Пожар во Кавадарци, починала 75-годишна жена


Рано изутрина во 1:45 часот во ОВР – Кавадарци било пријавено дека настанал пожар во домот на Т.Ј., 55-годишно лице од овој град. Од здобиените повреди во пожарот, починала М.Д., на возраст од 75 години од село Модриште, Kичевско, која живеела во куќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, информираат денеска од Секторот […]

Научниците согласни: Луѓето кои патуваат изгледаат помлади


Не е тајна дека патувањето е забавно, но новото истражување покажува дека тоа може да направи луѓето да изгледаат и да се чувствуваат помлади, пренесува Си-ен-ен. Во новото истражување на Универзитетот Едит Кауан од Австралија, се тврди дека ентропијата, процесот на бавно и неизбежно стареење, може да се забави со патување. Според неа, многу елементи […]

Од петок цела недела ќе се прска против комарци во Скопје


Градот Скопје ги известува граѓаните дека започнувајќи од петок (27.09.2024 година) до 03.10.2024 година (четврток), ќе се реализира авионска и терестрична дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно: Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се реализира на 27 и […]

ОЕЦД повторно ја намали прогнозата за раст на германската економија


Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) во средата повторно ја намали прогнозата за економски раст во Германија. За тековната година, економистите на ОЕЦД сега очекуваат раст од само 0,1 отсто во најголемата европска економија, според економските изгледи објавени во средата во Париз. Ова означува уште една надолна ревизија на претходната прогноза за раст на […]

Уставен ги укина измените на Законот за облигацините односи, застарувањето на побарувањата останува 10 години


Уставниот суд денеска донесе одлука со која ги укина член 2 и член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи. Согласно одлуката, ќе се применува стариот Закон за облигациони односи, односно, рокот на застареност на побарувањата на доверителите останува десет години. Претходно, Собранието со измените на Законот за облигационите односи, […]

Мицкоски бара поддршка од невладиниот сектор за борба против корупцијата


  Борбата со криминалот и корупцијата мора да биде одлучна. Без да победиме во таа борба, не можеме да имаме развиена држава, не можеме да имаме подобри услови и подобар стандард на граѓаните, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски по средбата со Меѓународниот републикански институт (ИРИ) во Владата. Тој посочи дека на денешната средба, во организација […]

Илон Маск негира дека е во „романтична врска“ со Џорџа Мелони


  Илон Маск во средата негираше каква било романса меѓу него и италијанската премиерка Џорџија Мелони, откако ја нарече „убава“ на церемонијата на доделување награди во Њујорк во понеделникот. „Бев таму со мајка ми. Нема никаква романтична врска со премиерката Мелони“, напиша американскиот технолошки милијардер Маск на Икс под фотографијата на која тој и Мелони […]

За Британија, Коридорот 8 е од круцијална важност


  Специјалниот пратеник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Стјуарт Пич, зборувајќи на воената вежба „Austere Wolf – 24“ во Албанија изјавил дека Коридорот 8 има стратешко значење, бидејќи патиштата, пристаништата, инфраструктурата се многу важни затоа што ѝ овозможуваат на Алијансата побрзо движење. Говорејќи на настанот DVDay (Distinguished Visitors Day) – Денот на високите гости […]

Москва забрани странци во чии земји е дозволена промена на пол да посвојуваат руски деца


Руската Државна дума (долниот дом на Парламентот) го одобри денеска на прво читање предлог-законот со кој се забранува граѓани од држави каде е дозволена промена на пол да посвојуваат руски деца – мерка која според законодавниот орган е неопходна за зачувување на „традиционалните вредности“. Минатата година Русија воведе забрана за нејзините граѓани да го менуваат […]

Музеј на „Алкалоид“ АД Скопје – Kорпоративната историја и традиција на едно место


„Алкалоид“ го официјализираше отворањето на корпоративниот Музеј во рамките на својот локалитет во „Автокоманда“, кој претставува автентичен времеплов низ компаниската историја, втемелена врз многу труд, знаење, искуство и квалитет. Иницијалната колекција на Музејот вклучува опипливи сведоштва од скромните почетоци на компанијата, низ хронолошки, декаден след на постепениот деветдецениски раст и развој, како и на глобализацијата […]

Србија трајно ја напуштаат 25.000 луѓе годишно


  Повеќе од 25.000 луѓе годишно трајно ја напуштаат Србија повеќе од една деценија, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од Институтот за развој на иновации, под наслов „Мобилност на работната сила во Србија“, пишува весникот „Данас“. Од друга страна, пишува „Данас“, Србија во првите седум месеци од годинава издала околу 50.000 работни дозволи за странци, […]

Функцијата што ја имаше секој автомобил конечно е целосно „искоренета“


Технолошкиот напредок во автомобилската индустрија секојдневно ги пренесува функциите кои беа незаменлив дел од секој автомобил во историјата. Во соопштението објавено од марката Jeep, потврдено е дека електричните прозорци ќе бидат стандардни во целата гама на Wrangler. „Електричните прозорци, кои претходно беа опционални, сега ќе бидат стандардна опрема на Jeep Wrangler. Електричните прозорци претходно беа […]

Маск му штети на Трамп, екстремно е „онлајн“


По шокантната победа на Доналд Трамп во 2016 година, едно заедничко објаснување за тоа зошто демократите не виделе дека доаѓа – е дека подлегнале на ехото на социјалните мрежи. Фактот дека многу дигитални платформи, како што е Твитер (сега Х), имаа тенденција да бидат доминирани од либералите ги намами демократите во лажно чувство на сигурност. […]

Србите повеќе нема да мораат да купуваат зелен картон за влез во Северна Македонија


Овој трошок за граѓаните на Србија, но и за државјаните на останатите членки на ЦЕФТА договорот, треба да се укине, вели за Курир, Здравко Илиќ, експерт за трговија со услуги во Секретаријатот на ЦЕФТА воБрисел. Србија ја искористи својата улога на претседавач со ЦЕФТА, која ја сочинуваат Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Молдавија и […]

30 години Diners во Македонија – Милчо Манчевски режисер на спотот!


Diners Македонија слави 30 години од своето основање, светски познатиот режисер Милчо Манчевски создаде уникатен ТВ спот со работен наслов „Afterparty“. Оваа соработка доаѓа токму во година во која се одбележуваат и 30 години од излегувањето на култниот филм „Пред дождот“ – едно од најважните дела на Манчевски. ТВ спотот „Afterparty“ носи енергија и забавен […]

Сиљановска на неколку состаноци во ОН


  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на учеството на Генерално Собрание на Обединетите нации, присуствуваше на состанокот на Глобалната коалиција за справување со заканите од синтетички дроги и на дебатата на Советот за безбедност, кадешто оствари куси средби со повеќе лидери и претставници на меѓународни организации.  Претседателката Сиљановска Давкова присуствуваше и на состанокот на Советот […]

Почина оперската првенка Ирена Кавкалевска, колегите се простуваат од извонредниот мецосопран на НОБ


Почина оперската пејачка Ирена Кавкалевска, мецосопран во Националната опера и балет (НОБ), соопшти нејзината матична оперска куќа. Кавкалевска имаше 51 година. Погребот ќе се одржи в петок во 12 часот, на градските гробишта во Бутел во Скопје. Ирена Кавкалевска, мецосопран, добитничка на многу награди, школувана во Македониіа, Софиjа, Грац, Загреб, Кавкалевска дебитира на сцената на […]

Општините добиваат од владата милиони евра и пак не им се доволни


  Градоначалниците во општините изминатите години поради економската криза добиваа финансиска помош од централниот буџет, но добија пари и преку програмата на ТАВ, а во декември на нивните сметки беа префрлени 32,5 милиони евра за капитални проекти. Сега аплицираат на конкурост за да добијат дел од 250.000 милиони евра кои им ги вети премиерот Христијан Мицкоски […]

СДСМ бара комисијата за деловнички прашања да „пресече“ околу блокадата на Гаши за бранителите


Потпретседателот на Собранието и пратеник од СДСМ, Јован Митревски,денеска на прес-конференција побара од претседателот на Парламентот Африм Гаши да ја задолжи Комисијата за деловнички и мандантно-имунитетни прашања да свика седница, каде ќе се толкува примената на членот 126 став 3, односно да постапи на ист начин со законот за бранителите, како и во случајот со […]

Петти случај на Западно нилската треска во Македонија, пациентот е на Инфективна


Петти случај на Западно нилската треска е регистиран во Македонија. Пациент на возраст од 62-години од струмичко моментално е хоспитализиран на Инфективна поради компликации од вирусот. При прегледот бил во лоша здравствена состојба и имал и невролошки симптоми. Во анамнестичкиот наод нема податок дали патувал надвор од Македонија, вели за Сител директорот Фадил Цана. „Сомневано е за […]