Дамева сака соработка, а не соперништво со Владата


Судската и извршната власт не треба да се гледаат како соперници, туку напротив треба да се гледаат како соработници затоа што таа институционална меѓусебна соработка е многу важна за наредните чекори, наредните резултати се со цел враќање на довербата кај граѓаните. Граѓаните заслужуваат, а ние сме доследни да обезбедиме неселективна правда во државата, а тоа […]

Премиерот ќе ја тужи Славјанка Петровска за „лаги и измислици“


Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека со жалање го прочитал статусот на поранешната министерка Славјанка Петровска во кој таа упати обвинувања на негова сметка. „Не е прв пат госпоѓицата Славјанка Петровска да нанесува удар врз мене и моето семејство на ваков подмолен начин, со многу лаги, измислици и конструкции. Таа за жал мене монструозно ме обвини, […]

Дамева не го премисли Мицкоски, не се откажува од распуштање на Судскиот совет


 Владата останува на ставот за потребата од коренити реформи во правосудството и за распуштање на Судскиот совет и Советот за јавни обвинители. Отворена е за идеи, кои доколку се подобри од владината програма би ги примениле, изјави премиерот Христијан Мицкоски по средбата со претседателката на Судскиот совет Весна Дамева. -Ние излеговме со став дека се […]

Невреме во Кавадарци, се излеа Луда Мара, блокирани улици од паднати дрвја…


Реката Луда Мара е излеана на некои места, блокирани се улици од паднати дрвја од невремето попладнево во Кавадарци.   – По обилното невреме што го зафати нашиот град и за кратко време беа наврнати големи количества на дожд, град и силен ветер, настанати се последици од ова кратко, но силно невреме, информираше кавадаречкиот градоначалник […]

Азербејџан официјално поднесе барање за приклучување кон БРИКС


Азербејџан официјално поднесе молба за приклучување кон организацијата БРИКС, соопштија локални медиуми. БРИКС е основан во 2006 година и моментално во организацијата членуваат девет држави (Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужноафриканска Република, Египет, Етиопија, Иран и Обединетите Арапски Емирати). Од 2009 година, БРИКС се претвори во единствен геополитички блок кој годишно одржува самити и спроведува координација […]

Климатските промени се кошмар за многу вински региони, но „Тиквеш“ има иднина: Интервју со Алан Делоар


  Климатските промени се кошмар за многу вински региони во светот и управувањето со лозјата во новите околности станува приоритет. Во нашата најголема винарница, „Тиквеш“ од Кавадарци повеќе години наназад ги имаат согледано климатските предизвици и преземаат повеќе активности за да се прилагодат што е можно подобро кон промените кои се чини стануваат неминовни. Во […]

Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе се градат катни гаражи по пат на јавно приватно партнерство


Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа 13-тата седница, на која се донесени повеќе одлуки и решенија, меѓу кои и за спроведување на постапката за изградба на катни монтажни гаражи во Универзитетски Клинички центар – Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, со што ќе се решава сообраќајниот хаос во Клиничкиот центар. Како што информираат од […]

Владата со нови кадровски решенија, Слободан Ивановски е в.д директор на Управата за финансиска полиција


Во однос на кадровските решенија Владата на денешната седница донесе заклучок и му предложи на Собранието на ЕВН Електростопанство на Македонија, Акционерско друштво за дистрибуција и снабдување со електрична енергија, Скопје, од должноста член на Надзорниот одбор на ЕВН Електростопанство на Македонија, Акционерско друштво за дистрибуција и снабдување со електрична енергија, Скопје претставник на Владата […]

По годишниот одмор пратениците ги чека интерпелацијата на Гаши


Интерпелацијата за претседателот на Собранието Африм Гаши е ставена на дневен ред на 13. пленарна седница закажана за 3 септември.  Барањето за интерпелција на претседателот на Собранието го поднесоа шестмината пратеници на Левица наведувајќи дека Гаши уште од почетокот на неговото назначување работи своеволно, нестручно, несовесно и непрофесионално „и згора на сѐ противзаконски неуставно и […]

МОН ќе ја укине наставата во смени


Од први септември 124 основни и средни училишта можат да почнат со настава во една смена. Со некои училишта сѐ уште се разговара на оваа тема, а некои веќе самостојно одлучиле од септември да започнат од септемви со едносменска настава, најавија од Министерството за образование и наука (МОН). „Во тек е анализата што ја прави […]

Зголемен број заболени од Ковид-19, да се почитуваат мерките


Комисијата за заразни заболувања на последниот состанок констатираше дека има зголемување на бројот позитивни случаи на Ковид-19, во однос од минатата недела, па по тој повод, ги потсетува граѓаните да ги почитуваат општите мерки за превенција од респираторни инфекции, соопштија попладнево од Министерството за здравство. – Да се избегнува групирање и подолг престој во затворени […]

Тешко повреден малолетник, врз него паднал рефлектор во забавен парк во струмичко Ново Село


Во забавен парк во струмичко с. Ново Село малолетник се здобил со тешки телесни повреди откако врз него паднал рефлектор. Како што информираат од МВР, денеска во 00.30 часот во СВР Струмица, од Медицинскиот центар Струмица било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од струмичко.  – Според пријавеното, малолетникот се […]

За одењето по невеста со службена кола нема да одговара Гаши, туку раководителот на смена на границата


Министерството за внатрешни работи извршило „интензивни проверки поврзани со патувањето на претседателот на Собранието, Африм Гаши, во Косово изминатите три дена“, кои вклучиле  преглед на камерите на граничниот премин Блаце, увид во евиденцијата на системот за контрола на патници и возила, како и проверка на книгите на настани и процедури на граничниот премин. Според соопштението […]

Ова се 10 најдепресивни градови на Балканот. И Скопје е меѓу нив


На југоистокот на европскиот континент, шест земји чекаат повеќе од десет години да бидат поканети во најелитниот геополитички клуб – Европската унија. Тоа се Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Албанија и Северна Македонија. Земјите што страдаат, покрај одливот на значителен број млади луѓе, патат и од ендемична корупција, сиромаштија и немање перспектива. Можеби […]

Убиството кај Мавровка го стави Скопје на врвот кај медиумите во регионот


По денешното убиството кај Мавровка и вчерашната престрелка во Ченто, Скопје се најде на врвот на вестите кај медиумите од регионот.  Хрватски Дневник пренесува дека во вооружениот напад пред трговскиот центар Мавровка е убиено едно лице, како и дека според очевидци, убиениот бил адвокат. Порталот исто така пренесува дека полицијата и брзата помош излегле на […]

Да беше во ОН Гаши ќе заборавеше на службено возило и ќе го платеше горивото на обезбедувањето


Три дена по скандалот со одењето по невеста, коалицијата Вреди не може да ја увери јавноста дека потегот на претседателот на парламентот Африм Гаши е всушност почитување на законската процедура, а не самоволие. Денес тие се обидоа вината да ја префрлат врз СДСМ и да стават равенство меѓу овој настан и возењето мотор од страна […]

Напаѓачите најверојатно сакале да го ограбат убиениот скопјанец кај Мавровка, велат од МВР


Лицето кое утрово беше застрелано пред трговскиот центар „Мавровка“ е приватник. Лажна беше веста дека тој е адвокат. Истрагата за убиството се уште трае, велат од МВР за МИА.  Оттаму велат дека напаѓачите најверојатно сакале да го ограбат убиениот скопјанец. Претходно денеска МВР информираше дека две лица се уапсени во врска со убиството кое утрово […]

За јавните претпријатија е потребна силна рамка за контрола и мониторинг, вели професорот Треновски


Потребно е системско решение за проблемот со град Скопје. Треба да се создаде и силна рамка на конрола, отчетност и мониторинг на работата на јавните претпријатија, смета професорот Борче Треновски од Економскиот факултет при УКИМ. Законот, вели Треновски, е зрел за промени не само во делот на услугите, туку и во делот на распределбата на […]

За седум месеци Албанија ја посетиле 481 илјада македонски граѓани, за 28,3 отсто повеќе од лани


Се поголем број македонски граѓани ја посетуваат Албанија, што се гледа од статистичкиот преглед објавен од премиерот Еди Рама. Според прегледот, во периодот јануари-јули во Албанија престојувале 481 илјада македонски граѓани, што е за 28,3 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година. Тие во оваа земја патуваат главно заради одмор на крајбрежјето во летниот […]

Петровска објави дека Мицкоски се фотографира со мафијаши, ВМРО-ДПМНЕ порача дека клевети


„Славјанка Петровска откако изгуби за претседател на СДС, изгуби и контрола над себе. Бараме вештачење на деловната способност на Славјанка или во спротивно ќе треба да сноси одговорност за клеветите. Обвинувањето за убиства е сериозно обвинение и не може да се толкува дека тоа може да го тврди здрава личност, освен ако не изнесе докази […]