Изложба на светски реномираните уметници Дан и Лиа Пержовски во МСУ


 Во Музејот на современата уметност (МСУ) – Скопје вечер ќе биде отворена изложбата на светски реномираните уметници Дан и Лиа Пержовски. Кураторка е Мира Гаќина. Пред официјалното отворање, Дан и Лиа ќе направат музејска тура за посетителите кои се заинтересирани одблизу да ја доживеат нивната уметничка практика, која, како што наведува МСУ, ги поместува границите […]

Меѓународна научна конференција за услужен сектор


Во организација на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид денеска и утре ќе се одржи XVII Меѓународна научна конференција за услужен сектор (International Scientific Conference on Services Sector – INSCOSES 2024). Денеска ќе се одржи регистрација на учесниците, а официјалното отворање на конференцијата е закажано за 27 септември 2024 година, со почеток во 09:30 […]

Унгарскиот премиер Виктор Орбан од денеска во дводневна официјална посета на земјава


Унгарскиот премиер Виктор Орбан заедно со делегација од унгарската Влада, денеска и утре ќе престојува во дводневна официјална посета на земјава. Унгарија во моментов претседава со ЕУ, а Орбан во втората половина од годинава е и претседател на Советот на Европската Унија. Премиерот Христијан Мицкоски, како што информира владината прес-служба, в петок ќе оствари официјална […]

Седница на собраниската Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот


Во Собранието денеска седница ќе одржи Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот. Единствена точка на дневен ред е Годишниот извештај на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за 2023 година.

Сончево и топло, до 31 степен


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде од 6 до 15, а максималната од 25 до 31 степен. Во Скопје претежно сончево и топло со слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се […]

Албанија ги почнува преговорите со ЕУ на 15 октомври, Македонија не


  Она што и се очекуваше денеска беше и потврдено во Брисел: Албанија ги почнува практичните преговори со ЕУ на 15 октомври. Постојаните претставници на земјите членки на ЕУ на денешната средба едногласно решија Албанија да ги започне преговорите со Унијата за првиот кластер „Темелни вредности“, јави дописникот на Бугарското национално радио од Брисел. Стартот […]

Сиљановска и другите лидери на Западен Балкан на ручек со Жозеп Борел


  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која ја предводи македонската делегација на 79. Генерално собрание на ОН, попладнево по американско време, присуствува на работниот ручек со претставникот на Европската унија за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел со шефовите на делегациите на земјите од Западниот Балкан. На работниот ручек покрај Сиљановска Давкова, присуствуваат албанскиот премиер Еди Рама, […]

Во Кавадарци одбележана Недела на промоција на хумани вредности


Со театарска претстава вечерва во Кавадарци беше одбележана Неделата на промоција на хумани вредности. Од страна на  кавадаречкиот  Црвен крст беше потсетено дека секоја година преку ПХВ неделата што се одбележува од 21 до 27 септември се пренесува порака за унапредување на социјалната вклученост, култура на ненасилство и мир, согласно Стратегијата 2030 на ЦКРСМ. Волонтерите […]

Ништо од средба на Трамп и Зеленски во САД


Малку е веројатно дека ќе има средба меѓу поранешниот американски претседател и републиканскиот кандидат на претстојните претседателски избори, Доналд Трамп и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за време на посетата на украинскиот претседател на САД. По обраќањето на Генералното собрание на ОН, Зеленски ќе има билатерални средби со американскиот претседател Џозеф Бајден и со американската […]

Кир Страмер: Русија го фрла својот народ во машина за мелење месо во Украина


Британскиот премиер Кир Стармер во свој прв говор пред СБ на ОН ја обвини Русија дека го фрла својот народ во машина за мелење месо во Украина. Стармер рече дека „600.000 руски војници се убиени или ранети“ во војната во Украина. „Повелбата на ОН зборува за човечкото достоинство – да не се третираат сопствените граѓани […]

Во судница во Калифорнија експлодира торба, двајца повредени


Две лица се повредени во експлозија во судница во Санта Марија, Калифорнија, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Санта Барбара. „Ве молиме избегнувајте ја областа. Местото на настанот не се смета за безбедно. Следуваат повеќе информации“, соопшти канцеларијата на шерифот во објавата на X. Две лица се здобиле со повреди кои не се опасни по […]

Путин му се закани на Западот со нуклеарно оружје поради Украина


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија може да користи нуклеарно оружје доколку биде нападната од која било земја и дека секој конвенционален напад против Русија поддржан од нуклеарна сила ќе се смета за заеднички напад. Отворајќи го состанокот на Советот за безбедност на Русија, во присуство на високи руски претставници, Путин рече дека се […]

Мицкоски: Владата планира од следната година да набави електрични возила


Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата планира да издвои средства за набавка на електрични автомобили со новиот буџет, но дека оваа година тоа нема да биде возможно. Одговарајќи на новинарско прашање, тој објасни дека Владата работи на план за воведување на оперативен лизинг, кој би требало да го намали трошокот за одржување на автомобилите во […]

Ердоган: Многу земји од НАТО не сакаат Украина да стане членка на алијансата


САД и многу земји од НАТО не сакаат Украина да стане членка на алијансата. Ова го изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју за американската телевизија Ен-Би-Си. „На прво место, САД не сакаат да ја видат Украина како членка на НАТО. Многу други земји-членки на НАТО, исто така, не сакаат Украина да се приклучи […]

Претседателството на Босна и Херцеговина добило дојава за поставена бомба


Во Претседателството на Босна и Херцеговина денеска пристигнала дојава за поставена бомба, јавија локалните медиуми. „Експлозивни направи се поставени во во администрацијата на претседателот на Босна и Херцеговина. Тоа е поради вашите лоши односи со Руската Федерација“, се наведува во дојавата. Во тек е полициска акција, јавија сараевските медиуми. 

Мбапе неизвесен за мадридското дерби поради повреда


 Францускиот напаѓач Килијан Мбапе го повреди бутниот мускул на левата нога на крајот на натпреварот од Ла Лига против Алавес (3:2) во вторникот, соопшти денеска неговиот клуб Реал Мадрид. Клубот не прецизираше колку е сериозна повредата и дали Мбапе ќе му биде на располагање на тренерот Карло Анчелоти за следните натпревари. Шпанските медиуми наведуваат дека […]

Бурата „Хелена“ се засили до ураган, вонредна состојба во Флорида и Џорџија


 Тропската бура Хелена денеска се интензивира до ниво на ураган, а метеоролозите предупредија дека бурата ќе се засили кога ќе го премине Мексиканскиот залив и се придвижи кон американската сојузна држава Флорида. Поради „Хелена“ крајбрежното население е евакуирано, училиштата се затворени, а во Флорида и Џорџија е прогласена вонредна состојба. Повеќе од 40 милиони луѓе […]

Кривична за правно лице од Стар Дојран – приредувале игри на среќа без дозвола


МВР информира дека Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против правно лице од Стар Дојран и К.К.(72) од Скопје, сопственик и управител на правното лице, поради постоење основи на […]

ЕУ одобри 13 милиони евра помош за Армијата


  Советот на ЕУ денеска донесе одлука за одобрување на помош во рамки на Европскиот мировен фонд (ЕПФ) во износ од 13 милиони евра наменети за зајакнување на капацитетите и способностите на Армијата на Република Северна Македонија (АРСМ).  – Мерката за помош ќе ги зајакне капацитетите на Северна Македонија за нејзино учество во операциите и […]

Бајден предупредува за можна „сеопфатна војна “ на Блискиот Исток


Американскиот претседател Џо Бајден предупреди денеска на можноста за „сеопфатна војна“ на Блискиот Исток, бидејќи Израел ги стави војниците на готовност за можно навлегување во Либан во момент кога и војната во Газа продолжува. „Можна е сеопфатна војна“, рече Бајден во разговор за Еј-би-си.   „Мислам дека, исто така, се уште е во игра можноста […]