Џоди Фостер се врати на сцената – освои „Еми“ по два Оскари


Џоди Фостер го освои својата прва Еми. Фостер, која освои два Оскари за најдобра женска улога за „The Accused “ и „he Silence of the Lambs“, конечно триумфираше на ТВ-оскарите кога се најде во категоријата за најдобра главна женска улога во ограничена серија или антологиска серија или филм. Фостер, која ја доби наградата за нејзината улога […]

Ја јадете оваа намирница секој ден и не сте знаеле дека можете да ја закиселите: Супер здрава зимска закуска која е речиси бесплатна


Кога подготвуваме зеленчук за туршија, никогаш не помислуваме на храна која секојдневно се користи во кујната на нашите простори, а има бројни здравствени придобивки. Во овој период од годината најчесто се подготвува туршија во која ќе уживаме во наредните месеци, а најчесто на нашите простори во оставата се пакуваат кисела зелка, краставици и карфиол, а […]

Сезоната на Охридското Езеро без позначајни нарушувања на безбедноста на капачите и несреќи


Во текот на летната туристичка сезона, полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, (Езерска полиција), оствари стабилна и поволна безбедност во водите на Охридското езеро. Немаше регистрирани позначајни нарушување на безбедноста на капачите вдолж охридското и струшкото крајбрежје, не се пријавени пловидбени несреќи и немаше случаи на давеник во езерските води. Полициските службеници од Езерската […]

Повторно уапсен познатиот српски актер Сергеј Трифуновиќ


Познатиот српски актер Сергеј Трифуновиќ (51) очигледно не го исплатил целиот долг кон хрватската држава за скандалозното однесување по неговото апсење на 8. септември минатата година во Сплит, кога беше приведен поради неговото куче. Тогаш го пријавија граѓаните бидејќи на една плажа го држел својето куче без надзор, што ги вознемирило присутните. Имено, Трифуновиќ вчера […]

Промоција на „Костимот во Македонија“ од Зорка Тодорова-Младеновиќ  на  „Браќа Манаки“


Фотомонографијата „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова-Младеновиќ ќе биде промовирана на 23 септември (понеделник), во 18 часот, во КЦ „Магаза“ во Битола. Настанот е  во рамките на „Олабај“ – офф-програмата на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Промоторка на книгата ќе биде Наде Геневска-Брачиќ, етнолог и кустос-советник во […]

Јапонија има повеќе од 95.000 стогодишници. Повеќето се жени


Јапонија има нов рекорд за долговечност со повеќе од 95.000 луѓе на возраст од 100 или повеќе години, од кои речиси 90 отсто се жени, покажуваат владините податоци. Тие укажуваат на демографска криза што ја погодува четвртата по големина економија во светот, чие население старее и опаѓа. Јапонија на 1 септември имала 95.119 стогодишници, 2.980 […]

„Пари“: Како функционира железничкиот сообраќај – патниците не ѝ дадоа ниту тројка на железницата


Ако во 2018 година сме имале 540.066 патници во железничкиот сообраќај, лани нивниот број е преполовен – превезени се 280.440 патници. Состојбата се пресликува и во реализираните возни километри во патничкиот сообраќај. Пред 5 години биле реализирани речиси 1,3 милиони километри, а лани само 597.000 километри, покажуваат податоците од извештајот на Агенцијата за железнички сообраќај. […]

Марта Кос од Словенија предложена за еврокомесар за проширување


Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денес ги објави имињата на кандидатите за еврокомесари, а портфолиото „проширување“ го доби Марта Кос од Словенија. Иако имаше најави дека позицијата за проширувањето ќе има висок профил во овој мандат  и  дека еврокомесарот за проширување ќе биде и потпретседател на Европската комисија, од овој список испаѓа […]

Ќе се најде ли решение за есенската потрошувачка кошница


Се бара решение за есенската потрошувачка кошница со кое ќе им се помогне на граѓаните, но нема да бидат оштетени ниту производителите, ниту трговците. Од Министерството за економија велат дека министерот веќе имал средби и дека ќе бидат слушнати предлозите од сите страни. Предлозите од Министерството за економија ќе бидат доставени до Владата и разгледани […]

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, како последица на вирусот починале четири лица


Во периодот од 9 до 15 септември во земјава се регистрирани 57 нови случаи на SARS-CoV-2, пријавени се четири починати лица – две во Скопје и по еден во Битола и Тетово, сите над 70-годишна возраст и невакцинирани, се посочува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје.  Од 9 до 15 септември тестирани се […]

Почнува ЛШ во новиот формат, во првото големо дерби Милан домаќин на Ливерпул


Со шест натпревари вечерва стартува воведното коло во фудбалската Лига на шампиони (ЛШ) во новиот формат. За прв пат од ребрендирањето на ЛШ ќе учествуваат 36 клубови, а ќе се одиграат осум кола, во термините од 18:45 и 21 часот. Во секое коло ќе се играат по 18 натпревари, распределени во три денови, од вторник […]

Борис Бекер се ожени по трет пат во Портофино


Легендата на германскиот тенис Борис Бекер се ожени со својата долгогодишна девојка Лилијан де Карваљо Монтеиро на церемонија во саботата во италијанскиот крајбрежен град Портофино, изјави неговиот адвокат во неделата за ДПА. Свадбените фотографии објавени од Vogue ја прикажуваат невестата во бел фустан и вел на рамо, а младоженецот во јакна од костум во крем […]

Димитров и Ѓоковиќ со хуманитарен меч во Софија


Бугарскиот најдобар тенисер Григор Димитров и поранешниот машки светски рекет број 1 Новак Ѓоковиќ ќе се соочат во хуманитарен натпревар. Средбата е денеска во 19 часот македонско време и ќе се одржи во салата „Арена Софија“ во главниот град. 33-годишниот Димитров се загреваше за мечот со Србинот во родното Хасково, каде што тренираше викендов. Тој […]

Храмот на Посејдон во близина на Атина доби ново осветлување по 20 години


Атина – Новото, обновено осветлување на храмот на Посејдон, што се наоѓа во Сунион, во близина на Атина, доцна синоќа беше свечено презентирано во присуство на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, претседателот на Парламентот Константинос Тасулас и министерката за култура Лина Мендони, јави дописничката на МИА од Атина. Претходното осветлување беше од 2004 година, а од […]

Пријавете дупка на улица во вашето маало во Центар


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги повика граѓаните да пријавуваат дупки на улиците со цел истите да бидат санирани. Граѓаните тоа може да го направат преку пријавување на телефонскиот број 076381673 секој работен ден од 8 до 16 часот. „Верувам дека овој начин на комуникација ќе донесе поголеми и побрзи резултати за граѓаните. Ние […]

Објавен извештај на Комисијата на ЕУ: Туризмот драстично ќе се промени


Зачестеноста на различни кризни ситуации во Европа е зголемена во последните години, вклучително и оние поврзани со климатските промени, новите заразни болести и војната, се вели во извештајот на Европската комисија за патувања. Особено, пандемијата на Ковид го парализираше туристичкиот сектор на ЕУ, а компаниите и заедниците кои зависат од туризмот потоа претрпеа голем притисок […]

„Танец“ на балканска турнеја


Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ во четврток заминува на балканска турнеја чие мото е „ТАНЕЦ – 75 ГОДИНИ МАКЕДОНСКИ КОД“!  Во рамки на турнејата „Танец“ ќе има концерти во Подгорица, Љубљана, Загреб и Бања Лука. -Публиката во регионот, секогаш знаела да ја цени извонредноста на Танец и со сигурност нестрпливо ги очекува […]

Нина Бадриќ со концерт во Филхармонија на 27 октомври


Регионалната поп-ѕвезда  од Хрватска и миленичка на македонската публика Нина Бадриќ се враќа во Скопје со концерт по пауза од цели шест години. “Ви благодарам што одвоивте време денес кога е викенд, веројатно би биле со своите дома, благодарам уште еднаш што сте тука. Нема многу да ве задржиме. Она што ми е драго што […]

БГНЕС: Комичниот Мицкоски во балетска поза „трепни да те лажам“


Македонската опера и балет на 13 септември со „Набуко“ ја крена на нозе бугарската публика во Софија. Овде големиот композитор Верди ја раскажува судбината на Евреите заробени и протерани од вавилонскиот крал Навуходоносор II. Денеска сме сведоци на уште една библиска епопеја, вистинска трагедија со македонски протагонисти. Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, професорката-претседателката Гордана […]

Во Хрватска, од Нова година ќе се плаќа и за ќесите за овошје и зеленчук


Од 1 јануари 2025 година, во Хрватска, ќе се наплаќа такса за лесни пластични кеси кои се наоѓаат во ролни главно во одделите за овошје и зеленчук во продавниците или на штандовите на пазарите. Ова утрово во емисијата Добро јутро, Хрватска на ХРТ го потврди Сања Радовиќ, раководител на Секторот за управување со отпад во […]