ЕСМ купува струја на слободниот пазар


ЕСМ Продажба овој период објави отворен повик за рамковен договор за купопродажба на електрична енергија на слободниот пазар, поради затекната состојба во која се наоѓаат постојните домашни капацитети во државна сопственост. Поради ненавремено завршени летни ремонтни активности во РЕК Битола и РЕК Осломеј и ниската кота на хидропотенцијалите чии акумулации се под просекот за овој […]

„Да правам скандал или не“: Сиљановска објаснува какви дилеми имала во Софија


  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова синоќа во интервју за Сител се обиде да разјасни некои од опскурните моменти од нејзината посета на Софија и и резултатот остана само во обид. Таа го претстави нејзиниот пристап разговорот со бугарскиот шеф на државата Румен Радев како „претседателски и државнички“, што е прв пат некој во Македонија за себе […]

Еден милион луѓе загинаа или се ранети за време на војната во Украина


  За време на војната што ја започна Владимир Путин во Украина, најмалку 1 милион луѓе се убиени и ранети. Бројот на загинати се приближува до 300.000. Двете страни во конфликтот не даваат официјални податоци за борбените жртви. Тајната украинска проценка претходно оваа година вели дека бројот на загинати е околу 80.000, а ранетите 400.000, […]

Муцунски на средба со Агелер пред заминувањето во Брисел и Њујорк


Евроинтеграциите, потребата од забрзување на економскиот развој, подобрување на владеењето на правото и борбата против корупцијата биле во фокус на денешната средба меѓу министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски и американската амбасадорка Анџела Агелер. – Разговаравме за претстојното Генерално собрание на ООН, нашите евроинтеграции и потребата од забрзување на економскиот развој, подобрување на владеењето на […]

Паркот наспроти општина Кисела Вода ќе добие нов лик


Темелно се реконструира паркот наспроти општина Кисела Вода.  – Продолжуваме со посветено и континуирано инвестирање во унапредување на јавниот простор и квалитетот на животот на нашите граѓани. На овој простор, поставуваме ново детско катче со 12 реквизити на површина од 400 метри квадратни. Старото и дотраено кое не беше во функција го заменуваме со ново и […]

Левица најави кривична пријава за Гаши за опструкциите околу законот за бранителите


  Од политичката партија „Левица“ најавија дека ќе поднесат кривична пријава против претседателот на Собранието, Африм Гаши, бидејќи иако има можност да ја свика седницата на собраниската Комисија за труд и социјална политика, демографија и млади на која треба да се разгледа Предлог-законот за бранители, но не го прави тоа. Пратеникот од „Левица“ Сашко Јанчев […]

Кој ќе го плати зголемувањето на пензиите?


За неколку дена пензионерите ќе добијат 2.500 денари поголеми пензии. Линеарното зголемување на пензиите, што значи дека сите се еднакви, популистичкиот метод е напуштен уште од времето на еднопартискиот систем, во Македонија го обнови владата на Никола Груевски. Неговите следбеници во ВМРО-ДПМНЕ сега повторно го воведоа овој нефер начин како пропагандна предизборна кампања. Се фалат […]

Во Шпанија уапсен еден од најбараните криминалци во Европа, Албанецот Харедин Фејзула


  Шпанија уапси еден од најбараните лица на листата на Еуропол и Интерпол, обвинет за водење на нарко-картел во Белгија и осуден во отсуство на 29 години затвор. Уапсениот е Харедин Фејзула на 58 години, а операцијата на 12 септември ја извела шпанската Цивилна гарда во една од областите на Мадрид, но таа дури вчера […]

Хируршките сали во Скопје за четири месеци ќе добијат компресорска станица, ќе ја први „Винора“ ДООЕЛ


Избрана е фирмата која треба да овозможи компресорска станица за хируршките сали во Клиничкиотцентар „Мајка Тереза“ во Скопје, а тоа е „Винора“ ДООЕЛ Скопје, која за четири месеци треба да ја заврши работата, информаираа попладнево од Министерството за здравство. Министерот за здравство Арбен Таравари, вчера рече дека за функционирање на хируршките сали би било најдобро […]

Нетанјаху размислува да го смени министерот за одбрана Галант


  Има информации дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху размислува да го смени својот министер за одбрана Јоав Галант. Водечките израелски телевизиски канали и веб-страници за вести објавија дека Нетанјаху, под притисок на екстремно десничарските коалициски партнери, размислува да го отпушти Галант и да го замени со поранешниот сојузник, кој стана ривал, Гидеон Сар, кој е […]

Жив човек нема пред бугарскиот конзулат во Битола


  БИТОЛА – Сликата од вообичаеното чекање на клупите пред бугарскиот конзулат во Битола за бугарски пасош сега ја нема. Денес е празно пред вратите на конзулатот и покрај ширум отворената врата од објектот. Порано, пред некоја година, особено за периодот на корона кризата апликантите за бугарски пасоши правеа големи гужви со долгите редици и […]

Љутков: Културните и креативните индустрии можат да бидат моќен двигател на економијата


  Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска во Музејот на македонската борба се обрати на седмото издание на конференцијата „Културните и креативните индустрии: предизвик за туризмот, културното наследство и економијата“, во организација на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Поздравувајќи ја организацијата на конференцијата, Љутков рече дека […]

Амазон ќе ги враќа работниците во канцеларија


Извршниот директор на Амазон, Енди Џеси најави дека компанија бара од своите вработени да се вратат во канцеларија со полно работно време. Досега вработените во Амазон досега важеше правило дека во текот на неделата треба да поминат најмалку три дена во канцеларија. Според Џеси, укинувањето на хибридниот модел бил дизајниран за подобрување на соработката и […]

Андоновски: Се уште сме на почетокот во градењето на отпорност кон сајбер нападите на критичните сектори


Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска имал воведно обраќање на осумнаесеттиот состанок на Работната група за сајбер безбедност на критичната инфраструктура (CICWG). Овој состанок, соопштија од Министерството за дигитална трансформација, е дел од Програмата за дигитализација и отпорност на критичната инфраструктура (CIDR), иницијатива поддржана од УСАИД, фокусирана на зајакнување на сајбер безбедноста во клучните […]

ИДЕА: Демократијата во слободен пад осум години по ред


Меѓународниот Институт за демократија и изборна помош (ИДЕА) соопшти дека минатата година регистриран е најголем пад на кредибилни избори и парламентарниот надзор во речиси половина век, поттикнати од заплашувањето на владите, странското мешање, дезинформациите и злоупотребата на вештачката интелигенција во кампањите. ИДЕА истакнува дека кредибилитетот на изборите е под закана бидејќи одѕивот се намалува, а […]

Битолската електрана останува еден од најголемите загадувачи во Европа со сулфур диоксид


Според шестата едиција на извештајот „Усогласи или затвори“ од Bankwatch објавена денес (1), за во изминатата 2023 година, континуираното занемарување на должностите за спроведување на законите од страна на владите, повторно донесе зголемување на загадувањето со сулфур диоксид (SO2) од застарените термоелектрични централи од Западен Балкан. Загадувањето со прашина и азотни оксиди (NOx) од електраните […]

Левица бара црвени таблички, GPS локатори и лимит за службените возила


Политичката партија Левица бара да се воведат црвени таблички и лимит за службените возила. „Вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, и покрај тоа што во својот анкетен лист има пријавено 5 сопствени возила, забележан е како користи службено возило за партиски потреби, продолжувајќи ја праксата воспоставена од Артан Груби, а унапредена од свадбарот Африм Гаши […]

Почна расправата за Предлог-законот за заемот од Унгарија


Собранието денеска на продолжение на 14. седница почна расправа по Предлог законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем од половина милијарда евра од унгарската Влада, по скратена постапка. Собраниската Комисија за финансирање и буџет на 13 месецов го даде на натамошна постапка Предлог-законот за заемот од Унгарија. Вкупниот износ на заемот од Унгарската […]

УЈП бара фискални сметки и на „Пастрмајлијадата“


Управата за јавни приходи-регионална дирекција Штип ги повикува угостителите, односно правните лица, кои ќе имаат штандови на претстојната манифестација „Пастрамајлијада“ на 20 и 21 септември да си обезбедат мобилни фискални каси. Маре Данкова, виш даночен изврштел во УЈП-Штип денеска изјави дека угостителите треба да имаат и налепници, а граѓаните да бараат фискални сметки за да […]

„Балансерот“ утре на седница на Уставниот суд


  Предметот за „балансерот” кој е оформен по поднесена иницијатива од стариот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), утре е на дневен ред на седницата на Уставниот суд. – Оспорени се член 19 став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“ од Законот за вработените во јавниот сектор, член 36 став […]