Вучиќ: Курти сака да предизвика конфликт пред изборите во САД, бидејќи му истекува време


 Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, коментирајќи ги актуелните настани на Косово изјави дека „Албин Курти провоцира затоа што времето му истекува“ и дека сака да предизвика конфликти пред американските избори, јави дописникот на МИА од Белград. -Тој сака да не се дочека каква било сериозна промена во Белата куќа, и пред тоа да се обиде […]

Во Кавадарци од утре собирање потписи против регионален центар за отпадна гума


 Во Кавадарци од утре почнува собирање потписи против регионален центар за собирање  и третман на отпадна гума.  – Всушност, собирањето потписи е против нова Г-1 индустрија во општина Кавадарци. Потписите ќе се собираат на градскиот плоштад во Кавадарци, најавија незадоволните кавадарчани, кои на денешната јавна расправа организирана од Министерството за животна средина, во голем број, […]

Тошковски не гледа одговорност кај Гаши за инцидентот со косовската претседателка


Кривично правна одговорност кај претседателот на Собранието, Африм Гаши, не е утврдена согласно доставените докази, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во врска со инцидентот на скопскиот аеродром со косовската претседателка Вјоса Османи каде што собрамискиот спикер го испрати своето лично обезбедување. Според министерот Тошковски, единствена кривична одговорност согласно доказите има полицискиот службеник, дел […]

СЗО: Бројот на заразени со Ковид во светот се зголемува и нема наскоро да се намали


Бројот на заразени со Ковид-19 се зголемува ширум светот и веројатно нема да се намали наскоро, а постои и ризик од појава на нови мутации, предупреди денеска Светската здравствена организација (СЗО). „Податоците од нашиот систем за надзор врз основа на анализи во 84 земји покажуваат дека процентот на позитивни тестови за САРС-КоВ-2 се зголемил во […]

Влада: Само во јули регистрирани 620 пожари


Владата на денешната редовна седница ја разгледа информација за состојбите со пожарите во државата, при што беше истакнато дека од 13 пожари, два се целосно изгаснати, четири се активни, а другите се под контрола. Најголем проблем предизвикува пожарот во близина на село Брезница, каде теренот е тежок и непристапен. Како што информира владината прес-служба, само […]

Се разгледува можноста за враќање на средното полициско образование


Министерството за внатрешни работи денеска, на владина седница, предложило Информација во врска со реформи на образованието на кандидатите за полицаец, односно на обуката. Како што информира владината прес-служба, се разгледува можноста за враќање на средното полициско образование кое има соодветни предности во однос на досегашните деветмесечни курсеви за ангажирање нови полицајци.

Пристигнато писмо со намери од „4iG Групација“


Пристигнато е писмо со намери од „4iG Групација“. Операторот изразил  интерес за анализа на условите за влез на телекомуникацискиот пазар во земјава и за нудење услуги во мобилната и фиксна телефонија, соопшти Владата. Како што информирал министерот за транспорт Александар Николоски на владина седница, иницијативата е усогласена со стратегијата на „4iG Групацијата” за проширување на […]

Нови кадровски решенија донесе Владата


Владата на денешната седница донесе повеќе кадровски одлуки. Сузана Јордановска, на предлог на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, ја именува за в.д. директор на Државна фитосанитарна лабораторија, а Ромео Тренов за директор на Управата за водостопанство. Фикрет Хоџа е именуван за вршител на должноста заменик на директорот на КПУ Затвор Битола, додека Гарип Каба, […]

Најмалку 40 олимпијци позитивни на коронавирус


Женева– Најмалку 40 спортисти кои учествуваат на Олимписките игри во Париз се позитивни на Ковид-19, но ситуацијата не е изненадувачка со оглед на порастот на случаите низ светот, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). „Не е изненадувачки да се видат заразени спортисти бидејќи вирусот доста брзо циркулира во другите земји“, рече д-р Марија Ван Керхове, […]

Ангелов: Селото Негорци не е веќе во опасност од пожарот (видео)


Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов на терен во село Негорци, каде што околината е зафатена од пожар, што се заканувал на куќите. Димитар Марков од село Негорци, долгогодишен претседател на Месната заедница објасни дека се заштитиле од пожарот, благодарејќи на пресекот. Во гаснењето на пожарот учествуваа и припадници ан ПП Гевгелија, како и хеликоптер.

Поранешниот министер за одбрана на Грција Стефанис нов управител на Света Гора


Поранешниот министер за одбрана на Грција и почесен началник на Генералштабот на армијата Алкивиадис Стефанис е новиот управител на Света Гора, откако претходниот, почесниот амбасадор Анастасиос Мицијалис си поднесе оставка, јави дописничката на МИА од Атина. Промените беа соопштени од Министерство за надворешни работи на Грција, со оглед на тоа што управителот кој ја претставува […]

Разликите со премиерот биле терминолошки: Димитриеска-Кочоска за парите од пругата кон Бугарија


Со премиерот и министерот за транспорт и врски имаме ист став, но зборуваме терминолошки различно. Јас сум економист, премиерот е машинси инженер, а министерот за транспорт и врски е правник. Треба да ја гледаме суштината, дека за Коридорот 10 ги бараме истите услови, грант, средства, како за Коридорот 8. Значи, бараме средствата, како што биле […]

Дронови на МВР ги мониторираат шумските појаси за превенција од пожари


Полицијата започнаа со употреба на дронови за мониторирање на шумските појаси на територијата на државата во насока на рана превенција од пожари. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, со воведувањето на овие оперативни мерки се очекува не само да се зголеми ефикасноста во делот на раното предупредување и лоцирање на евентуалните пожари, туку […]

Филипче со сомнева дали Владата ќе продолжи на европскиот пат: средба со Гир


  Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, му рекол дека е загрижен за политиките на новата влада околу евроинтеграцијата. Но и за правецот во кој оди земјата. „Загрижен сум дека политиките на новата Влада може да предизвикаат трајно блокирање на евроинтеграциските процеси. Владата на ВМРО-ДПМНЕ во само неколку недели […]

Владата усвои дополнет ребаланс на Буџетот, еве кој колку добива


Владата усвои дополнет ребаланс на Буџетот за 2024 година со кој се обезбедуваат дополнителни средства за повеќе институции:  Државната изборна комисија, Комисијата за заштита на конуренција, Агенцијата за заштита на лични податоци, МВР, Инспекцискиот совет, министерствата за образование и за транспорт и врски, Царинската управа, судската власт, Јавното обвинителство, Народниот правобранител, Советот на јавни обвинители, […]

Чудесен пресврт на Србија за полуфинале на ОИ, надоместија минус 24 против Австралија


Во четвртфиналето на олимпискиот кошаркарски турнир во Париз, бевме сведоци на драматичен четвртфинален натпревар меѓу актуелните светски вицешампиони Србија и освојувачите на бронзен медали од Токио, Австралија. По драмата во продолжението Србите победија со резултат 95:90 и се пласираа во полуфиналето. Тоа беше чудесен кам-бек на Србите, бидејќи Австралијците имаа водство од дури 24 поени […]

Произвел 2 милиони фалсификувани монети од 2 евра: Европол за приведениот ресенчанец, вработен во МВР


Вработен во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, вчера беше уапсен поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело – „фалсификување пари“. Станува збор за 34 годишен ресенчанец (Ш.Д.), кој беше уапсен во заедничка акција на Полициски службеници од ОСОСК при македонското Министерство за внатрешни работи и косовската полиција, како дел […]

Во сообраќајка во Виничко загина 18-годишно момче


Трагична сообраќајка изминатата ноќ се случила во виничко. Загина 18-годишник.  Денеска (06.08.2024) во 02.37 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на локалниот пат село Јакимово – село Истибања, виничко, патничко возило „фолксваген голф“ со винички регистарски ознаки, управувано од Р.Н.(18) од село Истибања, излетало надвор од патот. Од здобиените повреди на местото на […]

Програма Гаранција ОКТА – гаранција за квалитет и количина на гориво во пет чекори


Дали некогаш сте ја виделе жолтата налепница „ПРОВЕРЕНО“ на бензинските станици ОКТА и дали знаете што означува таа? „ПРОВЕРЕНО“ потврдува дека горивото ги поминало петте фази од Програмата Гаранција на ОКТА, со што квалитетот и количината на горивото е загарантирана. Веќе девет години, оваа програма успешно се спроведува на нашиот пазар затоа што за, ОКТА […]