Мицкоски: Зголемени плати за образовните работници ќе има кога ќе се створат услови


 Сите заслужуваат повисоки плати, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за барањето на наставниците за повисоки плати од 12% и најавата за евентуални протести. Мицкоски е дециден дека секој кој работи согласно Закон и Устав и се труди, заслужува повисока плата. – Како Влада во рамките на овие два месеца направивме ребаланс […]

Избрани претседатели на Основните судови во седум градови во Македонија


Судскиот совет на  Македонија на денешната седница донесе повеќе одлуки меѓу кои за објавување на оглас за избор на претседатели на Основните судови во Гевгелија, Радовиш, Струмица, Делчево, Берово, Крушево и Охрид. По разгледувањето на извештаите за исполнетост на критериумите за избор на претседател на основните судови во Кочани, Охрид, Радовиш и Струмица, Советот одлучи […]

Костадиновска – Стојчевска: ВМРО ДПМНЕ се обидува да ме извалка со лаги


Екс министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска ги отфрли уште еднаш тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека со службена картица купувала хулахопки, куфери и играчки за време на патување во Лондон. Според неа, сите трошења за лични потреби биле реализирани исклучиво од нејзината приватна сметка, а сите трошења кои биле нужни за службеното патување, биле реализирани […]

Мицкоски: Купуваат трговски центри со искрадени народни пари и заговараат дестабилизација


Премиерот Христијан Мицкоски повтори денес дека има политички структури и сили во државата кои сакаат да предизвикаат етнички инцидент за да можат да го заштитат богатството  што го искрале изминативе седум години од граѓаните без разлика на нивната етничка припадност.  – Не смееме како граѓани тоа да го дозволиме и како Влада и како претседател […]

Внимателно во Црна Гора: Во Подгорица и Будва прогласена епидемија на сипаници


Подгорица – Во Подгорица и Будва е прогласена епидемија на сипаници(морбили), откако во текот на минатата недела беа регистрирани три нови случаи на мали сипаници, со што вкупниот број на регистрирани случаи во Црна Гора во последните пет месеци се зголеми на 19. Институтот за јавно здравје апелира до родителите да ги вакцинираат своите деца и […]

Повеќе од 60 меѓународни организации бараат ЕУ да го суспендира договорот со Израел


Повеќе од 60 меѓународни организации за заштита на новинарите денеска апелираа до ЕУ да го суспендира договорот со Израел, по речиси 11 месеци напади врз слободата на медиумите и страдањата на новинарите во војната со Хамас. „Од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година, владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху презеде низа […]

Перински: „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“ не може да се поделат


Јавните претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“ не може да се поделат меѓу скопските општини, како што бараат градоначалниците оти постојните закони тоа не го дозволуваат, вели министерот за локална самоуправа Златко Перински. „Надлежностите на Град Скопје се строго утврдени во Законот за локална самоуправа во член 22. Во ставот 4 точно е наведено […]

Филхармонија ја отвора сезоната со Ана Дурловски, 80 години постоење ќе слави со Симон Трпчевски


  Со концерт на кој солист ќе биде оперската певица Ана Дурловски, на 10 октомври започнува новата концертна сезона во Филхармонијата, која година слави 80 години постоење. Дурловски, во придружба на Оркестарот на Филхармонија ќе ги изведе “Шест едноставни песни за сопран и оркестар” од Ерих Корнголд. На програмата се и симфонијата “Манфред” од П.И. […]

Крис Хемсворт свиреше на тапани на концертот на Ед Ширан во Букурешт


Речиси 70.000 фанови во Букурешт, Националната арена на Романија, го добија животното изненадување за време на концертот како дел од турнејата +–=÷× на Ед Ширан (познато како Математичка турнеја) во саботата навечер. Да, тоа беше Крис Хемсворт кој свиреше на тапаните на песната „Thinking Out Loud“. Уникатниот момент, прв за Хемсворт, беше снимен за претстојната […]

Јос Верстапен: Во Ред Бул треба да се погледнат во огледало


Јос Верстапен, татко на трикратниот светски шампион Макс Верстапен, ги критикуваше одговорните во Ред Бул. Неговиот син, 26-годишниот Макс го освои второто место вчера во Зандворт на 15-тата трка од Формула 1 шампионатот. Неговата разлика до победникот на трката Ландо Норис од Мекларен беше 22.896 секунди. – Веројатно не треба да го кажам ова, но […]

Протестираат вработените од битолскиот Завод за рехабилитација за деца со оштетен слух, нема плата за јули


БИТОЛА – Вработените од Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух – „Кочо Рацин“ во Битола денеска протестираат. Се собраа во дворот на Заводот револтирани што платата доцни веќе 11 дена по законскиот рок за исплата. Станува збор за над 200 вработени кои се во исчекување и не ја знаат вистинската причина за доцнењето […]

Еврото во однос на доларот достигна највисоко ниво во последните 13 месеци


Вредноста на доларот во однос на кошницата валути драстично падна минатата недела, а еврото го достигна највисокото ниво во последните 13 месеци во однос на доларот бидејќи е речиси сигурно дека американската ФЕД ќе ги намали каматните стапки во септември. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на валутата на САД во однос на шесте […]

Мицотакис најави дека следното лето во областа Атика ќе сообраќаат 950 нови автобуси од градскиот превоз


 Во областа Атика, следното лето, во 2025 година ќе има вкупно 950 нови автобуси, посочи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис по неговата посета на седиштето на Организацијата за градски транспорт во Атика, поширокиот регион на Атина, истакнувајќи дека веќе во наредните месеци жителите на конкретната област ќе почнат да ги забележуваат разликите во квалитетот на транспортните […]

Шангајската листа и годинава без македонски универзитет


Објавено е Академското рангирање на светските универзитети за 2024 година, познато како „Шангајска листа“, од страна на организацијата „ShanghaiRanking Consultancy“. Меѓу најдобрите илјада универзитети во светот и годинава нема ниту едена македонска високообразовна установа. Рангирањето кое се објавува по 21. пат, не носи големи изненадувања. И оваа година на прво место, како најдобар универзитет во […]

Човекот амфибија Јане Петков во нов обид за подвиг на Охридското Езеро


 Интересна содржина во рамки на годинешното издание на Охридскиот фестивал на вода, со обидот на Јане Петков да го повтори неверојатниот подвиг на Хари Худини, да се ослободи од синџири и лисици од дното на Охридското Езеро Атрактивната точка 70-годишниот Петков ќе ја изведе утре на пладне на Сараиште, секако под будно око на спасителите […]

Општина Центар распиша јавен повик за лични асистенти за 25 ученици со посебни образовни потреби


Општина Центар во рамки на проектот „Образование за сите“ и во учебната 2024/25 година ќе ангажира 25 лични асистенти за поддршка на учениците со посебни образовни потреби и индиректно на нивните семејства. Во таа насока, велат од Општина Центар, распишан е јавен повик  за работно ангажирање на невработени лица кои во период од девет месеци, колку што […]

Ален Делон погребан во најголема тајност, без телефони и фанови


Филмската легенда Ален Делон беше погребан во саботата на приватен погреб на кој присуствуваа неговите деца, роднини и блиски пријатели додека обожавателите тагуваа пред портите на неговиот селски имот каде што беше погребан во близина на неговите сакани кучиња. 88-годишната ѕвезда на класиците како „Ле Самурај“ и „Пурпурно пладне“, која некогаш беше опишана како „Европскиот […]

Андреј Медиќ Лазаревски ја доби наградата „Енхалон“ за најдобра песна од млад автор на СВП


  Песната „Твоја ли е градината, Алиса“ на македонскиот автор Андреј Медиќ Лазаревски ја доби наградата „Енхалон“, која се доделува на „Струшките вечери на поезија“ за најдобра песна од млад автор прочитана на фестивалот. Жири-комисијата во состав Митко Гогов, Иван Шопов и Игор Трпчески, во своето образложение велат дека станува збор за песна во која […]

Австралија им даде право на вработените да се исклучат по работното време


Австралија им даде на милиони вработени законско право да се „откажат“, дозволувајќи им да ги игнорираат неоправданите повици, е-пошта и пораки од нивните шефови надвор од работното време. Луѓето сега можат да одбијат да ги следат, читаат или одговорат на обидите на нивните работодавци да контактираат со нив надвор од работното време – освен ако […]

Исклучете го овој уред во текот на ноќта, сметката може и двојно да се намали


Експерт советува како да ја намалите сметката за струја… Кога станува збор за плаќање сметки, онаа за струја е секогаш најголема и највознемирувачка, инаку ја растегнува математиката за преживување од први до први. За среќа, најголемата заштеда обично може да се направи со големите трошоци. Кога размислувате за работи кои трошат многу електрична енергија во […]