Хеликоптерот на Раиси се урнал поради лоши временски услови, нема докази за саботажа – потврди официјалната истрага


Официјалната истрага за хеликоптерската несреќа во која загина иранскиот претседател Ебрахим Раиси и уште седум лица, откри дека причина за несреќата се неповолните климатски и атмосферски услови. Во завршниот извештај на Врховниот комитет на Генералштабот на вооружените сили на Иран, се наведува дека главна причина за падот на хеликоптерот биле сложените климатски услови во тој […]

Неколку куќи зафатени од пожар во велешкото село Карабуниште


 Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека се гасне пожарот во атарот на село Карабуниште, меѓу Велес и Зелениково. Пожарот избил од внатрешноста на селото, околу 16 часот, а од огнот се зафатени неколку куќи. – Патот до селото е тешко пристапен поради што на пожарникарите им е потребно многу време. Заради пократок циклус […]

Хеликоптер пратен да спаси германски параглајдерист во Крушево


Денеска, во 18.11 часот на 112 е дсбиена пријава за тешко повреден германски државјанин, парагјадерист, со отворена скршеница на едната нога и веројатна повреда на р’бетот, кој моментално се наоѓа на полетиштето за параглајдери пред Мечкин Камин во Крушево. Поради сериозноста на повредите од екипата на итната медицинска помош и градоначалникот на Крушево е побаран […]

Тепачка во чекалната во болницата „Св. Наум Охридски“ во Скопје


Полицијата извести дека вчера во 20.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во болницата „Св. Наум Охридски“ во Скопје, по претходно недоразбирање во чекалната, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.С.(41) и М.Б.(37), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

ФИФА повторно ја одложи својата одлука по жалбата на Палестина за протерување на израелските тимови од меѓународните турнири


Светската фудбалска федерација (ФИФА) повторно го одложи разгледувањето на жалбата на Палестина, која бараше повлекување на екипи од Израел – клупски и репрезентативни, поради воените дејствија во Појасот Газа. Тоа е втор палестински предлог на оваа тема и беше поднесен во петокот, но ФИФА објасни дека ова прашање повторно ќе се разговара во октомври. И […]

Ердоган: Ако Израел има „железна купола“, ние ќе имаме „челична купола“


Турција ќе спроведе сопствен проект за противвоздушна одбрана „Челична купола“, потврди турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. „Се надеваме дека ќе го спроведеме нашиот проект „Челична купола“ со сите негови компоненти. „Челичната купола ќе обезбеди нашите слоевити системи за противвоздушна одбрана и сите наши сензори и оружје да работат во меѓусебна интеграција. Ердоган ја истакна важноста […]

Леклер ја доби тактичката битка со Мекларен и победи на Монца


 Шарл Леклер (Монако, Ферари) победи во импресивната стратешка битка со Оскар Пјастри (Австралија, Мекларен) и Ландо Норис (Велика Британија, Мекларен) на легендарната трка за Големата награда на Италија во Монца, на која лидерот во шампионатот Макс Верстапен заврши едвај на шестото место и неговата предност на врвот продолжи да се топи. Карлос Саинц (Ферари) заврши […]

Џорџ Клуни и Бред Пит се филмските волци во Венеција


Венеција– Џорџ Клуни  демантираше дека тој и неговиот колега од Волфс, Бред Пит, биле платени по околу 35 милиони долари за филмот, како што е објавено во написот на Њујорк Тајмс. Двојката ја донесе својата харизма и шеги на Венецискиот филмски фестивал за светската премиера на акционата комедија на Џон Ват, во која глумат конкурентни […]

Борел изјави дека е ужаснат од убиството на израелските заложници во Газа, повика на прекин на огнот


Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека е ужаснат од „убиството на шест израелски заложници кои ги држеше Хамас“, чии тела беа пронајдени во Појасот Газа. – Овие невини млади мажи и жени требаше одамна да бидат однесени на безбедно и повторно да се соберат со своите најблиски. […]

Избувна голем шумски пожар кај селото Долно Јаболчиште во Општина Чашка


  Над планинското село Долно Јаболчиште во Општина Чашка денеска во 11 часот избувна шумски пожар со кој е зафатена квалитетна шума. Пожарот се шири кон врвот Лисец. Во негово гаснење засега се вклучени 20 вработени од Општина Велес кои се на терен и се борат со огнената стихија, која поради ветрот брзо се шири […]

Доскорешната лидерка на бугарските социјалисти, Корнелија Нинова, е исклучена од партијата


  Неславен крај на Корнелија Нинова, коа долги години ја подеше Бугарската социјалистичка партија. Таа ѝ наметна на партијата националистички, популистички и проруски ставови, кои од моќен политички субкет ја доведоа до маргинална политичка сила. Денеска БСП ја исклучи од своите редови. Нинова, која поднесе оставка по неуспехот на социјалистите на последните избори и на […]

Горат гуми и возила на автоплац во Струга


Возила и гуми горат во автоплац во струшкото село Велешта, потврди  портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Сообраќајот на регионалниот пат Струга – Дебар, според него, се регулира со најизменично пропуштање возила. – Околу 14 часот во Полициската станица Струга пријавен е пожар во приватен автоплац лоциран на регионалниот пат Струга – Дебар кај струшкото […]

Никој не верува дека нема пари во буџетот за поголеми плати, беше речено на собирот на наставниците


  Повеќе десетина наставници денеска се собраа пред Министерството за образование на протест за да реагираат на најавите на владата дека нема да има зголемување на платите, согласно колективниот договор, затоа што во буџетот немало пари. Собирот беше со поддршка на СДСМ. Во своето обраќање, Розалија Ангеловска, наставничка рече „да се биде учител, наставник, професор, […]

Дали 700 образовни асистенти за деца со попреченост ќе останат без работа?


  На денешниот собир на наставници со поддршка на СДСМ стана збор и за наводното отпуштање на 700 асистенти за деца со попреченост распоредени по основни училишта низ државата „Околу 700 деца со попреченост учебната година ќе ја започнат без асистенти или со невработени без плата и здравствено. Сите се во неизвесност и не знаат […]

Мицкоски треба да му каже на обвинителството кој му нудел мито, инаку е соучесник, вели Филипче


  Претседателот на СДСМ денеска побара од премиерот да му ги даде информациите на обвинителството кој бил тој што му нудел мито за пругата кон Бугарија и ако не го стори тоа се претвора со соучесник. Венко Филипче изјави дека е крајно несериозно различни функционери да даваат различни изјави по однос на овој проект кој […]

Нетанјаху: Оној што убива заложници не сака договор


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел нема да мирува додека не ги пронајде одговорните за убиството на шестмината заложници на Хамас, чии тела беа пронајдени во Појасот Газа, додавајќи дека „оној што убива заложниците не сака договор“. Нетанјаху нагласи дека Израел е посветен на постигнување договор за ослободување на преостанатите заложници и зачувување […]

На Камчатка пронајдени 17 тела во паднатиот руски воен хеликопте


Остатоци од воениот хеликоптер Ми-8 кој вчера исчезна со 22 патници се пронајдени денеска на рускиот Далечен Исток, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации, додавајќи дека се пронајдени 17 тела. „Пронајдени се 17 тела“, соопшти руското министерство, додавајќи дека потрагата ќе продолжи утре. A Mi-8 helicopter with 22 people on board vanished in Russia’s remote […]

За основците има учебници освен за странски јазици, за средношколците пак само за 15 предмети


За подготовките и новините во учебната 2024-2025 година денеска прес-конференција одржа министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска која рече дека во овие два месеци од нејзиното назначување на функцијата, заедно со вработените во министерството, како и со другите надлежни институции успеале да го подигнат девастираниот образовен систем од претходното лошо менаџирање. „За […]

Јаневска: Безобразно е оние кои не обезбедија средства за плати на наставниците, да ги повикуваат на протести


Министерката за образование и наука Весна Јаневска смета дека наставниците се во право и си ги бараат и бранат своите права. Целосно, како што вели, застанува на нивна страна. Зголемување на платите и за наставниците и за сите други се планира за следната година штом, како што рече, државата ќе може да го издржи товарот. […]

АХВ казни месарница и супермаркет од Скопје поради небезбедна храна и ресторан во Битола


 Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство во контроли направени изминатата недела казни месарница во Скопје поради пласирање небезбедна храна, скопски супер маркет поради истите причини, но и порди невршење лабараториски тестирања, како и еден ресторан во Битола поради продажба на недекларирано месо од различни видови и категории,  пласман на неозначена храна  и продажба […]