Анкета на Ројтерс/Ипсос: Харис ја зголеми предноста пред Трамп на четири отсто


  Кандидатката на демократите, Камала Харис, води пред републиканецот Доналд Трамп со 45 отсто наспроти 41 отсто во анкетата на Ројтерс/Ипсос. Предноста од четири процентни поени меѓу регистрираните гласачи е поголема од предноста од еден поен на Харис пред поранешниот претседател во анкетата на Ројтерс/Ипсос кон крајот на јули. Новата анкета, која била спроведена во […]

Еден активен пожар и еден под контрола од вчерашните 22 на отворено низ државава


Во текот на вчерашниот ден имаше вкупно 22 пожари на отворен простор ширум државава. Од нив, активен е еден, еден е ставен под контрола, изгаснати се 20, соопштија утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Како што појаснија, активен е пожарот на територија на општина Штип, меѓу селата Едеклерци и Хаџи-Хамзали, префрлен на армискиот […]

Во Лазарополе утрово измерени 10 степени Целзиусови


Утрово во Лазарополе е измерена најниска температура од 10 степени Целзиусови. Следат Берово со 11, 12 во Маврови Анови, 13 Битола, Попова Шапка, 14 Крива Паланка, 15 Охрид, Струмица, Крушево, Претор, Тетово, Прилеп, 17 СкопјеПетровец, Демир Капија, Куманово, Кавадарци, Штип, 18 во Скопје кај Зајчев Рид, Виница и во Гевгелија и 19 степени во Велес. […]

Растот на американската економија во вториот квартал повисок од првичната проценка


Бруто домашниот производ (БДП) на Соединетите Американски Држави порасна за три отсто на годишна приспособена основа во вториот квартал од оваа година, според втората проценка објавена од американското Министерство за трговија. Ова е за 0,2 процентни поени повеќе од првата проценка и 1,6 процентни поени повеќе од првиот квартал, пренесува француската новинска агенција АФП. Причината […]

Тошковски: Со дозвола за оружје ќе се стекне само оној кој ги исполнува сите законски услови за тоа


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за дневникот на МРТ запрашан за присуството на нелегално оружје по улиците на Скопје и државата истакна дека полицијата е силно посветена за справување со овој проблем. „Во текот само на 2024 година се запленети 104 парчиња оружје од страна на МВР, од кои девет автоматски пушки, […]

Будимпешта забележа најголем раст на цените на новите станови меѓу главните градови на ЕУ


Будимпешта доживеа најзначајно зголемување на цените на новите станови меѓу главните градови на ЕУ минатата година, со пораст од 11,2% во унгарски форинти, според истражувањето на Делоит. Истражувањето на Делоит опфаќа 24 европски земји и 59 градови. Според неговите резултати, унгарскиот главен град беше проследен со нови поскапувања во Варшава (9,7%) и Осло (7,2%). Ниту […]

Почина кралот на Маорите,Тухаитија Паки


Кралот на новозеландскиот домороден народ Маори, Тухаитија Паки, почина утринава на 70-годишна возраст, соопшти неговиот портпарол. Тој рече дека кралот бил во болница и се опоравувал од операцијата на срцето само неколку дена по прославата на 18-годишнината од неговото крунисување, пренесе Си-Ен-Ен. Телевизиската мрежа соопшти дека кралот на Маорите има рак и дијабетес. По повод […]

Шокантен пораз на Алкараз во 2. коло на УС Опен од 74. рангиран тенисер во светот


Карлос Алкараз го загуби мечот од 2. коло на УС Опен и беше елиминиран рано на последниот Грен слем турнир во сезоната, каде што беше еден од фаворитите за титулата. Победникот на овој турнир од 2022 година беше поразен во три сета од Ботик ван де Зандшулп, 74. рангиран тенисер во светот. Беше 6:1, 7:5, […]

Врховниот суд на Бразил ги замрзна сметките на Старлинк на Илон Маск, на платформата Х и се заканува суспензија


 Врховниот суд на Бразил ги блокираше банкарските сметки на интернет компанијата Старлинк на милијардерот Илон Маск, а неговата социјална мрежа Х е на работ на затворање во јужноамериканската земја. Старлинк е сателитска интернет услуга на технолошката компанија Спејс Икс (SpaceX) – дел од растечката деловна империја на Маск, која го вклучува и гигантот за електрични […]

Макрон го бранеше доделувањето француско државјанство на Павел Дуров


Францускиот претседател Емануел Макрон ја бранеше својата одлука да му даде специјално државјанство по брза постапка на извршниот директор на апликацијата за пораки Телеграм, Павел Дуров, кој се соочува со прелиминарни обвиненија во Франција за наводна криминална активност на неговата популарна платформа. Макрон, исто така, рече дека не знаел дека Дуров ќе пристигне во Франција […]

На Југоисточна Европа и се гади од туристите


Рим, Барселона и Атина „завршија“ со туристи. Додека пандемијата „Ковид-19“ им даде на многу локални жители добредојден одмор од ордите патници што пристигнуваат, проблематичните туристи повторно им одат на нерви до тој степен што локалното население и активистите излегоа на улиците во различни градови низ Шпанија, Италија, Португалија и Грција, а некои беа вооружени со […]

На „Табановце“ и „Богородица“ за влез и излез од државата се чека околу половина час


На граничните премини “Табановце” и ”Богородица” за влез и излез од државата се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за преминување на границата, соопшти АМСМ. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини. Се […]

Во Битола ликовна иизложба „Парчиња живот“ на Бојана Артиновска


 Во Битола вечер ќе биде отворена ликовна изложба „Парчиња живот“ со повеќе од 100 мали формати, изработени во различни техники цртеж, акрил на хартија, акрил на платно, масло на платно, создадени од Бојана Артиновска. Според ликовниот критичар Владо Ѓорески, секое дело е фрагмент од патот на самооткривање и раст, и преку нивното внимателно поставување во […]

Анкета на „Волстрит Џурнал“: Харис има предност од еден отсто пред Трамп


Демократската претседателска кандидатка Камала Харис има еден процент предност пред републиканскиот ривал Доналд Трамп пред изборите во ноември, покажува најновата анкета на весниокот „Волстрит Џурнал“. Според анкетата, Харис има поддршка од 48 отсто од гласачите, додека Трамп го поддржуваат 47 отсто. Кампањата на Камала Харис вчера објави дека досега собрала 540 милиони долари во изборната […]

Бербок го обвини Путин дека сака да ги смрзне Украинците со нападите на инфраструктурата


Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека се подготвува за нова „студена војна“ против Украина, со цел да ги „смрзне луѓето“. Во последните недели и месеци особено е нападната инфраструктурата за снабдување со топлина и вода, изјави таа на консултациите со колегите во Брисел, пренесе Тагесшау. – Сето […]

Должни сме да ги отстраниме дилемите со Законот за јазици и „Балансерот“, вели претседателот на Уставниот суд


Со Законот за јазиците политиката создаде своевиден правен хаос, кој резултираше со политички хаос, недоверба, дилеми. Јавноста веќе го виде и извештајот на Венецијанската комисија. Уставниот суд е на потег не за мудра, туку да донесе уставно-правно втемелена и аргументирана одлука. Што би можело да се одлучи, незнам и неможам да знам и нема да […]

Без вода дел од Карпош и Бутел


ЈП „Водовод и канализација“-Скопје известувa дека денеска, од 09:00 часот, без вода ќе бидат корисниците од улиците „Петар Драганов“, „Софиска“, „Његошева“, „Бриселска“, „Копенхагенска“ и „Стокхолмска“, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато поради уличен дефект ф 100 мм на ул.Петар Драганов бр.1. Уличен дефект на водоводна цевка Ф 80мм е причина и за прекинот на водоснабдување […]

Израел призна дека по грешка го погодил возилото на ОН за достава на храна


Израел им соопшти на Соединетите Американски Држави дека прелиминарната истрага покажала дека пукале во возило на Светската програма за храна (WFP) во Појасот Газа по „грешка во комуникацијата“, изјави заменик американскиот претставник во Обединетите нации, Роберт Вуд. „Ги повикавме итно да ги поправат проблемите во нивниот систем“, рече Вуд на состанокот на Советот за безбедност […]

Харис за Си-Ен-Ен: Мора да се постигне договор за прекин на огнот во Појасот Газа


Американската потпретседателка и демократска претседателска кандидатка, Камала Харис, изјави дека мора да се постигне договор за прекин на огнот во Појасот Газа, истовремено нагласувајќи го правото на Израел да се брани и дека палестинскиот народ претрпе премногу во овој конфликт.  Во интервју за Си-Ен-Ен, прво по прифаќањето на демократската номинација, Харис оцени дека администрацијата на […]

Примопредавање на донација од Турција за Армијата во касарната „Илинден“


Во касарната „Илинден“ во Скопје, денеска, во 10:30 часот, ќе се изврши примопредавање на донација на опрема од Република Турција за потребите на Армијата. На настанот свое обраќање ќе имаат министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал – мајор Сашко Лафчиски и амбасадорот на Турција, Фатих Улусој. Турската донација се состои […]