Мицкоски oчекува намалување на цените од најмалку 10 проценти, договореното да се почитува


Очекувам тоа што е договорено да биде и почитувано. Мерката треба да стартува денеска и очекувам намалување од најмалку 10 проценти, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, во однос на стапувањето во сила на ограничените профитни маржи за 73 прехранбени производи од есенската потрошувачка кошница.  За реакциите од граѓаните дека дел од маркетите ги покачиле цените […]

„Пијан Славеј“ на летната сцена „Славиша Кајевски“ нa МНТ


 На летната Сцена „Славиша Кајевски“ на Македонскиот народен театар (МНТ) вечер ќе настапи „Пијан Славеј“, музичко-поетски формат на Бранислав Николов од групата „Фолтин”, заедно со Пеце Трајковски, Славчо Јовев, Андреа Мирческа и Гоце Јованоски со нивната нова македонска шансона, која го осовременува стариот вкус на музичката поезија од шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век. […]

Во Скопје следната недела дводневен Eкономски форум на жени лидерки


Повеќе од 250 жени лидерки и бизнисменки од земјава, Португалија, Црна Гора, Хрватска, Србија, Словенија, Австрија, Косово, Турција, Индија и Египет ќе учествуваат „Eкономски форум на жени лидерки – Women Economic Forum – Balkans 2024“, настан што ќе се одржи средната следа и четврток во Скопје во организација на Здружението на жени менаџери ЕЛИТ, Скопје […]

Стојанче Ангелов го подготвил законот за бранители што сега го напаѓа


  Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, објави денес дека законот за правата на бранителите, што го блокираат албанските владејачки партии во Собранието, а ВМРО-ДПМНЕ го гледа тоа со скрстени раце, го напишал Стојанче Ангелов од Достоинство во нејзиниот кабинет кога беше министерка за одбрана. Сега, пак, самиот го нарекува кукавичко јајце, а ВМРО-ДПМНЕ ја обвинуваат […]

СДСМ се горди дека биле визионери за терминалот во Александропулис


  Пред пуштањето во употреба терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во грчкиот Александропулис на 1 октомври 2024 година СДСМ потсетува дека македонското учество била бизионерска одлука на претходната влада. „Со овој проект, државата ќе обезбедува 500 милиони кубни метри гас годишно, што ја надминува годишната потрошувачка од 400 милиони кубни метри. Македонија ќе обезбедува […]

Професорот Ангелков и пет ученици од Кавадарци произведоа 30 прочистувачи за воздух


Професорот Димитрија Ангелков и пет ученици од Кавадарци произведоа 30 прочистувачи за воздух.  – Заедно со пет ученици средношколци, под мое менторство, произведени се 30 квалитетни антиполен карбон прочистувачи за воздух, наменети за во училишни  училници. Проектот AERO2 е за задоволување со прочистувачи на потребите на училиште,  преку проект UPSHIFT од здружение на граѓани ЛЕАД. […]

Најверојатно нема да има алкохол на СП 2034 во Саудиска Арабија


 Алкохолот најверојатно нема да се продава на Светското фудбалско првенство во 2034 година. Пиењето алкохол е нелегално во Саудиска Арабија. „Sky Sports“ забележува дека не се планира да се олабават законите навреме за Мундијалот по 10 години. – Ние сме домаќини на повеќе од сто спортски настани без алкохол, пречекувајќи три милиони навивачи. Тие си […]

Стефан Дечев: Со овој состав на македонската историска комисија не е важно кој е во бугарската!


  Радио Слободна Европа на бугарски јазик објави анализа на историчарот Стефан Дечев за работата на историската комисија на Македонија и на Бугарија оценувајќи генерално дека со смената на составот на членовите кај нас – веќе не е важно кој ќе биде во бугарската, бидејќи ќе се бранат национални интереси, а не историјата. Според него […]

Алексис Ципрас ќе добие награда за Преспанскиот договор


  Наградата за мир „Никос Никифоридис“ ќе му биде доделена на поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас во вторник, 24 септември 2024 година во 19 часот, во амфитеатарот „Милтијадис Еверт“ на Технополис во Атина. Ципрас ја добива наградата за неговата улога во изготвувањето на Преспанскиот договор, со кој се реши долгогодишниот спор меѓу Македонија и Грција. […]

СВР Битола поднесе кривични пријави против осум лица поради предизвикување пожари


СВР Битола до Основните јавни обвинителства во Битола, Прилеп, Ресен и Кичево поднесе кривични пријави против осум лица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување на општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик, сторени во периодот од 15.06.2024 до 23.09.2024. СВР Битола до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против Г.А.(75) од […]

Грим Вандекеркхов: Само во Битола големиот Данте Спиноти може да ви посака добар апетит


Само во Битола може големиот кинематографер и оскаровец Данте Спиноти да ви се доближи и да ви посака добар апетит и пријатна вечера, истакна на прес-конференција младиот кинематографер Грим Вандекеркхов, импресиониран од учеството на ИФФК „Браќа Манаки“. На заедничка прес-конференција, младите кинематографери Вандекерхов од Холандија и Сергеј Сарчевски од Северна Македонија, ги претставија своите филмски […]

Протестираат транспортерите на „Фени“, бараат исплата на над два милиона евра


Протестираат транспортери кои возеа за поранешно „Фени“, бараат исплата на два милиона и сто илјади евра. Ова го истакна , Трајче Пеовски, претседател на Здружението „Киперски транспортери“ – Кавадарци. На мирниот протест денеска во центарот на Кавадарци, транспортерите дојдоа со своите товарни возила.   Пеовски појасни дека ова е мирен протест на транспортерите кои возеа […]

„Бритиш ервејс“ ги откажа летовите за Тел Авив


Бритиш ервејс соопшти дека ги откажа своите летови до и од Тел Авив до среда. „Безбедноста е секогаш наш највисок приоритет и ги контактираме патниците за да ги информираме за нивните можности за патување“, се вели во соопштението на Бритиш ервејс. Веб-страницата за следење летови „Флајт Радар“ покажува дека и други авиокомпании ги откажале летовите […]

Изјави на премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров (во живо)


Изјава на премиерот Христијан Мицкоски по посетата на општина Ѓорче Петров каде присуствува на поставување камен-темелник за изградба на нова спортска сала во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“.

„Врне ли, врне“ – нова поетска книга на Ристо Лазаров


Книгоиздателството „Матица“  ја објави стихозбирката „Врне ли, врне“ од поетот Ристо Лазаров, негова 39-та поетска книга со која се одбележуваат 75 години живот на авторот и 50 години творештво.  -Најновата книга на Лазаров содржи вкупо 75 песни поместени во десет циклуси. Авторка на поговорот е Лидија Капушевска Дракулевска која посебно ја истакнува асоцијативноста на книгата […]

Делата на Светиев, Пандевска и Иванов премиерно во роденденската сезона на Филхармонија


Делата на композиторите Борис Светиев, Ана Пандевска и Филип Иванов се избрани на Конкурсот за откуп на музички дела од домашни автори кој го објави Македонската филхармонија во мај, оваа година.    Како што соопштија од Филхармонија, Комисијата составена од македонски композитори, музиколози, домашни и странски диригенти ги награди симфониските дела „Јубилејна фантазија“ на композиторот […]

Како македонското земјоделство да биде конкурентно: Еве што порача еврокомесарот Војчеховски


Приклучувањето кон ЕУ од аспект на земјоделството ќе донесе предизвици, но и многу можности. Мора да обезбедите одржливост на секторот, вашите синџири на исхрана треба да бидат конкурентни на европскиот пазар, но и во современите економии. Мора да ја подготвите јавната администрација преку засилување на контролните структури и управувањето, да осигурате дека тие ќе бидат […]

Ангеловска-Бежоска − Салас: Банкарскиот сектор во земјава е стабилен и сигурен


Банкарскиот сектор во земјава е стабилен и сигурен, што во голема мера се должи на политиките и макропрудентните мерки коишто ги носи Народната банка за одржување на финансиската стабилност. Ова беше посочено на средбата којашто се одржа помеѓу гувернерката на Народната банка и Хесус Сарина Салас, член на Единствениот одбор за решавање банки, институција при […]

Дали Алцхајмеровата болест е наследена од мајката или од таткото?


Генетскиот ризик за развој на Алцхајмерова болест е под посилно влијание од страната на мајката отколку од страната на таткото, покажа една неодамнешна студија. Во 2020 година, над 55 милиони луѓе ширум светот живееле со деменција, а Алцхајмеровата болест е најчеста форма. Пронаоѓањето начини за подобро дијагностицирање, лекување, па дури и спречување на деменција е […]