Женскиот тим на САД го освои олимпиското злато во штафета 4х100 метри


 Женскиот тим на САД победи во штафетата 4х100 метри на турнирот во атлетика на Олимпијадата во Париз. Американскиот квартет (Мелиса Џеферсон, Тваниша Тери, Габриел Томас, Шакари Ричардсон) го помина растојанието за 41,78 секунди. Девојките на својата репрезентација го донесоа 31-от златен медал на Игрите 2024. Велика Британија завршија на второто место со резултат 41,85 секунди.  […]

Косовско МНР: Скопскиот суд одлучи да не се екстрадира поранешниот припадник на ОВК


Министерството за надворешни работи на Косово соопшти дека Советот на Основниот кривичен суд во Скопје одлучил да не го екстрадира косовскиот државјанин Блерим Рамадани, кој минатиот месец беше уапсен на косовско-македонската граница врз основа на потерница од Интерпол издадена на барање од Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. Во денешното соопштение на Министерството се […]

(Видео) Авион со 62 патници се урна во град во Бразил


Патнички авион со 62 лица се урна во Бразил, јавија локалните медиуми. Авионот кој одел кон меѓународниот аеродром Гуарулхос во Сао Паоло се урнал во градот Винхедо, недалеку од Сао Паоло. Во авионот имало 58 патници и четворица членови на екипажот. Пожарникарите потврдија дека авионот се урнал во градот Винхедо, но не соопштија повеќе детали. […]

Повеќе од 60 членови на поранешната полска влада обвинети за финансиска злоупотреба


Варшава– Полска обвини повеќе од 60 функционери на поранешната влада за прекршување на законот и правдата (ПиС) за кривични дела поврзани со злоупотреба на средства, додека повеќе од 100 други се под истрага, изјави денеска премиерот Доналд Туск. -По шест месеци имаме обвинети 62 лица од претходната владејачка елита. Ова никогаш не се случило во […]

Бугарскиот кревач на тегови Насар постави светски рекорд на Олимпијадата


Париз – Бугаринот Карлос Насар го освои златото во кревање тегови во категоријата до 89 килограми на Игрите во Париз. Неговиот вкупен резултат по беше 404 килограми. 20-годишниот спортист постави нов светски рекорд. Сребрениот медал го освои Колумбиецот Јеисон Лопез со 390 килограми.  Бронза е за Антонино Пицолато од Италија со вкупно подигнати 384 кг. 

Локализиран пожарот што избувна во зграда во Карпош 3


Изгаснат е пожарот што денеска избувна во стан во зградата на улица „Манапо“ во Карпош 3 во непосредна близина на супермаркетот на ВЕРО. Повредени нема, а полицијата допрва ќе ја утврди причината за избувнување на пожарот, изјави за МИА командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески. -Пожарот избувна во стан во делот на […]

МО: Оштетена спомен плоча на загинатите бранители кај „Карпалак“, случајот пријавен во МВР


Оштетена е спомен плочата на загинатите бранители кај месноста „Карпалак“, информираат вечерва од Министерството за одбрана, осудувајќи го ваквиот чекор. – Настанот е регистриран од страна на надлежните служби на Министерството, уште во утринските часови. Веднаш е пријавено во Министерството за внатрешни работи, за преземање соодветни мерки за идентификување на сторителите на овој немил чин. […]

Често заборавате да нанесете крема за сончање на овие места – може да биде штетно


Во текот на летните денови и поголемата изложеност на сончевите зраци, многу е важна правилната нега на косата и нанесувањето заштитни креми. Во едукативно видео на TikTok, д-р Шерин Идрис, дерматолог, ги истакна често занемарените области на лицето каде што често не се нанесува крема за сончање. Таа ја истакна важноста од нанесување крема за […]

Вјоса Османи на враќање го заобиколила скопскиот аеродром, немало основни безбедносни услови


Претседателството на Косово ги отфрли наводите на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) на Северна Македонија, во врска со инцидентот од 1 август со претседателката Вјоса Османи со обезбедувањето на скопскиот аеродром, оценувајќи дека „РСМ ги прекрши меѓународните правила кои се применуваат насекаде во светот со барањето да го скенира телефонот на претседател на друга држава“, […]

Бах: Олимписките игри во Париз се љубовна приказна


Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах изјави дека Олимписките игри во Париз можат да се наречат љубовна приказна. – Мислам дека Олимписките игри во Париз во 2024 година се љубовна приказна. Спортистите, Французите и навивачите ширум светот се заљубени во овие Игри, изјави Бах. Летните олимписки игри во француската престолнина ќе траат до […]

ОН: Јули беше најсмртоносниот месец за цивилите во Украина од октомври 2022 година


Јули беше најсмртоносниот месец за цивилите во Украина од октомври 2022 година, соопшти Мониторинг мисијата на Обединетите нации за човекови права во Украина, во услови на зголемено гранатирање од страна на Русија, објавија британските медиуми. -Високиот број на жртви во јули го продолжи вознемирувачкиот тренд на зголемување на цивилните жртви од март 2024 година, се […]

АХВ: Одгледувачите на овци и кози да ги засилат мерките за заштита од чума кај мали преживари


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апалеира одгледувачите на овци и кози да ги засилат мерките за заштита од чума кај мали преживари. Како што информира, ја следи состојбата со оваа болест која е потврдена во регионов. -Со цел зачувување на статус земја слободна од болеста, извоз на живи животни, месо од овци и кози […]

Постигнат договор за откупната цена на оризот


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски соопшти дека е постигнат договор за откупната цена на оризот. На денешната средба во неговиот Кабинет е договорено откупните цени за крупните сорти да изнесуваат 35 денари за рандман од 40 проценти, а за ситните сорти 30 денари за рандман од 40 проценти. Како што наведува Трипуновски, […]

Менаџер на казино за малку ќе убиел коцкар што му барал тикет на заем


Основното јавно обвинителство  Куманово денеска  донесе мерки за претпазливост и наредба за спроведување на истражна постапка против 32-годишниот менаџер на казино, кој вчера се обидел да лиши од живот друго лице. На 8 август, во дворното место на сопствената куќа, осомничениот се обидел да лиши од живот друго лице. Осомничениот, менаџер во казино, пред да […]

Србија преку САД до финалето на олимпискиот турнир во ватерполо


Париз, – Репрезентацијата на Србија е прв финалист во ватерполо на Олимписките игри во Париз. Србите кои со голема мака ја поминаа групната фаза, успеаја да дојдат на чекор од златото, откако попладнево ја совладаа селекцијата на САД со 10:6. Првата и третата четвртина завршија 2:2, втората со 4:2, а последната со 2:0 за српските ватерполисти. […]

Хоспитализирани уште четири лица со голема кашлица, вкупно 1001 случај во државава


Во периодот од 2 до 8 август, пријавени се 20 нови случаи на пертусис, народски кажано голема кашлица. Од нив, четири лица се хоспитализирани, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево. – Заклучно со 8 август, во Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 1001 случај на голема кашлица, со […]

Отидоа во вселената на осум дена, а може да бидат заглавени до 2025 година


Кога двајца американски астронаути полетаа на пробна мисија до Меѓународната вселенска станица на 5 јуни, тие очекуваа да се вратат дома за неколку дена. Но, работите не одеа баш според планот. Всушност, Бери „Буч“ Вилмор и Сунита Вилијамс сè уште се таму, лебдејќи високо над Земјата речиси два месеци подоцна. Двајцата – кои се заглавени […]

9 август во историјата – Визиготите ги поразија Римјаните кај Адријанополис


  Во една од најодлучувачките битки во историјата, големата римска војска под водство на Валенс, римскиот император на Истокот, е поразена од Визиготите во битката кај Адрианополис во денешна Турција. Две третини од римската војска, вклучувајќи го и самиот император Валенс, биле прегазени и заклани од броните варвари. Крунисан во 364 н.е., императорот Валенс започна […]

Дерипаска ја нарече лудило војната на Путин во Украина


Олег Дерипаска ја сумираше позицијата на голем бизнисмен кој продолжува да живее во Русија. „Војната е лоша, но ако сакате да продолжите да се занимавате со бизнис, не се вклучувајте во политиката.Способноста за извоз во азиските земји кои ги следат сопствените интереси стана  спас за [руската] трговија по санкциите и распадот на економските односи со […]

УЈП: Дали поднесовте ДДВ 04 за изминатиот даночен период


Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници за редовната даночна обврска – поднесување на даночни пријави за Данокот на додадена вредност за периодот 01.07.2024-31.07.2024 година. ДДВ – пријавата се поднесува и во случај кога даночниот обврзник во соодветниот даночен период нема извршено оданочив промет. Управата за јавни приходи очекува  7407 даночни обврзници да поднесат ДДВ-04 […]