Во КПУ Идризово пуштено во употреба реновираното „петто“ одделение


Во Казнено-поправната установа „Идризово“ денеска беше пуштено во употреба реновираното „петто“ крило. Како што информираше в.д. директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, реновирањето на одделението што е од затворен тип ќе овозможи дополнителен капацитет за 100 затвореници. -Во договор со директорот Зоран Јовановски за неполн месец се пристапи и е сосема реновирано. […]

Од денес па се до 25 август ЗАБОРАВЕТЕ на се друго освен на НА ШОПИНГ ВО РАМСТОР МОЛ и сите РАМСТОР МАРКЕТИ


Од денес па се до 25 август заборавете на се друго и насочете се на шопинг во Рамстор Мол и сите Рамстор маркети! Најпопуларниот и нај препознатлив настан  кој со нетрпение го очекувавте ќе Ви донесе одлична можност да купувате на огромни попусти до 70% бидејќи ПРАВИМЕ ЧИСТКА – ВАДИМЕ СЕ НАДВОР! Рамстор Мол и […]

Денес три хороскопски знаци ќе доживеат пресврт : Моќта на Месечината во Јарецот отвора можности, со еден улов


Хороскопот предвидува дека три хороскопски знаци нема да го заборават денешниот ден 15 август 2024. Месечината во Јарец им отвора можности на секој чекор. Астролошката карта од четврток укажува дека моќта на Јарецот е моќта на можностите, но тука има улов: ние сме тие што ги привлекуваме вистинските околности. Значи, постои елемент на работа вклучен. […]

За една седмица во Грција двајца починати од Западен Нил и потврден 21 нов случај на вирусот


Две лица починале од вирусот Западен Нил во Грција, а регистриран е 21 нов случај во текот на минатата седмица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Од почетокот на сезоната заклучно со вчера напладне вкупниот број на заразени е 76 лица, а регистрирани се вкупно […]

Њујорк Тајмс: Израел постигна се што можеше воено против Хамас во Газа


Израел постигна воено сè што може против Хамас во Појасот Газа, а групата не е во состојба повторно да планира или изврши напад сличен на оној на 7 октомври, изјавија американски официјални лица за Њујорк Тајмс. Сепак, официјалните лица велат дека никогаш нема да можат целосно да ја елиминираат групата и дека мора да се […]

Поранешниот припадник на ОВК, Блерим Рамадани избегал од куќен притвор


Поранешниот припадник на ОВК, Блерим Рамадани од Косово, кој минатиот месец беше уапсен на косовско-македонската граница врз основа на потерница од Интерпол издадена на барање од Србија, избегал од куќен притвор од домот на роднини во земјава. -Од страна на надлежен судски орган доставена е документација до МВР за распишување на централна потерница за лицето […]

Пожарот на Галичица се уште активен, на социјалните мрежи повик за вклучување на граѓаните во гаснењето


 Десеттина дена гори сртот на планината Галичица, на две локации, на потегот над селата Лескоец и Стење во атарот на Општина Ресен, како и месноста Војтино на охридската страна од планината.  Гори нискостеблеста вегетација, а пламенот брзо се шири потпомогнат од воздушните струења и екстремно високите температури. Навечер може да се види и пламен на […]

Во Крива Паланка попладнево ќе пристигнат 610 Французи со 190 автомобили, во рамки на „Ероп ред”


Над 610 Французи со 190 автомобили попладнево ќе пристигнат во Крива Паланка, како единствен град – домаќин на “Ероп ред” (Europ’Raid), првата авантуристичка обиколка со автомобили „Пежо 205“ низ 20 земји во Европа. Годинава по деветти пат караванот во име на меѓународната солидарност на 3 август тргна од Париз, носејќи училишна и спортска опрема што […]

ЦУК: Активни 12 пожари, седум се под контрола


Во текот на вчерашниот ден имаше вкупно 49 пожари на отворен простор, од кои во моментов 12 се активни, седум се под контрола, 30 се изгаснати, соопшти ЦУК. Активни пожари: 1. Општина Македонски Брод  1: Јасен – Белица (борова шума); 2. Општина Кочани и Општина Македонска Каменица: с.Пресека– с.Цера (борова шума и папрат); 3. Општина […]

Модриќ стана најтрофеен играч во историјата на Реал Мадрид


 По победата на Реал Мадрид од 2:0 над Аталанта во Суперкупот на УЕФА, играчот од средниот ред Лука Модриќ стана најтрофеен играч во историјата на мадридскиот клуб.  За Хрватот овој трофеј е 27-ми во дресот на „Кралскиот клуб“. Втори на оваа листа се Даниел Карвахал и Начо, кои имаат по 26 трофеи со Реал Мадрид. […]

Што е мпокс? Африка прогласува вонредна состојба во јавното здравство


Шефовите на африканските здравствени служби прогласија „вонредна состојба за јавно здравје“ низ Африка поради загрижувачкиот пораст на случаи на заразени со Мајмунски сипаници (mpox-Мпокс). Претставниците на Африканската унија, група од 55 земји-членки на африканскиот континент, потврдија дека повеќе од 14.000 случаи се идентификувани само во Демократска Република Конго. Околу 10 други африкански нации – вклучително […]

Американските сенатори загрижени од извештаите за обидите на странски агенти да влијаат на изборите во САД


Заменик-претседателот и претседателот на сенатскиот Комитет за разузнавање, републиканецот Марко Рубио и демократот Марк Ворнер синоќа изјавија дека има „очигледни обиди на странски противници да влијаат на претстојните претседателски избори во САД“. – До изборите остануваат помалку од 100 дена и станува јасно дека странските противници се исклучиво заинтересирани за нарушување на демократскиот процес, се […]

„Кенди“ во режија на Тамара Стојаноска најдобра претстава на Меѓународниот џез театарски фестивал „Нишвил“ во Ниш


Претставата „Кенди“ во режија на Тамара Стојаноска е прогласена за најдобра на Меѓународниот џез театарски фестивал „Нишвил“ во Ниш, Србија, соопшти Театар „Златен Елец“. Жирито во состав Франко Унгаро, Наташа Гвозденовиќ и Ана Тасиќ, пое изгледани шест претстави во натпреварувачката програма, донесе едногласна одлука – наградата за најдобра претстава подеднакво да им биде доделена на […]

Стејт департментот е запознат со апсењето на уште еден Американец во Русија


Властите во САД се запознаени со извештаите за апсењето на американски државјанин во Русија и целта е да се добијат повеќе информации, соопшти синоќа во Стејт департментот. – Знаеме за апсењето на уште еден американски државјанин во Русија и работиме на тоа да добиеме што повеќе информации, да ја разјасниме ситуацијата со конзулатот и да […]

Еве како ќе изгледа економската програма на Камала Харис


Економската програма на демократскиот претседателски кандидат Камала Харис ќе се фокусира на намалување на трошоците за намирници, домување и здравствена заштита, како и зголемување на даночните кредити за деца, рекоа нејзините помошници и советници, пренесува Ројтерс. Харис, актуелната потпретседателка на САД, планира да изнесе некои детали од нејзиниот економски план во говорот утре во Северна […]

Зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за излез и влез се бележи зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна […]

Грант договор за формирање на прв Национален центар за побезбеден интернет – MkSafeNet


 Во просториите на Европска куќа Скопје денеска ќе одржат промоција и потпишување на Грант договор за формирање на прв Национален центар за побезбеден интернет – MkSafeNet во рамки на програмата за Дигитална Европа. На настанот ќе присуствуваат министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски и амбасадорот на мисијата на Европската Унија во Скопје, Дејвид Гир. 

Почнува пријавувањето за субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025


Од денеска до 5 септември ќе трае пријавувањето за субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година. Министерството за образование и наука вчера го објави Јавниот повик на кој ќе може да се пријават тековните студенти и студентите кои ќе се стекнат со статус на студенти на додипломски студии на државните и приватните универзитети во претстојната учебна година.  […]

Промоција на романот „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска во Кавадарци


 Во Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци, вечер во 20 часот ќе биде промовиран романот на годината за 2023 година, „Единствен матичен број“ од книжевницата Лидија Димковска. Романот ќе го промовира Виолета Танчева-Златева, а ќе присуствуваат и претставници на Фондацијата „Славко Јаневски“, како организатор на доделувањето на една од најпрестижните награди за проза кај […]

Конференција „Влијанието на младите врз креирање одржливи политики“


Во Скопје денеска ќе се одржи завршна Конференција на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“ поддржан од Европската Унија преку ИПА Програмата за Поддршка на мрежи и платформи за граѓански организации во Република Северна Македонија.  Како што информираат од Коалицијата на младински организации СЕГА, целта на настанот ќе биде да се […]