работи на измени во Законот за локална самоуправа со цел механизам за смена на градоначалник. Преголема е моќта на градоначалниците и таа треба да се ограничи, изјави претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски. – Сега е најизразен проблемот во Скопје. Утре ден […]

Украинската ПВО соборила 14 руски дронови, а руската армија соборила 29 украински беспилотни летала


Украинската противвоздушна одбрана синоќа собори 10 руски дронови и една ракета, од вкупно 14 беспилотни летала кои биле насочени кон Украина. Руската армија истрела две балистички ракети „Искендер М“ и една наведувачка ракета „Кх-59“ во јужната Одеска област. Во соопштението на украинската армија се наведува дека ракетата била уништена, но не е објавено дали биле […]

Хамилтон и Окон ќе стартуваат од боксот на Големата награда на Азербејџан


Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон и Естебан Окон од Алпин ќе стартуваат од боксот поради промена на моторот на трката за Големата награда на Азербејџан во Формула 1, објавено е денеска на официјалната веб-страница на натпреварувањето. Хамилтон вчерашните официјални квалификации ги заврши на седмото место, но поради промената на погонската единица ќе мора да стартува […]

„Светот изгледа како совршено место“: Членовите на историската мисија „Спејс икс“ слетаа на Земјата (видео)


Екипажот на Polaris Dawn на „Спејс икс“ (SpaceX) се врати на Земјата по пет дена во орбитата, по историската мисија која ја вклучи првата приватна вселенска прошетка во историјата. Капсулата Dragon се спушти во морето во близина на брегот на Флорида пред околу 40 минути, јавува ББЦ. „Добредојдовте назад на Земјата“, објави SpaceX на X. […]

Европските училишта ја ограничуваат употребата на мобилни телефони поради здравствени причини


Како што дигиталната технологија станува сѐ по присутна во животите на младите, европските земји сѐ повеќе се загрижени од прекумерната употреба на мобилни телефони, социјални медиуми и други форми на дигитална комуникација, додека некои гледаат да ја забранат или ограничат употребата на мобилните телефони во училиштата.  Неодамнешни истражувања укажаа на алармантната врска помеѓу прекумерното време […]

Циклонот „Борис“ прави пустош низ Европа, има загинати


Едно лице загина во поплавите во јужниот дел на Полска, а во надојдената вода во источна и северна Чешка четири лица се водат како исчезнати. Илјадници луѓе во Полска и во Чешка се евакуирани поради поплавите предизвикани од циклонот Борис, а оваа временска непогода предизвика големи штети и во други земји. Во Австрија, пак, на […]

Возилата „Грин Машинс“ на БРАКО на саем во САД (фото)


  На саем во САД, БРАКО ги изложи своите електрични возилата за чистење Грин Машинс, претставувајќи ги пред претставници на локалните власти и специјализирани комунални претпријатија од сите сојузни држави на настан во Атланта, Џорџија. Станува збор за најпознатиот саем за комунални работи во САД „Public Works Expo “, кој беше посетен од одговорните лица […]

Погледнете што направи Меси по пауза од два месеци


  Интер Мајами ја победи Филаделфија Унион со 3:1 во МЛС натпревар одигран ноќта од сабота кон недела. Јунак на натпреварот беше Лионел Меси (37), кој постигна два гола и асистираше за третиот. Микаел Ухре ја доведе Филаделфија во предност во втората минута. Но, тогаш настапи  Меси, за кого тоа беше прв натпревар по 62 […]

На Попова Шапка утрово измерени три степени, не беше многу потопло ниту во Берово, Лзарополе …


 Утрово најниска температура е измерена на Попова Шапка три степени, во Берово и во Лазарополе четири, во Крива Паланка пет, во Маврови Анови и Крушево шест, во Скопје-Петровец, Прилеп и Куманово осум степени, во Скопје-Зајчев Рид, Претор, Штип, Демир Капија, Виница, Струмица, Кавадарци и Велес девет степени, во Тетово, Охрид, и Битола 10 и во […]

Кочанчанец доби 30 дневен притвор, со нож се обидел да убие човек што му продавал мобилен


Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство според член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. На осомничениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.  Како што соопшти ОЈО, на […]

Римските броеви на градскиот часовник во Битола, зошто бројот четири привлекува внимание


Градскиот часовник во Битола, најмаркантното архитектонско обележје на градот, културно историски споменик со непроценлива вредност, континуирано е најпривлечната локација за туристите од светот. Фотографиран од секаков агол и во секое време од денот од страна на туристите кои се информираат дека е ѕидан од кршен камен пред околу 350 години и дека во малтерот се […]

Железничка несреќа во Египет, загинаа три лица од кои две се деца, има и 49 повредени


Три лица загинаа во вчерашната железничка несреќа во северниот дел на Египет, а 49 се повредени, соопшти Министерството за здравство. Помеѓу загинатите две се деца. Несреќата се случила кога два воза се судриле во провинцијата Шаркија, на околу 80 километри северно од Каиро. Железничка мрежа на Египет, една од најголемите земји во Африка, е застарена […]