Судар на возови во Германија: 13 лица повредени, тројца во критична состојба


 На железничката пруга помеѓу Ксантен и Дуизбург, на западот на Германија, денеска дојде до судар на регионален воз со паркиран товарен воз, при што 13 лица се повредени, од кои тројца тешко, пренесува „Шпигел“. Според портпаролот на федералната полиција, регионалниот воз околу 7:30 часот удрил странично во паркираниот товарен воз на пругата. Полицијата испратила спасувачки […]

24 септември во историјата – Поразената Бугарија побара примирје во Првата светска војна


  На 24 септември 1918 година, владата на Бугарија издаде официјално соопштение во кое објави дека испратила делегација да бара прекин на огнот со сојузничките сили што ќе стави крај на учеството на Бугарија во Првата светска војна. Откако двете страни тајно ѝ се додворуваа како сојузник во првите месеци од војната, Бугарија одлучи во […]

Чудни бројки: За три години 1.800 судски случаи за обештетување на угината стока од дивеч во Битолско


  БИТОЛА – Сточари од битолскиот крај добиле обесшетување во стотици и стотици предмети за угинати домашни животни од дивеч, покажуваат бројките кои „Независен“ ги доби официјално од Основниот суд во Битола. Голема афера го тресе сточарството во Битолско за угинати говеда и пчели од мечка инволвирани во незаконски шеми за добивање отштета од државата […]

Филип Јотевски, Македонец од САД, стана важен играч во кампањата на Камала Харис


  Филип Јотевски, македонски Американец од првата генерација роден во Колумбус, Охајо, е именуван од кампањата на потпретседателката Камала Харис за вмрежување на дијаспората и еничките заедници. Неговото потекло е од Битола. Јотевски живее во Вашингтон, каде што работи во надворешната политика за Владата на САД. Јотевски е вклучен во мрежата на Демократската партија. Тој […]

Турција ја преполови набавката на руска нафта поради ремонт на рафинерија во Измир


Турција ја намали набавката на руска нафта за 50 отсто поради ремонт на рафинеријата СТАР во близина на градот Измир, според податоци објавени од аналитичката агенција Клер. Турскиот увоз на нафта од Русија во август изнесувал нешто помалку од 200.000 барели дневно, додека на почетокот на летото, месечната количина се движела меѓу 400.000 и 450.000 […]

Дали гладот ​​е најсмртоносното оружје во модерните конфликти?


Степенот на гладување на меѓународно ниво е доказ за нашиот колективен неуспех досега да ги исполниме нашите обврски кон нашите сограѓани, пишува готвачот Андрес Торес, основач на невладината организација Глобал Хуманитарија и сопственик и главен готвач на ресторанот Каса Нова со зелена ѕвезда Мишелин. Според него околу 783 милиони луѓе ширум светот немаат доволно храна […]

Граѓаните немаат доверба во институциите за справување со нелегалната сеча на шуми, покажа истражувањето на „Рефорд“


Граѓаните немаат доверба во надлежните институции коишто треба да се справаат со нелегалната сеча на шумата, како и во судовите и обвинителствата, кои се надлежни за санционирање на прекршителите на Законот за шуми, покажа истражувањето на Здружението „Рефорд“ во рамките на проектот „Борба против нелегални шумски активности” што го спроведува ЗГ Рефорд, во соработка со […]

Три видливи знаци на висок холестерол – можете да ги воочите на вашето тело


Високиот холестерол е честа, но сериозна состојба која може да доведе до бројни здравствени проблеми, вклучувајќи срцев удар и мозочен удар, но може да биде тешко да се забележи овој проблем без тест на крвта. Затоа, обрнете внимание на суптилните знаци што ви ги испраќа вашето тело. Следењето на нивото на холестерол може да биде […]

Неврологија закажувала само 13 отсто од од термините за пациенти преку „Мој термин“


Констатирани се неправилности во работењето на Клиниката за неврологија. Државниот завод за ревизија во својот извешај за работењето за 2023 одина изрази неповолно мислење за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и резервирано мислење за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива. Ревизијата откри дека потрошените лекови за ретки болести од донација не се […]

ЕУ: Трансферот на средства од Коридорот 8 во Коридорот 10 е невозможен


Трансферот на средства од Коридорот 8 во Коридорот 10 е невозможен. Ова го изјави Штефен Худолин, раководител на секторот „Соработка“ при делегацијата на Европската унија во Скопје за БГНЕС. На прашање на БГНЕС во врска со барањето на македонскиот премиер Христијан Мицкоски, Худолин одговори: „Има јасни рокови, што треба да се направи и до кога […]

Се реконструира интернатот за средношколци во Кавадарци


Започна реконструкцијата на ученичкиот дом ,,Крсте Петков Мисирков’’, информираат попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Реконструкцијата, како што појаснуваат, опфаќа комплетно реновирање на собите, тоалетите, кујна, ходници и на влезни партии. Се работи за инвестиција на Општина Кавадарци во висина од 5.500.000 денари, се додава во соопштението, додека изведувач на работите е фирмата […]

За продуктвно земјоделство важни се и малите и средни семејни стопанства – не требаат само големи фарми


  Заедничка декларација за надминување на сите билатерални и мултилатерални конфликти поврзани со слободното движење на стоки, услуги, луѓе и капитал, како и со храната и земјоделството, но и за решавање на сите прашања со добра волја, во дух на солидарност и добрососедски односи, ќе биде потпишана на 18. Годишен работен состанок на министри за […]

ДКСК оформила 65 предмети за повреди на Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата во врска со изборната кампања 2024


Во периодот на изборниот процес Државната Комисија за спречување на корупција (ДКСК) оформила вкупно 65 предмети, кои се резултат на пријави за сомневање за сторени повреди на Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата, предмети оформени по сопствена иницијатива на Комисијата, како и приговор поднесен од организатор на изборна кампања.  Според посебните извештаи на […]

Мециновиќ: Собранието веќе не е дом на демократијата!


Ветувањата на владејачката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ дадена пред изборите за намалувања на државната управа се одвиваат во сосема спротивна насока. Освен зголемување на бројот на министерствата, оптимизирање на непотребните функции, тенденцијата на СДСМ и на ДУИ за зголемување на државниот апарат на штета на граѓаните продолжува и во мандатот на новата Влада. Тоа денеска […]

Мисајловски во Вашингтон на билатерални одбранбени консултации со САД


Министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал мајор Сашко Лафчиски, ја предводат македонската делегација која од денеска е во работна посета на Соединетите Американски Држави. Повод на посетата се годишните билатералните одбранбени консултации меѓу двете земји, соопшти Министерството за одбрана. За време на посета на министерот Мисајловски ќе има средби […]

Мицкоски: Албанскиот јазик не е загрозен, тоа е вештачка тема


Мислам дека немаме отворени прашања на тоа ниво со Албанија и тоа се вештачки теми, изјави премиерот Христијан Мицкоски прашан за коментар за изјава во однос на албанскиот јазик од претседателката на Собранието на Албанија, Елиса Спиропали, која вчера престојуваше во земјава. На новинарско прашање како ја коментира изјавата на Спиропали дека „ако се загрозува […]

Германските либерали размислуваат да ја напуштат владата по тешките изборни порази


  Германската либерална партија ФДП е подготвена да ја напушти коалициската влада доколку не се согласи на значителни подобрувања во политиката, реч во понеделникот лидерот на ФДП и министер за финансии Кристијан Линднер по низата катастрофални регионални избори за неговата партија. ФДП не успеа да освои ниту едно пратеничко место на изборите овој месец во […]

Мицкоски потврди дека доцни повратот на ДДВ за фирмите, се правела строга контрола


 Премиерот Христијан Мицкоски најавува исплата на поврат на ДДВ на фирмите по завршување на контролите кои вели дека се прават за да не се повторат случаи со исплати на фантом фирми.  На новинарско прашање за поплаки од фирми дека не добиле поврат на ДДВ повеќе од 100 дена, Мицкоски рече дека нема проблем со Буџетот […]

Минималните трошоци во септември 61.306 денари, ССМ се надева дека ќе се намалат, ако се почитува одлуката на Владата


Пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија покажуваат дека во септември минималните трошоци на едно четиричлено семејство изнесуваат 61.306 денари што е зголемување за 107 денари во однос на август кога истите трошоци изнесувале 61.199 денари.  – Загрижува податокот во делот на трошоците за Исхрана и пијалоци за месец септември кои изнесуваат 23 034,00 денари […]

Мицкоски ќе го поддржи законот за бранители


  Премиерот не знае кога законот за бранители ќе дојде на дневен ред во Собранието, но вели дека ќе ја има поддршката на ВМРО-ДПМНЕ. Законот, кој стана една голема пречка во односите во владејачката коалиција (а кој го предложи пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска) е предмет на секојдневни реакции. Пратеникот од „Вреди“, Халил Снопче, синоќа го […]