Украина ќе престане да испорачува руска нафта и гас во Европа


Украина ќе ја запре испораката на руска нафта и гас преку нејзините нафтоводи до Европска Унија на крајот од годината, кога истекува актуелниот договор и истиот нема да биде обновен, изјави денеска советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак. Тој додаде дека иако актуелниот договор не може еднострано да се откаже „нема сомнеж дека сето тоа […]

Милановиќ: Власта во Србија се вооружува за фиктивна војна


Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ денеска изјави дека српската власт се вооружува за една недела фиктивна војна, што никогаш нема да се случи. – Србија ќе купи (француски авиони) „Рафал“, исто како што купува француски противвоздушни системи, како и првокласни кинески и руски тактички, можеби најдобри во светот. Ние немаме ништо од тоа. Имате власт […]

Данела до Мицкоски: Купете ни автобуси, ако немате пари – ќе ви префрлиме


Откако Советот на Град Скопје, вчера повторно не ги изгласа одлуките за набавка на екоавтобуси и за БРТ системот за превоз, денеска градоначалничката Данела Арсовска го замоли премиерот Христијан Мицкоски, Владата да набави автобуси, а доколку нема пари во Буџетот, на 4 септември да закаже вонредна седница на Советот, за Градот да им префрли пари. […]

Системите на УЈП: е-ПДД, е-Даночни услуги и МојДДВ функционираат


Управата за јавни приходи извести дека системите е-ПДД , е-Даночни услуги и МојДДВ се во функција. Активностите околу надградба на системите е-ПДД и е-Даночни услуги што УЈП ги започна вчера после 16.30 часот, успешно се завршени, и даночните обврзници може да продолжат со користење на услугите преку овие системи кои ги нуди Управата за јавни […]

Дурмиши ќе ја „пегла“ потрошувачката кошничка, имало голема разлика меѓу синдикалната и онаа на Статистика


Министерот Бесар Дурмиши денеска најави дека ќе се зафати со разликите кои се јавуваат помеѓу Државниот завод за статистика и Сојузот на синдикатите во износот на потрошувачката кошничка. „Според податоците кои ги зедовме од Државниот завод за статистика и пресметките кои ги направивме во Министерството за економија резултатите не се исти со пресметките што ги […]

Пуштени семафорите на крстосницата кај „последна 5-ка“


Од денеска проработеа новите семафори на крстосницата булевар „АСНОМ“ со улица „Февруарски поход“ во Ново Лисиче, каде досега, поради немање сообраќајна регулација, често се случуваа сообраќајки. Екипите на ЈП „Улици и патишта“ Скопје, кои ја одржуваат светлосната сигнализација на градските сообраќајници, денес ги пуштија во програма новите семафори кои беа поставени на крстосницата булевар „АСНОМ“ […]

Хрватски економист: Овој данок е порака до сите дека не вреди да се работи, да се трудиш и да штедиш


Во Хрватска од 2025 година ќе се воведе данок на недвижен имот во кој не се живее, а се издава на краткорочна основа за време на туристичката сезона. Нема да го плаќаат оние кои живеат во имотот или го издаваат на долгорочна основа. Економскиот аналитичар Невен Видаковиќ за ХТВ изјави дека верува дека нема економски […]

Перински: До 5 септември ќе биде објавен јавниот повик за инфраструктурни проекти во општините


Министерството за локална самоуправа до 5 септември ќе го објави јавниот повик за доделување средства на општините за реализација на инфраструктурни проекти, најави денеска ресорниот министер Златко Перински.  – Како што веќе информираше премиерот на минатата владина седница се донесе одлука и се формираше Координативно тело за следење на целокупниот процес. Денеска има прв состанок […]

Индустриското производство во првите седум месеци годинава помало од лани


Индустриското производство во јули годинава, во однос на јули минатата година е зголемено за 3.8 отсто,  додека во периодот јануари – јули годинава, во однос на истиот период лани е намалено за 3,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јули […]

Министерот за економија Бесар Дурмиши ја предаде употребната дозвола за новиот објект на фабриката КИЕЛ


Во ТИРЗ Тетово Министерот за економија Бесар Дурмиши на претставниците од фабриката за производство на седишта за возови и автобуси КИЕЛ им ја предаде употребната дозвола за новиот објект кој е изграден во кругот на тетовската индустриска зона. Со употребната дозвола компанијата почнува со работа во новиот производствен погон во Тетово, кој се простира на […]

ЕОС Матрикс Македонија го зголеми откупот на нефункционални пласмани – вложени над пет милиони евра


Растат инвестициите на ЕОС во преземање на нефункционални пласмани во нашата земја. Во последната финансиска година – 2023/24 групацијата преку својата локална компанија ЕОS Матрикс инвестираше над 5 милиони евра во преземање на ваков вид на пласмани. Преку овие инвестиции ЕОС Матрикс Македонија директно придонесува кон економскиот развој во земјата од причина што директно влијае […]

За „Вреди“ иницијативата за оспорување на двојазичноста е обид за државен удар


  Албанската коалиција во владата, „Вреди“ денеска оцени дека иницијативата на Левица за уставноста на Законот за употреба на јазиците е ибид за државен удар. „Со оглед на фактот дека иницијативата доаѓа од анти НАТО партија која го глорифицира комунистичкиот режим на Енвер Хоџа, најмалку што очекуваме, е таа да се отфрли со констатација дека […]

Овие два филма од Венеција доаѓаат во Скопје


 „Beetlejuice Beetlejuice“ на Тим Бартон – со Мајкл Китон, Винона Рајдер, Кетрин О’Хара, Џастин Теру, Моника Белучи, Џена Ортега и Вилем Дефо , со кој се отвори Мостра, ќе биде вон конкуренцијата на Лидо, пред да дојде во кината ширум светот следната недела. Доаѓа и во Синеплекс во Скопје, на 5 септември.  Меѓу најголемите филмови […]

Истанбул го има најпрометниот аеродром во светот


Ново истражување на авијациско-аналитичката компанија „Цириум“ (Cirium) покажа дека најдобриот и најпрометен аеродром за патнички летови во светот е „ИГА Истанбул“ во Турција. На второто место е Аеродромот во Франкфурт во Германија, а трет е „Шарл де Гол“ во францускиот главен град Париз, пишува списанието „Конде наст травелер“ (Conde Nast Traveler). Како дел од ова […]

Се чисти патот за новиот еврокомесар за проширување, Вархеи ќе си бара друга фотелја


  На средината на септември претседателката на Европската комисија, Урсула фон Дер Лајен, ќе ги престави кандидатите за нови еврокомесари во Брисел и, што е поважно – ќе им ги престави и ресорите. Она што е важно за нас е кој ќе биде идниот еврокомесар за проширување, дали ќе дојде од влијателна земја членка на […]

Бесплатни ранчиња со училишен прибор за околу 720 првачиња во Општина Карпош


Членовите на Советот на Општина Карпош, на денешната 51-ва седница, едногласно ја изгласаа предлог одлуката за прифаќање на донација за бесплатни ранчиња со училишен прибор за сите новозапишани ученици во прво одделение во учебната 2024/2025 та година во сите десет основни училишта кои се наоѓаат на територијата на Општина Карпош. Оваа година, за прв пат […]

Член на Црвените бригади уапсен во Аргентина по 40 години бегство


  Полицијата во Аргентина уапси поранешен член на Црвената бригада, кој помина повеќе од 40 години во бегство од правосудниот систем во Италија, каде што се бара за злосторства, вклучително и киднапирање и злосторничко здружување, кои наводно ги извршил како дел од екстремно левичарската герилск група. Леонардо Бертулаци со години живееше во Аргентина како бегалец, […]

Општина Струмица ангажираше 17 лични асистенти и еден образовен за помош на ученици со попреченост


Општина Струмица ангажираше 17 лични асистенти и еден образовен за помош на ученици со попреченост. Од нив 13 лични асистенти секојдневно ќе им помогаат на исто толку ученици во основното образование, додека четири лични и еден образовен ќе имаат ангажман во трите средни општински училишта. Општина Струмица ангажираше 17 лични асистенти и еден образовен за […]

Општина Центар започна реконструкцијата на улицата „Елисие Поповски“


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска беше во населбата Капиштец каде започна реконструкцијата на улицата „Елисие Поповски“. Градежните активности предвидуваат отстранување на стариот и поставување нов асфалт на површина од 4.822 метри квадратни, подигнување и нивелирање на постојните шахти, вградување нови бетонски рабници и поплочување на тротоарите со павер елементи. Герасимовски посочи дека улицата […]

Николоски во Миравци пушти во употреба новоизграден пазар


Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт и врски, Александар Николоски при денешната посета на Гевгелија, најави дека се обезбедени 30 милиони денари за изградба на „Западен булевар“ во Гевгелија за кој очекува набрзо да започне неговата изградба. Тој потенцираше дека се обезбедени 100 милиони евра за оваа година за инфраструктурни проекти за општините, […]