Презентација на резултатите од истражувањето за нелегални шумски активности


Презентацијата на резултатите од истражувањето за нелегални шумски активности спроведено во рамките на проектот „Борба против нелегални шумски активности“ кој го спроведува ЗГ РЕФОРД, во соработка со US Forest Service, ќе се одржи денеска од 10:30 часот во хотел „Панорамика“. Како што информираат од 3Г РЕФОРД, во рамките на проектот било реализирано истражување на јавното […]

Земјоделците од Бугарија, Германија, Естонија, Италија и Романија ќе добијат 120 милиони евра од ЕУ заради штетите од временските непогоди


Европската комисија предложи од т.н. земјоделски резерви на ЕУ да се одвојат 119,7 милиони евра како директна поддршка за земјоделците од Бугарија, Германија, Естонија, Италија и Романија, кои беа погодени од исклучително неповолни климатски настани во текот на пролетта и почетокот на летото оваа година.  Според предлогот на ЕК, во знак на солидарност 10,9 милиони […]

Сообраќајот тековно, нема подолги задржувања на граничните премини


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на […]

Без вода неколку улици во Гази Баба и Центар


Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известуваат дека денеска без вода ќе бидат неколку улици во општините Центар и Гази Баба.  Поради  дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-150 мм во парк шума Гази Баба, од 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: „16-та Македонска Бригада“, „Трифун […]

Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство ќе презентира два нови извештаја


Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство денеска ќе ги презентира извештаите за сексуално насилство преку слики и дипфејк технологија, со акцент на компаративна анализа и препораки за унапредување на правната рамка во Република Северна Македонија, како и извештајот кој ги разгледува предизвиците на концептот на заедничко родителство и неговото усогласување со најдобриот […]

Дурмиши на конференција на министри за економија во рамки на Берлинскиот процес


Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска ќе учествува на конференција на министри за економија во рамки на Берлинскиот процес што се одржува во Берлин, Сојузна Република Германија. Како што информираат од Министерството за економија и труд, Дурмиши со колегите министри за економија од земјите од Западен Балкан на бизнис форум ќе дискутираат на […]

Променливо облачно, попладне повремен пороен дожд


 Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Претежно во западните делови и особено од пладневните часови ќе има локална појава на повремен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од […]

Промоција на Националната кампања на ХЕРА „Во ист ритам“


 Националната кампања „Во ист ритам“ во организација на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација со поддршка на Холандската амбасада во Северна Македонија ќе биде промовирана денеска во просториите на Европска куќа со почеток во 12 часот.  Кампањата има за цел да ги промовира демократските вредности и процеси, да ја информира јавноста за придобивките од родово […]

Калифорнија ја тужи „ЕксонМобил“дека манипулирала со јавноста за рециклирањето на пластиката


Сојузната држава Калифорнија поднесе тужба против ExxonMobil со обвинување дека со децении ја доведувала јавноста во заблуда за ефикасноста на рециклирањето на пластиката. Ова е прва ваква тужба против нафтено-енергетска компанија. Тужбата тврди дека ExxonMobil, втора по големина нафтена компанија во светот и прв светски производител на полимери, главните состојки за изработка на пластични производи, […]

Муцунски многу задоволен од разговорите со Герапетритис


  Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денешната средба со неговиот грчки колега Јоргос Герапетритис ја оцени како одлична, позитивна и конструктивна. На средбата која се одржа во просториите на Мисијата на Грција во ОН во Њујорк, било отворено прашањето и за примена на Преспанскиот договор. „Сметам дека во духот на добрата верба и во […]

Би-Би-Си: Израел игра многу опасна игра, копнената инвазија изгледа неизбежна


Мрежите на Хезболах се тешко оштетени, неговите борци се осакатени, неговото раководство е убиено, а неговата воена инфраструктура е под постојано бомбардирање. Хезболах се соочува со најголемата криза во последните четири децении, пишува Би-Би-Си во анализа на ситуацијата во Либан. Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант вели дека кампањата на Израел да го нападне Хезболах […]

Делови од Чаир, Бутел, Ѓорче Петров и неколку скопски села утре без струја


Корисниците од населбите Топанско Поле, Чаир, Бутел, Визбегово и Индустриската зона – Визбегово утре од 6:00 до 7:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Утре од 8:30 до 12:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од населените места Кожле, Бадар, Катлановско Блаце, како и тунелот Катланово на автопатот Велес – Скопје, а […]

Силен дожд и поплави во Англија, наставата откажана, многу патишта се непроодни


Обилни врнежи и поројни поплави погодија делови од Англија и Велс предизвикувајќи прекин на сообраќајот и материјална штета. Патишта и куќи се поплавени во централна и јужна Англија, а во некои области во текот на ноќта врнеше дожд колку што врне за еден месец. ⚡ 🇬🇧 | Significant Flooding Hits Dunstable Continuous heavy rainfall and […]

Галант: Илјадници ракети на Хезболах се уништени во офанзивата во Либан


Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант вечерва изјави дека израелската офанзива во Либан уништила десетици илјади ракети од арсеналот на Хезболах. За време на проценката на ситуацијата со воените команданти, Галант рече дека резултатите од израелската воздушна кампања се „исклучително импресивни“. -Денес е значаен момент. На овој ден онеспособивме десетици ракети и прецизна муниција. Тоа […]

Иран го обвини Израел дека се обидува да предизвика поширока војна на Блискиот Исток


Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан го обвини Израел дека се обидува да предизвика поширока војна на Блискиот Исток. Пезешкијан им рече на група претставници на медиумите собрани на Генералното собрание на ОН во Њујорк дека Израел „поставува замки“ за да го вовлече Иран во поширок конфликт. Израел изведе серија воздушни напади врз Либан денеска, велејќи дека […]

Повеќе од 25.000 мигранти го прешле Ламанш до Британија од почетокот на годината


Повеќе од 25.000 мигранти стигнале на британскиот брег од почетокот на 2024. година, покажуваат официјалните податоци објавени денеска. Оваа година е особено тешка поради бројот на настраданите, при што 46 лица загинале во обидот да го преминат Ламанш во несигурни чамци. Повеќе од 1.400 мигранти тргнале од Франција и го преминале Ламанш во текот на […]

Сарацин идната недела повторно во Косово, ќе учествува на вториот Германско-косовски економски форум


Германскиот пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин идната недела повторно ќе престојува во Косово, каде што ќе учествува на вториот Германско-косовски економски форум што ќе се одржи во косовската престолнина на 2 и 3 октомври, јави дописникот на МИА од Приштина. Покрај Сарацин, како што соопшти Германско-косовската стопанска комора, на форумот ќе учествува и пратеникот […]

Најпознатите светски компании обвинети за кршење на човековите права


Некои од најголемите светски компании, како „Амазон“, „Тесла“, „Мета“, „Блекстоун“ се обвинети за поткопување на демократијата ширум светот со финансиска поддршка на екстремно десничарските политички движења, финансирање и влошување на климатската криза и кршење на синдикалните и човековите права, се вели во извештајот објавен од страна на Меѓународната конфедерација на синдикати. Така, „Амазон“, петтиот по […]

Зошто сунѓерите за миење садови се прават во различни бои?


Поединечните бои на сунѓерите не биле случајно избрани. Секоја боја треба да претставува различно ниво на абразивност. Денес, кога домаќинствата бараат ефикасни начини да ги одржат своите домови чисти, изборот на вистинските додатоци за миење садови станува неочекувано важен. Многумина од нас не сфаќаат дека дури и нешто толку едноставно како сунѓер за садови може […]

Единственото море на светот без плажа (ФОТО)


Има само едно море на Земјата што не ја допира копното. Во бескрајните пространства на Атлантскиот Океан се наоѓа Саргасово Море, уникатен природен феномен познат по тоа што е единственото море во светот што нема плажа. Ова необично море, кое го привлече вниманието на научниците, истражувачите и морнарите со својата мистичност и специфичност, е опкружено […]